Скопје1.мк

rl7z4-

Трамп одби да се сретне со канадскиот премиер во Њујорк

„Да бидам искрен, ние воопшто не сме во добри односи со нивните преговарачи”, изјави Трамп на прес-конференцијата во Њујорк.Тој рече дека одбил да се сретне со Трудо бидејќи не му се допаѓаат канадските тарифи за млечни производи.Американскиот претседател не ја отфрли можноста за договор, но тој јасно стави до знаење дека не се грижи за компромисот.“Не ми се допаѓа нивниот претставник”, рече тој, без да наведе за кого станува збор.Според Би-би-си можно е да мисли на канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, која преговара за нов трговски договор со САД и која претходно кажа дека Канада нема да попушти во трговските преговори со Вашингтон.

Свет | пред 7 години

img-326182

Во Скопје 11 сообраќајки и шестмина повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со лесни телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 62 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Скопје | пред 7 години

zdravko

Основачите на „Левица“ ќе донесат кривична пријава против актуелното раководство

Ја информираме јавноста дека група основачи на политичката партија Левица, зад кои стои бројно членство, поднесе кривична пријава кон актуелното раководство на Левица. Ова раководство фалсификуваше документи, и ја злоупотреби својата позиција во партијата, како што ги злоупотреби и правните институции во државата со што придонесе во урнисување на правниот систем, а со цел оневозможување демократска промена и делување на членовите на партијата. И сето тоа за заштита на сопствената раководна позиција и лични интереси поради кои се киднапираше и самата партија.На ден 03.09.2018, група основачи на Левица помеѓу кои поранешни членови на президиумот и ЦК, поддржани од повеќе од 300 членови на партијата, поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против овластеното лице т.е. лице кое ја застапува и претставува политичката партија Левица, за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа, и против лице Н.Н. во Основниот суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.До сознанијата за вакво сторено кривично дело, членови на партијата доаѓаат, при свикување на вонреден пленум, на кој поради незадоволство од раководството на партијата, членството гласа недоверба на постојниот ЦК и Президум, недоверба на Трибунатот, недоверба на овластено лице како и на лицето овластено за материјално-финансиско работење и носи одлука за нови управни органи на партијата. Одлуката се носи во Основниот суд – Скопје II, каде се наоѓа и судскиот регистар на политички партии, како би се извршила промената на овластеното лице.Во текот на рочиштето, судот ја изложи на увид регистрациската влошка со сите документи, во која постои и документ заверен со потпис од овластеното лице од раководството на партијата, кој никогаш не бил изгласан на основачкото собрание и кој не постои во листата на поднесени документи при самата регистрација, а за чие постоење основачите прв пат дознаваат на тоа рочиште, при што констатираат дека станува збор за документ кој раководството го фалсификувало без знаење на пленумот. Второ кривично дело и злоупотреба на правните институции на државата е што тој документ се нашол во регистарската влошка, после регистрацијата, што се докажува преку фактот дека не постои во барањето за запишување во судски регистер каде се наведени сите документи кои се поднесени за регистрација на партијата.На тој начин раководството на партијата го корумпирало правниот поредок за да се заштити од волјата на членството и прекршило закони за свое лично обезбедување. Со оглед на правната екпертиза на раководството, тие точно знаеле дека ги кршат статутот, сите правни акти на партијата како и законите на државата. Ако раководството на Левица е во состојба да ја злоупотреби сопствената партија и да крши закони за да осигура свое владеење наместо демократски избор на кој членството ќе ја изрази волјата, не сакаме ни да помислиме како би ја злоупотребиле државата и законите за да обезбедат недемократско владеење. Како да веруваме дека раководството го брани Уставот на државата ако го крши законот за да се спаси од демократскиот глас? Како да веруваме на било која правна експертиза и анализа на раководството на партијата, ако свесно корумпираат судски систем за да обезбедат непречено владеење?Перо Оџаклиески од Скопје, основач и  член на ПрезидиумВладимир Куновски од Скопје, основач и член на ЦКАндон Андоновски од Скопје, основач и член на ЦКМарјан Ненов од Скопје,  член на ЦКПетре Вртаноски од Скопје, основач и член на ЦКСтрашо Наумоски од Прилеп, основач и член на ЦКЈане Илиоски од Прилеп, основач и член на ЦКПетко Манчевски од Прилеп основач и член на ЦКДимче Божиновски од Прилеп основач

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тригодишното дете што падна од прозорец во Загреб се разбуди од кома

Тригодишното дете, кое за време на викендот падна низ прозорецот од вториот кат на зграда во Загреб, се пробуди од кома. Лекарите велат дека момчето почнало да ги движи рацете и нозете и дека разговара со своите родители.Детето сè уште се наоѓа на интензивна нега, но лекарите очекуваат дека за неколку дена неговата состојба ќе се подобри.„Најмногу комуницира со мајката, а особено е весело кога ќе му го дадат мобилниот телефон за да гледа анимирани цртани филмови“, вели неврохирургот Мирослав Ѓурашин.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Моминска забава се претвори во погреб

Кристи Хамби од Флорида ѝ организирала несекојдневна моминска вечер на својата најдобра другарка Лизи. Наместо забава со велови и стриптизери, таа ја избрала темата „погреб“ за да ја „погребаат слободата на идната невеста“, ама и затоа што Лизи е љубител на морбидни ситуации и на хорори.„Сакам да организирам забави. Единствен проблем ми беше да најдам погребна кола за да ја превезе Лизи до местото“, открила Кристи за американските медиуми откако неколку погребални компании ја одбиле кога слушнале дека треба да возат жив човек.Невестата била воодушевена од идејата, исто како и нејзините пријателки што ја дочекале со пораката „почивај во мир“.„Кога влегов во куќата, сè беше уредено како на погреб. Кристи направи нешто неверојатно“ рекла Лизи, која ќе се мажи во октомври и која обожава сè што е морбидно и страшно.

Магазин | пред 7 години

sobranie

Поради собир на граѓани, ќе се блокира булевар во Скопје

Денес во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани, при што ќе изврши пренасочување на сообраќајот на ул. 11 октомври на потегот од крстосницата со ул. Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци.Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(Видео) Српски пејач фатен на геј плажа

Фолк-пејачот Милан Станковиќ е сликан додека се сонча на геј-плажа во Барселона, Шпанија. Српскиот портал „Курир“ објави папарацо фотографии и видео од пејачот направени на плажата, на која Милан бил со неколку свои пријатели. Според порталот, Станковиќ, кој е на фастивалот Circuit, на плажата пристигнал околу пладне, но си заминал по неполн час откако, наводно, сфатил дека е на геј-плажа.„Не знам дали Милан случајно или намерно одбра токму геј-плажа, за која сите знаат дека е тоа. Многу пристојно се однесуваше. Дојде со двајца другари. Беше расположен, но не се задржа долго“, рекол за „Курир“ мажот кој бил во близина на пејачот и кој ги испратил фотографиите и видеото до порталот.Иако медиумите во Србија повремено пишуваат дека Станковиќ е хомосексуалец, тој ги демантира.„Дали сте нормални? Нема да коментирам глупости, не е ни прв ни последен пат малициозно да ме доведуваат во тој контекст. Тоа е мојот коментар, ви благодарам на сè“, рекол Милан за „Курир“ откако од него побарале коментар за денот поминат на нудистичка геј-плажа.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Се собраа пари за погребот на чичко Цобе, кој беше претепан во центарот на Скопје

Се собраа потребните средства кои беа потребни за погребот на чичко Цобе, бездомникот кој почина пред два месеци.За неговиот погреб беше организирана хуманитарна акција со цел да се соберат дополнителни 4000 денари, а дел од опремата е донација од погребалното претпријатие Бутел.Инаку  Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво декор“. Тој спиеше и се хранеше на истата локација, а на 02 Август во ноќните часови беше нападнат од четири лица. По два дена чичко Цобе подлегна на повредите.  

Скопје | пред 7 години

ivanov-1

Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Претседателот, Ѓорге Иванов денеска попладне ќе се обрати на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.Предвидено е Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.Во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, претседателот вчера присуствуваше на состанокот на Советот за безбедност, со кој претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп, а на кој се дебатираше за начините на кои ова тело го надгледува глобалниот мир и безбедност и можностите за подобро спроведување на резолуциите во врска со неширењето на оружјето за масовно уништување.Иванов, на покана на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс и Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, присуствуваше на приемот во Делегацијата на Европската унија при Обединетите Нации.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Берово утрово минус три степени

Времето утрово беше студено и ведро со температура што се спушти под нулата во Берово и Лазарополе. Ниски температури кои наместа ќе бидат под нулата според најавите од метеоролозите ќе има и утре.Утрово минималните температури се движеа од -3 Берово, -2 Лазарополе, нула во Крива Паланка, Скопје Петровец, Крушево и Струмица, еден во Претор и Битола, два во Тетово и Демир Капија, три Охрид, Ѓуриште и Тополчани, четири Пожаране, Штип и Куманово, пет Скопје и Прилеп, шеест Гевгелија, до седум степени во Дојран.Преку денот времето ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Максимална температура ќе се движи од 16 до 24 степени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кондомот во Куба не се користи само за секс

Кондомите на Куба одамна не се користат само за секс. Бидејќи просечната плата во земјата е 30 долари, а кондомите се продаваат за 4 центи, Кубанците смислуваат разни начини на кои можат да ги искористат во секојдневното живеење. Тие ги користат презервативите во риболов, при ферментација на вино, за поправка на пукнатини, дури и како гумички за врзување коса. Некои ги корисатат кондомите и на детски родендени, како шарени балони.Рибарите поврзуваат неколку надувани кондоми и тие им служат за пловки на трските.Кубанецот Орестес Естевез, пак, во импровизирана винарија во неговиот дом грлото на шишето во кое има сок од грозје го покрива со кондоми, оти не може да си дозволи да купи тапи за вино. Додека трае ферментацијата, кондомот се надувува од гасовите, а кога ќе се издува, тогаш виното е готово, па Естевез го продава во својата гаража.Светските медиуми пишуваат дека цената на кондомите во земјата е симболична, оти Владата на Куба, како дел од програмата против полно преносливи заболувања ја субвенционира нивната продажба.

Магазин | пред 7 години

gazi-baba

Парк шумата Гази Баба ќе добие фитнес зона

Тендот на поставување фитнес зони низ општините во Скопје продолжува во општина Гази Баба.Денеска, градоначалникот на општина Гази Баба, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го означија почетокот на изградбата на фитнес зоната во парк шумата Гази Баба, во Железара.Реквизитите кои ќе бидат поставени, ќе бидат прилагодени за секоја воздраст, а дел од нив ќе бидат и адаптирани за лица со хендикеп. Фитнес зоната ќе се простира на површина од 200 метри квадратни, а рокот за изградба е 30 дена.Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски потенцира дека искористеноста на фитнес зоните е на максимално ниво, што претставува мотивација за поставување на дополонителни фитнес зони и во останатите општини во Скопје.Следна општина каде што граѓаните ќе можат да се рекреираат на отворено ќе биде Кисела Вода

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Виршли со отров расфрлани низ Кисела Вода

Жители на Кисела Вода забележале отров во расечени виршли расфрлани на улица Марко Орешковиќ, објави Сител. Преку фотографии испратени до медиумите граѓаните алармираат на опасноста која демне од јавните површини во оваа општина, пишува Фокус.Проблемот со труење на животните е се уште актуелен. Невладината организација за заштита на животни „Анима Мунди“ со месеци предупредува дека трујачите се се уште активни и дека е забележан отров на повеќе локации низ Скопје, кој претставува опасност како за животните, така и за граѓаните.

Скопје | пред 7 години

interpol

Убиени двајца агенти на Интерпол

Двајца припадници на мексиканскиот Интерпол загинаа во мексиканската држава Пуебла, во обид да уапсат човек за кој од САД е објавена потерница поради убиство.„Двајца агенти вчера нападнаа вооружено лице за време на операција за извршување на налог за апсење поради екстрадиција“, се вели во соопштението на обвинителството.Тие биле во трагата на човек идентификуван како Орландо О., баран од страна на ФБИ. Мексиканскиот закон не дозволува објавување на целосното име на осомничените.„Знаеме дека Орландо кога видел дека е опколен почнал да пука на нашите колеги, а потоа побегнал“, изјави извор од полицијата во Пуебла. Орландо О. е обвинет за убиство во Њујорк во октомври 2012 година за време на тепачка. Сега започна истрага и за смртта на полицајците.

Свет | пред 7 години

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Минатата зима од грип умреле 80 000 Американци

Американските здравствени власти проценуваат дека минатата зима, 80 000 Американци починале од грип и последователните компликации, што е најсмртоносниот баланс во последните четири децении.Директорот на Центарот за контрола и спречување на зарази (ЦДЦ), доктор Роберт Редфилд, ги објави овие информации во интервју за „Асошиетед прес“.Во изминатите години, бројот на смртни случаи поврзани со грип се движел меѓу 12 000 и 56 000, потсетува агенцијата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Државата се задолжува, а никој не знае каде одат парите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со СДСМ и Зоран Заев на Република Македонија и се случува економски крах. Вчера Министерството за финансии најави задолжување со над 30 милиони евра. Ова е ново задолжување во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„Иако се задолжуваат секој месец граѓаните не можат да видат ниту нови инвестиции, ниту пак животот им е тргнат на подобро. Парите од овие задолжувања никој не знае каде одат. Тоа го знае само Зоран Заев и криминалниот картел со кој тој раководи. Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега. Нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, и тоа со само 23.3% реализација од планираното, односно проекциите кои неспособната власт на сдсм сама ги направи.Сега и целата јавност гледа колку се преценуваат.Ваквата неспособност и незнаeње на власта им оди на штета на граѓаните зошто парите не се трошат за она за што се предвидени. Дополнително ќе се крати од предвидените капитални инвестиции за да може да се финансираат работи кои не се потребниСо ваквото задолжување на државата, а без конкретни проекти има индиции дека СДСМ се подготвува за масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само да го истуркаат капитуланскиот договор што го потпиша Зоран Заев со Грција.Загриженоста дополнително се зголемува со јавните настапи на Зоран Заев упатени кон бизнисмените да го одврзат ќесето се со цел работниците во нивните фирми да го подржат претстојниот референдум. Дури и вработените во државниот и јавниот сектор се изложени на секојдневни притисоци, закани и уцени да излезат и да гласаат на референдумот. Власта мора да ги остави граѓаните по свое слободно мислење и убедување да одлучат самите дали ќе излезат или нема да излезат на референдумот. Тоа е нивно законско право и секој мора да го почитува.Никој не му дал право на Заев да се коцка со се што е Македонско и да го става како влог Македонскиот народ.Ние веруваме во мудроста и достоинството на Македонскиот народ и апелираме граѓаните да не потпаѓаат под манипулациите на власта, туку да постапат онака како што мислат дека е најчесно кон нив, кон нивните предци и нивните потомци.Веруваме дека граѓаните, за разлика од Заев не се подготвени да си го продадат достоинството за награда од неколку илјади денари или каква било закана“ се наведува во соопштението на партијата.

Македонија | пред 7 години

Forum-na-slobodoumni-patrioti26

Слободоумни патриоти велат дека иако има закани, референдумот нема да успее

Форумот на слободоумни патриоти преку отворено писмо до јавноста ги повикува граѓаните на 30-ти септември заедно да ги испишат, како што наведуваат црвените линии.„Нема промена на Устав, се со цел промена на Уставното име Република Македонија, нема бришење на термините Македонија и македонски од Уставот на Република Македонија, нема бришење на Македонскиот народ од Уставот на Република Македонија“, се наведува во соопштението на здружението Форум на слободоумни патриоти.„Во немање на успеси во последните 18 масеци од кога се на власт почнаа да ни кажуваат приказни како ќе сме биле дел од ЕУ и дел од НАТО. Но вистината е дека токму тие се против нашето членство во ЕУ и НАТО, против се зошто не ќе можат да си делат тендери под рака, не ќе можат да си делат финансиска помош на нивните фирми, не ќе можат шверцерски да си делат стипендии за нивните деца, не ќе можат да бидат на чело на организираниот криминал во Македонија и уште многу други нешта. Ако навистина беа за наше членство во ЕУ и НАТО имаа можност во овие 18 месеци како се на власт вистински да го покажат тоа, да спроведат барем една реформа“, се наведува во соопштението.Референдумот на 30-ти септември, велат од здружението во соопштението, не е за наше членство во ЕУ и НАТО, референдумот е за амнестија на оваа власт и за нејзино преживување до следните избори, и додаваат дека на 30-ти септември не смее да се амнестира потпишувањето на договорот од Преспа.„Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и сите закани кои се упатуваат во последниот период. Без разлика на сите лаги и манипулации во јавноста, ние Македонскиот народ нема да гласаме за свое укинување и бришење од картата на народите во светот“, се наведува во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Македонија | пред 7 години

gordana-jankuloska

Нова кривична за Јанкулоска, незаконски вработувала во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Гордана Јанкулоска (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 и став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија.Јанкулоска, како поранешна министерка за внатрешни работи на Република Македонија, во текот на 2012 година, во повеќе наврати, избегнувајќи ја законската регулатива за вработување на приправници во отворена и јавна постапка со објавување на јавен оглас, се обратила до Министерството за финансии со барање за обезбедување финансиски средства за вработување на 70 лица-приправници со високо образование и 30 лица-приправници со средно образование. Притоа, во барањето посочила дека за пет работни места со високо образование ќе биде објавен јавен оглас, додека за 65 приправници со високо образование и 30 приправници со завршено средно образование вработувањето ќе се изврши без објавување на јавен оглас, со обезбедување пари за бруто плата за 30 приправници со средно образование во висина од 15.028 денари по лице, соопшти МВР.Како што се наведува во соопштението од МВР, на 06.06.2012 година пријавената, за работно место за кое е предвидено четиригодишно стручно образование, вработила лице – сопруга на висок полициски функционер во МВР, која е со несоодветно образование, односно со тригодишно средно образование, за што склучила Договор за вработување, со целосен износ на месечна плата од 620 бодови, без внесена клаузула Приправник. На тој начин бил избегнат задолжителниот намален износ на исплата на месечна плата додека трае приправничкиот стаж, со што пријавената го оштетила МВР и буџетските средства во периодот од 06.06.2012 година досега во вкупен износ од 1.724.885 денари.

Македонија | пред 7 години

zoo

Поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошка градина во Скопје

Во Зоолошка градина во Скопје денеска беа поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица и просторија за пресоблекување на бебиња.Се поставуваат и нови едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.Во Зоолошка градина Скопје се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници што ќе се случи оваа сабота, со почеток од 11:30. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат децата од  „Златно славејче“ и детската атракција Пет+ бенд.- Апелираме до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов, се вели во соопштението од Зоолошка градина Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот подигнал 62 возила

Вкупно 11 сообраќајки се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје, во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди, а во осум од нив е предизвикана материјална штета.Седумдесет и тројца возачи се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, информира денеска СВР Скопје. Исклучени од сообраќај се 14 возачи, од нив тројца управувале возило под дејство на алкохол, 10  биле без возачка дозвола, а еден бил возач почетник. Десет возила се исклучени од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани.Пајакот подигнал 62 возила.Одделението за превенција денеска ќе  реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која   ќе присуствуваат  граѓани   учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ердоган: Сакаме да отвориме нова страница во односите со Германија

  Турција сака да отвори нова страница во односите со Германија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг’, во пресрет на неговата денешна посета на Берлин.– Имаме одговорност разумно да ги унапредиме нашите односи врз основа на заедничите интереси, напуштајќи ги ирационалните стравови, изјави Ердоган, нагласувајќи дека Анкара и Берлин треба да „го притиснат копчето за рестартирање на нивните односи“.Во интервјуто насловено „Очекувањата од Германија“, Ердоган изразува надеж дека Германија ќе ја поддржи борбата на турските власти против сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) и против движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година.Турскиот претседател предупредува и на подемот на десничарскиот екстремизам и исламофобијата во Европа. оценувајќи дека токму исламофобијата е најголемата пречка во преговорите за членството на Турција во ЕУ.Ердоган попладнево ќе допатува во тридневна официјална посета на Германија, со цел, како што најави Анкара, да придонесе за подобрување на политичките и економските односи меѓу двете земји.За време на престојот во земјата, Еродган ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, со канцеларката Ангела Меркел, со раководителите на неколку големи германски компании, како и со претставници на турската заедница во Германија.

Свет | пред 7 години

sobranie

Претседателот на косовското Собрание, Весели во посета на Македонија

   Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.Спикерот на косовскиот Парламент за време на престојот во Скопје ќе биде примен од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.Службата за информирање на косовското Собрание информира дека на средбата, двајцата собраниски спикери ќе разговараат за односите меѓу двете земји, за можностите за продлабочување на парламентарната соработка, како и за заедничките евроатлантски интеграции на Косово и Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија го започнува скрининг процесот за пристапување во ЕУ

Македонија денеска го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија(ЕУ).Во Европската комисија(ЕК) во Брисел денеска заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи, која ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата ќе биде и министерката за правда Рената Дескоска.Вицепремиерот Османи во неделата на прес-конференција рече дека почетокот на т.н. објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.Отворањето на првото од 33 поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг. Потоа ќе се подготвува втората фаза или т.н билатерален скрининг што ќе биде уште покомплексен и пообемен.Процесот се очекува да заврши до јуни 2019 година по што треба да започнат и преговорите за членство во ЕУ.Со цел да можат да се вклучат сите кои сакаат и можат да помогнат во скринингот и преговарачкиот процес, Владата распиша оглас за создавање Регистар на надворешни експерти. До 10 октомври заинтересираните треба да достават работна биографија и мотивациско писмо со наведено поглавје или подтема за која има експертиза.Администрацијата и институциите ќе бидат носители на овој процес, но неопходно е активно учество и вклучување на сите чинители на општеството и мобилизација на сите човечки ресурси со кои располага државата.Советникот за евроинтеграциите Бојан Маричиќ кој е и главен технички преговарач вели дека целта е создавање база на експерти од едно или повеќе поглавја во правото на ЕУ за ангажирање на краток или долг рок, во текот на целиот процес.ЕК во извештајот за земјава на 17 април годинава препорача Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Македонија | пред 7 години

dupka

На позната плажа во Австралија се отвори дупка

Голем дел од познатата австралиска плажа „Инскип поинт“ се урна во океанот, речиси три години по појавувањето голема дупка во близина на местото и ги доведе во опасност камперите што се наоѓаа таму и ги проголта автомобилите и камп-куќичките.На фејсбук-профилот на Rainbow Beach Helicopters објавена е воздушна снимка на местото каде што океанот проголта дел од плажата. „Технички, тоа е свлечиште, природен феномен, а за еден месец ќе биде одлично место за риболов“, пишуваат тие. Австралиските медиуми објавија дека плажата веројатно се урнала преку ноќ. Сликата од дупката на плажата исто така се појави и на фејсбук-страницата на Double Island Point Fishing Charters. Грег Пирс, кој ја снимал сцената, вели дека дупката е длабока околу седум и пол метри.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

САД испратија тешки бомбардери во Јужното Кинеско Море

Американската Армија испрати бомбардери од типот Б-52 во Јужното Кинеско Море, со цел, како што соопшти Пентагон, да се подобри соработката со сојузниците и партнерите во регионот.Ваквиот потег на Вашингтон, аналитичарите го оценуваат како порака упатена кон Кина, која има територијални спорови во водите на ова море со Филипините, Виетнам, Малезија и секако Тајван.Кина неодамна го одби американското барање нивни воен брод да се вкотви во Хонг Конг, што се надоврза на зголеменото ниво на тензии меѓу двете земји.САД ја критикуваат Кина за изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кои потоа гради поморски и воздухопловни бази. Американскиот секретар за одбрана Џејмс Метис изјави дека, да не беа овие острови, прелетите на американските бомбардери ќе се сметаа за рутинска работа.- Не сметам дека имаме суштинска промена во односите со Кина. Ние ги одржуваме односите меѓу нашите вооружени сили, а нивото на соработка може да биде нагорно или надолно, но остануваат стратегиските односи, за кои двете страни се согласни дека се потребни, изјави Метис.Односите се влошени поради трговската војна која ја иницираше претседателот на САД, Доналд Трамп со воведувањето на царини за увоз на кинески производи.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања