Скопје1.мк

pivo

Испиени 7,5 милиони литри пиво и изедени 200.000 колбасици на „Октоберфест“ во Минхен

По 16 дена, вечерва завршува најголемиот светски саем – „Октоберфест“ во Минхен. Според прелиминарните извештаи, овогодинешниот „Октоберфест“ во Минхен го посетиле рекордни 6.300.000 посетители од целиот свет.Најмногу посетители биле од САД. Се испиле 7,5 милиони литри пиво, се изеле околу 200.000 колбасици, околу 80.000 коленици и дури околу 460.000 пилиња.Манифестацијата помина во многу добро расположение и добра атмосфера, а организаторите велат дека немало никакви проблеми. Немало ниту безбедносни проблеми, со оглед дека беше присутен голем број припадници на обезбедувањето, а сите посетители биле прегледани на влезот.Се знае дека следниот „Октоберфест“ исто така ќе трае 16 дена и дека ќе почне на 21 септември 2019 година.

Магазин | пред 7 години

pijani

Казнети 33 пијани возачи во Скопје

Сообраќајната полиција на СВР Скопје измината ноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и фатила 33 пијани возачи.Во акцијата биле контролирани вкупно 180 возачи. Кај 33 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта, а еден возач одбил да биде алкотестиранПо однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки.Од сообраќај биле исклучени 34 возачи, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци.

Скопје | пред 7 години

diskoteka

Драма пред дискотека во Скопје: Момче претепано од две лица

Утринава во 04.20 часот, 18-годишниот Н.Н. од Скопје, пријавил дека околу 02.00 часот пред дискотека во Градски Парк бил физички нападнат и претепан од страна на две непознати лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.ВНИМАТЕЛНО: Од ЕВН е највено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.РАБОТИ НА ПАТ:Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.Од 02.10.2018 ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с. Желино до с. Сарачино во должина од 4 км. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејциод 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од 20.08.2018 година, се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.Времен режим на наплатните станици Петровец, Градско, Гевгелија и Романовце:Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на налатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениата за времен режим на сообраќај и тоа на:-наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018 ;-наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија )во периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018 ;-наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Италија ги затвора аеродромите за авиони со мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини рече дека Италија ќе ги затвори аеродромите за авионите кои без дозвола ќе носат мигранти од Германија. Италијанскиоит весник „Република“ пренесува дека германската агенција за бегалци испратила десетина писма до мигрантите, советувајќи ги да се вратат во Италија, можеби со чартер летови, а прв таков трансфер, како што се наведува, е планиран за 9 октомври.„Ако некој во Берлин или Брисел мисли во Италија да истовари десетина мигранти со недозволени чартер летови, треба да знае дека нема да има расположлив аеродром“ соопшти Салвини, пренесе Ројтерс.Италијанскиот министер најави дека властите на неговата земја ќе ги затворат и аеродромите како што ги затворија пристаништата.Германскиот министер за внатрешни прашања, Хорст Зехофер, ја повика канцеларката Ангела Меркел и италијанскиот премиер Џузепе Конте да интервенираат и да стават крај на оваа напната ситуација.

Свет | пред 7 години

tajfun

Тропската бура Мајкл може да премине во ураган

Тропската бура Мајкл може да засили и да премине во ураган, додека се движи кон северозападниот дел на Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани.Центарот наведе дека во моментов ветровите се движат  65 километри на час.Се очекува бурата да премине во ураган во вечерните часови во текот на утрешниот ден, поради што населението во североисточниот и централниот американски залив се советува да ја следи состојбата.Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека планира да прогласи вонредна состојба во неколку области.Бурата е лоцирана на 145 километри од популарниот остров Козумел во Мексико.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Слаб одзив на референдумот во Романија

Гласањето на дводневниот референдум за промена на Уставот со цел отежнување на легализацијата на браковите од истополни сопружници во Романија, заврши вечерва.Референдумот, според информациите, не успеа да привлече голем број гласачи. Изборната комисија соопштила дека два часа пред затворањето на бирачките места, излезноста била 19 отсто, додека за успех на референдумот потребно да излезат било најмалку 30 отсто од запишаните гласачи, пренесе АП.Бил предложен уставен амандман за промена на дефиницијата на бракот: наместо заедница на сопружници, како што е сега, бракот, според тој предлог, би бил заедница на маж и жена.Истополовите бракови веќе се нелегални во Романија. Конечните резултати од одзивот се очекува да бидат соопштени утре.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

На изборите во БиХ најмногу гласови за Додик, Комшиќ и Џаферовиќ

Според првите прелиминарни резултати што ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на изборите за Претседателството на БиХ победија Шефик Џаферовиќ кандидат на најголемата бошњачка партија СДА, Жељко Комшиќ од храватската заедница кој веќе два мандата беше на таа функција и Милорад Додик кој во Република Српска го победи неговиот против кандидат Младен Иваниќ. Одѕивот беше над 53 насто во земјата во која има околу 3,3 милиони гласачи. На вчерашните избори не биле забележни поголеми инциденти.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со умерена облачност и услови за дожд

ретпладне ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови за локален слаб дожд. Минимална температура од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 28 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Температура 11/26степени.Од вторник ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури ќе имаат тенденцја на опаѓање, а дневните на покачување.

Македонија | пред 7 години

karpuusin

Карпушин: Русија не се меша во Македонија, но земјата не треба да се брза во НАТО

Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО.Сметам, додава тој, дека е праведено прашањето за името на Македонија, нејзиното членство во НАТО и во ЕУ да биде во рацете на македонскиот народ.Дури и ако биде решено во Парламентот, според Корпушин, тоа би можело да доведе до подлабока поделба на македонскиот народ.– Што се однесува до можното мешање на Русија во прашања од ваква посебна важност, тоа се едноставно тоа се неосновани гласини, бидејќи Русија нема причина да дејствува така. Убедени сме дека прашањата ќе бидат решени врз основа на слободната волја на народот. Русија не е против членството на која било земја во ЕУ, било да е Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Доколку тоа е волја на народот на земјата, зошто да не, тие се слободни во донесувањето на нивните одлуки, рече Карпушин.Рускиот диполомат искажува оптимизам за односите со Албанија.– Обемот на трговијата во земјоделството постојано расте, особено во последните четири години. Толку продуктивни и ефективни односи со Албанија сакаме во сите аспекти. Позитивни чекори постојат, се планира средба на копретседателите на руско-албанската меѓувладина комисија, а в година можна е средба и на меѓувладината комисија, посочи рускиот амбасадор во Тирана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Интерпол: Претседателот Хонгвеј поднесе оставка пред заминувањето за Кина

  Високиот кинески официјален претставник Менг Хонгвеј, чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред десет дена, поднесе оставка од функцијата претседател на Интерпол во пресрет на заминувањето за Кина, соопшти Интерпол.Интерпол не ја појасни причината за неговата оставка, но соопшти дека таа веднаш стапила на сила.Во соопштението се наведува дека вршител на должноста претседател на Интерпол ќе биде потпретседателот во Извршниот комитет на Интерпол, Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја.Дисциплинскиот орган на Комунистичката партија на Кина соопшти дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеј е под истрага поради сомневања дека прекршил закони.Менг Хонгвеј, кој е заменик кинески министер за јавна безбедност, е „осомничен за кршење закони и во моментот е под истрага и надзор“ на новото кинеско тело за борба против корупција, Националната надзорна комисија.Тоа соопштение службата на КП надлежна за борба со корупција и политичка нелојалност го објави синоќа на својот сајт.Истовремено, сопругата Грејс Менг изјави дека сопругот пред да исчезне за време на патување кон Кина испратил фотографија на нож.Таа вчера во Лион изјави дека верува оти тој се обидел со тоа да и каже дека е во опасност. Пораката и била пратена на 25 септември и таа оттогаш  не е во контакт со него.Интепол официјално побара информации од Кина за Менг, кој исчезна откако дошол во Кина на посета.  

Свет | пред 7 години

odnosi

Се усложнуваат односите: Мицкоски му порача на Заев „ако има избори, да се откаже од договорот“

Можните предвремени парламентарни избори ја усложнуваат односната ситуација помеѓу власта и опозицијата бидејќи од овие вториве до првите стигнуваат сè покомплицирани услови.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вчера од премиерот Зоран Заев побара јавно да се откаже Преспанскиот договор, а по изборите да и удоволи на опозицијата – да се формира ново јавно обвинителство, наместо сегашното СЈО, на чие чело токму ВМРО да предложи прв човек. Новото обвинителство, според Мицкоски, ќе треба да го прошири радиусот на истраги, кон минатите но и сегашната власт.„Господинот Зоран Заев веднаш да се откаже од договорот, а потоа ајде веднаш на избори. За тоа има две опции. Првата ја соооштив, тоа се избори кои Заев ги најави, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. И за кои и да се случат, мора да има техничка пржинска Влада, содржинска иста каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016 година“, изјави Мицкоски.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, партија која го закочи решавањето на спорот за името со Грција, а со тоа и евроатланската иднина на земјата, сега предупредува на нова политичка криза, како резултат, според Мицкоски, на неспособноста на власта да раководи со важните државни процеси.„Второто барање е Јавен обвинител кој на предлог на опозицијата, како и собраниска комисија која ќе ги разгледа нерегуларностите на референдумот, за истите да не ни се случат на следните избори“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.Веднаш реагираа од СДСМ. Според нив, Мицкоски е против Македонија и против целиот демократски свет.„Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ. Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет.”, вели Костадинов.Мицкоски ги отфрли гласините дека власта преговара со пратеници од опозицијата за обезбедување поддршка во Собранието на Договорот со Грција, служејќи се со често повторува ите зборови дека ниту еден пратеник нема да постапи против волјата на народот, кој на референдумот се изјасни против Преспанскиот Договор. Тој отфрли и дека неговата партија всушност бара амнестија за своите пратеници и екс лидерот, обвинети и осудени за тешки кривични дела. Но премиерот Зоран Заев пред неколку дена рече дека нема зошто да, се среќава со Мицкоски по прашањето за поддршка во Парламентот. А министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во неколу наврати тврдеше дека во претходните преговори власт- опозиција, од ВМРО единствено се фокусирале на можноста за, спас од казни за своите сопартијци.

Македонија | пред 7 години

IMGP9326

„Кардиолоши завод“ Охрид и „Алкалоид“ со хуманитарна акција во Охрид

ЈЗУ Кардиолошки завод од Охрид денес со хуманитарна акција под мотото „Моето срце - твоето срце“ ги заврши активностите по повод „Светкиот ден на срцето“.Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде во периодот од 12 до 14 часот посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.Вработените во Кардиолошки завод и Здравствен дом Охрид вчера организираа еко акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан.Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка - European Cooperation Day, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан Охрид во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020, на 05.10.2018.одржа настан под мото: Здраво срце - чиста околина. Целта на настанот е претставување на проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.

Македонија | пред 7 години

limuzina

Лимузина усмрти 20 луѓе во државата Њујорк

Дваесет луѓе загинаа кога во толпа народ влетала лимузина во американската сојузна држава Њујорк. Несреќата се случила во градот Скохери, во близина на туристичка локација преполна со луѓе.Лимузината, како што наведуваат локалните власти, со голема брзина се спуштила од нагорнина и налетала на минувачи, пред продавницата за предмети за домаќинство „Apple Barrel Country Store“, попларна меѓу туристите.Не се познати причините за инцидентот, а во тек е истрага.

Свет | пред 7 години

putin

Путин роденденот го прославува во кругот на семејството и пријателите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 66 години. Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков, изјавил за „Тас“ дека рускиот претседател, роденденот ќе го прослави со своите најблиски и пријателите.Како што потсетува агенцијата „Тас“, Путин минатата година за својот роденден бил во Сочи, каде држел вонреден состанок со постојаните претставници на Рускиот Совет за безбедност, а дека во 2016 година не се појавувал во јавност.Путин традиционалн прима роденденски честитки преку телефон од други лидери.

Свет | пред 7 години

erdogan

Ердоган: Повеќе нема да земаме кредити од ММФ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд.„На денешна Турција не и` се потребни позајмици или техничка поддршка од Меѓународниот монетарен фонд“ рекол Ердоган, пренесе Тас, повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“.Тој нагласил дека темата за земање кредити од ММФ е затворена за секогаш.Турција, последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови дискусии на таа тема се покренати по падот на домашната валута-туркста лира, во август поради тензии во односите со САД, откако Вашингтон воведе царини на увоз на челик и алуминиум од Турција.

Свет | пред 7 години

agatangel

Агатангел: Лицемерни решенија за самоукинување му се нудат на македонскиот народ

„Перфидни предлози и лицемерни решенија за самоукинување му се нудат на македонскиот народ. Сеништата од минатото се повторно тука олицетворени во современи апостоли на немирот и омразата. Ова денес во црквата е историски момент а не тоа што некој друг ни го пропагира“, рече владиката Агатангел на утринската литургија во цркваата „Света Софија“ во Охрид.Инаку, вчера делегатите на МПЦ во Калишта на црковниот Собор преку резулуција изгласаа измени во Уставот на црквата и уште еднаш го потврдија ставот дека не сака промена на името на црквата и државата.

Македонија | пред 7 години

Capture

(ВИДЕО) Мајмун вози автобус полн со патници во Индија

Индиски возач на автобус е суспендиран од работа затоа што му дозволил на мајмун да управува со возилото во кое имало 30 патници. Според изјави на очевидци, мајмунот влегол во автобусот со еден од патниците, но не сакал да седи на ниту едно друго место освен во предниот дел на автобусот. Па така, возачот му дозволил на мајмунот да седне зад воланот и да го продолжат патот, објави Би-би-си.Овој несекојдневен настан се случил во државата Карнатака, во јужна Индија.

Магазин | пред 7 години

mitevski

(ВИДЕО) Митевски: Марин издал одобрение за градба на зграда кај „Мајчин дом“

Пред околу дваесетина дена предупредивме дека општина Аеродром е спремна да издаде одобрение за изградба на нова висококатница на локацијата кај „Мајчин дом“, па Златко Марин го искористи предреферендумскиот период и на инвеститорот му издаде одобрение за градење на станбено деловен комплекс на површина од околу 14.000 метри квадратни, поточно десеткатница со повеќе од 240 нови станови, обвини Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.„Златко Марин одобрението за градење го издал на 19-ти септември. Иако ветуваше дека ќе ја спречи изградбата на оваа висококатница, дека ќе го зачува зеленилото токму на овој простор, како по навика, повторно излажа. Залудни беа и барањата и потребите на граѓаните. Сепак зеленилото кај „Мајчин дом“ ќе биде минато. Како најнеспособен градоначалник на Аеродром, како човек за кого зборот не е збор, успеа да стане рекордер во град Скопје и тоа по број на издадени одобренија за градење“, рече Митевски.Според него, Марин за помалку од една година издал одобренија за градење на повеќе од 1.100 нови станови во Аеродром.

Скопје | пред 7 години

kucinja-skopje1

(ФОТО) Во Охрид повеќе кучиња, отколку луѓе

Во центарот Охрид, на градскиот плоштад, чинарот, но и наоколу, се забележува глутница на кучиња скитници. Охриѓани велат дека во градот има повеќе кучиња отколку луѓе. За нив, ова е сериозен проблем за кој решение треба да најде локалната самоуправа.„Можеби изгледаат безопасно, ама може да бидат сериозен проблем. Деца сами шетаат, им лаат. Ќе ги испокасаат. Никој не реагира, а тие само се множат“, вели еден од случајните минувачи.Во Охрид, за жал, сеуште нема соодветен простор за згрижување на кучињата скитници.

Македонија | пред 7 години

dom

Општина Аеродром: Ги разгледавме сите правни механизми за да спречиме објект пред „Мајчин дом“

Општина Аеродром ги разгледа сите можни правни механизми за спречување на градбата пред „Мајчин дом“. Општината активно соработува со Уставниот суд, кадешто се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено на мирување, ниту го има поништено ДУП И10, реагираат од Општината на тврдењата на Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, дека градоначалникот Златко Марин издал одобрение за градба.Во меѓувреме, велат од таму, во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред „Мајчин дом“, кое Општината е законски обврзана да го процесира, согласно позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И10.„Урбанистичкото планирање е основата која го одредува квалитетот на животот во општината. Претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ подигна над 90 нови згради во Општина Аеродром, со повеќе од 10.000 станбени единици и донесе урбанистички планови кои предвидуваат уште градби во урбаното јадро на Аеродром. Согласно заложбите на новото раководство новите урбанитички планови се изработуваат со високи стандари за похумано живеење. Постапките ќе бидат транспарентни, јавните расправи однапред најавени и се надеваме на активно учество на граѓаните во креирање на општината“, се вели во реакцијата.

Скопје | пред 7 години

cernobil

Чернобил повторно произведува струја

Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околку Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот изградија соларна електрана.Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа. Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.Новата соларна електрана, иако во моментов има ограничено производство, властите очекуваат да биде далеку поголема. Таа во иднина е планирано да се простира на 2.500 хектари и да има моќност од 100 мегавати.Како предност на инвеститорите им се нуди ниската цена на земјиштето, како и директната поврзаност со електричната мрежа. Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, а по несреќата стотина илјади лица беа евакуирани од областа со површина од 2.600 квадратни километри.Зоната оттогаш е забранета за живеење и нема да биде населена уште 24.000 години

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Силен дожд во Далмација, Сплит и Диоклецијановата палата се под вода

Силниот дожд кој што од синоќа врне во областа на Далмација, Хрватска, направи проблеми во Сплит, а поплавени се подрумите на прочуената Диоклецијанова палата.Неколку сплитски улици се целосно под вода, а дошло до прекин во електричната енергија на неколку места. Поплавени се неколку куќи.Во последните 24 часа паднале 62 литри дожд по метар квадратен. Во околината на Сплит забележани се неколку одрони, а дождот правел проблеми и во Макарска.

Свет | пред 7 години

policija-2-1

Пронајдени гранати од Прва светска војна во Битола

Пет гранати кои потекнуваат од Првата светска војна биле пронајдени во Битола.Според информациите на МВР, вчера во 11,50 часот во полиција било пријавено дека при ископ на земја на поранешниот отпад „Битолска Суровина“ на улица Индустриска во Битола пронајдени се пет гранати кои потекнуваат од Правата Светска војна.Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатите се подигнати за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

43442103_2010214919024710_4338732527414935552_o

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова најбрзи на „Скопје трча 10 километри“

Денес во Скопје по втор пат се одржа трката „Скопје трча 10км“ на која учество земаа повеќе од 1600 натпреварувачи.Оваа година се трчаше под мотото „Секој километар значи“ и трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“.На „Скопје трча 10КМ“ во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со време од 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов, а трет Атанас Анчевски. Во женска категорија прва беше Адријана Поп Арсова која истрча со време од 38:28 минути, второпласирана беше Милјана Ристиќ, а трета Билјана Кираџиева.Организатор на спортската трка е Сојузот на спортови на Скопје, а генерален покровител е Агенцијата за млади и спорт.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања