Скопје1.мк

Нема фотографија

Се активира вулканот Попокатепетл

Вулканот Попокатепетл исфрла пепел, кој го зафати дури јужното крајбрежје на Мексико Сити.Националниот центар за превенција на катастрофи го предупреди населението да внимава на вулканот поради активностите во кратерот и регистрираните 183 емисии на штетени гасови и пепел во последните 24 часа.Геофизичари регистрирале зајакната активност на вулканот, кој се наоѓа 72 километра југоисточно од Мексико Сити.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ураган ги погоди Италија и Грција, донесе огромни бранови

Реткиот ураган мознат како „медикен“ кој се разби на Средоземјето ги погоди утринава Пилос и Метони на југот на Грција каде има прекин во снабдувањето со струја и откажани се траектите.Траектите се сопрени меѓу Пиреј и делови од островите Циклада, како Миконос и Санторини, како и некои островите во групата Додеканези, Род и Кос.Извештаите јавуваат за големи бранови и силен ветер, но засега нема повредени. На жителите им е советувано да останат во затворено

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје дел од светското движење „The Distinguished Gentlemans Ride“

Скопје трета година по ред ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата.Скопјани ќе имаат можност да видат 126 урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори кои ќе дефилираат низ градските улици. Покрај хуманата димензија на настанот, се промовира и еден урбан начин на облекување кај мажите, а од друга страна се уриваат стереотипите дека моторџиите се неуредни, создаваат бучава и имаат бунтовничко однесување.– Пред две години имавме околу 80 учесници, лани околу 110, а годинава се очекуваат повеќе. И првата и втората година имаше огромен интерес, но моравме да поставиме лимит како организатори за настанот да биде безбеден, изјавија неодамна за МИА Игор Стефановски и Благоја Петровски, креатори на идејата Скопје да стане дел од ова движење.Движењето почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костум заедно со свои пријатели одлучи во чест на негов пријател кој не ја доби битката со ракот на простата да продефилира низ улиците.Годинава, околу 85 илјади лица ќе бидат дел од светското движење кое ќе се одржи во 95 држави. Собрани се 4.072.787 долари кои ќе бидат наменети за фондацијата „Мовембер“ за истражувања и програми за рак на простатата и останатите машки болести. Од појавувањето на движењето досега собрани се повеќе од 16 милиони долари.Настанот се организира секогаш во последната недела од септември според одредени правила и мора да има одлики кои се специфични за самото движење, како уникатни мотори и елегантен дрес-код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.

Скопје | пред 7 години

dik

ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.Набљудувачите се должни да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување – беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.Од ДИК, исто така, потенцираат дека акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.

Македонија | пред 7 години

5A1423C7-8F79-47A1-AF89-C8C4AC267E4C

Два пожари беснеат во Скопје, едниот во Ѓорче Петров

Два големи пожари вечерва во Скопје, едниот е во близина на селото Ајватовци, додека другиот е во Ѓорче Петров.Во селото Ајватовци гори сува трева и лозја, а благодарение на ветерот пожарот се шири со голема брзина.Во моментов се презема се за да не се прошири пожарот околу индустриската зона Бунарџик и селото.Во исто време гори и фабрика за пластични маси и дрвен мебел во Ѓорче Петров каде пожарот е ставен под контрола, пишува Курир.мк

Скопје | пред 7 години

video-1516214467.00_16_27_02.Still005

(ВИДЕО) Лицето кое ги напаѓаше гласачите во Мелбурн сега им се закани

Предводникот на групата која ги снимаше и напаѓаше гласачите во Мелбурн, Јане Мавчев, по затворањето на гласачкото место, преку обраќање на социјалните мрежи гласачите ги нарече „предавници“ и им се закани дека вечно ќе го носат предавничкиот белег со себе.https://www.facebook.com/jmavcev/videos/10213209322136699/„Македонија победи! Денес Македонците од Мелбурн испратија многу јасна и чиста порака. Овој референдум не смее да успее. Македонците од Мелбурн не излегоа на овој референдум. Има само 7 предавници кој вечно ќе го носат жигот на предавството. Честито утре нека е, седете дома и игнорирајте го овој предавнички референдум“, рече тој во своето видео обраќање.Утрово на социјалните мрежи се појавија видеа на кои можеше да се забележи како македонски иселеници во Австралија и најверојатно автстралиски државјани, стојат пред зградата каде е гласачкото место за референдумот во Мелбурн и ги малтретираат и жигосуваат тие што дошле да гласаат. Откако ќе ги снимаат, потоа ги нарекуваат предавници, шиканираат и малтретираат 

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Украден автомобил од сред Скопје

Вчера нешто по 19 часот во полициската станица во Аеродром, 61-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 19:00 часот на 21.09.2018 година до 17:30 часот на 28.09.2018 година, од паркинг на булевар „АСНОМ“ во Скопје, непознат сторител одзел товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, велат од полицијата.Од МВР додаваат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на возилото, но и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

seljacana

Жигосани и насилниците од Мелбурн, добија етикета дека се сељачана

Иселениците кои напаѓаа неистомисленици во Австралија добија контра група на фејсбук каде тие се сега прогласени за предавници. Групата силеџии кои го попречуваат правото на глас во Мелбурн ги нарекуваше предавници луѓето кои гласаат, но оние кои етикетираа сега добија етикета дека се сељачана, пишува Фокус.мкНа фејсбук е формирана нова група „Предавници“ за забава, преку која се осудуваат оние што ширеа закани, пцости, навреди и притисоци врз македонските државјани кои излегоа да гласаат на референдумот.Се очекува против нив да бидат покренати постапки од австралиската полиција, но и од надлежните институции во Македонија.Инаку јавноста во Македонија е згрозена и со чувство на гадење го следеше однесувањето на група иселеници во Австралија кои малтретираа сонародници. На социјалните мрежи бројни осуди за теророт што го ширеше групата исленици, за нивните закани, пцости, навреди и жигосувања.

Македонија | пред 7 години

20180929_171726

Гласачките кутии низ Охрид се носат како на модна писта

Порталот Магазин.мк објави фотографија од Охрид, каде што е прикажано како две возрасни жени го дистрибуираат изборниот материјал на гласачкото место Климент Охридски со бој 1249.За јавноста се поставува прашањето зошто овие лица одат без придружба на обезбедување или пак поточно дали е тоа вообичаено да се однесуваат така со изборните материјали? Понатаму се поставува прашањето каде ги добиле овие изборни материјали и зошто не се пристапило за нивно безбедно дистрибуирање на гласачкото место. Дали исто вака ќе се постапува кога кутиите се полни и е завршено со гласањето. 

Македонија | пред 7 години

Capture-4

ВИДЕО: Стоилковски: Зошто ЕЛЕМ ги крие вистинските причини за честите испади во РЕК Битола?

РЕК Битола повторно во прекин, ова е втор прекин во блокот два, а не минаа ниту 20 дена како е ставен во функција по редовниот ремонт кој траеше 47 дена и чинеше неколку милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат раководството на АД ЕЛЕМ да одговори, зошто по толку скап ремонт, по само десетина дена, два пати се расипува вториот блок на РЕК Битола.„Зошто ЕЛЕМ ги крие вистинските причини за овие зачестени испади? Како може веднаш после ремонт на блоковите да се случуваат вакви хаварии Колкава е штетата од загадувањето? Ако сега има експлозии во Блоковите, што ќе се случува зиме? Дали истото ќе го снајде и третиот блок чиј што ремонт, според најавите е во тек и ќе трае до 15ти октомври? Пресметката вели дека еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата над 7.500 евра, додека еден ден неработа дури над 180.000 евра!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Од партијата додаваат дека според нивните пресметки, штетата од вчерашниот испад поради потрошувачката на 150 тони мазут, поправките што следат и непроизводството на електрична енергија изнесува најмалку 300.000 евра.

Македонија | пред 7 години

obvinitelstvo1

Обвинителство: Од „Рузвелтова” се подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените

По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова" во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено.Трите лица се превезувале со возило Сеат алтеа кога врз нив бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото. Возачот на автомобилот Сеат, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.По наредба на јавен обвинител, телата на двете починати лица се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Возилото во кое се превезувале е подигнато за вештачење.На лице место биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од повреденото лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

Скопје | пред 7 години

obvinitelstvo1

Обвинителство за референдумот: Следиме сè, сликање на гласачи веднаш ќе биде казнето

Комисија за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот ја известува јавноста дека континуирано ги следи сите случувања поврзани со гласањето.Од обвнителството велат дека објавувањето на фотографии на гласачи е противправно дејствие кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање.„Ја известуваме јавноста дека секое сликање, снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и било какво попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон. Вакви дејствија преземени во текот на процесот на гласање, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на јавното обвинителство. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што се воспоставени и дополнителни дежурства во јавните обвинителства. За евентуално извршени кривични дела и поведени постапка против сторителите јавноста ќе биде информирана, пишува во соопштението на ЈОРМ.

Македонија | пред 7 години

42809523_2272965692730932_512548151425499136_n

ФОТО: Член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ денес прави ајвар

Реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски на социјалните мрежи се пофали дека ајварот за престојната сезона го направил ден пред референдумот. “Имаме уште една обврска”, напиша Богојевски кој алудираше на гласање на референдумот.Богојески е дел од Извешниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и еден од ретките кои излегоа јавно да кажат дека ќе излезат да гласаат, но и да ги повикаст останатите да го остварат правото на глас

Скопје | пред 7 години

42876531_442113486193109_7846041849696354304_n

ФОТО: Скопјанец бара жена преку оглас

На социјалните мрежи во група “Купи-продај” е објавен оглас каде маж бара жена.Според фотографијата испратена до “Скопје 1”, жената тееба да е на возраст од 25-35 години, а огласот е објавен вчера.За кандидатките, бил оставен и контакт телефон, но не знаеме дали некоја досега пројавила интерес за сериозна врска.

Скопје | пред 7 години

video-1516214467.00_16_27_02.Still005

И го напднале кучето на Ирена Ристиќ, а таа се закани: Следниот пат ќе постапам поинаку и ќе одговарам

Aктерката и граѓански активист Ирена Ристиќ на социјалната мрежа “Фејсбук” се пожали дека втор пат, куче од расата “белгиски овчар” го нападнала нејзиното куче. Таа вели дека сопственикот избегал со точак, додека таа вика по него.“Вторпат се случува истиот белгиски овчар да го нападне Алтан. Неговиот сопственик е смеѓ дечко, на точак. Кучето првиот пат од ведро небо се појави и рипна врз Алтан. Денес му скокна од зад грб. Скапаницата човечка кидна со точакот и првиот пат и сега. Викав по него да застане додека ги одвојував кучињата. А како всушност стојат работите?! Затоа што Алтан е на поводник, а воедно е и нападнат, мочкото бегајќи, ме нарече "луда". Логично, нели?Нема служба каде ова може да се пријави и шерифов никогаш нема да одговара. Третиот пат поинаку ќе постапам и нормално јас ќе одговарам и имено, таму е целиот заеб у овој скапан систем” пишува Ристиќ.

Скопје | пред 7 години

42702419_475660746279667_5960290008316248064_n

Јанкулоска пред референдумот: Нема да има цензус

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска викендот го користи за прошетка низ Охрид, каде е заедно со нејзниот сопруг и бебето.Таа се шетала по кејот, а потоа кафето го пиела далеку од градскиот метеж, во кафич на другиот крај од Охрид.Ексминистерката запрашана за референдумот, за „Скопје 1” рече дека не верува дека ќе се обезбеди цензус, имајќи во предвид какви биле резултатите од изборите изминатите години. Запрашана дали ќе излезе да гласа, таа вели “Не е важно тоа воопшто”.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот на Советот на општина Неготино преку ТЕЦ Неготино доделил 3 тендери од половина милион денари на неговата мајка

СДСМ не запира со криминалите, тендерите помеѓу ќерка и татко, сега се прошируваат и со тендер шеми син и мајка, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на партијата се посочува дека претседателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов, кој истовремено е вработен во ТЕЦ Неготино, преку истата доделува 3 тендери во висина од половина милион денари на неговата мајка, Сијка Витанова, за набавка на кафе и чај.„Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал. 35 милионски тендер во здравство, 10 милиони од Фондот за иновации, 200 илјади од ЈСП, и многу други завршија кај ново формирани фирми, без никакво искуство во областа во која се формирани. Криминалната логика на СДСМ се одрази и на доделувањето на лиценци за испитни центри за спроведување на возачки испити, кои ги добија фирми формирани неколку дена пред да бидат распишани огласите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека реалниот бизнис тоне, бизнисмените се потиснати од власта и нивите локални моќници, додека луѓе блиски до власта нижат милионски тендери, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Следува промена на времето во Македонија

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне.Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната температура од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува пет.Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 24 степени.Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Истепан малолетник во автобус

Во автобусот со број 65, кој се движи на релација од железничката станица до село Стајковци, е истепано 13-годишно дете од страна на две лица. Тие физички го нападнале 13-годишното дете затоа што случајно се удрило во нив кога автобусот закочил.Д.И.(44) од Скопје, вчера, околу 22 часот, пријавил во полиција дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП со број 65 на булеварот Никола Карев две непознати лица физички го нападнале неговиот 13-годишен син, велат од МВРПолицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кучиња искасале две лица во Скопје

Според МВР, В.И. (56) од Скопје пријавил дека завчера околу 20 часот на булеварот Партизански одреди неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница.Истиот ден добиена е пријава од М.К. (76) поради напад од куче на улица Шекспирова.

Скопје | пред 7 години

26678038_1380885685374311_514039736987194694_o

Туфегџиќ: Не се плашете од фотографиите кои го обожаваат зборот „предавник“

Пратеничката на политичката партија СДСМ, Ивана Туфегџиќ на својот „Фејсбук“ профил ги охрабри граѓаните да не се плашат и да излезат на гласање.„Воопшто не се плашете од овие фотографии кои го обожаваат зборот "предавник". Слободно и гордо остварете го правото на глас, бидејќи тоа се истите луѓе кои потоа по судници и полициски станици викаат дека носеле вода, не биле од тука, не знаеле зошто се таму и така натаму. Тоа што го прават е казниво и за тоа ќе се сноси одговорност. Во меѓувреме пријавувајте било какво попречување на избирачкото право во МВР на 192, а за фотографии на социјални мрежи на мејлот: cybercrime@moi.gov.mk“, напиша таа.

Македонија | пред 7 години

ahmeti

Ахмети: ВМРО ДПМНЕ никогаш не барале амнестија

Спротиставени изјави во таборот на владејачката коалиција. Додека Оливер Спасовски ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека се пазареле за амнестија, Ахмети го демантира.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на своите јавни настапи во референдумската кампања неколку пати јавни обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, во ниту еден момент не мислеле за Договорот од Преспа, туку ги интересирало само амнестија.„Имаше една работа која беше најважна за Мицкоски и ДПМНЕ. А тоа беше да се погодат со СДСМ, со Заев и Владата да имало амнестија за Груевски и неговата компанија. Ако некој смета дека треба да уценува со излезност на референдум за да се пазариме за амнестија на криминалци, нема амнестија за никој", изјави пред неколку дена Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Но лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети во синоќешното гостување на телевизија 24 Вести изјави дека никој од ВМРО-ДПМНЕ вклучително ни Никола Груевски ниту пак Христијан Мицкоски во ниту еден момент не побарале амнестија.Но лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети во синоќешното гостување на телевизија 24 Вести изјави дека никој од ВМРО-ДПМНЕ вклучително ни Никола Груевски ниту пак Христијан Мицкоски во ниту еден момент не побарале амнестија.-Не, значи не бараше Никола Груевски, ниту Христијан Мицкоски од мене ниту амнестија ниту некоја друга олеснителна околност. Христијан Мицкоски бараше да не се употребуваат двојните стандарди преку изборниот процес. И Никола Груевски истото ми го има речено дека треба да се воспостави по правото, доколку се прекршени законите тие ќе одговараат пред правдата. Не сакаат реваншизам ниту да се употребуваат двојни стандарди во оваа држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување на 24 Вести.

Македонија | пред 7 години

42649426_10155945863126158_8643256086993829888_n

Маја Иванова беше кај сопругата на Трамп

Во рамки на приемот на шефовите на делегациите учесници на 73. ГС на ОН, Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, покрај средбите со други гости, се сретнаа и со Маја Иванова.Иванова, како што информира Кабинетот на Претседателот на РМ, присуствувала и на настан на високо ниво што го приредила првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, посветен на зајакнување на положбата на жената во Африка. На состанокот било порачано дека грижата за жените во Африка е хумана должност. 

Свет | пред 7 години

referendum

Република: Затворено гласачкото место во Мелбурн – излезност од 6 отсто

Изјаснувањето на референдумот почна и заврши во Мелбурн, Австралија, јавува Република. Од 104 пријавени избирачи своето право го искористиле 7 гласачи односно излезноста изнесувала 6,74 %.Извор: Република

Свет | пред 7 години

31901170_962297913945818_3334168813938671616_n

Министерот Адеми преку социјалните мрежи го осуди снимањето на гласачите пред конзулатот во Мелбурн

По објавеното видео на социјалните мрежи, министерот за дијаспора Едмонд Адеми, реагираше преку својот „Фејсбук“ профил.„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат“, напиша Адеми во објавата.Исто така тој додаде и дека институциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти, а случајот бил пријавен, снимачите биле идентификувани и истите ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Адеми ги охрабри сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања