Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
milososki

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој дискутираше за Самитот ЕУ-Западен Балкан на којшто Македонија беше домаќин.

На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на овој состанок, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати.

— реклама —

„Според мене не беше случајно одбрана Македонија да биде домаќин на овој состанок, затоа што главната тема беше планот за раст на Европската комисија, рефлектиран преку реформските агенди на сите земји од регионот, во тој дел Македонија досега направи најдобри резултати, покажа една добра реформска агенда и во однос на нејзината реализација мислам дека сме една од земјите коишто имаа подобар просек на реализација. Сето ова е на некој начин признание за реформската определба на Владата, и искажување на еден респект кон македонската Влада, да биде домаќин на една ваква средба каде што Европската комисија ги презентираше следните чекори во однос на земјите кандидати за членство на ЕУ“, објасни Милошоски.

Пратеникот истакна дека Македонија е над просекот од 75% по однос на исполнување на реализација на реформската агенда.

— реклама —

„Моите информации се дека Македонија е над од оној просекот од 75% што го спомна еврокомесарката Кос по однос на исполнување на реализација на реформската агенда. Тоа покажува дека кога на државата и на македонската Влада ќе и се дадат параметри коишто се мерливи и не зависат од билатерални препреки, злоупотреби тогаш резултатот и исходот и оценките се високи“, истакна Милошоски.

Милошоски објасни дека однесувањето на бугарските парламентарци на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот.

„Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени лековичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања“, истакна Милошоски.

Милошоски на крај истакна дека каков и да биде исходот сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.

„Каков и да биде исходот, тоа што се случуваше во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за нас треба да биде сметано како успех, затоа што сите видовме дека Македонија кредибилно тврди дека менувањето на преамбулата не е единственото барање и пречка зошто ние не ги отвараме преговорите за членство. Дури и да се случи во Европскиот парламент да има и пресврт и извештајот да не помине заради противењето на бугарските европратеници тогаш барем ќе бидеме на јасно за што станува збор, дека не станува збор за реформи во здравство, во образование туку станува збор за менување или одново пишување на историските читанки во изминативе 150 години“, дециден е Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7tino8h7lt072n6cQZ2

Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library5j791rjd0ptj6oSyPHO

„Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут“, вели Милошоски

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl1jnkt7kc5as6p1VDBt

Милошоски со обвинувања за обвинителката Коларевиќ и предметот за мазут од 167 милиони евра

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl1jnkt7kc5as6p1VDBt

Милошоски: Абази и Коларевиќ намерно ги испуштиле извештаите на ДЗР за случајот „Мазут” во кој е утврдена штетноста на мазутот за ТЕЦ Неготино

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања