Скопје1.мк

vmro-poraki

Со лажни пораки се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдумот, тврди потпаролот

Од телефонски броеви кои се регистрирани на Бихачка се праќани лажни пораки до членови на ВМРО-ДПМНЕ, за да искочат да гласаат бидејќи бил постигнат договор меѓу власта и опозицијата.Потпаролот обвини дека се врши агитација и сторен криминал од страна на СДСМ, вели потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, СДСМ врши притисок на граѓани.ПОВИКУВАЧ: „Се јавуваме од централниот штаб на СДСМ, ако сеуште не сте излегле да гласате, ве повикуваме на гласате“ГЛАСАЧ: „Без разлика дали сме гласале ние не сме добиле ништо од партијата“ПОВИКУВАЧ: „Добро“Потпаролот Наум Стоилковски повтори дека партијата има став, секој граѓанин да постапи како што мисли. Телефонските броеви од каде се праќани пораките биле регистрирани во седиштето на СДСМ, вели тој.

Македонија | пред 7 години

komisija

Комисијата за следење на противправности будно ги следи настаните околу референдумот

Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот во континуитет ги следи случувањата поврзани со референдумот.Комисијата има за задача да ги следи сите настани поврзани со процесот на спроведувањето на референдумот. Таму каде што има индиции за извршени нерегуларности, веднаш известувањата се проследуваат до соодветното Основно јавно обвинителство. Дадени се задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.Комуникацијата и координацијата со обвинителствата и со Министерството за внатрешни работи се одвива перманентно. Целта е прибирање на сите докази за гонење на сторители на кривични дела поврзани со референдумот. До 14.30 минути има само едно известување за сторена противправност кое е поднесено во Основното јавно обвинителство Скопје. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје го извести обвинителството за извршено кривично дело, денеска во 9,20 часот во дворот на ОУ ” Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708. Делото е извршено од едно лице кое нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица.Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право. Други пријавени незаконитости на територијата на надлежност на Вишото јавно обвинителство Скопје нема. Сериозни неправилности нема на гласачките места на територија на Вишото јавно обвинителство Штип. Имаме сознанија за мал инцидент во Радовиш каде едно лице фрлало летоци. Надлежното обвинителство информира дека со ова дејствие е сторен прекршок.Во Кочани, во 11.30 минути, надвор од избирачко место по завршено гласање биле упатени закани од едно на друго лице, но истите немале влијание врз процесот на гласање.Во Штип има случај на неовластено фотографирање. Фотографирано било лице кое носело храна на избирачко место. Лицето кое неовластено фотографирало е задржано во полиција на разговор. На територија на надлежност на Вишото јавно обвинителство Гостивар до 14.30 минути не се пријавени неправилности поврзани со процесот на гласање, ниту посериозен инцидент кој би го попречил референдумскиот процес. Мирно се одвива и процесот на гласање на територијата на Вишото јавно обвинителство Битола.Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Може да се констатира дека до овој момент има релативно мирно спроведување на референдумот, односно нема индиции за поголем број противправности опфатени со Глава 16 од Кривичниот законик. Иако обвинителството е подготвено да постапува, сепак се надеваме дека во оваа атмосфера ќе се спроведе референдумот.

Македонија | пред 7 години

42763930_1980938121965369_2457954657595555840_o

(Видео) Премиерот Заев го оствари своето гласачко право на референдумот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрово во Струмица го оствари своето избирачко право.„Денеска е убав ден, нов празник за Република Македонија. Денеска граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на нашата земја. Денеска со одлуката граѓаните прават исто како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија носејќи сериозни, важни одлуки, со што го трасираат патот на нашата земја за иднината на наредните генерации кои што доаѓаат после нас“, рече Заев„Денеска навистина е вистински празник. Јас, денеска очекувам, преку масовноста во гласањето, со големиот одзив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од било која политичка партија или политички определби. Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која што денеска ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Секако очекувам после овие одлуки, Македонија конечно да ги постигне своите стратешки цели, да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО, и да биде членка на најсилната економска унија во светот Европската Унија. Нека ни е со среќа почитувани граѓани на Република Македонија, нека е со среќа на нашата земја“, додаде премиерот

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Споредба на излезноста меѓу референдумот и последните локални избори

Според досегашната статистика излезноста до 13 часот на последните локални избори била 27,3%. Сега е 15,9%.Забележливо е драстичното опаѓање на излезеноста, особено во Струга како најекстремен случај. Подоле во прилог се процентуалната намаленост на излезеност во споредба со локалните избори по општини:АЕРОДРОМ -45,1%АРАЧИНОВО -38,1%БЕРОВО -49,1%БИТОЛА -43,1%БОГДАНЦИ -50,7%БОГОВИЊЕ -23,8%БОСИЛОВО -54,2%БРВЕНИЦА -41,2%БУТЕЛ -41,1%ВАЛАНДОВО -53,5%ВАСИЛЕВО -55,3%ВЕВЧАНИ -63,4%ВЕЛЕС -52,7%ВИНИЦА -59,8%ВРАПЧИШТЕ -25,9%ГАЗИ БАБА -56,9%ГЕВГЕЛИЈА -46,2%ЃОРЧЕ ПЕТРОВ -49,3%ГОСТИВАР -33,1%ГРАДСКО -48,5%ДЕБАР -33,6%ДЕБАРЦА -63,7%ДЕЛЧЕВО -46,3%ДЕМИР КАПИЈА -65,1%ДЕМИР ХИСАР -56,1%ДОЈРАН -44,9%ДОЛНЕНИ -7,6%ЖЕЛИНО -38,7%ЗЕЛЕНИКОВО -60,4%ЗРНОВЦИ -70,8%ЈЕГУНОВЦЕ -24,4%КАВАДАРЦИ -59,2%КАРБИНЦИ -58,6%КАРПОШ -31,6%КИСЕЛА ВОДА -52,0%КИЧЕВО -50,1%КОНЧЕ -74,4%КОЧАНИ -53,3%КРАТОВО -57,7%КРИВА ПАЛАНКА -45,5%КРИВОГАШТАНИ -62,0%КРУШЕВО -46,4%КУМАНОВО -30,7%ЛИПКОВО 32,5%ЛОЗОВО -61,3%МАВРОВО И РОСТУША -34,0%МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА -65,3%МАКЕДОНСКИ БРОД -51,7%МОГИЛА -66,8%НЕГОТИНО -56,2%НОВАЦИ -67,6%ОХРИД -45,4%ПЕТРОВЕЦ -64,5%ПЕХЧЕВО -50,4%ПЛАСНИЦА -72,2%ПРИЛЕП -44,6%ПРОБИШТИП -55,1%РАДОВИШ -53,3%РАНКОВЦЕ -67,0%РЕСЕН -50,9%РОСОМАН -66,3%САРАЈ 5,4%СВЕТИ НИКОЛЕ -57,7%СОПИШТЕ -70,5%СТАРО НАГОРИЧАНЕ -72,3%СТРУГА -73,3%СТРУМИЦА -36,2%СТУДЕНИЧАНИ -35,4%ТЕАРЦЕ -18,6%ТЕТОВО -10,2%ЦЕНТАР -21,7%ЦЕНТАР ЖУПА -40,4%ЧАИР -18,8%ЧАШКА -45,2%ЧЕШИНОВО - ОБЛЕШЕВО -66,6%ЧУЧЕР - САНДЕВО -63,3%ШТИП -53,5%ШУТО ОРИЗАРИ -42,6%

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ гласаше на референдумот

Пратениците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски и Жаклина Пешевска денеска го остварија своето право и гласаа на референдумот.Оваа информација ја потврди истражувачот од Центарот за европска стратегија „Евротинк“, Андреја Стојковски.Претходно, Драган Данев, Даниела Рангелова и Митко Јанчев го дадоа својот глас на референдумот. 

Македонија | пред 7 години

dik-1

Табeларен приказ на излезноста низ цела Македонија до сега

Од скопските општини, најголема излезност за гласање на референдумот од скопските општини има Центар со 26,29% и Капош каде на гласање излегле 23,97% од запишаните гласачи.ДИК соопшти дека до 13 часот излезноста изнесува 16%. Од табелата може да се погледне колкава е излезноста низ цела Македонија.

Македонија | пред 7 години

dik-1

До 13 часот гласале само 16% од запишаните граѓани

Излезноста до 13 часот изнесува 16% или нешто повеќе од 260.000 граѓани, според Државната изборна комисија. Во Гевгелија излегле 19,5 проценти, во Демир Хисар излегле повеќе од 15%, во Куманово 16,15%.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.Набљудувачите се должни да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување – беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.Од ДИК, исто така, потенцираат дека акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Александар Николоски соопшти дека нема да гласа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Александар Николоски нема да гласа на референдумот.„Од прогласувањето на независноста на Република Македонија сметам дека денес е најбитен ден за опстојот на Македонија. За мене е лично понижување, газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не. Нема цена што може да е компензација за преименување на мојата татковина. Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапаметени до сега. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија,“ стои во пишаната изјава на Алесандар Николоски испратена до медиумите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Момче пронајдено мртво на сред Скопје

23-годишно момче од Скопје со иницијали К.Н. било вчера пронајдено мртво во хотел покрај улицата „Качанички пат“, соопштија од МВР.„На 29.09.2018 година во 19,48 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на улица „Качанички пат“ има починато лице. Од увидот е констатирано дека се работи за лицето К.Н.(23) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од таму.

Скопје | пред 7 години

42321838_305002373633592_8307820129018707968_o

Рангелова: Гласав на референдумот

Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на опозициската “ВМРО-ДПМНЕ”,  за Скопје1 потврди дека излегла на референдумот. Таа вели дека гласала против договорот со Грција. За неа успешен референдум е оној кој ќе има исполнет цензус.На прашањето дали ќе биде исполнет цензусот, Рангелова одговори дека не може да предвиди и тоа ќе го видиме кога ќе заврши референдумот.Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова е една од осомничените на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Двајца пријатели се степале во врска со гласањето на референдумот

Пријатели се степале поради референдумот, по што полицијата поднесе пријава за еден од нив. Инцидентот бил пријавен вчера во 13:30 часот во Полициска станица Центар.И.Е.(44) од Скопје пријавил дека околу 00:15 часот во кафе-бар во Скопје, додека бил со негов пријател, му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје, со кого се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во бессознание.Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

42803598_2444289912464351_5368186405300207616_n

Четири инциденти до 11 часот поврзани со референдумот, велат од МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира дека во гласачкото место во ОУ„ Лазо Ангеловски“ во Скопје К.Ж.(22) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир, со тоа што навредувал граѓани и физички нападнал полицајци. Тој е приведен во полициската станица во Аеродром.Пријавен бил и случај од страна на старец од Зубовце, Гостивар, кој пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од страна на 64-годишна жена. Таа е повикана во полициска станица и МВР информира дека се работи на расчистување на случајот.Според Ангеловски, во Струга од зграда во близина на избирачко место во ОУ„Браќа Миладиновци“ пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса од страна на неколку лица. Веднаш се преземени мерки, лицата биле однесени во полициската станица во Струга и се работи на расчистување на случајот.„На гласачко место во ОУ ‘Ванчо Прке’ во Штип, Б.О. од Штип пријавил дека при достава на храна во избирачки одбор, бил фотографиран и навредуван од Е.С. од Штип. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот“, информира Ангеловски.МВР ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и ќе постапи согласно со законите со цел граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Христијан Мицкоски нема да гласа на референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесе информација дека тоа нема да се случи.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прашањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор, вели Стоилковски.Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес.

Македонија | пред 7 години

42868680_413356675862428_2048255141659803648_n

ФОТО: Стевчо Јакимовски пече пиперки на денот на референдумот

Ексградоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денот на референдумот пече пиперки за ајвар во неговиот дом.Јакимовски го бојкотира референдумот уште кога беше изгласано одржувањето од страна на Собранието. Тој во повеќе наврати го повтори истиот став, дека нема да излезе на гласање, со цел, да не се обезбеди цензус и да пропадне референдумот.

Скопје | пред 7 години

42765794_696589617406981_914868445395288064_n

ФОТО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Данев и Рангелова гласаа на референдумот

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Опозициската партија во текот на предреферендумската кампања не зазеде конкретен став за референдумот.Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на поддржувачите им порача секој да постапи како што сака.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Најмалку 17 повредени во тајфунот во Јапонија, се очекува посилен удар

Во тајфунот кој во саботата го погоди јапонскиот остров Окинава, се повредени најмалку 17 луѓе.Како што јавуваат медиумите, Тами достигнува брзина од 216 километри на час, а најголемиот удар се очекува во понеделник наутро.На фотографиите може да се забележат скршени гранки и дрва кои ја блокираат главната улица во главниот град Наха, а во моментов врне силен дожд. Брановите достигнуваат висина и до неколку метри.Околу 700 луѓе се евакуирани, а без струја се скоро 200 000 домови, велат од радиото НХК.Откажани се најмалку 386 летови, главно во западна Јапонија.Западните региони се уште се опоравуваат од најмоќниот тајфун кој ја зафати Јапонија на почетокот на септември. Тајфунот Јеби одзема 11 животи и го затвори аеродромот Кансаи.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Нападнато 17-годишно момче во „Лептокарија“

Вчера во попладне во полициската станица во Карпош, е добиена пријава од 50-годишен Скопјанец, чиј 17-годишен син бил физички нападнат од неколку непознати лица кои биле на возраст од 17 години. Настанот се случил во 9 часот наутро, во Трговскиот центар „Лептокарија“, информираат од полицијата.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

glasanje

Инцидент пред гласачко место во Ново Лисиче – хулигани нападнале жена што гласала, па се судриле со полицијата

Група од млади малтретирале жена која дошла да гласа на референдумот на гласачко место во училиштето, по што интервенирале полицајци кои биле распределени на ова гласачко место. Напаѓачите се спротиставиле и судриле со полицијата, по што дошло засилување и лицата биле приведени и однесени во полициска станица, велат очевидци за Либертас.Лица од групата извикувале „Смрт за ш…..и“.По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а гласањето тече непрекинато.Се очекува официјална информација од МВР за инцидентот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Обвинителство: Нема посериозен инцидент на референдумот

Утрово до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот, велат од Основното јавно обвинителство, запрашани дали има инциденти поврзани со одржувањето на референдумот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец тешко повреден по пад од мотор

Скопјанец е теко повредне по пад со мотор. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 20 часот на крстосница со улица “Димитрие Чуповски” и улица “Мито Хаџивасилев Јасмин”.Н.К.(39) од Скопје управувувајќи мопед “Кимико Агилити” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз. По незгодата бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

pozar-1

Пожар во индустриска зона

МВР информира дека вчера во 22,11 часот било пријавено дека во индустриска зона Бунарџик во кругот на „ТИРЗ 2“ имало опожарена сува трева и лозја. Во 23 часот од екипа на Противпожарна единица Скопје, пожарот е локализиран.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

832 жртви од катастрофата во Индонезија, се уште се бараат исчезнатите

Серијата земјотреси и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси направија хаос, а бројот на жтвите се искачи на 832 луѓе.Се започна на 28 септември кога за само неколку часа Индонезија ја погодиjа три земјотреси и цунaми. Од првиот удар до цунамито поминаа осум часа, но жителите не беа спремни за катастрофа. Властите во текот на денот најпрво објавија предупредување за цунами, но подоцна го повлекоа.Поради опасноста од нови потреси голем број од луѓето спиеја надвор, а пациентите беа лечени надвор од зградата на болницата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Излезеноста до 9 часот е 2,48%

Од Државната Изборна Комисија излегоа со првични информации околу излезеноста до 9 часотОпштинаЗапишани избирачи*Број на ИМПроцеси- рани ИМПроцесирани избирачиГласале%АЕРОДРОМ65.925939365.8861.7962,73%АРАЧИНОВО9.45213139.4311531,62%БЕРОВО10.963161610.9604974,53%БИТОЛА82.13117017082.0542.2902,79%БОГДАНЦИ6.7761200––БОГОВИЊЕ27.332383626.3934561,73%БОСИЛОВО12.212191912.2081451,19%БРВЕНИЦА15.246242415.2392321,52%БУТЕЛ33.165454533.1407552,28%ВАЛАНДОВО9.97024229.6861821,88%ВАСИЛЕВО10.45019179.6351151,19%ВЕВЧАНИ2.039332.038422,06%ВЕЛЕС46.1728400––ВИНИЦА17.143333317.1303482,03%ВРАПЧИШТЕ25.463393925.4543491,37%ГАЗИ БАБА61.444924731.2446762,16%ГЕВГЕЛИЈА19.234373519.1907193,75%ЃОРЧЕ ПЕТРОВ37.823535337.7937792,06%ГОСТИВАР79.16012100––ГРАДСКО3.13611113.135802,55%ДЕБАР18.340272718.3181961,07%ДЕБАРЦА4.4602800––ДЕЛЧЕВО14.7283600––ДЕМИР КАПИЈА3.36411113.362641,90%ДЕМИР ХИСАР7.09241417.0902924,12%ДОЈРАН2.717882.715572,10%ДОЛНЕНИ11.5864073.308541,63%ЖЕЛИНО23.235353523.2294561,96%ЗЕЛЕНИКОВО3.74715153.740701,87%ЗРНОВЦИ2.560442.558431,68%ИЛИНДЕН13.999252313.3581711,28%ЈЕГУНОВЦЕ10.200212110.1972232,19%КАВАДАРЦИ32.259606032.2175931,84%КАРБИНЦИ3.20016163.195611,91%КАРПОШ53.688747453.6631.9423,62%КИСЕЛА ВОДА52.929828252.8931.2732,41%КИЧЕВО50.23812012050.1958791,75%КОНЧЕ2.75510102.755200,73%КОЧАНИ32.998635132.3268132,52%КРАТОВО8.0753700––КРИВА ПАЛАНКА17.0064700––КРИВОГАШТАНИ4.74013134.737701,48%КРУШЕВО7.93623187.7482463,18%КУМАНОВО92.69116713078.8072.4583,12%ЛИПКОВО25.2323600––ЛОЗОВО2.038992.035562,75%МАВРОВО И РОСТУША9.67239399.6721962,03%МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА6.66917176.6662333,50%МАКЕДОНСКИ БРОД5.15253535.1511062,06%МОГИЛА5.38823235.385551,02%НЕГОТИНО15.906282815.8944072,56%НОВАЦИ2.97724172.342672,86%НОВО СЕЛО11.273201911.2601731,54%ОХРИД52.195898351.7561.4822,86%ПЕТРОВЕЦ7.58819197.5851341,77%ПЕХЧЕВО4.180994.1782165,17%ПЛАСНИЦА4.971994.967541,09%ПРИЛЕП64.22514212263.7942.1773,41%ПРОБИШТИП12.6504600––РАДОВИШ24.239464524.2003301,36%РАНКОВЦЕ3.01913112.815973,45%РЕСЕН16.765504816.7086794,06%РОСОМАН3.3441093.209371,15%САРАЈ31.157464631.1137822,51%СВЕТИ НИКОЛЕ14.633353514.6164072,78%СОПИШТЕ4.94914144.948811,64%СТАРО НАГОРИЧАНЕ3.36738383.363300,89%СТРУГА60.1691019258.8731.4012,38%СТРУМИЦА49.157838349.0861.1242,29%СТУДЕНИЧАНИ15.461313115.4422381,54%ТЕАРЦЕ22.054303022.0485392,44%ТЕТОВО83.19111711783.0921.8372,21%ЦЕНТАР43.416787843.3891.7003,92%ЦЕНТАР ЖУПА6.68716166.6861482,21%ЧАИР57.6088600––ЧАШКА6.00831316.0051883,13%ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО5.56913135.5641001,80%ЧУЧЕР – САНДЕВО7.57314147.557971,28%ШТИП41.927808041.8541.4073,36%ШУТО ОРИЗАРИ23.454363623.4033261,39%

Македонија | пред 7 години

ciivil

ЦИВИЛ бележи технички проблеми и нерегуларности на почетокот на Референдумот

Набљудувачите на ЦИВИЛ (307) се распоредија низ целата земја и го набљудуваа почетокот на референдумското изјаснување во Република Македонија. На самиот старт се забележани помали технички проблеми. Не работат УВ ламбите во неколку избирачки места во општина Петровец. Во неколку скопски општини се нотира доцнење на отворањето на избирачките места. Оние избирачки места каде што доцнењето е подолго од 15 минути, избирачките одбори имаат обврска за исто толку време да го продолжат гласањето на тоа место.Видливи се трагите од кршењето на изборниот молк во голем број општини низ целата земја. Некои графити се и на самите училишни згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јегуновце (на фотографијата) и Петровец.Се бележат и повеќе други помали нерегуларности за што ЦИВИЛ ќе ја извести јавноста на првата прес конференција во 10:30 часот, во хотел Сити Парк.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Референдум: Ќе има ли цензус?

Започна референдумот во земјава на којшто гласачите ќе можат да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.Право на глас имаат еден 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.Се гласа на 3.748 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија и за референдумот постави интерактивна мапа на својата веб-страница на која ќе може да се следи текот на гласањето по општини и излезноста на гласачите.На референдумот први гласаа членовите на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во странство. На избирачкиот список се запишани 104 такви членови. Иако на посебниот список на граѓани кои се на привремена работа или престој во странство има запишано 76.060 гласачи, за гласање на референдумот во странство пријавени беа 2.695 македонски државјани во 33 дипломатско конзуларни претставништва.Вчера гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата кои се наоѓаат во куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.Според податоците што ги соопшти синоќа ДИК, во затворите одѕивот бил 64,69 отсто.Од 1859 кои гласаат дома, односно болните и немоќни лица, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.Вкупно 36,56 отсто, односно 985 лица гласале досега во странство, каде на 33 места право на глас имаа 2.694 лица, соопшти на прес-конференција Државната изборна комисија.Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкиот материјал и на избирачите додека гласаат. Гласање за друго лице е забрането, може само да му се помогне на избирач кој има физички недостаток или е неписмен.До 19 часот трае и изборниот молк. Дотогаш може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско преставување.По затворањето на гласањето во 19 часот, Државната изборна комисија првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием. Конечните резултати од референдумот ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Комисијата ги објавува резултатите од референдумот во Службен весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето.Референдум во Македонија е под лупа на 11.927 домашни набљудувачи. Во ДИК се акредитирани и 493 меѓународни набљудувачи, 194 преведувачи и 111 странски новинари.Најбројна е мисијата на ОБСЕ – ОДИХР со 197 претставници. Комисијата акредитирала и 83 новинари од 32 медиуми од земјава и од регионот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања