Скопје1.мк

bugarija_vlada

1,6 милиони Бугари сакаат да ја напуштат државата

Речиси секое четврто вработено лице во Бугарија размислува да побара работа во странство. Меѓу оние 1,6 милиони кои сакаат да заминат во странство не се само млади, туку и лица кои се на возраст над 50 -60 години.Ова го покажуваат податоците од националната анкета „Трудова миграција”, направено по нарачка на Фондацијата „Фридрих Екберт“ од бугарската агенција „Сова Харис“ во периодот од 1-8 септември.Студијата опфати 1.000 испитаници на возраст од 18 до 64 години.На прашањето „Дали размислувате привремено или трајно да побарате работа во странство“, позитивно одговориле 23% .При што меѓу млади на возраст од 18-30 години позитивно одговориле, 32,8%, лица на возраст помеѓу 31-40 години – 25,7%; помеѓу 41-50 години – 20.6%; а оние на возраст од 51 до 64 години -14,6%.Васил Тончев, извршен директор на „Сова Харис“ вели дека не само што младите луѓе си заминуваат, туку заминуваат сите.99 отсто од испитаниците сакаат а заминат во земјите од ЕУ, а са 1 отсто, надвор од Унијата.Главните причини за барање работа во странство се повисоките плати (95%), подобар социјален систем (50%), подобра здравствена заштита (40%) итн.Според 38% од испитаниците, тие не би барале работа во странство ако би добиле плата помеѓу 1000 и 2000 лева (500 -1.000 евра).Само 1% велат дека нема плата која би ги мотивирала да останат во Бугарија.Според податоците на НСИ минатата година, работната сила во Бугарија изнесува 4 милиони 370 илјади луѓе.Да заминат сакаат 1 милион 600 илјади луѓе, пишува Vesti.bg.Според прогнозата на ОН, до 2050 година, населението во Бугарија ќе изнесува 5,5 милиони.

Свет | пред 7 години

levica

Советник на „Левица“ секоја сабота ќе се среќава со граѓаните на Карпош

Левица како политичка партија со свој претставник изразува крајна разочараност од досегашното водење на политиките и функционирањето во рамките на општина Карпош.„За време на кампањата во предизборниот процес многу мерки и реформи беа ветени и гарантирани од страна на актуелната локална власт. После година дена од промената на политичките партии, евидентно е разочарувањето кај граѓаните на општина Карпош од безидејноста и немањето политичка волја за решавање на најзначајните проблеми со кои се соочува оваа општина. Заради тоа што програмски гледано ние како партија имавме некои поклопувања со програмата на СДСМ имавме, а сигурени сме дека и граѓаните имаа, високи очекувања. Очекувања кои беа разочарани“ велат од „Левица“.Градежната мафија, порачуваат од „Левица“, и во мандатот на оваа власт продолжи да работи непрекинато, со што дополнително се влоши енормниот проблем со загадувањето на воздухот.„Неспособноста на локалната власт предводена од СДСМ јасно се манифестира преку нејзиното прогласување за ненадлежна и избегнување одговорност за сите прашања и проблеми кои ги мачат жителите на оваа општина. Очигледен е фактот дека надлежностите и ветувањата на оваа локална власт завршуваат со скапите предизборни кампањи, пракса поради која беа казнети нивните претходници“ реагираат од партијата.Поради тоа, од „Левица“ најавуваат дека во сабота ќе се одржи првиот отворен ден со советникот на Левица од општина Карпош, при што, како што велат од партијата, целта е директно запознавање и инволвирање на граѓаните во работата на општината преку нивна директна партиципација.Оваа иницијатива, како што додаваат, ќе се реализира секоја прва сабота во месецот од 12 до 17 часот во канцеларијата на Левица.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата

Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата, а денес институциите работат професионално и ЕУ констатира напредок, велат од СДСМ.„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици и лажни наводи избегнувајќи да одговори дали ќе ги повика пратениците да ја почитуваат волјата на над 600.000 граѓани, кои на референдумот, слободно и без притисоци, се одлучија за иднина во ЕУ и НАТО. Што се однесува до администрацијата, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за оваа тема бидејќи за време на 11-годишното криминално владеење злоупотребите на институциите и притисоците врз вработените во администрацијата беа секојдневие“, велат од партијата.Времето на таквиот однос кон државните институции и вработените во нив, додаваат од СДСМ, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.„Денес, институциите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните. Тоа е препознаено и од Европската Унија, каде што во извештајот од Европската комисија, Македонија првпат е оценета позитивно, со добар напредок во администрацијата. Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат ефикасна, професионална и независна администрација. ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ќор-сокакот на лаги и измислици“, велат од СДСМ.Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, наместо да измислуваат непостоечки теми треба јасно да соопштат дали се за ЕУ и НАТО или против?

Македонија | пред 7 години

Sequence-01.Still001-1

(ВИДЕО) Блокирана Партизанска: Над сто возила стојат во место

Од Центар до Карпош се вози подолго од еден час заради колапсот во сообраќајот на булеварот „Партизански Одреди“ кој го блокира овој дел од Скопје.Причината за овој сообраќаен колапс не е позната, а возачите се нервозни и прашуваат што се случува. Колоната е километарска, а највеќе гужва има на потегот од трговскиот центар „Сити мол“ до крајот на булеварот кај Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

mitko-jancev

ЈАНЧЕВ : Не очекувам да ме разрешат бидејќи во ВМРО ДПМНЕ сум како дома !

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев во изјава за „Скопје 1“ вели дека не очекува да го разрешат од партиските функции бидејќи во партијата се чувствувал како дома.„ Јас лично не очекувам да бидам разрешен ! Како да ви кажам се чувствувам како дома “ - изјави Јанчев за „Скопје 1“.Вчеравечер ВМРО ДПМНЕ го разреши заменик генералниот секретар на партијата и реформатор, Петар Богојески кој исто како и Јанчев гласа на референдумот и водеше кампања против бојкотот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Руските власти подготвуваат план за ослободување на економијата од доларот

Руската влада подготвува проект за дедоларизација на економијата; за една од три недели треба биде одобрен од премиерот Дмитриј Медведев, тврдат извори за запознаени со текот на проектот.Засега е познато дека предлог-законот се подготвува врз основа на „точките“ на планот на претседателот на ВТБ банката Андреј Костин, кој тој во јули му го изнесе на претседателот на Русија Владимир Путин, пишува The Bell.Планот на владата не предвидува воведување на никакви ограничувања ниту забрани. Главниот акцент ќе биде на креирањето можности за пресметки во национални валути, како и на поедноставување на монетарната контрола и либерализација на монетарното законодавство.Еден од изворите истакнува дека овој план не е резултат на предлогот на Костин, со оглед дека за него се зборува откако 2017 година претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша законот за санкции.Се наведува дека моменталната цел на дедоларизацијата е премин на трансакции во јуани со Кина, а во евра со ЕУ, додека планирано е пресметките со членките на Евроазиската економска унија да се вршат во рубли.Планот се разгледува со Централната банка, ВТБ банката и другите големи банки, како и со извозниците.Нема да бидат воведени никакви принудни мерки спрема претпријатијата заради откажување од доларот. Најважно е да се креираат поволни механизми кои им овозможуваат без вишок загуби да реализираат пресметки во која било валута.За да се постигне тоа потребно е да се решат голем број технички прашања, меѓу другото да се креираат инструменти на нивото на централните банки кои овозможуваат пристап до ликвидноста во валута на друга земја, избегнувајќи ја притоа потребата таа да се купува на пазарот на валути.Преговорите за тоа се веќе во тек, но детали не се објавени.Исто така, се истакнува дека Русија тешко дека сама ќе успее да создаде финансиска инфраструктура која би била отпорна на санкциите на САД, но во овој момент расположението во однос на ова прашање се менува во светот, вклучувајќи ја и Европа.Претходно прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека процесот на дедоларизација на економијата е долг и комплициран, но дека веќе постои тенденција кон проширување на пресметките во национални валути.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Неприфатливи се барањата на опозицијата, немам за што да разговарам со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев од Охрид порача дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според пржинскиот модел е апсолутно неприфатливо и нема причина да се дискутира за тоа. Заев рече дека тие од позиција на власт нема да ги прифатат ниту барањата за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот. Тој вели „Да се бара комисија која ќе проверува дали референдумот бил законски, дали имало незаконитост во неговото спроведување и слично, во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, а, пак, во Управниот суд се исто така истите членови, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“.Тој вели дека за шест дена ќе кажат кои ќе бидат следните чекори, а се надева дека до тогаш ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство, но додава дека отворена е можноста целата ситуација да се решава преку вонредни парламентарни избори.Премиерот Заев вели дека нема за што да се разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан дали ќе има средба со него.„Во минатото ги прифативме нивните барања за финансирање политички партии, ја формиравме ДИК со претседател од ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат тие не сакаа ниту да разговараат за поддршка на процесите кои се важни за Македонија“, рече Заев, според кого и доколку има средба меѓу нив двајца, нема да има решение.„Таа е работа на пратениците. Тие треба да разговараат. Јас веќе одржав два состанока со координаторот на пратеничката група, со многу наши пратеници, кои на колегијално ниво ќе разговаараат. Ќе се видам и јас лично со некои пратеници за да ја постигнеме целта, што ќе значи конечно Македонија да ја потврди оваа неповторлива шанса за интеграција во НАТО и во ЕУ“, рече Заев.Прашан дали постои опасност опозицијата да ги бојкотирта изборите ако не бидат исполнети нејзините услови, Заев рече дека не верува во таква можност велејќи дека „Тој процес е заокружен кога била лидерската средба со прифаќањето на пржинска техничка влада“.„Секогаш може да се измислуваат нови бајки и приказни или  што било друго, ако некој сака да ескивира процес, но да се држиме до она што е сега стратегија“, изјави Заев од Охрид

Македонија | пред 7 години

bus

Бесплатен превоз на ЈСП за „Бела ноќ“

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека по повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот в сабота до 6 часот в недела.В сабота по 14-ти пат ќе се одржи 24-часовната манифестација „Бела ноќ“. Ноќта помеѓу сабота и недела граѓаните ќе може бесплатно да посетат бројни културни настани во главниот град.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Петар Богојески: ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата

По информацијата дека Заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и реформатор , Петар Богојески е разрешен од функцијата, тој се огласи на социјалните мрежи и ја поздрави одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот активизам во раководните структури но не и во Партијата.„Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и ја пренесував врз другите луѓе во Иницијативата за реформи.Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ. Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи“, напиша Богојески.Тој додава и дека ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, во целосно погрешен правец, и се надева дека за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек.„Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас. Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис. Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”. Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена“, пишува пратеникот.Исто така напиша и дека е подготвен на се, само Македонија да излезе од балканскиот кружен тек и да земе правец за Европа.„Мотивирани и сигурни во нашата вистина, продолжуваме понатаму со уште поцврсти и порешителни чекори за реформи и обнова на Партијата“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Новинар на Вашингтон пост исчезна во Истанбул

Новинар на Вашинготн Пост исчезна во Истанбул. Турција тврди дека тој се наоѓа во конзулатот на Саудиска Арабија, но од таму велат дека тој одамна ја напуштил нивната зграда.Во соопштението од саудискиот конзулат пишува дека неговите дипломати работат со турските локални власти со цел да ги откријат причините за исчезнувањето на Џамал Кашоги откако ја напуштил зградата на конзулатот. Соопштението го објави државната саудиска новинска агенција, откако претходно портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги извести медумите дека турските власти веруваат дека саудискиот новинар е се уште во конзулатот.„Според информациите кои ги имаме, оваа личност која е саудиски државјанин се уште е во саудискиот конзулат во Истанбул“, изјави Ибрахим Кан.Од друга страна, Вашингтон Пост, пријателите на Кашогија и неговата вереница тврдат дека тој влегол во конзулатот во вторникот со цел да предаде некои документи, а потоа исчезнал.Кашоги досега има интервју со Бил Ладен и повремено патувал со него во периодот од 1987 до 1995 година, а кога на предводникот на Ал Каеда му е одземено саудиското државјанство, се обидел да го помири со саудиските власти.

Свет | пред 7 години

srce

Неделно кафе за здраво срце, хуманитарна акција

"И моето срце и твоето срце" е мотото под кое ќе биде одбележан Светскиот ден на срцето од страна на Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан од Охрид.-Започни го денот со ветување за добро дело. Биди хуман, донирај и подари некому живот, некому радост. Јас ветувам дека моето неделно кафе можам да го донирам. Да ветиме заедно, за моето срце, за твоето срце, за сите срца на светов, е пораката која ја упатуваат од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид.Акцијата ќе се одвива во недела 7 октомври од 12 часот во кафе бар Објектив , а собраните средства ќе бидат наменети за Фондот за деца со здравствени проблеми од социјално ранлива категорија. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ : ВМРО-ДПМНЕ во нова радикализација на штета на Македонија

„Референдумoт е неуспешен, рефрендумскиот резултат е фалсификат, и согласно со тоа, Договорот од Преспа е политички мртов“. Ова е заклучокот што го донел синоќа Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а на јавноста и го соопшти партискиот потпретседател, Александар Николоски. Тој информираше дека ИК ги разгледал и ги прифати предлозите на партискиот претседател, Христијан Мицкоски, и донел неколку заклучоци: Во Собранието да се формира Анкетна Комисија која ќе ги истражува сите неправилности на референдумот, и тие да бидат санкционирани; Да биде разрешен актуелниот Јавен обвинител и да се избере нов на предлог на опозицијата. Ако Заев предлага избори, покрај тие две барања, веднаш да се формира техничка влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена, што значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и на нивно место министри од ВМРО-ДПМНЕ. ИК одлучил и да се формираат Републички и Градски изборен штаб (за Скопје), при што за претседател на првиот бил избран Генералниот секретар, Игор Јанушев, а на вториот потпретседателот на партијата, Владо Мисајлоски.Реформистите на ударВчерашните одлуки на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарот Петар Арсовски ги оценува како влез во уште поголема радикализација на партијата.„Ова е уште еден чекор на ВМРО-ДПМНЕ против Договорот и против ЕУ и НАТО. Сакајќи да одбележат успех на нивната позиција на референдумот, ја заоструваат реториката, се противат на пораките на меѓународната заедница и стануваат уште порадикални. Нивната најава за формирање изборни штабови ништо не значи. Ем формираат штабови, ем бараат пржинска влада исклучиво 100 дена, а знаат дека тоа е невозможно според динамиката на Договорот од Преспа, така што, тоа не открива дали навистина ќе учествуваат на избори“, констатира Арсовски.Повеќе:-Македонија - фактор на масата или мезе за други?-Парламентот ќе ја тестира одговорноста на опозицијата-Референдум или ајвар!Но, изјавата на потпретседателот Александар Николоски, откри дека партијата не ја кажува вистината пред јавноста, и покажа дека наместо да се демократизира таа ги зајакнува авторитарните тенденции. Запрашан дали е точно дека ќе бидат разрешени некои членови на ИК,тој одговори: „ИК нема ингеренции да разрешува членови, тоа е работа на Централниот Комитет“. Но, токму извори од ИК потврдија дека вчера бил разрешен заменикот-генерален секретар, Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во партијата. Тој се залагаше членството да излезе на гласање, и самиот најави дека ќе излезе на референдумот и ќе гласа „против“, што не беше во спротивност со партискиот став „секој сам да одлучи како ќе постапи“„ВМРО-ДПМНЕ, и покрај таквиот деклариран став - секој да постапи по свое убедување, се покажа дека поддржувал организиран бојкот на рефрендумот“, потсетува Арсовски.СДСМ: Да се почитува изразена волјаВо исто време, синоќа се одржа и седница на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ.„Сериозен е процесот пред државата, ќе се обидеме со пратениците, ќе се обидеме со пратениците, ќе се обидеме да направиме се што можеме“, кусо изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по состанокот на Извршниот Одбор.Како што соопшти партијата, членовите на ИО едногласно заклучиле дека кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието треба да го следат гласот на мнозинството од над 600.000 граѓани и да преземат одговорност за да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.„Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа 'за' и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Доколку тоа не е возможно, и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјата во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината“, заклучил Извршниот одбор на СДСМ.Во соопштението се потенцира и дека „никој не треба да се надева на амнестија, дека станува збор за многу важно прашање за земјата, а се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина“.ИО ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.Малески: Бојкотот е опструкцијаАналитичарите сега очекуваат одговорност и мудрост од сите политички субјекти. Поранешниот амбасадор и министер за надворешни работи, Денко Малески, со загриженост ги коментира актуелните состојби.„Никој не го поставува прашањето: Каков е тој референдум кој опозицијата и претседателот го бојкотираат? Бојкотот е опструкција со идеја рефрендумот да пропадне. Тоа е крајно загрижувачко. Ние инсистираме на демократија, а не знаеме доследно да ја почитуваме“, констатира Малески.Денко МалескиВо  барањата на опозицијата тој препознава обид за продолжување на истата стратегија како со бојкотот - опструкција на сите процеси и играње со роковите кои се многу тесни.„Жално е ако се оди во опструкции. Во зрелите демократии има свест за моментите кои не треба да се пропуштат. Не сум сигурен дали кај нас има таква свест. Кај опозициските пратеници мислам дека во прашање се стравови од лични консеквенци, а тоа е страшно за партија што се декларира како демократска“, оценува Малески.Тој укажува на нужноста од елементарно ниво на соработка меѓу партиите, бидејќи без таква соработка, ќе се руинира државата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Претседателот Иванов заедно со сопругата во работна посета на Чешка

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република.Претседателот Иванов денеска во Прага со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од Претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.Во рамки на дводневната официјална посета на Чешката Република, претседателот Иванов ќе оствари средби со Претседателот на Владата на Чешката Република, г. Андреј Бабиш, со претседателот на сенатот, г. Милан Штех и со претседателот на Пратеничкиот Дом, г. Радек Вондрачек.Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар на партијата, дознава ,,Макфакс” од партиски извори.Неофицијално, причина за разрешувањето е несовесното работење на партијата. ,,Макфакс” го контактираше Богојески за потврда на информацијата, но тој не одговараше на телефонски повици.Петар Богојески е еден од членовите на партијата кои го поддржаа договорот со Грција, притоа, бараше и внатрешни реформи во партијата. Тој пред референдумот, велеше дека мнозинството од членството на неговата партија сака влез во ЕУ и НАТО и повикуваше да излезат на гласање.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сопругот на Северина се огласи по порно скандалот

Еден ден по новата експлицитна снимка на Северина, се огласи и нејзиниот сопруг Игор Којиќ и сите ги запрепасти.Имено, неговата објава нема врска со порното, тој си гофотографираше кученцето и сподели фотографија со него.Изгледа Игор вака сака да покаже дека и верува на сопругата и дека немаат проблеми во љубовта. 

Магазин | пред 7 години

video

Најсуровото запросување на сите времиња-видео

Еден маж ја лажираше својата смрт на мотор во сообраќајна несреќа, а потоа “се врати во живот” за да ја запроси својата вознемирена девојка.Снимката од овој настан е забележана на Филипините. На неа се гледа како Џефри Делрио лежи на улица, додека полицајката ѝ кажува на неговата девојка да се подготви за најлошото.Додека тој лежеше, таа се свртела кон него и почнала да плаче.Меѓутоа, набрзо станал и клекнал на едно колено и од џебот ја извадил кутијата со прстен. Во тој момент ја запраша својата девојка дали сака да се омажи за него и таа се согласи.Кога се согласи, таа ја прегрнала полицајката и заплакала од среќа и олеснување што момчето ѝ е живо.Целата глетка беше снимена од пријател на овој пар, кој запросувањето го карактеризирал како романтично.Меѓутоа, нè сите беа импресионирани. Имаше и такви кои сметаат дека постапката на овој маж била сурова.На Интернет излегоа бројни коментари од жени кои викаат дека иако не умрел во сообраќајка, тие би го сметале за мртов да се на место на неговата девојка. 

пред 7 години

Нема фотографија

Предвремените избори стануваат се поизвесни

Владеачката СДСМ со барање пратениците да гласаат за уставни измени или да се оди на предвремени избори, опозициската ВМРО - ДПМНЕ формираше републички изборен штаб и ги повтори веќе познатите барања - нов јавен обвинител, анкетна комисија за референдумот и техничка влада по „Пржински модел“СКОПЈЕ - „Преспанскиот договор е мртов и е празно слово на хартија. Резултатите од референдумот не ги признаваме. Заев ќе го победиме на избори“, кажа потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николовски, по вечерашната седница на Извршниот комитет (ИК) на партијата.Иако и по седницата на ИК, најголемата опозициска партија е без официјален став околу предвремените избори, оттаму соопштија дека е формиран Републички изборен штаб кој ќе го води генералниот секретар Игор Јанушев и Градски изборен штаб на Град Скопје чиј претседател е назначен потпретседателот на партијата Владо Мисајлоски.Од изјавата на потпретседателот Николовски може да се заклучи дека ВМРО - ДПМНЕ останува на истите барања. Од партијата се на ставот дека е извршен фалсификат на референдумот и дека се полнети гласачките кутии па затоа бараат формирање на Анкетна комисија во Собранието која ќе ги испитува овие наводи. Исто така се бара и разрешување на Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески, и назначување на нов по предлог на опозицијата.„ Иницијатива за формирање на Анкетна комисија веќе е поднесена. Комисијата која ќе има задача да ги истражува и разгледува сите неправилности и нерегуларности кои се случија на денот на референдумот. Бараме разрешување на актуелниот Јавен обвинител кој е предложен од власта, а не ја извршува својата задача согласно ингеренциите и должностите односно замижува пред очигледниот криминал и нерегуларности пред, на денот и после референдумот и избор на нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се позанимава со сите овие нерегуларности“, изјави Николовски.Во насока на предвремените парламентарни избори Николовски кажа дека од партијата остануваат на барањето да има исти услови како и на изборите во 2016 година.„ Потребно е веднаш да се почитува договорот и законот за избори каде ќе се формира техничка влада според пржинскиот модел со мандат од 100 дена. Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и министри за внатрешни и за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори“ појасни Николовски.Неофицијално, на седницата на Извршниот комитет е разрешен и заменик генералниот скретар на партијата, Петар Богојески, кој се спротивстави на бојкотот и отворено се залагаше за масовен одзив на референдумот.Кои ќе бидат следните чекори на опозициската ВМРО - ДПМНЕ останува да се договорат утре на седница на Централниот комитет (ЦК) како највисоко тело во партијата.И владеачката СДСМ вечерва имаше состанок на Извршниот одбор (ИО). Оттаму соопштија дека бараат од пратениците во Собранието да ја уважат волјата на мнозинството од над 600 илјади граѓани и да преземат одговорност за да се забрзаат процесите за членство во НАТО и ЕУ.„ Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучи Извршниот одбор на СДСМ“, стои во соопштението од партијата.Оттаму додаваат дека Извршниот одбор ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори за подготовка на предвремените парламентарни избори.И СДСМ за утре најави седница на Централниот одбор на партијата.Доколку не се постигне договор со опозициската ВМРО - ДПМНЕ околу обезбедување на двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени, премиерот Заев најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 25 ноември а тоа значи дека треба да бидат распишани најдоцна до 10 октомври односно идната среда.Извор: Гласот на Америка

Македонија | пред 7 години

mvr

МВР: Фатена група на дилери, запленети 22 килограми марихуана

Ноќеска полицијата приведее шест лица и заплени околу 22 килограми марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Марихуаната била транспортирана од Албанија во Македонија. Имено, на превојот „Стража“ од страна на полициски службеници запрени се две патнички моторни возила и при извршен претрес во возилото „шкода суперб“ пронајдени и одземени се две вреќи со марихуана. На местото на настанот лишени се од слобода три лица од Скопје, меѓу кои и организаторот на транспортот на дрогата К.Р. (29) од Скопје, кој претходно бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и бил во бегство од Казнено поправната установа „Идризово“, а се барал по распишана потерница. Лишени од слобода се и Р.И. (23) и С.Е. (22)“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Осумдесет и двајца возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното во изминатите 24 часа, покажуваат податоците од полицискиот билтен на СВР Скопје.

Осумдесет и двајца возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното во изминатите 24 часа, покажуваат податоците од полицискиот билтен на СВР Скопје. Изминатото деноноќие се случиле и 15 сообраќајни незгоди од кои во осум полсено се повредени 11 лица, а во седум е причинета материјална штета.Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај пет возачи кои возеле под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото за управуавње со моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и 15 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.Издадени се 102 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.Според полицискиот билтен, шест возачи на подрачјето на Скопје поминале на крстосница на црвено светло, а неправилно престигнување е забележано кај три возила.

Скопје | пред 7 години

london

Лондон ја обвинува руската разузнавачка служба за кибер напади во светот

  Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја обвини руската воена разузнавачка служба (ГРУ) дека извршила низа кибер напади врз политички и спортски институции, компании и медиуми во светот.– Такво однесување покажува нивна желба да дејствуваат непочитувајќи меѓународно право и без размислување за последици како никогаш да нема да  бидат казнети, изјави Хант.– Нашата  порака е јасна. Ние и нашите сојузници ќе откриеме и одговориме на обидите на ГРУ да ја наруши меѓународна стабилност.Според МНР, Британскиот национален центар за кибер безбедност открил дека ГРУ стојат зад најновите кибер напади во светот.– Тие напади погодија државјани на многу земји меѓу кои и Русија и тоа ги чинеше државите милиони фунти, додаде тој.Меѓу нападите е и оној врз американската Демократска партија што беше увод во скандалот за руското мешање во американската претседателска кампања во 2016 година за кој Вашингтон веќе ја обвини ГРУ.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

На 40 локации ќе бидат поставени станици за полнење на електромобили

   Над 40 станици за полнење на електрични возила ќе бидат поставени на централни јавни локации низ државата.Станиците за полнење на електромобили ги поставува ЕВН Македонија која денеска ќе го промовира проектот „Електромобилност со ЕВН“.Со вака развиената мрежа на полначи се очекува сопствениците на електрични возила од земјава и од странство да можат да патуваат во било кој правец во и надвор од границите на Македонија.

Македонија | пред 7 години

vezba

Ден на високи гости на воената вежба „Предизвик 2018

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи Ден за високи гости во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2018“ којашто од 28-ми септември ја изведуваат припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија.На денот за високи гости ќе присуствуваат заменик министерот за одбрана Беким Максути, заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, амбасадорот на Словенија Милан Јазбец, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Павле Арсоски, генерали од АРМ и ВС на Република Словенија и други гости.Припадниците на АРМ заедно со колегите од Воените сили на Словенија ќе изведат боеви гаѓања на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „Игла С“ и боеви гаѓање на цели на земја со авион „Пилатус ПЦ-9М“ и хеликоптер Ми-24.Вежбата „Предизвик 2018“ е осма по ред од ваков вид која заедно ја изведуваат припадници на АРМ и Воените сили на Словенија, а совладувањето на заедничката обука, придонесува за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за против-воздушната одбрана, кој е во составот на воздухопловната бригада на АРМ. Проектот претставува јакнење на билатералната воена соработка на АРМ со вооружените сили на Словенија, но и можност за промоција на капацитетите на АП „Криволак“ пред останатите армии на земјите членки на НАТО.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Експертите на Македонија и Бугарија денеска по вторпат ќе ги проверуваат учебниците по историја

Втора средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи денеска и утре во Скопје.На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија на која беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.

Македонија | пред 7 години

soslusuvanje

Продолжува сослушувањето на сведоци за случајот „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоци продолжува судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.На минатото рочиште беа сослушани четворица сведоци, вработени во Министерството за внатрешни работи. Во сведочењата пред судот, тие ги објаснија нивните дејствија за време на протестите пред Собранието, како и на критичниот 27 април минатата година. Според нив, на критичниот ден не биле ангажирани доволен број полицајци неопходни за справување со ситуацијата, а на подготовките не било разгледано како можно сценариото толпата на сила да влезе во Собранието.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Ако не се усвојат уставните измени, веднаш да се оди на избори

– Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница заклучил дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е можно, како што се наведува во партиското соопштение, тогаш веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори.Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението, ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.– Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучил ИО на СДСМ.Членовите на Извршниот одбор оцениле дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.– Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина, се потенцира во соопштението.На седницата било заклучено дека референдумот во неделата поминал во мирна, фер и демократска атмосфера. По седницата на Извршниот одбор на СДСМ, која траеше два часа, куса изјава даде само премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.Заев не прецизира за што се разговарало, посочувајќи на партиското соопштение за медиумите.Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања