Скопје1.мк

Нема фотографија

Во затворот во Тетово пронајден хероин во кутија со сок

Жителка на Мала Речица му носела хероин, скриен во кутија со сок, на нејзиниот син кој е во притвор во затворот во Тетово.Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот од страна на вработени во затворот во Тетово, при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С.(61) од село Мала Речица, Тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин.По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје санкционирани 33 возачи за присуство на алкохол во крвта

Вчера во периодот од 23.00 до 05.00 часот од страна на МВР е спроведена зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.„Од страна на полициски службеници контролирани се 180 возачи, a кај 33 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден одбил да подлежи на алкотестирање.  По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 34 мерки. Исклучени се 34 возачи од сообраќај, издадени се 34 мандатни платни налози и откриени се 48 останати прекршоци“, се вели во соопштението на МВР

Скопје | пред 7 години

sobranie-21

На пратеници од ВМРО ДПМНЕ им се нудело укинување притвор во замена за гласање „за“

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор заради настаните од 27 април, преку посредници испратени од СДСМ добиле понуди за укинување на притворот, доколку гласаат „за“ во собранието кога на дневен ред ќе стигне договорот од Преспа - дознава „Скопје1“ од свои извори во СДСМ.Неофицијално, се зборува дека Сашо Василевски и Крсто Муковски се двајцата договорени пратеници кои ќе гласаат за уставни измени. Љубен Арнаудов е третиот пратеник со кој се преговара, но сеуште непотврден за СДСМ, велат за „Скопје1“ извори од партиите.Со посредниците на СДСМ преговара ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гласно се шпекулира во јавноста. Во одредени кругови се вели и дека Мијалков преговара со СДСМ за да биде тајно амнестиран за обвиненијата подигнати од СЈО.МИЦКОСКИ: ВО ЈАВНОСТА ИМА СОМНЕЖ ДЕКА НЕКОЈ ВО ВЛАДАТА ТРГУВА СО ПРАВОТО И ПРАВДАТА„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во Македонија  - ова го одговори Мицкоски на новинарско прашање околу тоа дали им е понудена опција на пратениците да гласаат „за“ договорот од Преспа, а Груевски да добие амнестија.Според нашите извори на овој начин треба да се зголеми бројката од шест пратеници на опозицијата кои ќе гласаат „ за “ договорот од Преспа. „Скопје 1“ денес ексклузивно објави  дека односите меѓу почесниот претседател и пратеник Никола Груевски и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се нарушени и тие немаат комуникација.

Македонија | пред 7 години

mkd-393662

Мекгрегор конечно се огласи по поразот од Хабиб

По спектаклот во Лас Вегас, Конор Мекгрегор иако беше убедливо поразен, сака реванш против Хабиб Нурмагомедов.Конор Мекгрегор беше гласен на прес конференциите пред големата борба против Хабиб Нурмагомедов, но во октагонот борецот од Дагестан доминираше и многу лесно го совлада Ирецот.Иако после денешната борба многумина сметаат дека Конор не му е дораснат противник на Хабиб и треба прво да се врати на борби со послабо рангирани борци, тој во својата прва изјава изрази надеж за реванш.„Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот“, напиша Конор Мекгрегор на својот твитер профил како веќе да има договорена нова борба меѓу нив двајца.Претседателот на УФЦ, Дена Вајт не спомена ништо за можен реванш меѓу Хабиб и Конор.Тој не ја исфрли ниту можноста на Хабиб да му биде одземен појасот поради инцидентот кој го направи, а можна е и негова суспензија.Хабиб на прес конференцијата се извини за скандалозните сцени кои ги предизвика, а тие се и последица на историјата меѓу двајцата борци надвор од рингот, вклучувајќи го и нападот на автобусот на тимот на Нурмагомедов од страна на Конор кој се случи во април.Хабиб Нурмагомедов сега има ММА рекорд од перфектни 27:0, додека Конор Мекгрегор има 21 победа и четири порази.Ако Хабиб не добие суспензија и продолжи да се бори во УФЦ, многумина посакуваат негов противник да биде Тони Фергусон кој го победи Ентони Петис во претходната борба во Лас Вегас.

Спорт | пред 7 години

Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски побара да се отфрли договорот од Преспа и да се оди на нови избори

„Заев веднаш да се откаже од договорот со Грција и тогаш ајде на избори па народот да одлучи. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција веднаш по завршување на мандатот на постојното политизирано СЈО, но овој пат професионализирано и водено од јавен обвинител избран по пат на консензус на партиите кој ќе работи на случаите на постојното СЈО, а воедно ќе има и можност да ги доиспита незаконски прибавените снимени материјали за кои се тврдеше дека поради кусиот мандат не се испитани. Новото обвинителство ќе го испита и периодот на работење на актуелната Влада и сите афери поврзани со Владата вклучително и нерегуларностите на референдумот, но и сите материјали стекнати од незаконското прислушување кои се однесуваат на Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.Според Мицкоски, ако Владата нема што да крие, ќе го прифати ваквиот предлог.Во врска со пресудата за поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дали се точни шпекулациите дека некој од власта им нуди нешто на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во замена за амнестија на Груевски, Мицкоски рече:„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во РМ“, рече Мицкоски.Мицкоски  повтори дека не барал општа амнестија и дека власта се обидува да го девалвира и да ја дефокусира јавноста.„Власта непринципиелно лажно ме обвинува дека сум барал и тајно сум преговарал некаква општа амнестија и на тој начин сака да ме девалвира и да ја дефокусира јавноста од сите нејзини криминали. Измислуваа дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО, па потоа дека наводно поддршката од пратениците за Договорот сум ја условулал со амнестија. Ниту сум условувал, ниту сум уценувал затоа што сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните изразена на референдумот“, рече Мицкоски.Тој ги повтори барањата за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, Пржинска техничка влада иста каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016 година и Анкетна комсија за испитување на нерегуларностите на референдумот. 

Македонија | пред 7 години

mkd-393645

Хабиб: Ми се јави Путин, рече дека е горд на мене!

Хабиб Нурмагомедов вели дека по победата над Конор Мекгрегор добил повик од претседателот на Русија, Владимир Путин кој му честитал и бил горд на неговиот успех.Утрово во Лас Вегас се случи најголемиот спектакл во историјата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги одмери силите со Конор Мекгрегор во октагонот. Русиниот ја доби долго очекуваната битка со давање во четвртата рунда но тука не застана.Тој излезе од кафезот и почна да се тепа со луѓе од таборот на Ирецот по што настана голем хаос, поради кој може да го загуби појасот, да добие суспензија, а може да остане и без визата за влез во САД.Откако се смирија страстите, Хабиб Нурмагомедов се појави на прес конференција каде и се извини на Спортската комисија на Невада и на градот Лас Вегас, но не и на противникот. Тој исто така се пофали и дека добил честитки од претседателот на Русија, Владимир Путин.– Медиумите објавија неколку стории за мене и Путин, сакам да ве известам дека предмалку ми се јави, ми кажа дека е горд на мене и ми честиташе за победата – рече тој.– Не разбирам зошто луѓето зборуваат за тоа како сум скокнал од кафезот. Мекгрегор ја навредуваше мојата религија, го пцуеше мојот татко. Дојде во Бруклин и за малку ќе убиеше неколку луѓе, зошто никој не зборува за ова? – порача Русинот.

Спорт | пред 7 години

grujo-micko1

Мицкоски се скарал со Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не негира дека се скарал со експретседателот на партијата Никола Груевски. По низа информации кои протекоа во јавноста, Мицкоски прашан дали е вистина, за „Скопје 1“вели „Немам коментар“.Никола Груевски е правосилно осуден на казна затвор и се чека да се јави на издржување на казната, а партијата ВМРО ДПМНЕ како да го премолчи ова реагирајќи на пониско ниво преку портпаролот Димче Арсовски, кој на прес конференција повтори серија флоскули околу распадот на правосудството.Сите останати високи функционери на ВМРО ДПМНЕ јавно не излегоа да ја коментираат пресудата со која почесниот претседател и поранешна партиска икона се осудува на казна затвор.Со недели наназад во политичките кулоари кружат информации дека односите меѓу партискиот претседател Христијан Мицкоски и поранешното раководство се целосно прекинати и практично повеќе не постојат.Појавувањето на Груевски со статус ( напишан во 3 часот наутро ), во кој повикува ВМРО ДПМНЕ да не е уценето заради него, притоа сам релатизивирајќи го своето одење во затвор и претставувајќи се како жртва, а сето тоа додека целото ново партиско раководство молчи за казната затвор многумина го оценија како потврда на јавната тајна дека старото и новото раководство на ВМРО ДПМНЕ ги нарушило и целосно прекинало односите и немаат повеќе контакт.Каде и заради што се разидоа Мицкоски и Груевски јавноста допрва ќе се информира и ќе анализира.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Груевски: На власт се доаѓа и се заминува, во затвор се влегува и се излегува

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доцна синоќа на Фејсбук објави, како што вели, проглас до неговата партија. Меѓу другото, тој напиша дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија, но и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија.„Иако верувам дека и без ова мое предупредување ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи спротивното, сепак, сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве од Апелациониот (читај: политичкиот) суд во Скопје, поврзана со набавката на безбедносно заштитено возило пред 6 години. Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог“, напиша Груевски, обраќајќи им се на своите сопартијци.

Македонија | пред 7 години

vreeme-1

Облачно време со локални врнежи од дожд

Денеска претпладне повеќе облачност ќе има на западот, а од пладне во западните делови на земјата ќе биде значително облачно со локален дожд, на места пороен и со услови за ретки грмежи, соопшти УХМР.Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 21 до 27 степени.Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 25 степени.Утре во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен и со услови за појава на грмежи, особено во западните делови од земјава. Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Груевски до пратениците: Јас ќе одам во затвор, немојте да ве уценуваат поради мене

Експремиерот Никола Груевски, ноќеска по полноќ на социјалните мрежи напиша статус со коj ја предупреди неговата партија дека не смее да биде попушти пред заканите.„Ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија. Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија. Но, и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија. Бидејки ВМРО-ДПМНЕ е “последниот меч” на одбранта на државните и националните интереси на Македонија.Иако верувам дека и без ова мое предупредување ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи спротивното, сепак, сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве од Апелциониот (читај: политичкиот) суд во Скопје, поврзана со набавката на безбедносно заштитено возило пред 6 години.Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог.Кога во 2003-тата одлучив да го превземам кормилото на ВМРО-ДПМНЕ бев целосно свесен како на предизвикот и честа, така и на ризиците да се биде на чело на оваа партија и организација, која е главен носител и бранител на македонизмот, суверенизмот на земјата, браник на интересите на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во неа.Над нас натежнаа тешки облаци и предизвици. Треба да се справиме со тоа и секогаш на прво место да ни биде општиот и заеднички интерес на нашата држава, нашиот народ и нација.Индивидуалните и лични предизвици и ризици, несмеат да го доведат во прашање претходното.ВМРО-ДПМНЕ мора да носи одлуки кои се најдобри и најисправни за Република Македонија, македонската нација и сите граѓани на Република Македонија.  И се разбира да остане заедно со народот и во најтешкото.Јас и мојата судбина, политичкиот прогон против мене, изживувањето и “лечењето“ лични фрустрации и суети со прогонот и малтретирањето на мене, етикетирањето без основ до ниво на жигосување, казнувањето без вина, сето тоа е второстепено и јас тоа ќе го истрпам, ќе го издржам, ќе се справувам и ќе се борам колку што можам, со целосна подготвеност за плаќање на цената за тоа, независно дали таа се однесува на моето достоинство и углед, на мојата слобода или на мојот живот.Знам дека моите деца независно колку денес на оваа возраст го разбираат сето тоа, кога ќе пораснат и самостојно ќе расудуваат, кога ќе научат и проучат за нашата борба и идеали, дека правилно ќе разберат се, вклучувајки ги сите последици кои ги трпат и ќе ги трпат.И знам дека нашиот народ одамна знае дека и јас и ВМРО-ДПМНЕ многу повеќе од сегашната власт и сакаме и работевме Македонија да се приклучи на НАТО и ЕУ, но истовремено се боревме тоа да биде постигнато на достоинствен начин.За мене е важно дека како водач на ВМРО, речиси 15 години, дадов се што е во моја моќ до последен атом, се за да помогнам Македонија да оди напред, и народот да има подобар живот. И таа моја мисија ја извршив чесно, одговорно и достоинствено.Затоа денес со крената глава и чист образ се движам насекаде низ Македонија а мнозинството од мојот народ го почитува мојот вложен труд и секојдневно движејки се слободно низ градовите и меѓу народот, насекаде, убедливото мнозинство граѓани, спротивно на безбројните потплатени негативни натписи и прилози против мене, на медиумите контролирани од актуелната власт, ми изразува почит и благодарност. Ништо повеќе и не очекувам од тоа.Ова има уште поголемо значење кога ќе се каже дека веќе со години сум предмет на досега невидена во нашата историја платена и организирана валкана пропаганда за мое оцрнување, деградирање, понижување и жигосување. Две и пол години одкако не сум премиер, скоро една година одкога сум речиси целосно политички пасивен, се плашат да запрат со медиумската хајка против мене, која само е покритие на организираната политичко судска кампања против мене. Попусто им е. Неможат да ме скршат. И нема да ме скршат.Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се'. Бесни се, ќе им дојде крајот.Нив само ќе ги потсетам на една мисла на македонскиот великан Гоце Делчев:“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предаствата на своите синови-изроди, отколку македонскиот. Историјта не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротини страни, една од друга потуѓи.“Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче)На власт се, и формално гледано се над другите, а всушност во очите на мнозинството народ се подолу и од мене и од мнозинството македонски граѓани. И тоа ги боли, ги излудува.И кога, дури и фигуративно кажано, плукаат кон некого нагоре, некој кој е над нив, колку повеќе плукаат, толку повеќе нивната плуканка која ја плукаат нагоре, се враќа и паѓа врз нивниот образ и чело. Низ мислите на Ф.Ниче, ќе им порачам: “воздржете се од плукање против ветрот“.Мојата жртва, со овие смешни и фабрикувани обвиненија кои имаат политичка цел и основа, со отворени случаи без никакви докази - законски или незаконски прибавувани, со политички диригираните пресуди со затворски казни на нервозниот, опиен од моќта, разгневен и веќе изгубен противник, со нарачаните фабрикувани медиумски извештаи, со сите платеници платени да ме жигосуваат, сето тоа е ништо во однос на големите жртви кои се дадени за слободата и независноста на нашата татковина низ историјата наназад.Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани.Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!!!За крај, ќе завршам со еден цитат од писмото од 14-ти август, 1924 година, испратено од Тодор Александров до Александар Протогеров, каде својата патриотска дејност и долг кон татковината, легендарниот водач на ВМРО му ја изложил на својот близок соработник и соборец во неколку реченици:“Јас не сум сторил ништо повеќе од совесно исполнување на својот долг; не за некаква слава - што јас со години ја поднесувам со најтежок и ризичен живот - отколку сите другари... Како заклучок ќе ти кажам: како и досега, така и во иднина, во сите свои дејства сум се раководел и ќе се раководам единствено само од интересите на ВМРО“, пишува Никола Груевски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Возач на скутер тешко повреден во судир со автомобил

Возач на скутер бил тешко повреден по судир со автомобил, вчера во Кичево.Според полицијата, со тешки поведи се здобил З.А. (42) од Кичево кој по сообраќајката бил однесен во кичевската болница, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Сообраќајната несреќа се случила во 17 часот на улицата 11-ти Септември. Автомобил „мини купер“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.А.(21) од Кичево и скутер „хамачи“ што го упрвувал З.А.Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Нурмагомедов го победи Мекгрегор во борбата на векот, па настана општа тепачка

Хабиб Нурмагомедов вчера го победи Конор Мекгрегор во борбата на векот во ултимејт фајт првенството (УФЦ). Русинот победи во четвртата рунда со  давање, односно Мекгрегор беше принуден да се предаде.По победата Нурмагомедов тргна да се пресметува со тимот на Мекгрегор, по што настана општа тепачка во и околу рингот. R™@RealTalkMUFCKhabib beats Conor and then this happens... #UFC2297:05 AM - Oct 7, 201815.8K10.5K people are talking about this

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

САД: Црква подига статуа на Богородица како порака за имигрантите

Црква во Калифорнија во близина на границата на САД со Мексико планира на еден рид да изгради статуа на Богородица, висока 12 метра, за да им испрати порака за надеж и добредојде на имигрантите.Весникот Лос Анџелес Тајмс нмагласува дека црквата за подигнување на статуата била инспирирана со Кипот на слободата.Статуата ќе биде наречена „Добредојде странецу“, а приврзаниците на таа идеја се обидуваат да соберат милион долари за нејзина изградба до почетокот на идната година.Бискупот Роберт Мекелрој од римокатоличката бискупија на Сан Диего вели дека тој споменик ќе биде потсетник на придонесот на имигрантите за САД

Свет | пред 7 години

avioni

Американец предизвикал тепачка во авион, реагирале и воени авиони

Холандското воздухопловство испрати два воени авиони Ф-16 да придружат патнички авион на компанијата КЛМ на линијата Абу Даби-Амстердам, во кој агресивен патник почнал тепачка, соопшти портпаролката на војската, Џоана Хелмондс.„29-годишниот Американец стана агресивен откако му било кажано да седне на своето место. Следуваше тепачка, а екипажот и патниците успеаја да го совладаат“, рече таа.Неколку патници се полесно повредени.Авионот ербас А330-200 добил дозвола да слета на аеродромот Амстердам-Шипол, а полицијата го уапсила бунтовникот, кој потоа беше испратен на психијатриски преглед.Портпаролката на КЛМ, Хелен Макинга, рече дека холандската авиокомпанија „жали поради инцидентот“ и дека екипажот постапил според пропишаната постапка.Военото воздухопловство наведе дека ловците, вооружени со проектили, не се испраќаат освен во исклучителни околности.

Свет | пред 7 години

haiti

Најмалку 13 загинати во земјотресот на Хаити

Најмалку 13 луѓе загинаа во земјотресот во карипската држава Хаити, соопшти портпарол на Владата.Епицентарот на потресот со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала беше на 19 км северозападно од градот Пор ду Пе, на 11,7 км длабочина.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Избори во БиХ на трите нивоа на власт

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат избори, осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година.Изборите се спроведуваат без претходна промена на Изборниот закон што е прогласен за неуставен. Медиумите во државата како проблем го наведуваат и избирачкиот список што не е прочистен.Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.На изборите учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.На изборните листи се имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.Тие се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители.Според локални медиуми факт е дека бројот на избирачи расте во секој изборен циклус во БиХ. На иборите во 2000-та година право на гласи имале 2.5 милиони регистрирани гласачи и таа цифра денес е зголемена за речиси милион.Во изборите во 1996 година имаше одѕив од 83 отсто додека на последните локални избори пред две години учествуваа околу 55 отсто од избирачкото тело.На изборите 2014 година во трката за бошњачки член на Претседателството на БиХ победи Бакир Изетбеговиќ кој доби поддршка од 247 илјади избирачи воглавно Бошњаци иако во државата живеат речиси 1,8 милиони луѓе со бошњачка националност.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Столтенберг во Белград: Одличен однос со Србија, го поддржуваме дијалогот

   НАТО силно го поддржува дијалогот Белград – Приштина и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат проблемите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.Тој вчера пристигна во Белград, и во интервју за телевизијата Пинк, нагласи дека НАТО има одличен дијалог со Србија и ја почитува одлуката државата да не биде дел од Алијансата.– Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина како и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат несогласувањата. Нам ни е потребно политичко решение. Тоа е дијалог што одблизу го следи ЕУ, а НАТО беше дел од иницијативата што придонесе за дијалог. Ние и понатаму го следиме дијалогот и го поддржуваме нагласи Столтенберг.Тој потсети дека Србија „јасно рекла“ дека цел не и е да стане членка на НАТО.– Почитуваме одлука на држава дали сака да влезе во НАТО или не сака. Имаме одличен однос со Србија и ја почитуваме нејзината одлука да не се придружи на НАТО туку да биде партнер. Тоа е добро за Србија, тоа е добро за НАТО, изјави Столтенберг.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Избор на најдобри иновативни идеи на старт-ап компании во рамки на програмата „Betapitch“

   Дванаесет старт-ап компании денеска ќе ги презентираат своите иновативни бизнис идеи по што најдобрите преку програмата „Betapitch“ ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.Презентацијата ќе се одржи попладне на Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје, а во стручната комисија која ќе ги оценува бизнис идеите ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската старт-ап сцена „Бетахаус“.Настанот е во организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – Инофест и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев.Годинава, „Betapitch“ се одржува во 15 градови низ светот, вклучувајќи го и Скопје.

Скопје | пред 7 години

maraton

Скопје трча маратон

Денеска д 7.30 до 11 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден" поради одржување на трката „Скопје трча 10М - 2018".Затворен за сообраќај ќе биде делот од крстосницата со улицата „Аминта III“, кај фонтана „Лотус“ и улицата „Љубљанска“ кај ТЦ „Скопје сити мол“. Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија се усогласува со директивата за промена на времето, одлуката ќе ја донесе Владата

По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на директивата, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување.Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.Предлогот на Бирото за метрологија, како што не информираат од Министерството за економија, ќе биде доставен до Владата на одлучување.„Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која се уште не е објавена во службениот весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. “, наведуваат од Бирото за метрологија.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Приведен 32-годишен скопјанец поради тешка кражба

Од страна на МВР поднесена е кривична пријава против  А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ и една „Тешка кражба“ предвидено и казниво согласно член 236 од КЗ на РМ  при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.Првото кривично дело пријавениот го извршил на 15 април годинава околу 21,40 часот  во стан на улица „Петар Ацев“ во Скопје на тој начин што се прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена влегол внатре во станот. Откако извршил пребарување бил затекнат од оштетената и истиот во брзање од дневната соба успеал да одземе еден лап топ и го напуштил местото на настанот.Второто кривично дело пријавениот го извршил на 02 септември во стан на улица „Петар Ацев“ на тој начин што се прекачил преку прозорeцот од кујната кој бил отворен, насилно го отворил комарникот, и влегол внатре во станот, од каде одзел ЛЦД телевизор, еден мобилен телефон, разновиден златен накит и два паричници во кои имало лични документи и пари и го напуштил местото на настанот.Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.На 04.10.2018 година во Полициската станица Аеродром лишен е од слобода пријавениот А.Н.

Скопје | пред 7 години

20181007074800_501354

Најмалку 13 загинати во земјотресот на Хаити

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го зафати денес северниот дел на Хаити каде животот го изгубија најмалку 13 лица.Американската Агенција за геолошки истражувања изјави дека епицентарот на потресот бил на околу 19 километри северозападно од градот Пор ду Пе, на 11,7 км длабочина. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Избор на најдобри иновативни идеи на старт-ап компании во рамки на програмата „Betapitch“

Вечерва, со почеток во 17 часот во ИНОФЕИТ центарот за трансфер на технологии и знаење при Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи првиот бизнис натпревар на македонските старт ап компании.На финалниот натпревар, 12 старт-ап компании ќе се претстават пред неколкучлена стручна комисија. Член на комисијата ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската стартап сцена „Бетахаус“, кој ќе го проценува технолошкиот и бизнис потенцијалот на идеите на учесниците.Избраните компани, преку програмата „BETAPITCH“, ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.Годинава BETAPITCH ќе се одржи во 15 различни градови низ целиот свет вклучувајќи го и Скопје. Локални партнери за Македонија се Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при ФЕИТ/УКИМ.

Скопје | пред 7 години

mpc-1

МПЦ ретерира , нема да го меннува името

Црковните великодостојници го потврдија ставот дека името на Македонската православна црква останува непроменето. Во годината кога се одбележува јубилејот 1000 години Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно- народен Собор на јубилејното заседание што се одржува во Струга и Охрид донесе Резолуција во која првиот заклучок се однесува за неменување на името на МПЦ.Членовите на Црковно- народниот собор воедно упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучителен и полн со предизвици период за нашата земја, да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се што е Македонско, изјави Митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ – ОА.Со Резолуцијата која Соборот ја усвои по пет часовна работа зад затворени врати, се врши измена на повеќе членови на Уставот на црквата, меѓу другото и на името на МПЦ и титулата на поглаварот.Се дополнуваа чл. 2 од Уставот на МПЦ, кој ќе гласи: „Македонската православна црква- иаториска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква“.Се дополнува чл. 9, став 2 од Уставот на МПЦ кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и се ословува со „Ваше Блаженство“, соопшти митрополит Тимотеј.Соборот го корегира и член 23 од црковниот Устав со што викарните епископи се исклучуваат од Пленарниот состав на Синодот и немаат право на глас. Усвоена е и одлука за поделба на Полошко-кумановска епархија на две засебни: Тетовско–гостиварска и Кумановско-Осоговска православна епархија. Прецизирани се границите на епархиите во земјата и дијаспората, кои со уставните измени добиваат засебен правен статус.

Македонија | пред 7 години

DC1K4-1637273-proseko-ls

(Видео)Илјадници литри пенливо вино оди во неповрат, по експлозија во италијански резервоар

Необична експлозија на шампањ веројатно ги натерала љубителите на пенливи вина да прогласат ден на жалост кога се појавила снимка на која овој пијалак од фабриката се прелива како од чаша.Станува збор за снимка на која се гледаат 30.000 литри Просек како одат во неповрат по хаваријата во италијанскиот резервоар.Резервоарот под притисок експлодирал бидејќи имало премногу персонал кој работел во него. Сепак, овој тажен момент за љубителите на вино, испаднал идеален момент за љубителите на видео клипови, откако оваа хаварија од далеку изгледала како пенлив пијалак да се прелива од чаша.Винаријата која на Фејсбук ја објавила оваа снимка, за кратко време добила 500.000 прегледи.[embed]https://www.facebook.com/562282653908218/videos/460038181167001/?t=0[/embed]

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања