Скопје1.мк

Foto-1

Сиљановска-Давкова од Севиља: Потребно е фер финансирање за да се справиме со глобалните предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља.Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици коишто ги поткопуваат досегашните достигнувања, изрaзувајќи верба во можноста од подобар и поодржлив свет.Според неа, пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, претседателката препознава обновен глобален општествен договор. Таа укажа на потребата од споделена одговорност на сите засегнати страни.Потенцирајќи дека речиси две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, претседателката информираше дека нашата Национална стратегија за развој 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на ООН.Сиљановска-Давкова им се заблагодари на ОН, ЕУ и развојните агенции од повеќе земји, како и на меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за суштинската поддршка преку проектите во областите на зелената транзиција, здравството, образованието и инфраструктурата.

Македонија | пред 7 месеци

sudir

(Фото) Семафор искршен, перничиња активирани, интервенира Брза помош – судар кај Собранието

Сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата кај Собрание. Очевидци посочуваат дека автомобил марка „ауди“ и „алфа“ се судриле, а веднаш била повикана и Брза помош бидејќи еден од возачите се жалел на повреди.Од фотографиите може да се види дека поголеми оштетувања има автомобилот „алфа“ во кои се отвориле и воздушните перничиња. Од силината на ударот, искршен е и семафорот.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

514248526_122156372396395429_2746939499209684824_n

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Денеска (30.06.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев го посети моторното одделение при Одделот за обезбедување на личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност – состав од професионални, искусни и храбри полициски службеници.При посетата директорот Јанев истакна дека нивната посветеност, долгогодишно искуство и дисциплина се од клучно значење, не само за безбедноста на патиштата и ескортното обезбедување на вип личности, туку и за пренос на знаење на помладите генерации преку обуки низ целата држава.„До неодамна, оваа единица беше исклучена од редовни задачи за превенција и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Но, со стартот на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, негативната пракса е надмината, моторното одделение е целосно вратено во функција и повторно е присутно на терен во служба на законитоста, безбедноста и редот“, дециден беше директорот Јанев, укажувајќи им ја на колегите важноста на нивното континуирано и интензивно присуство во сите делови на државата, бидејќи видливоста на овие полициски службеници директно влијае врз зголемување на безбедноста и свеста кај учесниците во сообраќајот.„Полицијата е горда на овие професионалци кои на две тркала секојдневно се грижат за животите на граѓаните и придонесуваат за развој на современа, одговорна сообраќајна култура, особено кај моторџиите, велосипедистите и корисниците на тротинети“, истакна Јанев.Директорот ја потенцираше и обврската на секој полициски службеник, без исклучок, да биде активен чинител во заштитата на животите на граѓаните во сообраќајот.„Секој полицаец мора да биде активен чувар на животите на сите граѓани, редот, јавниот интерес и во функција на заштитата на сообраќајната култура. Безбедноста на патиштата не е само техничка задача, таа е вредносна обврска што ја делиме сите, полицијата е првата линија на одбрана кога станува збор за сообраќајната култура“, заклучи директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Македонија | пред 7 месеци

putin-odlikuvanje-vucic

Кремљ: Не е исклучена обид за „обоена револуција“ во Србија, но Вучиќ ќе воспостави ред

Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста протестите во Србија да се обид за „обоена револуција“, но изрази доверба дека српското раководство ќе ја врати стабилноста во земјата.„И покрај тоа што Србија е под невиден притисок, не можеме да ја исклучиме употребата на методи познати од обидите за обоени револуции“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Изјавата доаѓа откако српската полиција во саботата се судри со демонстранти кои бараа предвремени избори и крај на 12-годишната власт на претседателот Александар Вучиќ. Тој ги обвини демонстрантите дека „се обиделе да ја срушат Србија“ со поддршка од странски сили, но, како што рече, не успеале.Протестите, кои траат со месеци, вклучуваат и блокади на универзитети. Мандатот на Вучиќ истекува во 2027 година, кога се очекуваат и нови парламентарни избори.

Свет | пред 7 месеци

pomos

„Ја продаде куќата за да им обезбеди дом – сега бега од пеколот“ - и треба помош на мајката на тепаното дете од Драчево

Венера, мајката која ја објави страотната снимка каде се гледа како таткото го шамара сопственото четиригодишно дете, а притоа му се заканува дека ќе го убие, бара помош од целата јавност. Фондацијата „E-crowd“ објави апел за нејзин достоинствен живот. Таму се опишува и дел од нејзиниот живот.„Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка. Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење“, пишува во описот на кампањата.Кампањата има за цел да обезбеди правна помош, подобрување на условите за живот, основни потреби за децата, психосоцијална поддршка и стабилна средина за раст и развој.За таткото на децата, се води постапка. Видеото наиде на остри јавни осуди.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-14.59.21

(Видео) Менди Ќура влегува во трката за Струга – независно, но со поддршка од „Вреди“?

Бизнисменот Менди Ќура објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Струга како независен кандидат, а неофицијално, неговата кандидатура ќе ја поддржи и владејачката коалиција „Вреди“.„Ова не е трка за власт, туку повик за обединување“, вели Ќура во објава на Фејсбук, најавувајќи програма базирана на транспарентност, развој и инвестиции.Иако во „Вреди“ сè уште нема официјална одлука за градоначалнички кандидат во Струга, упатените проценуваат дека Ќура ќе биде нивниот избор под формула „независен со поддршка“, стратегија што албанскиот блок сè почесто ја користи на локално ниво.Ќура најавува дека ќе го понуди своето искуство од економијата во служба на градот, со акцент на младите, инфраструктурата и локалната правда. Поддршката ја бара од сите – без оглед на етничка или политичка припадност.

Македонија | пред 7 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со присутните европратеници за да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик – а не, како што е наведено во амандманот на извештајот на Европскиот парламент за Македонија, каде се предлага зборот „современ“ да се додаде како квалификација за македонскиот јазик.Тој потенцираше дека со неактивноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се влошува преговарачката позиција на Македонија во однос на ЕУ.„Јас лично лобирав и во име на партијата, меѓутоа и во име на државата. Жал ми е што не гледам дека тоа го прави Владата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ го прави – да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик. Сметам дека со оваа неактивност и со сè што Владата прави, практично нашата преговарачка ситуација и позиција во рамки на ЕУ се влошуваат. И еве сега, овие работи што се наведени во извештајот, практично укажуваат и го отвораат прашањето, зошто е тоа така, и зошто Владата навистина не сака видливо да лобира тоа да не се случи“, рече Филипче.Притоа, тој ја посочи дека констатацијата на европратениците кои биле присутни во Берлин е дека ваквите додавки во однос на македонскиот јазик се резултат на провокациите од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.„Сите констатираат една работа – дека таквите додавки на македонскиот јазик доаѓаат како резултат на провокациите што доаѓаат од нашата Влада. Тоа е сериозно влошување на нашата положба во ЕУ“, изјави Филипче.Во одговорот на прашањето, Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ да лобираат заеднички за амандманот да не помине.„Сакам да упатам уште една директна порака,апелирам до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да лобираме тоа да не се случи, да нема таков амандман во ЕП, туку да помине неутралната дефиниција македонски јазик, без никакви додавки. Затоа што тоа е и заслуга на политиките на нашата Влада изминативе седум години- јасен, чист македонски јазик, потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ. Не гледам ниту една причина, освен тие провокации, зошто сега таа позиција би била загрозена“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

tepacka-tepanje-pretepan

Серија семејни и улични пресметки во Скопје – четворица приведени

Во текот на вчерашниот ден (29 јуни), полицијата интервенирала во неколку случаи на семејно и јавно насилство на територија на Скопје, при што биле приведени повеќе лица.Во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода Д.И.(47) од Скопје по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека околу 20.30 часот во семејниот дом во скопско село физички ја нападнал.Неколку часа порано, во 19:00 часот во Карпош, полицијата го привела 36-годишниот В.П., кој се степал со 56-годишниот С.П., при што уште две лица се здобиле со повреди додека се обидувале да ги разделат.Истиот ден во 17:44 часот, 26-годишна жена од Кочани пријавила дека на паркинг во Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.Ѓ., за кого се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 12:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка меѓу две лица на возраст од 18 и 25 години.Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Трагедија кај Кочани: Мопедист загина на лице место во судар

Утрово околу 07:00 часот на магистралниот пат Делчево–Штип, во близина на крстосницата „Компосара“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 72-годишен мопедист од кочанската населба Оризари.Според информациите од МВР, во несреќата учествувале мопед „томос“ со штипски таблички и возило „рено трафик“ сопственост на ЈЗУ Виница, управувано од 63-годишен возач од село Јакимово.Смртта на мопедистот била констатирана на лице место, а телото е предадено на обдукција. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Повеќе пожари на отворено – активен фронт кај Бешиште, изгаснато во Визбегово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска евидентирани се неколку пожари на отворено низ земјава.Пожарот на дивата депонија во Визбегово е целосно изгаснат, а противпожарната единица на Град Скопје интервенирала и кај запалена сува трева на улицата Малешевска во населбата Драчево, како и по пријави во близина на авто-плац ЕНЗО и во Долно Лисиче, кај местото Чаталот.Најсериозен е пожарот кај село Бешиште (општина Новаци), во близина на границата со Грција. Пожарот кој избувна вчера попладне зафаќа уредена шума со бор, даб и бука, и е поделен на два краци. Гаснењето е отежнато поради непристапен терен и детонации од заостанати гранати. На терен се четворица вработени од ЈП „Црн Бор“ со едно возило.Во атарот на село Ерџелија, општина Свети Николе, пожарот е локализиран, а гореле сува трева и стрниште. Екипите на ТППЕ Свети Николе интервенирале со три пожарникари и едно возило.Исто така, пожар бил пријавен и на автопатот Гостивар–Тетово, кај Неготинска Петља, каде што интервенирале пожарникари од ТППЕ Гостивар.Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење и активности на отворено.

Македонија | пред 7 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

Детали за запалениот глисер: Пожарот избувнал при спуштање, оштетени се и други два-три пловни објекти

Глисерот кој утрово гореше во каналот Студенчишта се запалил при спуштање, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Скопје1“. Тој посочува дека веднаш било реагирано, повреднеи дена, а пожарот оштетил и други пловни објекти.„Пожарот е настанат во момент на спуштање на глисерот во каналот. Пријавено е во 10:30 часот. Настанал пожар во пловило-глисер. Веднаш имаат интервенирано припадниците од езерската и сообраќајната полиција, како и припадниците од Армискиот центар за обука на вода. Потоа се придружуваат и пожарникарите. Повредени лица нема, предизвикана е материјална штета на глисерот на кој настанал пожарот и два-три други пловни објекти. Увидот е завршен. Јавен обвинител има добиено информација, повратно се добиени насоки за постапување“, велат од МВР.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-14.08.54

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го брани човекот што ја нарече Струмица „бугарски град“

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, жестоко реагира на ставовите на новинарот Драган Павловиќ Латас и поддршката што, според него, ја добива од ВМРО-ДПМНЕ. Во својата јавна изјава, Костадинов прашува зошто опозициската партија стои зад личност што, како што вели, ја навредува честа на Струмица и Македонија.„Истиот Латас кој ја нарече Струмица 'бугарски град'. Истиот за кој со години постојат јавни сомнежи за сериозни обвинувања. Тоа не е само политички пад, туку етички срам“, порача Костадинов.Тој нагласува дека во неговата претходна реакција немало повик за насилство, туку одбрана на семејната и градска чест.„Струмица нема да падне под туѓ јазик, симбол или етикета. Ќе ја браниме честа на градот како што нашите предци ја бранеа татковината“, напиша Костадинов.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-5

Државата не е повеќе банкомат за моќници, туку мотор на развојот, рече Мицкоски пуштајќи ја делницата Фариш – Дреново

Премиерот Христијан Мицкоски денеска свечено ја пушти во употреба експресната делница Фариш – Дреново, долга 10,2 километри, со инвестиција од речиси 45 милиони евра.„Овој пат е од витално значење за Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен и сите општини од Пелагонија. Тоа е порака дека Македонија конечно граби напред, со проекти што се реализираат на терен, а не остануваат на хартија“, изјави Мицкоски.Тој потенцираше дека државата повеќе не е „банкомат за моќници“, туку мотор на развојот, додавајќи дека парите на граѓаните се враќаат преку реални проекти – патишта, училишта и нови работни места.„Доаѓа времето на Македонија – време на чесна влада, јасна визија и мерливи резултати“, порача Мицкоски на настанот.

Македонија | пред 7 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

(Видео) Изгаснат пожарот кој избувна во глисерот паркиран во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожарот што денеска попладне избувна во глисер на Студенчишкиот канал во Охрид е изгаснат.Со брза реакција е локализиран огнот. Во инцидентот, според првичните информации, нема повредени лица.Причините за пожарот сѐ уште се утврдуваат.

Охрид | пред 7 месеци

reka-Italija

МНР: Деветгодишно девојче од Македонија трагично загина во Италија

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија.Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за настанот и, како што велат од МНР, е во редовна комуникација со семејството на починатото дете, со цел завршување на сите потребни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија.Ask ChatGPT

Свет | пред 7 месеци

filipce-51

Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите за интеграција на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешната прес конференција.„Се чини дека Владата на ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време има сознанија дека во овој извештај Европската Унија со длабоко разочарување и на многу директен начин ќе го истакне неочекуваното застранување на македонската Влада од усогласувањето на македонската надворешна политика и онаа на ЕУ. Знаејќи ги сите овие сериозни критики од Европската Унија, ВМРО ДПМНЕ реактуализира националистички теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската Унија“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Филипче во своето излагање рече дека судејќи по досегашната надворешна политика на владата се отвора прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на друга алтернатива или останува патот кон евроинтеграциите.„Овде дома сите ние треба да го поставиме прашањето – дали со ваквите потези кои се прецизно нотирани во извештајот на Европската Унија – европската интеграција останува само декларативна заложба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ или можеби веќе се работи на нова алтернатива, нов правец во кој треба да се движиме?“, рече Филипче.Наместо продолжување на напредокот во ЕУ како што ветуваа, за една година со Христијан Мицковски и владата на ВМРО-ДПМНЕ земјава доби историско назадување и погазување на сите успеси на патот кон евроинтеграциите и најново го доби историски најслабиот извештај од ЕУ.

Македонија | пред 7 месеци

nato-zastava

Лавров: Зголемувањето на воените трошоци може да доведе до распад на НАТО

„Катастрофалното зголемување на буџетот за одбрана кај НАТО-државите може да доведе до распад на таа организација“, изјави Лавров, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер Радослав Сикорски дека трката во вооружување може да го собори Путин.Изјавата доаѓа по самитот на НАТО во Хаг, каде што лидерите поддржаа зголемување на одбранбените трошоци до 5% од БДП до 2035 година, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.Лавров додаде дека Москва разгледува опција за намалување на воениот буџет во 2026 година, и покрај тоа што годинава тој изнесува 6,4% од БДП – највисоко ниво од Студената војна.

Свет | пред 7 месеци

struga

Обвинение за брутален напад во Старата чаршија во Струга – двајца во притвор, трет осомничен е малолетник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против две полнолетни лица од село Радолишта, осомничени за кривично дело насилство, а постапка ќе се води и против трет соизвршител – малолетник, согласно Законот за правда на децата.Настанот се случил на 21 јуни во Старата чаршија во Струга, каде по вербална расправија, тројцата осомничени го нападнале оштетениот. Тој се обидел да побегне, но кога се вратил по мобилниот телефон што го испуштил, бил нападнат со тупаници и клоци.Жртвата побарал помош, а насилството престанало дури кога случаен минувач застанал со автомобил и интервенирал. Повредениот се засолнил во блиско кафуле, а потоа бил пренесен во болниците во Струга и Охрид.Обвинителството побара продолжување на притворот за двајцата полнолетни, со образложение дека покрај нападот, го вознемириле и јавниот ред и мир.

Македонија | пред 7 месеци

Jordan-Nasev-Karbinci

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари, вели СДСМ

„Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов“, вели Јордан Насев – претседател на ОО Карбинци СДСМ и додава:Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации со превозот на ученици.За неполни четири години, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалнкот Паунов потрошила речиси 500.000 евра за превоз на ученици во основното образование.Скандалот е во тоа што превозот се врши по цени 20 пати повисоки од реалните.Одиме по ред. Нека види јавноста каков грабеж се случува во Карбинци.Превоз со Јавното претпријатие Стипион на релација од село Нов Караорман до село Карбинци чини 50 денари, дневен билет во двата правци. Еве го тој документ.А во тендерот за превоз на ученици распишан во учебната 2023/2024 година од општината превоз на едно дете дневно наплаќаат 1.013 денари! 20 пати поскапа од реланата цена.За одредени релации, еве на пример од Горни Габер до Радање општината наплаќа 1.878 денари или 30 евра дневно. Повторувам, за еден ученик, дневно.За 30 евра истиот превозник обезбедува превоз до Црна Гора во двата правци.Годишно, за еден ученик тоа се 332.640 денари или околу 5.000 евра. 20 пати над реалната сума.Ова е мега скандал. Ова е класичен грабеж на народот од страна на градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.Овие милионски суми завршуваат во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во што жителите на Карбинци сѐ почесто препознаваат класична злоупотреба на функцијата.Прашањето е во чии џебови завршува разликата?Почитувани,Ова е слика за едно нефункционално, корумпирано, партизирано и крајно неодговорно локално владеење. Наместо чесна и одговорна власт – граѓаните добија корупција и расипништво.Жителите на Карбинци се изневерени, излажани и изманипулирани од една ненародна локална власт, која не работи за граѓаните, туку за тесен круг на блиски луѓе околу ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ бара сите надлежни институции да отворат постапки за за основа сомневање за криминал и корупција во Карбинци.Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција не смеат да молчат туку да делуваат.Граѓаните заслужуваат отчетна и домаќинска власт. Граѓаните заслужуваат почит и вистинска грижа, а не локална власт која гледа само како да ги ограби.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.29.07

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.На местото интервенираа граѓани, а има присутна и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.47.10

(Видео) Муртезани: Европскиот процес не е блокиран, туку билатерализиран – не се плашиме од барања, но да не станат блокади

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, порача дека интеграцијата на Македонија во ЕУ не е замрзнат процес, иако е оптоварена со билатерални пречки. Според него, бугарското вето не го стопира целосно процесот, туку само го отежнува отворањето на преговорите.„Европската интеграција е жива и се движи во повеќе сегменти. Преку Планот за раст, граѓаните на Западен Балкан веќе имаат пристап до одредени бенефиции што досега беа резервирани за земјите членки“, изјави Муртезани.Тој нагласи дека Владата е подготвена да одговори на нови барања, но предупреди дека тие не смеат да бидат билатерални и да се претворат во нови блокади: „Не се плашиме од барања, но мора да бидат европски – а не национални ултиматуми.“

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Приведена 19-годишна радовишанка: Возела пијана, предизвикала несреќа и избегала од местото

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена откако предизвикала сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и го напуштила местото на настанот, информира МВР.Како што соопштија од Министерството, инцидентот се случил на 29 јуни во 06:30 часот на улицата „Самоилова“ во Радовиш. По преземени мерки, било утврдено дека возачката Т.К. управувала возило со 2,23 промили алкохол во крвта.Таа е задржана во Полициската станица Радовиш. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 7 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.„Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година.Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?„Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.?t=6884

Македонија | пред 7 месеци

latas-kostadinov

Костадинов до Латас: Осветата ќе си ја добиеш, кога ќе шеташ по улица ќе гледаш преку рамо, нема да знаеш од кај ќе дојде наплатата

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави остар статус на својот Фејсбук профил, со кој директно му се обрати на новинарот Драган Павловиќ – Латас, ветувајќи му „освета што ќе ја носи целиот живот“. Повод за реакцијата е изјава на Латас, во која, според Костадинов, бил споменат неговиот покоен татко на навредлив начин.„Го изговори името на мојот татко со гадна уста. Сега ти нема враќање“, пишува Костадинов, додавајќи дека со ваквиот напад Латас не удрил по него, туку „по мртов човек, по мојата крв, по основата на сè што сум“.Тој вели дека не станува збор за хумор или критика, туку за отворен напад врз семејната чест, најавувајќи дека ова нема да остане неказнето.„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.“Во постот, градоначалникот му порачува на Латас дека осветата ќе биде лична, долготрајна и ќе го следи цел живот.„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.“

Коментари | пред 7 месеци

lavrov-951

Лавров: Се надеваме дека нема да видиме обиди за „обоена револуција“ во Србија

Москва внимателно ја следи ситуацијата со протестите во Србија и изразува надеж дека немирите ќе се смират на уставен и законски начин, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.„Го следиме развојот и заинтересирани сме овие немири да се решат, како што истакна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – во рамки на уставот и законите на оваа пријателска држава“, рече Лавров пред новинарите.Тој додаде дека Русија очекува западните земји да не се вмешуваат и да не ги користат протестите за свои геополитички цели.„Се надеваме дека овојпат нема да видиме обиди за т.н. обоени револуции, како што често знаат да прават западните актери во други земји“, рече шефот на руската дипломатија.Лавров потенцираше и дека е клучно демонстрантите да ги почитуваат српските закони, а ги поздрави и сигналите од српското раководство за отвореност кон дијалог.„Доколку постои волја за разговор, тоа е единствениот вистински пат за надминување на секој внатрешен конфликт“, заклучи Лавров.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања