Скопје1.мк

SLIKA-1-OHRID-IGRALISHTE

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини-пич терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Од срцето на македонскиот бисер Охрид, започна инспиративниот проект „Фудбалот е повеќе од игра“, чија цел е да изгради мрежа од фудбалски мини-терени низ државата.Првиот терен, гордо го носи името на охриѓанецот и поранешен македонски репрезентативец Гоце Толески — симболично признание за неговиот придонес кон спортот.„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Искажувам искрена благодарност до компанијата Mozzart, која преку своите ангажмани постојано го поддржува развојот на спортот и го негува спортскиот дух кај младите генерации. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на Mozzart треба да биде пример и инспирација за сите останати.” изјави македонската фудбалска звезда, Гоце ТолескиМладите фудбалски надежи на Охрид имаа чест први да го испробаат теренот, играјќи рамо до рамо со својот идол Толески. Атмосферата беше навистина спектакуларна – полна со емоции, насмевки и аплаузи од публиката.Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег на теренот, било да е мајсторска асистенција, одлична одбрана или погодок, ја зголемуваше донацијата што Mozzart ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“, кое се грижи за деца со посебни потреби од Охрид.„Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен – и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Следни на ред за ваква спортска благодет се Велес и Свети Николе. А приказната само што започна…Фудбалот е повеќе од игра! Првиот мини-пич терен од проектот на Mozzart е веќе реалност – токму во Охрид! Теренот го носи името на фудбалската легенда Гоце Толески, а младите охридски фудбалери заедно со својот идол приредија вистински спектакл. Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег значеше поддршка за децата од „Тајните на моето срце“. Следни: Велес и Свети Николе! (ПР текст)

Охрид | пред 7 месеци

1

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев со генералниот комесар на литванската полиција, генерал Паулаускас и раководителот на групата за меѓународна соработка, Гајманаите

Денеска (01.07.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари конструктивна средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гајманаите, раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација која е во посета на нашата земја. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција.„Соработката со литванската полиција се заснова на постоечкиот билатерален договор, кој опфаќа широк спектар на области, меѓу кои спречување и борба против тероризам, трговија со дрога, кибер-криминал, перење пари, корупција, фалсификати, економски криминал, заштита на културно наследство и трговија со опасни супстанции. Посебен акцент ставивме на размена на информации, координација на полициски мерки, заштита на сведоци, размена на експертски знаења и можноста за испраќање офицери за врска, сè со цел ефикасно справување со прекуграничниот криминал“, истакна на средбата директорот Јанев.Во фокусот на средбата беше и размената на позитивни практики од процесот на дигитализација кој е од суштинско значење како алатка при извршување на секојдневните работни задачи.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Затвор за водачот на ,, Локумадес” мафијата

Познатите грчки локумадес – крофни, кој се главна посластица на грчите плажи се вносен бизнис, па за превласт се борат и со уцени,42-годишник доби 16 години затвор од Апелациониот кривичен суд во Солун, под обвинение дека е водач на криминална група, која вршела изнуда и уцена за контрола на продажбата на крофни на прометните плажи на Ситонија, на вториот крак на Халкидики.Судот го прогласи за виновен за бандитско рекетирање.Тој беше ослободен од обвинението за обид за убиство против ситен трговец и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странските ситни трговци.Во истрагата било утврдено дека криминалната група, која броела 12 члена, спроведувала вистинска кампања на заплашување и насилство за да воспостави монопол врз продажбата на крофни на плажите.Полициската истрага за активностите на таканаречената „Локумадес мафија“ започна по откривањето на обид за убиство на продавач на крофни во Никити, но за ова обвинетиот беше ослободен.Тој пред судот ги негираше сите дела.Грчката полиција во 2021 година разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица. Дел од нив се ослободени, а дел добиле парична казна.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

(Видео) За Марта Кос македонскиот идентитет се тавче-гравче, пинџур, погача, полнети пиперки

Комесарката за проширување, Марта Кос, на денешната прес конференција во Скопје, рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот.Несвојствено за политичар, таа навредливо ни го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.„Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците”, рече Кос.Премиерот Христијан Мицкоски одговори:„За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански.Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”.https://www.youtube.com/live/K_bWPQLnMaQ?t=1217s

Македонија | пред 7 месеци

ustaven-sud

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати

Сè уште не е јасна судбината на независните кандидати на локалните избори. Независните од десет општини побараа Уставниот суд да реагира на новиот Предлог закон за измени на Изборниот законик, по што претседателот Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој е дециден дека можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог законите.„Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување на уставноста на Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право, односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење.Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган, односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот може да усвои исклучиво за закон кој е дел од правниот поредок”, стои во ставот на Костадиновски.

Македонија | пред 7 месеци

kosovo-sobranie

Јубилеен, неуспешен 40-ти обид за конституирање на косовското Собрание

Ниту денеска, по 40-ти пат, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот.Од 100 присутни пратеници, 51 гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател.Претходно, пратениците не го усвоија предлогот на движењето Самоопределување да се гласа за нивниот кандидат Аљбуљена Хаџи за претседателка на Собранието, на тајно гласање.Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но тој нареди службата да ги исклучи нивните микрофони.Пратеникот Аљбин Курти беше предложен за член на комисијата од коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА. Пратениците од овие две партии и Српската листа не учествуваа во гласањето.Следното гласање е закажано за четврток, 3 јули.

Свет | пред 7 месеци

mickoski-5123

Мицкоски од лидерскиот самит: „Не прифаќаме уцени под маска на европскиот процес“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на лидерскиот самит во Скопје, испрати порака дека Македонија не се води по европскиот пат со сервилност, туку со јасна визија, конкретни резултати и цврста определба за европските вредности – но без уцени.„Денес сме тука не само како домаќини, туку и како партнери и сојузници на заедничка визија – Западен Балкан што не се дефинира преку проблемите, туку преку можностите. Интеграцијата во ЕУ за нас не е само збор – тоа е акција, реформи, резултати“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека домаќинството на самитот е симболична потврда за регионалната и европска релевантност на Македонија, како и за политичкиот капитал вложен во стабилноста и реформите.Во фокусот на разговорите бил Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, кој, според Мицкоски, претставува историска шанса за економска и институционална трансформација.„Тоа е алатка преку која ќе ги модернизираме јавните услуги, образованието, дигиталната и енергетската инфраструктура. Ќе ја направиме татковината европски дом – уште пред формално да стане членка на ЕУ“, рече тој.Сепак, Мицкоски упати и јасна порака:„Нашите чекори се со отворено срце и разум, но се противиме на уцени кои не се дел од европските вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото и достоинството – тоа се вредностите што ги прифаќаме, сè друго е туѓо за нас.“Премиерот додаде дека реформите не се декорација, туку неопходност, и оти државата ќе продолжи со работа, со јасна волја и сопствена визија, независно од надворешните притисоци.„Испорачуваме резултати не затоа што некој го бара тоа, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности, не по налог, туку по убедување“, порача тој.Во завршницата, Мицкоски ѝ се заблагодари на еврокомесарката за проширување Елисабета Кос и на Европската комисија за поддршката, но посочи дека Македонија останува решена самата да си помогне – со реформи, со работа и со доверба во сопствените сили.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-12.55.34

(Видео) Уапсена активистка во Белград: Грубо приведување на мајка на дете со аутизам предизвика бурни реакции

Утринава во Белград, покрај штандот кај плоштадот Фонтана, полицијата привела жена идентификувана како В.К., мајка на девојче со аутизам и основачка на културно-едукативниот Центар „Тара“. Снимка од моментот на приведувањето, на која се гледа како тројца полицајци ја внесуваат В.К. во службено возило со употреба на сила, се прошири на социјалните мрежи и предизвика остра јавна осуда.Српскиот хип-хоп состав „Београдски синдикат“ потврди дека станува збор за В.К., објавувајќи поддршка и апел до институциите.„Таа е човек кој несебично се залага за прифаќање и инклузија на децата и младите со развојни потешкотии. Очекуваме оваа неправда да биде итно исправена, а полицајците кои употребиле прекумерна сила – најстрого санкционирани“, напишаа членовите на бендот на Instagram.Приведувањето се случува во контекст на засилените граѓански протести и блокади низ Белград, каде што од вчера се поставени физички бариери – контејнери и метални огради – на клучни крстосници. Утрово дошло до обид за разградување на блокадата на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и улицата Белградска, кој бил спречен од студенти кои таму дежурале цела ноќ.Протестите продолжуваат како реакција на неодамнешните апсења и наводната полициска бруталност, кои граѓански организации и активисти ги осудуваат како доказ за се поотворената репресија од страна на режимот.

Свет | пред 7 месеци

letecko-taksi

(Видео) Летечко такси во Дубаи: Првиот пробен лет успешен, старт на услугата во 2026 година

Жителите на Дубаи наскоро би можеле да ги избегнуваат сообраќајните метежи со летечко такси. Компанијата Joby Aviation успешно го изведе првиот пробен лет на целосно електричното летечко патничко возило, што претставува важна пресвртница во планот на градот да воведе воздушен превоз како дел од својата мобилна мрежа.Патувањето од аеродромот во Дубаи до островот Palm Jumeirah, кое со автомобил трае 45 минути, со летечкото такси ќе се скрати на само 12 минути, најавува компанијата.„Сакаме да го смениме начинот на кој луѓето патуваат до работа“, изјави Ентони Кхури, генерален директор на Joby за ОАЕ.Иако долгорочната цел е летечките такси услуги да станат достапни за сите, во почетната фаза ќе бидат наменети за патници со повисоки приходи.„Како и секоја нова технологија, почетоците ќе бидат престижни“, рече Кхури.Демонстрацискиот лет бил изведен на изолирана пустинска локација југоисточно од Дубаи. Леталото – тип eVTOL (електричен авион со вертикално полетување и слетување) – полетало вертикално, прелетало неколку километри и потоа слетало.Летечкото такси има капацитет да лета до 160 километри со брзина до 320 км/ч, е целосно електрично и со нулта емисија, прилагодено за урбани услови со минимална бучава.Во 2026 година се очекува стартот на комерцијалната услуга, со поставени четири првични „вертипорти“ кај: Меѓународниот аеродром Дубаи, Palm Jumeirah, центарот на градот и Dubai Marina.

Свет | пред 7 месеци

GP-Bogorodica

Тошковски кажа како ќе ги намалува гужвите за влез во Грција преку ГП Богородица

Македонските власти ќе отворат две нови ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.На заедничка прес-конференција со неговиот литвански колега, Тошковски посочи дека се разгледува и долгорочно решение – пренасочување на товарниот сообраќај преку посебен граничен премин, по примерот на Грција.Во летните месеци, Богородица е под огромен притисок, бидејќи освен македонските граѓани, граничниот премин го користат и туристи од регионот на пат кон грчкото крајбрежје. Тоа често резултира со долги редици и чекање со часови.Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веќе најави целосна реконструкција на граничниот премин Евзони, со цел да се забрза протокот на патници и стока на јужната граница.

Македонија | пред 7 месеци

sveditelstvo

Од следната учебна година нема да има хартиени сведителстава за основците и средношколците

Учениците од основното и средното образование од учебната 2025/2026 година ќе добиваат свидетелства исклучиво во електронска форма, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Иако можноста за дигитални документи постои и оваа година, Министерството реши новината целосно да се примени од есен.Промената нема да значи дополнителен трошок за родителите или училиштата, бидејќи системите на училиштата и високото образование се веќе поврзани, а податоците за успехот на учениците ќе бидат директно достапни за средните училишта и факултетите.„И сега е-дневникот овозможува печатење електронски свидетелства. За учениците од прво до деветто не е потребно секое свидетелство, освен она од деветто одделение за запишување во средно. Средните училишта потоа ги бараат и останатите свидетелства – кои ќе можат да ги повлечат електронски, без да се ангажираат учениците и родителите“, објасни Јаневска.И факултетите, според неа, ќе имаат пристап до електронските документи за потребите на уписот, без потреба од физички копии.За учениците кои ќе се запишуваат на странски факултети, ќе биде потребно да поседуваат хартиена копија од свидетелството од деветто одделение и дипломата од четврта година. За таа цел, училиштата ќе можат да обезбедат печатен примерок.„Ако е потребно, училиштата може да потрошат 500 денари за топ хартија и да издадат потврда за успешно завршена учебна година“, додаде Јаневска.Сепак, таа признава дека дигиталната неписменост, особено во руралните средини, претставува пречка за целосна транзиција кон електронско водење документи. Токму затоа, иако дигитализацијата ќе стане стандард, физички свидетелства ќе останат достапни за оние на кои им се неопходни.Министерката очекува дека веќе од следната година, 80 до 90 проценти од свидетелствата ќе бидат издавани исклучиво во електронска форма.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_3373

Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски, вели Костовски

„Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама“, вели Мартин Костовски – организациски секретар и додава:Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција.За само една година, Димитриевски ги погази сите свои изборни ветувања.Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече.Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. Пред два дена, смени лента, се откажува од тој став, сега веќе не е за одложена примена.Ветуваше борба за правда, а денес молчи пред корупцијата на коалициските партнери од ВЛЕН.Ваква сервилност, вакво коленичене пред ВЛЕН досега немало.Вистината е едноставна: Максим Димитриевски не е ништо друго освен обичен привезок на Христијан Мицкоски и слуга на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.Тој е безгласна буква во владината коалиција, единствено способен за делење функции и удобни фотелји, без ниту еден резултат.Освен становите и парцелите вредни 300.000 евра.Максим Димитриевски е прочитан од граѓаните и ќе биде казнет токму од граѓаните.Македонија заслужува одговорни луѓе, а не лажни патриоти кои за фотелја се откажуваат од сè што ветиле.

Македонија | пред 7 месеци

514615591_1209431644317990_2712395302426611115_n

„Охридски Комуналец“ со неделни активности за уредување и чистење на јавните површини

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека нивните екипи биле ангажирани на повеќе локации низ Охрид и околината во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена и зеленилото.Во текот на трите фестивалски денови, службите активно учествувале во одржувањето на хигиената и зелените површини околу хотелот „Палас“ и „Кеј Македонија“, како дел од логистичката поддршка на Охридскиот вински фестивал 2025.Дополнително, хортикултурно бил уреден просторот околу новоотвореното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, а биле реализирани и активности за косење и уредување на јавните површини на неколку улици: АСНОМ, Прва македонска ударна бригада, Лазо Трповски и 7-ми Ноември, како и на потегот кај плажите Лагадин и Пештани, во селата Лескоец и Орман, детското игралиште кај „Стобекс“, патниот правец Охрид–Свети Стефан и дрворедот на улицата „7-ми Ноември“.Паралелно, продолжуваат и акциите за цветно уредување, при што биле засадени нови цвеќиња долж пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, во градскиот парк, како и во село Пештани.Од претпријатието најавуваат континуирана ангажираност со цел обезбедување на почиста и поуредена животна средина за охриѓани и посетителите.

Охрид | пред 7 месеци

apsenje-toskovski

(Фото) Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија, вели Тошковски

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица, каде беше спроведена акцијата.„СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и запленија 100 килограми марихуана која беше превезувана, а целта беше да се извлече надвор од Македонија. Македонските граѓани можат да видат темелна дрога против нелегалната трговија со дрога“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Тој кажа дека „апсењето било филмско, на криминалците што ја транспортирале дрогата“.„Информиран сум од началникот на СВР Струмица, дека ќе даде предлог за наградување на полицајците, а јас ќе прифатам и соодветно ќе ги наградиме кои што во работењето успешно ја направија акцијата“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Млад скпјанец усмрти пешак, прегазувајќи го со мотоцикл

Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72), исто така од Скопје.Како што информира МВР, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Извршен е увид, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Изгореа три автобуси и комбе во ноќен пожар кај бензинска во Кочани

Ноќеска околу 2:30 часот изби пожар на плац веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, на излезот од Кочани, при што целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.Како што информира МВР, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип, а за среќа нема повредени лица.Во текот на денот ќе се изврши увид од екипа на ОВР Кочани за да се утврдат причините за пожарот.

Македонија | пред 7 месеци

37093466

Русија тврди дека целосно го зазела Луганск – Киев молчи, Москва без официјална потврда

Окупациските власти поставени од Москва објавија дека руските сили целосно ја зазеле источната украинска покраина Луганск. Веста ја соопшти гувернерот назначен од Кремљ, Леонид Пасечник, за државната руска телевизија, наведувајќи дека извештајот за целосното заземање пристигнал уште пред два дена.Од украинска страна засега нема официјална реакција или потврда, а ни руското Министерство за одбрана сè уште не го потврдило ова достигнување. Сепак, во претходни случаи, Кремљ обично доцнеше неколку дена со формална потврда откако локалните власти ќе прогласеа територијален напредок.Луганск делумно беше под контрола на проруските сепаратисти уште од 2014 година. По започнувањето на целосната инвазија во февруари 2022, Русија за неколку месеци зазеде поголем дел од регионот. Во контранападот во есен 2022, Украина успеа да врати дел од северниот Луганск, но неодамна го држеше само малиот преостанат дел.Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека покраините Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, заедно со Крим, се „целосно руски територии“. Западот, како и Украина, не ги признава овие анексии.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Крајот на војната во Газа е „близу“, но бројот на жртви расте – Израел потврдува, Палестина тврди за масакр

Израелскиот министер за одбрана, Исраел Кац, изјави дека „операцијата во Газа се приближува кон својот крај“, наведувајќи го ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас како клучни цели. Изјавата доаѓа по краткиот, но интензивен судир меѓу Израел и Иран минатата недела, и откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „брз прекин на огнот“.Но, на теренот – крвопролевањето продолжува.Палестински извори известуваат дека само во понеделник се убиени најмалку 100 лица во Појасот Газа, вклучувајќи најмалку 34 во напад врз кафуле на крајбрежната шеталишна зона во градот Газа. Меѓу загинатите има деца, жени и новинар, според медицински извори од болницата „Шифа“.Хамас тврди дека израелската ракета погодила камп за раселени лица, додека израелската армија соопшти дека целта биле „оперативци на Хамас“ во северна Газа и дека биле преземени мерки за заштита на цивили, вклучително и воздушно извидување. Случајот е во тек на истрага, но не се објавени информации за цивилни жртви од страна на израелските власти.И покрај најавите за деескалација, понеделникот беше еден од најсмртоносните денови во последните недели. Хуманитарните организации предупредуваат дека состојбата на теренот е катастрофална, а населението страда без вода, струја и медицинска помош.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.25.33

Блокади, апсења и отпор на улиците во Србија: Студентските протести не запираат

Откако во неделата беа поставени првите барикади, физичката блокада на сообраќајот во Белград продолжува и денес. Контејнери и метални огради го парализираа сообраќајот на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и улицата Белградска, а рано утрово (околу 6:15) дојде до обид за пробивање на блокадата, кој студентите што дежурале цела ноќ успеале да го спречат.Протестите, предводени од студентскиот фронт, се засилија по уапсени осум студенти и се проширија низ цела Србија – со блокади во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Чачак, Суботица и уште најмалку десет други градови.Комуналните служби и полицијата преку ноќ ги отстрануваа барикадите, но демонстрантите одново ги поставуваа – често менувајќи локации и стратегија. На некои раскрсници, граѓаните едноставно непрекинато минуваат по пешачки премини, целосно блокирајќи го сообраќајот.Демонстрантите бараат предвремени избори, но и ослободување на уапсените студенти. Во меѓувреме, властите продолжуваат со приведувања – според студентски извори, во понеделник се уапсени над 30 лица. Организациите ProGlas и Slobodne organizacije Srbije ја осудија „државната репресија“ врз студентите и граѓаните. Во Нови Сад, технички факултет бил евакуиран по анонимна дојава за бомба – што студентите го нарекоа „обид за психолошка војна и заплашување“. Претходно, на денот на големиот протест (28 јуни), сите патнички возови беа откажани поради наводна бомбашка закана во железницата.Активисти, наставници и граѓани во повеќе градови изјавуваат дека „улицата останува последното прибежиште“. „Ова не е само борба за студенти – ова е борба за достоинството на сите“, рече еден од демонстрантите во Кралево.Полицијата е масовно присутна, но протестите не стивнуваат – сè повеќе локации низ Србија се под граѓанска блокада.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Маск му се закани на Трамп: ‘Ќе ве урнам, ако треба и по цена на сè!’

Се распламтува политичкиот конфликт на врвот на американската моќ: поранешниот сојузник и донатор на Доналд Трамп – милијардерот Илон Маск – му објави отворена војна на американскиот претседател. Повод е новиот закон за сечење трошоци и субвенции, кој Трамп го промовира како „голем и прекрасен закон“, а Маск го нарекува „луд и деструктивен“.Конфликтот кулминираше со заканата на Маск дека ќе ги „урне“ конгресмените кои ќе гласаат за законот – дури и ако, како што рече, тоа му биде „последното нешто што ќе го направи на Земјата“. Маск најави и формирање на нова политичка партија – „Американската партија“ – доколку законот биде усвоен.Во одговор, Трамп нападна преку Truth Social, обвинувајќи го Маск дека добил „најмногу државни субвенции од било кој човек во историјата“ и предложи неговиот Оддел за ефикасност (DOGE) да ги провери сите бенефиции што компаниите на Маск ги користеле од федералниот буџет.„Можеби без тие пари Маск ќе требаше да ја затвори својата продавница и да се врати во Јужна Африка“, напиша Трамп и додаде: „Можеби ќе треба да ги стопи своите ракети, да запре со автомобилите и да заштедиме МНОГУ пари!“Соработката меѓу двајцата – која резултираше со скоро 300 милиони долари поддршка за кампањата на Трамп – сега изгледа мртва. Расправијата ги вознемири и редовите на Републиканската партија, кои стравуваат дека овој судир може да ги чини мнозинство на изборите во 2026.Во меѓувреме, акциите на Tesla доживеаја големи флуктуации, со загуба од речиси 150 милијарди долари пазарна вредност, пред да се стабилизираат.Иако сè уште не е јасно дали Маск навистина ќе формира трета партија, конфликтот веќе ја менува политичката динамика во САД – и може да го редефинира изборниот пејзаж пред новите избори.

Свет | пред 7 месеци

latas-kostadin

Ескалира конфликтот меѓу Латас и Костадинов: Ако си маж, дојди, а поттикот на убиство е кривично дело

Новинарот Драган Павловиќ Латас преку јавна објава на социјалните мрежи најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, обвинувајќи го за, како што наведува, „повик на убиство“ и „илустрирање со крв“.„Малиот градоначалник на Струмица, викан Кока, повика на убиство – мое, заради кажан збор“, пишува Латас во објавата, алудирајќи на претходниот пост на Костадинов во кој тој реагираше на контроверзни ставови на Латас, меѓу кои и неговата спорна квалификација дека Струмица е „бугарски град“ и дека неговиот починат татко бил коцкар. Покрај личните напади, Латас го повикува Костадинов „лично“ да изврши убиство ако, како што вели, „има му**“, тврдејќи дека во спротивно останува само „лигав полтрон“.„Плукам на тебе и на твојата фамилија која те создала и воспитала таков, убиец во најава. Ти си срам за себе, за својата фамилија и за Струмица која масовно ја рекетираш и крадеш, за што допрва ќе се пишува и чита. Ни син, ни маж, ни политичар. Нула. Гнида отфрлена од сите. Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело. Нека не фрла друг во огин. Ако има муда, ако е маж, нека дојде - и нека го направи тоа. Или ќе го направи, иле ќе остане тое што е, лигав полтрон на Зоран Заев полуден што го оставила вереницата, му собрала имот и избегала за друг. Полуден што Зоран Заев се мисли дали да го кандидира пак за градоначалник. Полуден што апсењата на бандата од Заев веќе почнаа, а тој е еден од нив. Полуден што феудализмот во Струмица завршува. Нека не чека долго. Или пукај, лично, и емитиконите со крв од постот претвори ги во дело. Или пушти вода во ќенефот на СДСМ и исчезни однесен од неа“, напиша Латас.

Коментари | пред 7 месеци

policija-germanija

Крвав напад со нож во Германија – вработен во компанија ранил тројца колеги, усмртил едно лице

Во германскиот град Мелрихштат, утрово се случил напад со нож во една енергетска компанија, при што една жена загинала, а тројца други се повредени, дел од нив потешко – јавува германскиот Билд.Нападот се случил во просториите на фирмата Überlandwerk Rhön, регионален снабдувач со струја. Осомничен е 21-годишен маж, германски државјанин и, според полицијата, и самиот вработен во фирмата. Тој е уапсен на самото место.Загинатата е 59-годишна жена која добила повеќе убодни рани во вратот и горниот дел од телото. Повредени се уште три лица, на возраст од 55 и 62 години, сите колеги на напаѓачот.Полицијата соопшти дека нема опасност за останатите граѓани и оти се истражува мотивот. Инцидентот се води како „внатрешен напад во работна средина“.

Свет | пред 7 месеци

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Притвор за битолчанец кој нападнал лекар и полицајци во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж кој на 29 јуни во казино во Битола физички нападнал доктор од Итната медицинска помош, а потоа и двајца полициски службеници.Како што информира Обвинителството, лицето најпрво го нападнало докторот кој се обидувал да му укаже здравствена помош, удирајќи го со тупаница и нанесувајќи му телесна повреда. Подоцна, додека бил пренесен во Клиничката болница во Битола, продолжил да дава отпор на медицинскиот персонал, по што била повикана полиција.При интервенцијата, осомничениот ги нападнал и двајцата полицајци – ги удирал и им се заканувал.Обвинителството го гони за две кривични дела – напад врз здравствен работник при вршење дејност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Уапсен возач на камион по тешка сообраќајка во Чаир

Возач на товарно возило е приведен откако предизвикал тешка сообраќајна несреќа на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, во која со тешки повреди се здобил возач на мопед.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила во понеделникот, на 30 јуни, околу 14:40 часот, кога се судриле товарен „мерцедес“ со скопски таблички, управуван од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед, управуван од 32-годишниот скопјанец Ф.А.Возачот на мопедот со тешки телесни повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а возачот на товарното возило е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 месеци

unnamed-6

Средба на премиерот Мицкоски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.Премиерот Мицкоски ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат.Премиерот нагласи дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања