Скопје1.мк

pozar

Пожарот кај Грчиште и денеска не ставен под контрола, изгореа неколку штали

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства.-Во гаснењето покрај ТППЕ Валандово, екипи испратија и против пожарните друштва од Струмица, Дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер на МВР. Состојбата е сериозна и ги преземаме сите мерки да го ставиме под контрола големиот пожар и да не дозволиме негово ширење, изјави за МИА Костадинов.Инаку, според видеа објавени од пожарникарите и локалните медиуми може да се види дека станува збор за голема огнена стихија, која во неколку наврати се закануваше да ги зафати првите куќи во Грчиште, а забележливо е и прусуство на амбулантно возило.

Актуелно | пред 7 месеци

pijani

Фатен пијан возач во Македонска Каменица со 2.41 промили алкохол во крвта

На 2 јули 2025 година, околу 00:40 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле 36-годишниот Б.М. од истото место.При редовна сообраќајна контрола, било утврдено дека Б.М. управувал патничко возило „Пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол. Измерената количина алкохол во крвта изнесувала 2.41 промили – што претставува високо ниво на алкохолизација и сериозно го загрозува безбедното учество во сообраќајот.По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

ЕУ го сведува македонскиот идентитет на пиперки и пинџур - македонскиот народ не верува во полноправно членство, вели Левица

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос, во која македонскиот идентитет се сведува на „манастири, погача, пинџур и полнети пиперки“, го оценуваме како релативизирање и обезвреднување на националниот идентитет на македонскиот народ. Со давањето фолклорна карактеристика на националниот идентитет, претставничката на ЕУ се обиде да го алинеира идентитетот од неговиот историски, национален, политички и државотворен карактер, односно од неговите елементарни идентитетските карактеристики, коишто се предмет на спор и заради кој Бугарија не дозволува Македонија да продолжи со евро-интеграциските процеси“, вели Левица и додава:Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ. Евроскептицизмот расте, а угледот на Унијата од ден во ден се руши токму поради колонијалниот однос којшто со децении се негува кон Македонија. Додека домашните владејачки елити демонстрираат немање на политички и институционални капацитети да ги достигнат минималните стандарди потребни во секое од поглавјата, граѓаните речиси воопшто не веруваат во реформските планови предложени од ЕУ, кои повеќе од дваесет години се вртат во круг после секоја промена на влада.Промената на власта не покажува промена во надворешно-политичкиот курс којшто го води државата. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди гаранција дека внесувањето на Бугарите во уставот како последно барање на Бугарија, значи само прифаќање на т.н. „Француски предлог“ и продолжување онаму каде што СДС и ДУИ застана. Релативизирањето на барањата за идентитетски отстапки од Македонија нема ниту да го забрзаат процесот на интеграција, ниту пак ќе го подобрат функционирањето на државниот систем и животниот стандард на граѓаните.Левица најостро го отфрла овој редукционистички и навредлив однос кон македонскиот народ. Нашиот идентитет не е гастрономска карта, туку политичка реалност израсната од историска борба за слобода, рамноправност и социјална правда.Повторно повикуваме Македонија да стави јасно до знаење дека отфрла секаква комуникација со Бугарија по однос на сите прашања што задираст во националниот идентитет, што значи и распуштање на историската комисија. Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде бараме да бидеме третирани еднакво како и останатите земји кои претходно станале дел од европското семејство.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-09.32.38

„Цунами облаци“ над португалските плажи ги вознемири капачите

Португалија е погодена од топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Западна Европа, при што температурите во некои делови од Иберискиот Полуостров, како и во Грција и Франција, достигнаа 42 степени Целзиусови. Жештината предизвика низа нестабилни временски настани во Португалија, вклучувајќи ненадејни поројни дождови, силни грмотевици и град. Овие феномени беа поизразени во внатрешноста на земјата.Во неделата, стотици пливачи беа изненадени од густ облак сличен на цунами што се приближи кон брегот. Овој феномен, познат како ролер облак, зафати неколку плажи долж португалскиот брег во попладневните часови. Снимката од местото на настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.Расте загриженоста поради можноста за големи шумски пожариЦилиндричните облаци се редок метеоролошки феномен што се јавува поради интеракцијата на воздушните маси со големи температурни разлики и морски ветрец. Овие облаци се движат хоризонтално. Поради нивната сличност со џиновски бран, тие се нарекуваат и „цунами“ облаци.Со оглед на тоа што температурите продолжуваат да растат во текот на целата недела, расте загриженоста за можноста од пожари од големи размери. Националната администрација за цивилна заштита издаде предупредување до населението со превентивни мерки и други препораки. Во соопштението се вели дека ризикот од пожари во руралните средини е многу висок во внатрешниот северен и централен дел од земјата и во Алгарве.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Цаци, готова си“ – Петровска пријави закани, ѝ застанал автомобил со охридски таблици од кој викале по неа

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски регистарски таблички ѝ го пресретнал патот, а од внатрешноста на возилото била упатена вербална закана. Инцидентот го потврди и самата Петровска за „Слободен печат“.– Зборовите што ми ги упати беа ,,Цаци, готова си“. Во станица посочив дека нападот доаѓа после пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска предуда туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е затоа што самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат, додаде Петровска.На седницата за пратенички прашања, одржана пред пет дена, Петровска го постави ова прашање до Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, но одговор не доби бидејќи министерот и заменикот отсуствуваа.

Македонија | пред 7 месеци

1751432615-Screenshot-2025-07-02-070324-750x429-1

(Видео) „Ќе пумпам по секој меч на Вимблдон“, Ѓокогивќ го објасни потегот за кој зборува цела Србија

Новак Ѓоковиќ, по својата прва победа на годинешниот Вимблдон, направи карактеристична кореографија насред теренот – „пумпање“, со што повторно испрати симболична порака, но и отвори простор за толкувања.Иако дел од јавноста го препозна политичкиот контекст, дека тоа е поддршка на студентскиот отпор во Србија, српскиот тенисер даде дипломатски одговор, нагласувајќи дека се работи за приватен момент со неговите деца.„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме дека оваа кореографија би можела да биде соодветна прослава за секоја победа на Вимблдон. Така ќе славам и понатаму. Паралелата е симболична“, изјави Ѓоковиќ, насмеан од уво до уво.Потоа објасни и за кои песни станува збор: „Едната е странска, ’денс’ хитот Pump It Up, а другата е Баци све са себе, каде во еден дел се пее: ‘пумпај, пумпај, зашто си стао’.“Изјавата дојде по мечот и беше дадена на прес-конференцијата во Лондон, каде Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека секоја негова гестикулација е внимателно избрана – било да е приватна, симболична или јавно разбрана.Што значи „пумпај“ – и како овој израз стана лајтмотив на студентските протести во Србија?Можеби на почетокот звучеше како шега или уште еден интернет-феномен без длабочина, но „пумпај“ брзо прерасна во препознатлив знак на отпор, порив за слобода и генерациски став – ПУМПАЈ!Со секое скандирање, со секој транспарент на кој се појавуваше, овој израз ја напушташе територијата на баналноста и стануваше повеќе од збор – стануваше порака, гест, енергија на еден бунт.„Пумпај“ си го најде патот до срцето на протестите, не само како слоган, туку како симбол на моменталната борба, несогласување, отпор. Го користеа студенти, пензионери, глумци, наставници, но и сите оние кои се чувствуваа изнемоштено, омаловажено или загрозено. Изразот – спонтан, а сепак совршено прецизен – создаде атмосфера која истовремено беше сериозна и разиграна. Но, како една фраза што порано ќе ја чуевме на свадба, во кафана или теретана, заврши на протестни маршеви, блокади на мостови и студентски барикади?„Пумпај“ е всушност народска и поп-културна парола која преку сарказам и повторување го искажа чувството на неприфаќање, провокација, но и надеж. Стана начин да се каже сѐ – без да се каже експлицитно ништо.Дали е ова само моментален тренд или во него се крие нешто подлабоко? Ако судиме според улиците во Белград, одговорот е јасен: „Пумпај“ не е само фраза – тоа е пулсот на еден отпор.

Свет | пред 7 месеци

zaev-filipce-1

Кандидатот за градоначалник на Штип, покажува колку СДС е безнадежна, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со тоа повторно се покажува колку СДС се безнадежни и нереформирани.Да не ја заборавиме неговата сторија.За време на владеењето на Заев, Павел Иванов беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, додека пак неговата сопруга со амин од Заев, во тој период, беше наградена и истата беше поставена за директор на Меѓуопоштинскиот центар за социјална работа во Штип.Меѓутоа, тоа како да не беше доволно, па истата директорка, по одреден период, беше повторно наградена и беше избрана за советник во Општина Штип, а нејзиниот брат Иле Илиев беше носител на листата на СДС и исто така беше избран за советник во Општина Ново Село, се разбира со дозвола од Заев.За работите да се уште потрагични, Илиев додедил на 70 години користење, државно земјиште од 20.000м2 посадено со лешници на својата сопруга, а 4700м2 во Суитлак на користење на својот татко.Луѓе кои се огледуваат на Заев и Филипче, не може да поминат без некаков скандал.Павел Иванов е продолжена рака на Заев и Филипче. На Штип му треба чесен човек со визија, каков што имаат изминативе 4 години, а со сигурност и наредните 4 години.

Македонија | пред 7 месеци

latas-kostadinov

Народот заслужува да знае која е целта на Филипче со разгорувањето тензии, предизвикани од заканите на Костадинов за ликвидација на новинар, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Веќе трет ден изминува, а СДС и Венко Филипче уште громогласно молчат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.Нивниот молк е доказ дека зад заканите и говорот на омраза на Костадинов кон новинарот, стојат токму Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев.До некаде, молкот на Филипче и не изненадува толку. Затоа што, тоа Костадинов се охрабрува и зема сила јавно да се заканува со ликвидација на новинар, е и директно мотивирано токму од Венко Филипче.Затоа што тој креира и шири атмосфера на паника, страв и хаос, со цел дестабилизација, како што беше и примерот со неговиот советник во Кочани.Тоа што СДС и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото.На очајниот Венко Филипче не му останува друг начин да го привлече вниманието на јавноста, па ги пушта своите пулени и послушници, како Костадинов, да сеат страв и да разгоруваат тензии.Ваквото примитивно однесување и јавни закани од избрани функционери, не смее да поминат неказнето.Затоа, очекуваме и го повикување Јавното обвинителство да го процесуира случајот и да отвори постапка против струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.Од друга страна, пак, се ближат избори и народот заслужува да знае кој е Венко Филипче, затоа бараме јавно да појасни што точно застапува и која му целта.

Македонија | пред 7 месеци

515233526_1280835643412094_1088667511975920486_n

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија - албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата чаршија на Скопје“. На сликата нема македонско знаме, туку само албанско, а се гледа во друштво на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и со поддржувачи и граѓани, од кои некои се фотографирале, еден од нив облечени во албанска народна носија.[caption id="attachment_341823" align="alignnone" width="679"] Screenshot[/caption]Неговиот престој доаѓа во чувствителен политички момент, кога албанскиот политички блок е во фаза на престројување пред изборите. Иако без официјална агенда, симболиката на посетата и изборот на локација оставаат простор за политичка интерпретација.Засега нема потврда дали Еди Рама ќе се сретне со државни функционери или ќе одржи јавен настап, но неговата прошетка со претставници на ДУИ низ срцето на Скопје остава силна политичка порака.Со фотографии од нивната заедничка дружба, се јави и Османи, кој напиша „Премиерот на европска Албанија ја донесе духот на еднаквоста и европската иднина во срцето на Скопје, во Чаир!“.[caption id="attachment_341825" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]Објава на социјалните мрежи има и Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса на Албанците.„Со премиерот кој ја носи Европа толку блиску до Балканот“, напиша тој со фотографијата.[caption id="attachment_341827" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Најчевска: Бујар Османи мора да одговара за велепредавство – време е Македонија да постави услови кон Бугарија

Професорката по право Мирјана Најчевска вели дека е време „да се залечат раните кои ѝ беа нанесени на Македонија од страна на Бујар Османи“, обвинувајќи го поранешниот министер за надворешни работи дека направил чекори кои донеле тешки последици по државата.Според неа, првиот неопходен чекор е во Собранието да се отвори расправа за вториот протокол со Бугарија, со цел да се побараат измени.„Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или, во најмала мера, за злоупотреба на службена должност со која нанел трајни и многу тешки штетни последици за државата“, наведува Најчевска.Во својот јавен став, таа повикува државата да заземе поинаков пристап кон односите со Софија, поставувајќи јасни услови и барања.„Македонија треба да почне да поставува барања и услови во насока на доказ за добрите намери на Бугарија и нејзината посветеност на добрососедските односи“, вели таа.Меѓу тие услови, Најчевска ги издвојува:Извинување од Бугарија за злосторствата направени за време на фашистичката окупација во Втората светска војна.Репарација на штетите нанесени на Македонија во тој период.Заштита на правата на Македонците во Бугарија и надомест на штетите направени преку непочитување на меѓународни договори и вредности на Европската Унија.Според неа, само преку вакви конкретни чекори може да се врати достоинството на македонската држава и да се воспостави правична основа за било какви добрососедски односи.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск му се заканува на Трамп, но нема моќ да го сруши?

Кога станува збор за политика, Илон Маск не се снаоѓа толку добро како во бизнисот. Иако вчера му се закани на Доналд Трамп и на републиканците како никој досега, шансите да ја реализира таа закана се мали.За време на расправата за новиот закон за буџетот, Маск објави серија пораки на платформата X. Во една од нив директно се закани со политичка одмазда: „Секој член на Конгресот што кампањата ја базираше на намалување на потрошувачката, а потоа гласаше за најголемото зголемување на долгот во историјата – треба да се срами! Ќе ја изгуби изборната трка следната година, макар тоа било последното нешто што ќе го направам во животот.“Изјавата е најостриот напад на Маск досега кон Трамп и Републиканската партија – и тоа од некој што до неодамна важеше за негов близок сојузник.Но, според анализа на CNN, Трамп нема сериозна причина за загриженост. И покрај тоа што Маск успеа да ја трансформира автомобилската и вселенската индустрија, ништо не укажува дека може истото да го направи со Републиканската партија.Маск, кој кратко време беше именуван од Трамп на чело на Одделот за ефикасност на владата, сега најавува политички отпор: сака да финансира предизвикувачи на сите републиканци кои го поддржале контроверзниот закон и размислува за основање своја партија – America Party.Иако има ресурси за тоа – Маск вложил околу 300 милиони долари во политички кампањи, вклучително и во кампањата на Трамп – неговото влијание во партијата е ограничено. Како сопственик на X, може да води онлајн кампањи против републиканци, но досега се воздржувал од директна конфронтација со Трамп.Во исто време, Маск го губи теренот и меѓу гласачите. Неговиот најгласен политички обид – поддршката за конзервативен кандидат на изборите за Врховниот суд во Висконсин – заврши со пораз. Според CNN, резултатот можеби би бил подобар да не се вмешал.Главната пречка за Маск, според политички аналитичари, е што нема сопствена политичка база. Трамп веќе десет години ја доминира Републиканската партија и има силна, лојална поддршка. Дури и кога Маск беше негов најгласен сојузник, никогаш не беше централна фигура во движењето MAGA.Сега, Маск се приближува до либертаријанското крило на партијата, како сенаторот Ранд Пол, кој исто така гласаше против законот. Но, како што потсетува CNN, ваквиот курс досега не донел победа на национално ниво.Иако Маск не може да биде кандидат за претседател поради тоа што е роден надвор од САД, најави дека ќе основа своја партија доколку законот се усвои: „Ако овој луд закон помине, веќе утре ќе ја основам America Party. Оваа земја заслужува алтернатива на двопартискиот монопол.“Сепак, како што пишува CNN, трета партија во американската политика е тежок предизвик – потребно е да се скрши емоционалната и историска врска што гласачите ја имаат со двете големи партии. Единствен кој бил блиску до тоа е Рос Перо во 1992 година, кој освои 19% од гласовите, но не победи во ниту една сојузна држава.Во меѓувреме, Доналд Трамп остро возврати. Во неодамнешна изјава го нарече Маск „DOGE чудовиште што можеби ќе мора да го изеде“, алудирајќи на можноста да ја употреби извршната власт против него.Маск веќе плаќа цена за политичкиот раскол: дел од пазарот му се сврте, а акциите на неговите компании паднаа. И додека неговото влијание во технологијата останува големо – Starlink е клучен за Украина, а SpaceX за американската вселенска програма – неговата политичка моќ останува скромна.„Никој веќе не се грижи што ќе каже Илон“, изјавил неименуван висок функционер од Белата куќа за CNN.

Свет | пред 7 месеци

avion

Драма во авиоиндустријата: Компанија мета на хакерски напад, компромитирани податоци на шест милиони корисници

Австралиската авиокомпанија Qantas во средата потврди дека била мета на кибер-напад, при што хакери дошле до лични податоци на околу шест милиони нејзини корисници. Од компанијата информираат дека системот во меѓувреме е ставен под контрола и дека нападот не влијаел ниту врз безбедноста, ниту врз оперативното работење на авиокомпанијата.„Нема влијание врз летовите или безбедноста“, се наведува во соопштението на Qantas.Од компанијата објаснуваат дека околу шест милиони клиенти имаат сервисни записи на платформата која е сопственост на трета страна, и дека токму таму во понеделникот е забележана „невообичаена активност“.„Ја продолжуваме истрагата за обемот на украдените податоци, но очекуваме количината да биде значајна. Почетната анализа потврди дека меѓу податоците се наоѓаат имиња на корисници, електронски пошти, телефонски броеви, датуми на раѓање и броеви на членство во програмата за лојалност“, стои во соопштението.Qantas нагласува дека не се украдени податоци од кредитни картички, лични финансиски информации или пасоши. Исто така, според компанијата, ниту еден профил во програмата Frequent Flyer не е компромитиран, а хакерите не дошле до лозинки, PIN-кодови или податоци за најава.Извршната директорка на Qantas Group, Ванеса Хадсон, изјави дека компанијата тесно соработува со австралиските државни институции и експерти за кибер-безбедност. Компанијата им се извини на корисниците за настанатиот инцидент.

Свет | пред 7 месеци

zagreb

Имал 1,88 промили алкохол во крвта, а возел слалом низ Загреб, полицијата го казни 2.800 евра

Четириесет и шестгодишен жител на Загреб направил низа прекршоци во неделата навечер, предизвикувајќи немири меѓу возачите со своето возење слалом. Околу 20:40 човекот се осмелил да вози кон исток по Љубљанската авенија со ниво на алкохол во крвта од 1,88. Најмалку еден километар, како што велат од полицијата, тој преминувал сообраќајни ленти.Сепак, полицијата го пречекала на раскрсницата на Загрепската авенија и улицата Свилковиќи.Полициските службеници утврдиле дека тој немал регистарска табличка за возилото што го управувал. Потоа му направиле алкотест, откриле и дека неговата возачка дозвола била одземена на почетокот на 2023 година.Резимето на постапката е апсење на несовесен возач кој бил придружуван од полицијата до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.Иако полицијата му предложи на судот да го прогласи човекот за виновен и да му изрече казна од 30 дена затвор со шестмесечна забрана за управување со возило од категорија Б, судот одлучи да го „удри“ по џебот со изрекување казна од 2.800 евра.

Актуелно | пред 7 месеци

IMG_6873

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија нуклеарниот објект во Фордо

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект „Фордо“ предизвикало „сериозна и тешка штета“ врз постројката, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Араки во интервју за CBS News.„Никој точно не знае што се случи во Фордо. Сепак, она што досега го знаеме е дека постројките се сериозно и тешко оштетени“, изјави Араки. Тој додаде дека Организацијата за атомска енергија на Иран во моментов врши проценка и анализа на состојбата, по што ќе ѝ биде доставен извештај на владата.Иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите „целосно го уништиле“ иранскиот нуклеарен програм, неименувани американски извори за Washington Post наведуваат дека е потребно време за да се утврди вистинскиот обем на штетата. Притоа, се наведува дека пресретнати ирански комуникации намерно ја минимизираат нанесената штета.Во ноќта помеѓу 21 и 22 јуни, САД изведоа воздушни напади врз три клучни ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанз и Исфахан – во рамки на операцијата со кодно име „Полноќен Чекан“. Нападите беа директен одговор на загриженоста околу нуклеарниот програм на Иран и следуваа по неочекуваните израелски воздушни удари врз Иран од 13 јуни, со кои започна нов бран на тензии меѓу двете земји.Според Пентагон, нападите биле извршени со користење на најсовремена воена технологија, меѓу која и бомбардера B-2 Spirit, „бункер-бастер“ бомби GBU-57/B, како и ракети Tomahawk истрелани од американски подморници. Целта на операцијата била да се оневозможи капацитетот на Иран за збогатување на ураниум и да се нанесе значаен удар на нуклеарната програма.Воените власти на САД посочија дека ова е прва оперативна употреба на толку моќни бомби. Прелиминарните проценки укажуваат на сериозно оштетување на иранските центрифуги и инфраструктура, иако конечната проценка на штетата сè уште не е објавена. Иранските власти тврдат дека последиците се минимални, но американски извори велат дека иранскиот нуклеарен капацитет е значително назадуван – барем на неколку месеци.Нападите предизвикаа силни реакции во меѓународната заедница, загриженост за можна ескалација и одмазда од страна на Иран, како и дебата во самите САД за правната основа и долгорочните импликации од ваквиот потег. Иран официјално ги осуди нападите, прогласи крај на дипломатските напори и најави дека си го задржува правото на самоодбрана. Од Вашингтон, пак, порачаа дека целта не била промена на режимот, туку „неутрализирање на нуклеарната закана“.

Свет | пред 7 месеци

ukraina41

ISW: Путин не се откажал од уништување на Украина – Русија тестира слаби точки на фронтот

Кремљ и понатаму јавно изнесува територијални барања кои се протегаат надвор од веќе окупираните делови на Украина, што укажува дека рускиот претседател Владимир Путин не се откажал од својата цел – уништување на Украина, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW) од Вашингтон.Иако медиумите со месеци предупредуваат на наводна голема летна руска офанзива, аналитичарите посочуваат дека руската тактика е значително поинаква. Според ISW, руската армија, користејќи го предимството во бројност и ниската чувствителност кон сопствените жртви, тактички испитува различни делови на фронтот, а потоа со полна сила напаѓа каде што ќе идентификува слабост – како што се случи минатиот месец во Сумската област.Ова ја принудува украинската команда постојано да прераспределува елитни единици, обидувајќи се да ги затвори празнините во одбраната, што, според извештаите, ги исцрпува украинските сили.И покрај ваквите тактики, линијата на фронтот не претрпела значителни промени. Во понеделникот, украинската платформа Deepstate објави дека руските сили напредувале околу 800 метри во Дњипропетровската област – информација што истовремено ја пренесоа и руски медиуми за време на викендот.Меѓутоа, украинската страна тоа го демантира.„До 30 јуни не е забележан пробив на руските трупи на територијата на Дњипропетровската област. Борбите се водат во близина на административната граница“, изјави Виктор Трегубов, портпарол на Оперативно-стратешката група „Хортиција“.Слично соопштение стигна и од 3. Спартанска бригада на Националната гарда, која дејствува во Покровскиот правец: „Не можеме да потврдиме такви информации во областа за која сме одговорни“.Во Сумската област, украинските сили повторно ја презедоа контролата врз селото Андреевка, а напредок е забележан и кај населбата Алексеевка, при што руските сили биле потиснати подалеку од градот Суми.Според соопштението на Генералштабот во Киев, украинската војска планира нови активности на овој дел од фронтот: „Нашите сили ја држат одбраната на дефинирана линија и спроведуваат подготовки за понатамошни контраофанзивни дејства со цел потиснување на непријателот“.Покрај тоа, преку Telegram канали беше објавено дека украинските сили со британски крстосувачки ракети Storm Shadow погодиле објект во Донецк кој претходно припаѓал на Државниот институт за метали. Во зградата се наоѓале руски војници и се претпоставува дека има загинати.

Свет | пред 7 месеци

izrael-vojska

Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

САД ја стопираат испораката на клучно оружје за Украина

САД привремено ја прекинаа испораката на дел од противвоздушните проектили и друга муниција за Украина, поради загриженост за сопствените залихи, јавуваат извори запознаени со одлуката.Според два извора кои говореле за американските медиуми, одложувањето се однесува на дел од воената помош што ѝ беше ветена на Украина од претходната администрација на Џо Бајден. Меѓу засегнатите пратки се и пресретнувачки ракети наменети за соборување на руски дронови и проектили. Порталот Politico прв го објави извештајот во вторникот.Пентагон соопшти дека претседателот Доналд Трамп и натаму има можности за продолжување на воената помош во согласност со целта за запирање на војната.„Истовремено, Министерството темелно го преиспитува и прилагодува својот пристап за постигнување на таа цел, при тоа чувајќи ја подготвеноста на американските сили во согласност со одбранбените приоритети на администрацијата“, изјави Елбриџ Колби, заменик-министер за политика во Пентагон.Во исто време, Русија продолжува со постепено напредување на фронтот, преземајќи нови територии во југоисточните региони Донецк и Дњипропетровск. Зголемени се и воздушните напади на различни делови од Украина.САД веќе еднаш ја прекинаа испораката на воена помош – кратко во февруари, а потоа повторно подолгорочно во март. Последните пакети биле испорачани откако Трамповата администрација одобри продолжување на веќе договорената помош од времето на Бајден. Официјална потврда на новата политика сè уште нема.

Свет | пред 7 месеци

lokumades

Мафија со популарните локумадес во Грција: Криминална банда во Ситонија се заканувала по живот и ги уценувала другите продавачи

Судот во Грција го прогласи за виновен 42-годишен маж, кој бил главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година и тој доби затворска казна од 16 години. Како што јавуваат грчките медиуми, криминалната група вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, кои туристите ги знаат како локумадес. Тоа се случувало на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.Во текот на летото 2021, грчката полиција разбила криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица, а сега, дел од нив биле ослободени, дел прогласени за виновни со парична казна.Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.Мафијата со лукумадес, како што наведуваат грчките медиуми, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра.фото: Unsplash

Актуелно | пред 7 месеци

1-1

Министерот Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Западниот Балкан е составен дел од Европа – потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.

Македонија | пред 7 месеци

milososki

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој дискутираше за Самитот ЕУ-Западен Балкан на којшто Македонија беше домаќин.На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на овој состанок, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати.„Според мене не беше случајно одбрана Македонија да биде домаќин на овој состанок, затоа што главната тема беше планот за раст на Европската комисија, рефлектиран преку реформските агенди на сите земји од регионот, во тој дел Македонија досега направи најдобри резултати, покажа една добра реформска агенда и во однос на нејзината реализација мислам дека сме една од земјите коишто имаа подобар просек на реализација. Сето ова е на некој начин признание за реформската определба на Владата, и искажување на еден респект кон македонската Влада, да биде домаќин на една ваква средба каде што Европската комисија ги презентираше следните чекори во однос на земјите кандидати за членство на ЕУ“, објасни Милошоски.Пратеникот истакна дека Македонија е над просекот од 75% по однос на исполнување на реализација на реформската агенда.„Моите информации се дека Македонија е над од оној просекот од 75% што го спомна еврокомесарката Кос по однос на исполнување на реализација на реформската агенда. Тоа покажува дека кога на државата и на македонската Влада ќе и се дадат параметри коишто се мерливи и не зависат од билатерални препреки, злоупотреби тогаш резултатот и исходот и оценките се високи“, истакна Милошоски.Милошоски објасни дека однесувањето на бугарските парламентарци на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот.„Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени лековичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања“, истакна Милошоски.Милошоски на крај истакна дека каков и да биде исходот сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.„Каков и да биде исходот, тоа што се случуваше во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за нас треба да биде сметано како успех, затоа што сите видовме дека Македонија кредибилно тврди дека менувањето на преамбулата не е единственото барање и пречка зошто ние не ги отвараме преговорите за членство. Дури и да се случи во Европскиот парламент да има и пресврт и извештајот да не помине заради противењето на бугарските европратеници тогаш барем ќе бидеме на јасно за што станува збор, дека не станува збор за реформи во здравство, во образование туку станува збор за менување или одново пишување на историските читанки во изминативе 150 години“, дециден е Милошоски.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5572

(Видео) „Ќе има сериозни проблеми со обвинението за трагедијата во Пулс, oчекуван е проблем и со докажувањето“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, во гостување во емисијата „Претрес“, изјави дека обвинителниот акт за трагедијата во Кочани е поставен на правно проблематичен начин.„Ако мисли јавниот обвинител дека завршил работа со тоа што поднел обвинение, за кратко време ќе сфати дека е во голема заблуда. Затоа што овде се работи за исклучително сложен предмет со многу правни замки, кои влијаат, значи, и на успехот, односно основаноста на поднесеното обвинение“, рече тој.Туфегџиќ укажа и на пропусти во пристапот на институциите: „Мислам дека некои работи се од обвинителско-полицискиот менаџмент пропуштени и испуштени, а тоа е мениџирање со семејствата на и загинатите и настраданите. Уште ние немаме јасна слика и дефиниција кој таму се гони, за што се гони и понатаму, очекувам сериозни проблеми во тоа обвинение.“Осврнувајќи се на содржината на обвинението, тој додаде: „Ако е тоа така, ако е унифицирано поставена равенката, односно кривичното дело, очекувам проблем во докажувањето, кои сега за сега не би го коментирал. Меѓутоа гледам, а по однос на поврзаноста на обвинетите и сообвинетите.“Според него, целиот процес се водел без јасна координација: „Останува впечатокот дека ние не се снајдовме баш најдобро во овој предмет. Прво требало да се мисли за надлежноста, навремено да се интервенира, навремено Врховниот суд да донесе одлука и така натаму.“На прашањето дали може да се очекува брза постапка со оглед на бројот на обвинети, Туфегџиќ одговори:„Како може да дојде до брза правда со триесет и четири обвинети во еден случај? Овој процес ќе трае. Мислам дека нашите политичари треба конечно да сфатат и некогаш нешто да научат од грешките на претходните“, додаде Туфегџиќ.„Брза правда не постои“, заклучи тој.ЦЕЛО ГОСТУВАЊЕ:

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Трамп слави, Маск бесен: Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка на ТрампПо повеќе од 24 часа преговори, американскиот Сенат со резултат 50-50 го изгласа новиот закон за даноци и државна потрошувачка предложен од претседателот Доналд Трамп. Одлучувачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој лично присуствуваше на гласањето.Иако сите демократи гласаа против законот, му се приклучија и тројца републиканци – Том Тилис, Ренд Пол и Сузан Колинс – што го доведе исходот во рамнотежа.Предлог-законот, кој ја зголемува државната задолженост за 3,3 билиони долари, ги вклучува многу од клучните политички приоритети на Трамп, меѓу кои и:кратење на финансирање за спроведување на федерални судски наредбиограничувања поврзани со имиграцијатапошироки овластувања за извршната властСега законот се враќа во Претставничкиот дом за финално одобрување.Бизнисменот Илон Маск објави анкета на платформата X во која прашува:„Треба ли да се дозволи укинување на финансирање за спроведување на судски одлуки – како дел од законот за буџет?“Иако формално насочено кон справување со нелегалната имиграција, Маск предупредува дека ваквата мерка „овозможува и други злоупотреби на претседателската власт“.Во исто време, Маск ја сподели проценката дека шансите тој да основа нова „Американска партија (America Party)“ до 2025 година скокнале на 41%.

Свет | пред 7 месеци

ChatGPT-Image-Jul-1-2025-05_58_56-PM

„Ние не сме полнети пиперки“ – бура реакции по навредливата изјава на Марта Кос

Изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена во Скопје, каде што го спореди македонскиот идентитет со традиционални јадења како „тавче-гравче“, „погача“, „пинџур“ и „полнети пиперки“, предизвика остри реакции во македонската јавност. Наместо топла порака за културна припадност, нејзините зборови беа протолкувани како површно и навредливо сведување на националниот идентитет на гастрономија.Димовски: Да беше ЕУ сериозна, ова ќе беше навредаПоранешниот пратеник Илија Димовски реагираше со саркастичен тон:„Паметен и досетлив сарказам беше дозволена политичка комуникација во време кога низ Европа имаше проникливи и ведри луѓе за лидери. Денес има се, освен тоа. Да беа сериозни во ЕУ, денешната изјава на Кос ќе требаше да ја сметаме за навреда“, напиша Илија Димовски.Давидкови-Јанковиќ: Срамно е што нема протестна нотаВо остро фејсбук-реагирање, од од канцеларијата Давидкови-Јанковиќ порачаа:„Срамна, недолична и безобразна беше изјавата на еврокомесарката Марта Кос. Не се идентификува овој народ со полнети пиперки и пинџур, ниту со ајвар , ниту со погача. Овој народ се идентификува со своите гени и корени кои се протегаат многу далеку и многу длабоко во историјата. Овој народ се идентификува со сета своја макотрпна борба за слобода, се идентификува по свој јазик и култура, со своите обичаи и гостопримство, кое вие очигледно ниту знаете да го цените , а ниту понешто за нас да научите. Нема да пишувам за генерации просветители но ќе ве потсетам на Кирил и Методиј, на Охридската архиепископија, на фреската од Курбиново која е постара од онаа во Рим. Срамно би било јас вас да ве идентификувам по компирот, јодловањето и кратките панталони, затоа и нема да го направам тоа, затоа што сме ние кроток и гостопримлив народ кој никогаш по туѓото не посегнал. Срам да им е на министерот за надворешни работи што нема протестна нота, срам да ви е на сите вас политичари што не доведовде до ваква состојба и положба, ние не сме полнети пиперки, многу многу повеќе сме од тоа“, напишаа од Давидкови-Јанковиќ.Србов: Никој не ни ги оспорува рецептите, туку историјатаПолитичкиот аналитичар Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ порача:„Почитувана Кос, нашиот идентитет не се полнетите пиперки и тавче гравче, и никој не ни ги оспорува рецептите и кулинарските вештини. Нашиот идентитет е нашето минато, нашето општествено и политичко минато, и токму тоа некој ни го оспорува и сака да ни го промени“, напиша Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.Многуфина: Летна манџа за идентитетСо силна доза иронија и општествена критика, инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина напиша:„Како што разбрав нашиот идентитет е летна манџа. И манастирите, ок, ама тие малку опљачкани ни се, ајварот ни го земаа други, името го дадовме, јазикот глеам нешо се дешава таму, културата одвај ја држиме додека оди во турбо траш... значи пиперки ни останаа за летна манџа и останува уште да ја романтизираме сиромаштијата од типот "абе све ви сменија ама пиперките никој не може да ги пуни ко вие" и ние да викаме "да, да муце, може немавме многу ама бевме среќни со пиперките". За идентитет не било битно име и јазик и фолклор туку тавче гравче и пунети пиперки ко да сме ресторан и аплицираме за Мишелин ѕвезда со Алачка за претседател“ напиша Ина Многуфина.Туфегџиќ: Сакаат тивко да ни сервираат нов идентитетАдвокатот Владимир Туфегџиќ изрази сомнеж дека вакви изјави не се случајни:„Да не бидеме наивни, овакви политички гиганти од ЕУ очигледно имаат задача онака лагано али сигурно на тивка ватра, да не спремаат да ја прифатиме новата кафанска тавче гравче дефиниција за нашиот национален идентитет. Додуше, кога ќе размислам подобро, а можда на женава државава стварно и личи на кафана, онака од страна гледано“, напиша адвокатот Владимир Туфегџиќ.Настапот на Кос, наместо да ја приближи Унијата до македонските граѓани, отвори стари рани и предизвика сериозен сомнеж дали ЕУ навистина ја разбира длабочината на борбата за македонскиот идентитет. Политичката порака – ако постоела – се изгуби во несреќната и, според многумина, понижувачка споредба.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-17.36.14

(Видео) Големи пожари кај Марвинци и Фурка – се бара и хеликоптерска поддршка

Два одделни пожари избувнаа денеска попладне во југоисточниот регион на државата – кај селата Марвинци (општина Валандово) и Фурка (општина Дојран), при што гори сува трева и ниска вегетација.Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кај селото Марвинци интервенира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожарот засега се држи под контрола, но гаснењето е отежнато поради топлото време и ветерот.Пожарот кај селото Фурка е поинтензивен и проширен, па на терен се ангажирани:ТППЕ Гевгелија со едно возило и тројца пожарникариДоброволното противпожарно друштво (ДППД) Дојран со едно возило и тројца пожарникариПоради сложеноста на теренот и ризикот од проширување на огнот, ЦУК процесуираше итно барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за вклучување на хеликоптер за гаснење од воздух. Од МВР е потврдено дека ќе биде испратен хеликоптер за поддршка.Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено и веднаш да пријавуваат појава на пожар, поради зголемената опасност од ширење во ек на летната сезона.

Македонија | пред 7 месеци

Marihuana

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања