Скопје1.мк

Нема фотографија

Температурите паднаа до -3

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Анџелина Џоли ја промени фризурата

Глумицата Анџелина Џоли не прекинува да не шокира со својот изглед.Овој пат холивудската ѕвезда ја промени фризурата поради потребите за снимањето на новиот филм „Come Away“.Анџелина за новата улога, наместо долга смеѓа коса има плава кадрава перика која и дава постар изглед, со цел подобро да го долови изгледот од 1900 години.Во новиот филм холивудската актерка ја има главната улога како мајка и сопруга. Покрај неа во филмот глумат и Дјевид Ојелово, како нејзин сопруг, и Мајкл Кејн.

Магазин | пред 7 години

nikolapoposki

Никола Попоски се огласи за референдумот

Тој на Фејсбук напиша:Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад сите што се чувствуваат уценети

Уште еднаш сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Македонска Каменица и Делчево.„Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција“, рече тој.Она што можам да го кажам при овие средби, додаде тој, е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. „Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме“, рече Јанушев.

Македонија | пред 7 години

Enes_Ibrahim

Ибрахим: На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) вечерва со митинг во Ресен ја заокружи кампањата за претстојниот референдум на 30 септември.На присутните им се обрати претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, кој во своето излагање уште еднаш ги потенцира придобивките од евро-атлантската интеграција, но и позитивните ефекти од добрите односи со соседите.„На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме. Тоа е влог за иднината на нашите деца, влог за иднината на нашата татковина. Повеќе од сигурен сум дека зрелоста што ја покажавме во 1991 ќе ја повториме и в недела, кога сите Турци од цела Македонија масовно ќе излезат и ќе гласаат за европска и просперитетна Македонија“, истакна Ибрахим.Во текот на референдумската кампања, ТХП преку трибини, средби и митинзи низ повеќе градови и рурални населени места ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на референдумот што ќе се одржи в недела.

Македонија | пред 7 години

Capture-2

(Видео) Кирацовски: В недела избираме дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад

Референдумот в недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина, изјави Александар Кирацовски, пратеник  и дел од коалицијата „За европска Македонија“.„В недела не се седи дома. В недела избираме помеѓу за или против. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава“, рече тој.Според Кирацовски, изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.„Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа. Почитуван граѓанину, што и да направиш в недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца“, рече Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски: Недела е ден за историска одлука

Недела е ден за историска одлука, затоа излезете и гласајте за европска Македонија, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на општина Куманово, каде што се сретна со стечајни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.,,Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но, членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја“, порача Спасовски.Тој посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните в недела слободно, гордо и достоинствено да излезат на референдум бидејќи, како што рече, одлучуваат само оние кои ќе гласаат.„Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија да донесеме нова правилна одлука. Затоа, в недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. В недела, на 30 септември, излезете и гласајте за европска Македонија“, повика Спасовски.

Македонија | пред 7 години

Capture-1

Трипуновски: Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот

Ова се историски моменти за Република Македонија, за сите граѓани на оваа држава, бидејќи секоја генерација има своја битка, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ја понижи државата надвор, со договорот со Грција, со кој се направени големи отстапки и трајно се нарушени позициите на Република Македонија, и не е во интересите на државата“, потенцираше Трипуновски.Со овој договор, додаде тој, се губи идентитетот, историјата и културата.„Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања. Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот“, рече тој.

Македонија | пред 7 години

42653013_10155947991056158_3821028224800915456_o

Иванов: Никој не може да биде повикуван на одговорност за гласање, односно негласање на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк упати порака до македонските граѓани дека гласањето на референдумот е право, а не обврска.„Во овие неколку часа пред референдумскиот молк сакам да упатам порака до сограѓаните – гласањето на референдум е ваше право, а не обврска. Никој не може да биде повикуван на одговорност за гласање, односно негласање на референдумот“, рече Иванов.То додаде дека секој граѓани има право сам да одлучи дали да излезе да гласа или да бојкотира.https://www.facebook.com/macedonianpresident/videos/740094546331332/Според него, овој референдум може да донесе состојба на потчинетост на Македонија под друга држава. „Не само што се менува името на државата туку се формира нова држава со ново име. Ќе бидеме држава само по име, а не по суштина“, рече Иванов.Македонскиот претседател рече дека како граѓанин ја донел својата одлука дека нема да излезе да гласа на 30 септември и рече дека се надева дека и македонските граѓани ќе донесат мудра одлука.Иванов рече дека доколку овој референдум не е успешен, тогаш се отвора нова можност. „Можност да разговараме и да ги разгледаме новите опции за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Да го обновиме националниот консензус што го постигнавме на почетокот на независноста“, порача Иванов.Според него, поради грчките блокади ни се одзема правото на просперитет. „Ги повикувам сите држави кои ја признале Република Македонија под уставно име да не ги менуваат своите одлуки. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување“, порача Иванов.Според него, многумина ќе го осудат неговиот говор пред ГС на Обединетите нации.„Можеби додека зборувам се пишуваат изјави кои ќе го осудат мојот говор. Но вистината ослободува. Единствената вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија“, заклучи Иванов.Од правото на самоопределување, рече тој, извира и правото на народот да го одбере своето име и името на државата што ја создал.„Сепак, Грција со конечната спогодба од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот, при што Грција би била конечниот авторитет што ќе ги одобрува уставните измени. Преку оваа спогодба Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како вие, државите-членки на Обединетите нации ќе ни се обраќате нам. Грција се овластува да ги преименува нашите институции, да ја цензурира содржината на учебниците на нашите деца, да го спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик“, рече Иванов.Според него, еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. „Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Во архивите на Обединетите нации постојат илјадници страници документи и сведоштва за тоа што Грчката држава им правела на Македонците во Грција. Сега, со Преспанската спогодба Грчката држава сака да им го направи истото и на Македонците во Република Македонија. Целта е употребата на името Македонци да ја ограничи на најмалиот можен простор – а тоа е просторот меѓу нашите две уши, држејќи ја притоа нашата уста затворена. Тоа е флагрантно кршење на правото на самоопределување“, рече Иванов.Македонскиот претседател рече дека при приемот на Република Македонија во Обединетите нации е прекршено правото на самоопределување. Според него, времената и Преспанската спогодба се донесени за да се оправда тоа кршење. „Мора да знаете дека текстот на таа Преспанска спогодба е изготвен без мое знаење и без моја согласност како претседател на Република Македонија. Спогодбата повредува одредба од внатрешното право од фундаментално значење. Кажано со други зборови, јазолот што започна да се заплеткува со Резолуциите 817 и 845 и со Времената спогодба, сега, со Преспанскиот договор стана јамка за бесење. Од Република Македонија сега се бара да изврши правно и историско самоубиство, за да може правното укинувањето на македонскиот народ да се протолкува како негова сопствена волја. Се прашувам што зборува ова за глобалното лидерство и споделената одговорност на Обединетите нации?“, праша Иванов.Тој упати прашање до високите странски претставници кои ја посетија Македонија во изминатиов период и кои ги повикаа граѓаните да гласаат на референдумот.„Многумина од нив ги убедуваат македонските граѓани да ја прифатат грчката спогодба. Нив ги прашувам, дали тие би прифатиле да го дерогираат право на самоопределување на нивните сопствени народи и држави? Дали тие би прифатиле мешање во нивните внатрешни работи, нарушување на сувереноста и политичката независност? Зошто тогаш од нас се бара да прифатиме нешто што никој во светот не би го прифатил? Не не убедувајте да јадеме од овој отровен плод. Крајно време е отровното стебло, сосе неговиот отровен плод, да бидат отстранети“, истакна Иванов.

Македонија | пред 7 години

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски го напушти говорот на Иванов во ОН

За време говорот на претседателот Ѓорге Иванов, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации.„Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации“, нагласи Жерновски.„Македонија нема повеќе време за губење! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина“, додава тој во објавата на својот ФБ профил.

Македонија | пред 7 години

nyR74-1627235-1627227-rita1-edit-copy-ls

Русин на својата ќерка ѝ кренал надгробна плоча во облик на iPhone

На гробиштата во рускиот град Уфа минувачите забележале еден бизарен надгробен споменик, кренат за Рита Шамијева која настрадала во 2016. година во сообраќајна несреќа.Имено, споменикот има облик на iPhone. Го нарачал таткото на Рита, Раис. Освен информациите дека сакала да патува и дека имала пријатели во Германија, се друго за покојничката е мистерија.На предната страна од споменикот со висина од 1,5 метри изграден од базалт стои ликот на загинатото девојче во природна големина, додека од другата страна има камера, како и логото на "iPhone".[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Град во кој автомобилите се забранети

Со недостигот од густ сообраќај, на улиците се слуша црцорењето на птиците, џагорот на луѓето, а децата слободно се шетаат по улиците бидејќи не постои можност да ги удри некое возило.Мигел Анчо Фернандез Лорес е градоначалник на овој галициски град од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: фактот дека поседувате автомобил не ви дава право да го заземате јавниот простор."Се случува пензионерите или децата да не можат да пешачат на тротоарите од паркираните автомобили. Како е можно еден приватен посед да зазема јавен посед?", вели Лорес.Пред тој да стане градоначалник, секојдевно поминувале над 14 илјади автомобили низ ова гратче. Според неговите зборови, имало повеќе автомобили отколку жители, а поради неговата политика, Мигел бил дури четири пати избран за градоначалник.Загадувањето на воздухот драстично се намалило - 61 отсто од 2013 година, а немало смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи од 2009 година.Откако е воведена забраната во 1999 година, 12 илјади жители се преселиле во центарот, а од друга страна, сообраќајот на периферијата е зголемен.[embed]https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/266689010625744/?t=0[/embed]

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Силно невреме ја погоди Грција: Во планинските подрачја е забележан првиот снег

Во планинските делови на Грција денес падна првиот снег, во областа околу Атина силен ветар корне дрвја, додека крајниот југ на нашиот сосед е погоден од земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.Поради силниот ветер кој што ја погоди Грција, властите беа приморани да затворат многу училишта, бројни траекти низ земјата не сообраќаат, а исто така забележано е и одложување на бројни летови.Ветерот корнел дрвја кои што паѓале врз далеководи во северните предградија на Атина, а од пожарникарските служби открија дека примиле над 350 повици за нивните екипи да излезат на терен и да ги отстранат паднатите дрвја. Властите во општината Сароник, во близина на Атина, како и на островите Закинтос, Тинос, Андрос и Миконос, наредиле затворање на училиштата.[embed][/embed]На островот Кефалонија училиштата биле евакуирани поради шумски пожар кој бил распламнет од силниот ветер, пренесува новинската агенција „АП“. Грчките власти тврдат дека таквата одлука била донесена од претпазливост, но итните служби се на готовс затоа што се очекува влошување на невремето.Од институтот за геодинамика во меѓувреме соопштија дека земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погодил југот на земјата. Во земјотресот немало жртви и повредени, а не била причинета ниту материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 245 километри југозападно од Атина, соопштија од Медитеранскиот сеизмолошки центар.Грчките медиуми пренесуваат дека додека во планинските подрачја е забележан првиот снег иако е септември, на одредени делови од грчкото приморје се уште е лето и летувалиштата и натаму имаат туристи.[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

29744887_1822215558085469_411363399085325328_o

Венко Филипче: Не ми недостига операционата сала, уживам во Министерството

Министерот за здравство Венко Филишче вели дека ужива во новата работа во Министерството.„Досега спасував животи и ме исполнуваше таквата работа. Операционата сала во моментов не ми недостига. Сега ме исполнува работата во Министерство, на терен, верувам цврсто дека може да успееме и да направиме промени на подобро за целокупното здравство во Македонија. Цврсто сум убеден дека имаме шанси да го подобриме нашиот здравствен систем, а со влезот на Македонија во ЕУ и НАТО со сигурност ќе обезбедиме европско и квалитетно здравство за сите.“  - вел Филишче во интервју за порталот „Охрид1“Венко Филипче е именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.   

Македонија | пред 7 години

people-are-paying-a-lot-of-money-on-ebay-to-get-their-hands-on-a-vladimir-putin-2016-calendar-136403190020603901-160104180149-680x365_c

Русија објави радио-електронска војна во Сирија: Израел во паника

Како што е најавено, Русија во рок од две седмици ќе ја вооружи Сирија со S-300 и ќе почне да ја разбива навигацијата во источниот Медитеран.Која е третата руска мерка, ако за Израел електронската војна е полоша од S-300? Тоа се две од три мерки кои ги најавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва во понеделникот, на 24. септември, како одговор на улогата на Израел во соборувањето на авионот IL-20 на 17. септември и смртта на 15 руски војници.Сириските системи за надгледување на воздушниот простор ќе бидат значително подобрени и ќе гарантираат безбедност на руската војска на земјта. Но, најзначајната мерка која Шојгу ја најавил е дека Русија ќе врши електронско сузбивање на сателитската навигација на бродските радари и состави за врска со борбените авиони кои напаѓаат објекти на сириска територија и во подрачјата на Средоземното море кои се граничат со Сирија.[embed][/embed]Рускиот министер нагласил дека Русија, ако овие мерки не ги оладат жешките глави, а очигледно на ум ги имал тие во Израел, "ќе мора да реагира во склад со развојот на ситуацијата", што значи дека постои и трета мерка, но засега не е објавена.За Израел, најважна мерка не е оружјето, ниту S-300 кои ќе ги добие Сирија, кои Москва не ги испорачала на Дамаск по молба на Израел. Воените експерти за израелскиот портал "DEBKA File" рекол дека најголемата казна е сузбивањето и потиснувањето на навигационите системи. Велат дека ова е прв пат една голема светска сила да најави радио-електронска војна на друга земја.Одбивањето на израелската верзија за рушењето на "IL-20" и смртта на 15-те руски војници, за која Москва вели дека е обична лага, е всушност фрлање ракавица во лице на израелската војска, пишува "DEBKA File" и додава дека судирот е кренат на значително повисоко ниво.До понеделникот Израел уште можел да се извлече од критичниот судир со Москва, но сега е предоцна. Шојгу ја затворил вратата за мирен излез од ситуацијата, тврдат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и началникот на Генералштабот Гади Еизенкот.[embed][/embed]"Сепак, и покрај зголемениот ризик од судир со Русија, Израел уште не може да се откаже од мисијата против Иранците и нивните марионети во Сирија, бидејќи повлекување пред Иран и Хезболах за Израел би било понижување. Меѓутоа, во иднина израелските сили ќе мора да бидат повнимателни и подобро да ги бираат своите цели", порачал воениот и политичкиот врв во Тел Авив.Израел го прифаќа предизвикот на Москва за радио-електронска војна, бидејќи во претходните судири Израел наводно бил подобар, пишува "DEBKA File". Меѓутоа, тука се зборува за 1982. година, кога израелското воено воздухопловство го уништило советскиот систем за противвоздушна одбрана, кој тогаш бил поставен во либанската долина Бека.Тогаш станувало збор за стар советски систем за електронско војување. Од тогаш руските експерти за електронско војување многу напредувале. Израел верува дека на Русија уште ќе и биде тешко да се носи со израелските достигнувања, а на другата страна признаваат дека објавата на радио-електронска војна за израелската војска е полоша од системот S-300, кој ќе го добие сириската одбрана."DEBKA File" признава дека ситуацијата сега се разликува од епизодата во 1982. година. Имено, денешните руски системи можат да ги надминат можностите на израелското воено воздухопловство и морнарицата.Израелската војска нема искуство во работа со такво ниво на радио-електронска борба. Израел тука можеби ќе мора да бара помош од САД. За тоа сега расправаат американскиот претседател Доналд Трамп и Нетанјаху на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.Во меѓувреме доаѓа и вест дека Русија во Сирија веќе пратила системи за електронско војување. Првите во руската база Хмејмим биле испорачани во понеделникот, на 24. септември. Според уредникот на воениот портал, тоа се веројатно системите "Красуха-4", дизајнирани за борба против авиони. Освен тоа, базата Хмејмим би можела да биде опремена со најсовремен систем "Дивноморје", кој може да спречи радарски сигнали на бродови, како и сателитски комуникации и управувачки и навигациони системи.

Свет | пред 7 години

5bacc6529aaaa.image_

Невреме во Грција, затворени училишта и одложени летови

Силен ветер ја погоди денес Грција, па поради тоа властите беа приморани да зтворат многу училишта, траектите не сообраќаа, а летовите беа одложени.Ветерот откорна дрво кое падна на далековод во северното предградие на Атина. Од противпожарната бригада велат дека примиле повеќе од 350 повици.Властите на островите Закинтос, Тинос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени. На островот Кефалонија училиштата се евакуирани поради шумскиот пожар кој го разгори силниот ветер.Властите изјавија дека службите за помош ќе бидат постојано достапни и дека се очекува влошување на времето.

Свет | пред 7 години

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Маж го испуштил летот, па се обидел да го запре авионот

Утрово колу 7 часот дошло до голем пропуст во безбедноста на аердромот во Даблин.Маж успеал да помине низ терминалот и да искочи на авионската писта. Тој доцнел на летот и најпрво почнал да зборува со вработената на терминалот, а потоа почнал да тропа на прозористе со надеж дека пилотот ќе го забележи. Кога сфатил дека тоа нема да помогне, успеал да претрча низ терминалот, да искочи на пистата и почнал да трча по авионот.Човекот успеал да стигне до авионот пред полицијата да го запре. Тој го молел пилотот да го почека, но полицијата го фатила и го уапсила.Од управата на аеродромот велат дека патникот на летот доцнел 21 минута.

Свет | пред 7 години

42539902_301971893931420_4003414882903916544_n

Богојески : Го поразивме Груевски, но не “груевизмот” во нас

Петар Богојески, еден од лидерите на т.н. реформатори во ВМРО-ДПМНЕ кои први јавно застанаа против Никола Груевски уште додека тој ја водеше партијата, за „Скопје1.мк“ одговара на неколку актуелни прашања поврзани со референдумот и случувањата во ВМРО-ДПМНЕ.На интернет кружи постер на кој е и поранешниот лидер на партијата. Груевски молчи и не кажува став за референдумот. Иста така не се огласува на повиците на членството и дел од јавноста за да каже како ќе гласа во Собранието кога договорот со Грција ќе стигне на гласање. Зошто оваа група пратеници на чело со Груевски не се придружуваат на кампањата Бојкотирам ?Тој стил на „постери“ е под секое ниво, за да може да си дозволам било кој коментар на темата. За се што сакате да го прашате поранешниот лидер Груевски, ќе се обратите до него. Најмалку ја посакувам улогата да бидат портпарол, а секако уште помалку баш на Никола Груевски.Што говорат вашите анализи, ќе успее ли референдумот и ако не успее , зошто граѓаните би го бојкотирале ? што ги мотивира ?Македонија треба да успее на овој референдум. До сега имам наведено повеќе причини за мотивот за бојкот. Прва е организацијата на тој бојкот од страна на странски центри кои тргнувајќи од своите национални интереси, сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО. Тие најдоа поволна клима кај екс југословенските оперативци во РМ, кај семејствата погодени со „егејската трагедија“, кај семејствата погодени од „антиквизаторската трагедија“ и сл. Второ граѓаните се исклучително незадоволни од работењето на Владата и својот револт сакаат да го изразат преку бојкот, а не се свесни дека вистински револт може да искажат само преку гласање „против“ на овој референдум. Дел од нив се лица на кои личната агенда им е пред државната, па се налутени на власта или опозицијата поради неостварени лични амбиции. И секако бојкотот најголем сојузник пронајде во ликот и делото на „македонскиот инат“. Делумно е оравдан поради решенијата во „Преспанскиот договор“ и неговата одржливост на подолг рок, но повторно ќе кажам, само со масовно гласање „против“ можеме да го истераме „македонскиот инат“. Бојкот е без никаква вредност. Бојкотот е проект кој дирекно му оди во прилог на СДСМ и Зоран Заев, зашто доколку таа акција навистина успее, целиот терет ќе падне врз ВМРО-ДПМНЕ, а ќе ликуваат нашите политички конкуренти.Вие повикувате на гласање, а се појавувате и на маршовите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Зошто одите на тие маршови ? Каква порака испраќате? Морам да признам дека уживам да присуствувам на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. На нив сум присутен од дете до денес. Таму сретнувам илјадници пријатели со кои сме биле дел од битката за „вмровската вистина“ да биде услишена. Повторно ги обновуваме тие контакти, споделуваме спомени, се храбриме за она што ни претстои, разменуваме идеи и решенија. Ќе сретнам по некој „незадоволен“ од реформите, некој кој е „презадоволен“ од реформите, на првиот ќе му појаснам да разбере што е суштината, на вториот ќе му објаснам дека имаме уште премногу работа пред нас за вистински реформи, и тоа е секојдневна работа во политиката. Комуникација со различни луѓе, секој со своја вистина. Секогаш сум близок со базата, со членовите, чиј дел сум цел живот.Каде се сега т.н реформатори и до каде е реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ ? Се реформира ли ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски ? Реформаторите се тука каде што биле цел живот, во ВМРО-ДПМНЕ, со своите семејства, со своите пријатели, здрави и живи и секогаш подготвени за унапредување на политичкиот живот во Република Македонија и секако за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ. Има многу што да сработиме за да констатираме реформирање на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме идеја која сите нас не обединува и во вакви историски моменти да останеме единствени и фокусирани на нашата борба за подобро утре за сите граѓани на македонската Република.  Во какви односи сте со Христијан Мицкоски ? Тој доаѓа од крилото на поранешниот лидер Груевски, а вие бевте симбо на внатрепартискиот отпор кон неговиот лик и дело. Како функционира сега внатре ВМРО-ДПМНЕ ?Во овој момент односите помеѓу мене и Христијан Мицковски се такви како што може да бидат помеѓу Зам.ген.сек. и Претседател на Партија. Морам да истакнам дека не само што бевме, туку остануваме симбол на демократизацијата, модернизацијата и европеизацијата на ВМРО ДПМНЕ. Неодамна напишав – „Успеавме да го поразиме Груевски, но не и „груевизмот“ во нас“. Во целост останувам на истото. 

Македонија | пред 7 години

zvezdeno-nebo-tose2

Одложен концертот за Тоше

Концертот за Тоше кој требаше да се одржи на 13 октомври во арената „Борис Трајковски“, е одложен за на 2 ноември.На концертот ќе се објават 7 нови песни на англиски јазик, како и три преработки на познати хитови.Овие песни ќе бидат дел од новиот албум насловен „Secret place“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Градот Скопје за прв пат добива подземна сообраќајница

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи, која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови. Булеварот Македонија, односно Јужен булевар ќе биде дислоциран под земја, што во голема мера ќе го намали метежот во Скопје. Ваков проект е новитет за главниот град, бидејќи досега не се градени подземни сообраќајници.Скопје ќе се развива рамномерно и плански следејќи ги потребите на граѓаните. Верувам дека многу скоро успешно ќе се справиме со предизвикот нашето Скопје да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО и ЕУ - изјави Градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Амбасадата на САД со предупредување за ненајавени протести во Скопје

Амбасадата на САД во Република Македонија на својата веб страница објави соопштение во кое им порачува на американските државјани да ги избегнуваат местата каде што се можни собири на граѓани во пресрет на неделниот референдум, особено пред Собранието и плоштадот „Македонија“.– Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, што ќе се одржи в недела на 30 септемвври. Спонтани ненајавени протести можат да се случат и на други локации во Скопје и други делови од земјата во овој период. На персоналот на американската Влада му се советува да ги избегнува местата каде што се можни демонстрации, се наведува во соопштението од Американската амбасада.На американските граѓани им се советува да ги избегнуваат местата каде се можни протести, да го следат известувањето на локалните медиуми, да избегнуваат собири и демонстрации. Како места и термини кога особено треба да бидат внимателни се посочени 27 септември во 19 часот пред Собранието на РМ и 30 септември во 19 часот пред Парламентот и централниот плоштад во Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Бојкотирам“ го откажаа протестот, за кој велат дека тие не го закажале

Од движењето „Бојкотирам“ соопштија на социјалните мрежи дека се откажува денешниот протест пред Собрание. Од таму тврдат дека тие не стојат зад најавата на протестот, туку дека бил закажан, како што велат, од инфилтрирани „служби на хунтата“.„Инфилтрираните фанпејџи од хунтата се повратени вчера. Протестот што беше закажан на 27-ми е откажан, бидејќи ние не го закажавме, туку го закажаа службите на хунтата со цел најверојатно да испровоцираат некој поголем инцидент пред референдумот за Северна. Со инцидентот они би ја оцрниле иницијативата #Бојкотирам и би го заплашиле народот да излезе и да гласа за свое самоукинување“, соопштија од таму.Од движењето додаваат дека фанпејџите се повратени кај вистинските луѓе од иницијативата, мрежата #Бојкотирам и движењето Млади За Македонија.„Се извинуваме на сите фанови за забуната што се направи, но најбитното е иако доцна, сепак со многу труд и мака се ослободивме и ги изолиравме инфилтраторите. Потсетуваме на стратегијата на Стратегем која им ја работи владината кампања. Истата стратегија делумно беше успешна со инфилтрирањето, но сепак храброста и среќата нѐ послужи и инфилтраторите се изолирани и отстранети од двата фанпејџа. Единствено што им остана во нивна контрола е Твитер профилот на Млади за Македонија“, велат од „Бојкотирам“ и „Млади за Македонија“.Сепак останува големиот собир кој движењето најави дека ќе се одржи на 30 септември. Собирот го нарекуваат голема прослава и ќе се одржи на деното на референдумот во 19 часот пред Собранието. 

Скопје | пред 7 години

vladicin-han-sudir-701x438

Исповед на сопругата чиј маж испадна од возило на Брза помош и почина: Од мојот Горан не остана ништо

Од мојот Горан не остана ништо, испадна од возило на Брза помош и беше прегазен среде магистрала. Ќе одам до крај, ќе ги тужам одговорните во Здравствениот центар во Врање, бидејќи тие се виновни за неговата смрт.Ова е изјавата на Слаѓана Митиќ од село кај Врање, чиј сопруг Горан (56) настрада во судир кај Грделичка клисура во несекојдневна сообраќајна несреќа.Горан, кој пред месец и половина имал мозочен удар, во петокот пред Бадник бил испратен од болницата во Врање со возило на Брза помош во Ниш на дополнителни анализи. Несреќата се случила околу 20 часот кај местото Џеп, на патот Врање-Ниш додека се враќање од Ниш.-Возачот на санитетското возило тргнал да претекнува на полна линија, но кога видел дека од спротивната страна доаѓа друго возило, со цел да избегне директен судир, се вратил во својата лента ии удрил во шлепер. Од силината на ударот, Митиќ испаднал од возилото на патот, а на него налетало возило и го прегазило, вели извор за српски медиум и додава дека Горан починал на лице место, а медицинската сестра е полесно повредена.[embed][/embed]Во несреќата учествувало уште едно товарно возило со македонски национални ознаки кое удрило во заштитната ограда.Сопругата на починатиот вели дека слушнала од синот дека откако Горан почина бил прегазен од уште едно возило.-Од него не остана ништо. Се е смачкано. Ќе го тужам Здравствениот центар во Врање, дури и тоа да значи да треба да се задолжам. Ќе одам до крај, додека сум жива, да ја истерам правдата бидејќи ова не се издржува, вели сопругата Слаѓана.Горан кој зад себе остави три деца бил погребан вчера.Српските медиуми јавуваат дека возачот е во притвор објавува www.kurir.mk

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Албанија ќе го зголемува наталитетот со висок паричен надомест

За секое првородено дете на семејството ќе се исплатуваат по 400.000 леки (3.150 евра), за второ 800.000 (6.300 евра), додека за третородено 1,2 милиони леки (9.450 евра). Доколку се родат близнаци или тројка, тогаш сумата се зголемува двојно, односно тројно.Ова ќе важи за сите новорденчиња во Албанија и нивните мајки ќе ги добиваат парите додека се уште се наоѓаат во гинилокошките оделенија, со цел, како што најави албанскиот премиер Еди Рама. да не се малтретираат со комплицираната процедура.Според него, ова е само една мерка во правец на зголемување на наталитетот, која ќе важи за сите новороденичиња без разлика.„Значи, за сите семејства кои ќе добијат принова, а живеат во Република Албанија“, додаде Рама.Според демографските показатели, во Албанија во првиот квартал од годинава е забележан историски негативен рекорд на природниот прираст.Државниот Институтот за статистика на Албанија – ИНСТАТ потврди дека во првите три месеци од годинава биле регистрирани 5.669 новороденчиња, што преставува 18 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Во истиот период, бројот на починати изнесувал 5.954 лица.Бројот на новородени во Албанија опаѓа од година во година, како последица на масовната миграција и определбата на младите за семејство со помалку деца.Статистиката потврдува дека во 2017 година во земјата е забележан најмал број новородени деца од 1930 година, кога албанската држава започна да спроведува попис на населението.Поради миграцијата и намалениот наталитет, бројот на учениците во основното образование во новата учебна година е помал за 46,7 отсто во споредба со учебната 1990/91 година.

Свет | пред 7 години

G5PgV-referendum-1

Започна дистрибуција на ливчиња до ОИК за референдумот

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека дистрибуцијата на гласачките ливчиња за референдумот почна по проверката што членови на Комисијата ја направија во печатницата „Киро Дандаро“. Оцени дека подготовката на референдумскиот материјал завршила одлично.– Во текот на денот со помош на возила на Македонски пошти и наши екипи материјалот ќе биде дистрибуиран до ОИК, рече Деркоски.Право на глас на плебисцитарното изјаснување имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список.Гласачкиот материјал за референдумот се доставува директно до општинските изборни комисии, кои пак според роковникот на ДИК се должни еден ден пред денот на одржување на референдумот да го предадат на избирачкиот одбор.Референдумот ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во 80 општини во земјата.Болните, изнемоштемите, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Република Македонија во странство гласаат еден ден пред референдумот, односно на 29 септември.Референдумското прашање гласи: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“, а гласачите што ќе излезат на референдумот со заокружување со сино хемиско пенкало треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“.Гласањето на 30 септември почнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот.ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК, во рок од 24 часа по приемот на записниците и целокупниот гласачки материјал од сите ОИК.Резултатот од гласањето, ДИК го објавува во „Службен весник“ во рок од 15 дена од денот на одржување на референдумот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања