Скопје1.мк

Screenshot-2025-07-02-at-15.36.40

(Фото) Голем пожар на Ситонија: Туристите од Вурвуру се евакуираат кон Никити

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на туристичкото место Вурвуру на вториот крак на Халкидики – Ситонија, во реонот Ливари. Грчките власти издадоа итна наредба за евакуација на туристите и локалното население кон местото Никити, додека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот и топлото време.На терен се распоредени 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, а гаснењето се поддржува и од воздух со осум авиони и еден хеликоптер, што сведочи за сериозноста на ситуацијата.Преку системот 112 граѓаните добија порака за итно повлекување од погодената област. Поради опасноста, патот од Ормос Панагиас кон Вурвуру е затворен.Грчките служби апелираат сите кои се во близина да останат смирени, но и будни, и строго да ги следат инструкциите за евакуација. Нема информации за повредени, но пожарот сè уште не е ставен под контрола.

Свет | пред 7 месеци

photo_2025-07-02_14-31-44

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари - пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

„Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари“ , велат од Левица и додаваат:Во државата моментално има само еден исправен ер трактор за гаснење на истите. После една година власт на ДПМНЕ и ЗНАМ, условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар. Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место.Власта никако да ја научи лекцијата и покрај тоа што минатата година изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 4% од територијата на Македонија. Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување наместо да се заложи за обезбедување на ер трактори, ја лаже јавноста дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали тој ќе поднесе одговорност, доколку и ова лето ни се случи катастрофа со пожарите како и претходното, со оглед на тоа дека со негова одлука Стојанче Ангелов е преземен како кадар на валдата на СДС и ставен да управува со овој важен ресор од неговата влада?Потсетуваме, при креирањето на Буџетот за 2025 година, пратениците на Левица поднесоа амандман 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини за да се прераспределат на територијалните противпожарни единици. За жал, владејачкото мнозинство од ДПМНЕ одби да го прифати овој амандман, што неминовно ќе доведе до потешкотии со превенирање на пожарите и несомнено ќе ги доведе шумите, но и граѓаните во опасност.Државата сè уште е во катастрофална состојба и не може да превенира или да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и не инвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња! Доколку државата итно не интервенира со неопходното купување на нова противпожарна опрема, техника како и обучување на пилоти и зголемување на бројот на ер тракторите, превенција од нови катастрофи тешко дека ќе има.

Македонија | пред 7 месеци

Fatmir-B-SDSM

Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ - рече Битиќи.Наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.“Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот „рекорден инвестициски циклус“. Реториката со алтернативни пресметки не го заменува вистинското отчетување.Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка, потенцираше Битиќи.Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.„Во структурата на расходите се открива политичката агенда на Владата, која сè поотворено го користи буџетот за предизборна мобилизација. Зголемувањето на пензиите за околу 40 милиони евра укажува на ново предизборно зголемување кое не е резултат на одржлива реформа. Зголемувањето на платите за 14 милиони евра во јавната админстрација отвора простор за партиски вработувања, што ја поткопува институционалната професионалност и генерира долгорочни трошоци без развоен ефект. Особено вознемирувачки е скокот на расходите за договорни услуги за 30 милиони евра без зголемена отчетност, што отвора сомнежи за нетранспарентна и потенцијално коруптивна потрошувачка.“, рече Битиќи.Сето тоа се дополнува со зголемени трансфери од 3,8% до локалната самоуправа и тројно зголемени буџетски резерви (од 200 на 595 милиони денари) без прецизни и таргетирани програми.Во изборна година, ваквиот тренд повеќе наликува на финансиско вооружување за политичка потреба отколку на одговорно управување со јавните средства.

Македонија | пред 7 месеци

Skopje-nesreka

„Дедото што ги учеше децата на внимателност, сам стана жртва на безредие“ - зетот на загинатиот скопјанец прикажа дека и натаму има возила на пешачката патека

Бојан Бошковски, зет на загинатиот Југослав Николовски, објави детали за несреќата што се случила на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата, истакнувајќи дека станува збор за зона со засилен пешачки сообраќај каде во моментот имало над 30 деца.-Во погрешно време, на погрешно место, во држава во која безредието стана секојдневие… Југослав Николовски, дедо на Теа, Алек и Оги, излезе пред својата зграда на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата и таму, под прозорецот од својот стан, беше убиен од мотор кој дојде од зад грб. Во тој момент, на оваа т.н. „најпешачка“ зона во Скопје, имаше повеќе од 30 деца.Југо беше човекот кој се грижеше за целото маало, кој ги учеше децата да бидат внимателни, да гледаат лево и десно кога излегуваат на патеката кон паркот. Синоќа, токму тој стана жртва на хаосот и небезбедноста што владеат во нашето општество. Овој настан уште еднаш потврдува дека никој не е заштитен, дури ни на места кои треба да бидат најбезбедни – пешачките патеки во парковите.Ова се фотографии од „пешачката“ патека, направени во текот на само еден час, кои јасно го покажуваат вистинскиот проблем со кој се соочуваме секојдневно... Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Скопје | пред 7 месеци

IMG_5572

Судскиот процес за „Пулс“ преселен во Скопје, ќе го суди Кривичен суд

Предметот за одговорноста за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, денеска официјално беше префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, по одлука на Врховниот суд на Република Македонија.Како што информираат од Кривичниот суд, префрлањето е направено согласно решението на Врховниот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип. Главната причина за промената на месната и стварната надлежност е недостатокот на доволен број судии од кривична област во надлежните судови во Штип и Струмица, кои би можеле законски и ефикасно да постапуваат по сложениот предмет.„Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението“, стои во соопштението.Предметот, кој е заведeн под број КООА – 13/25, е оформен по обвинителен акт поднесен од Основното јавно обвинителство – Кочани. Според постапката, обвинителниот акт ќе биде распределен преку АКМИС-системот на совет за оцена на обвинение. Откако ќе биде доставен до обвинетите, започнува законскиот рок за поднесување приговори.По истекот на роковите и доколку се исполнат сите процесни услови, судот ќе закаже седница за оцена на обвинението. Од Кривичниот суд најавуваат дека странките и јавноста ќе бидат навремено известени за сите наредни чекори.Овој потег на Врховниот суд се смета за обид да се обезбеди праведно, транспарентно и стручно водење на процесот, за случај кој веќе подолго време го следи висок јавен интерес.

Македонија | пред 7 месеци

avtopat

Подгответе 16 евра за патарина од Прешево до Белград, српските автопати поскапуваат

Патувањето по автопатите во Србија ќе стане поскапо од 4 јули, кога стапува на сила најавеното покачување на патарините за приближно 4,2 отсто по километар, информира српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура. За да стапи на сила, потребно е покачувањето да биде формално одобрено и од Владата на Србија.Новите пресметки покажуваат дека возачите на патнички автомобили кои патуваат од граничниот премин Прешево до Белград, од петок ќе треба да платат 1.970 динари, односно околу 15,85 евра за патарина. За патување од Прешево до Суботица, цената ќе достигне 2.815 динари или приближно 22,64 евра.Колку ќе чини патарината зависи и од трасата по која се движите. Така, на пример:Белград – Димитровград: 1.740 динариБелград – Ниш: 1.170 динариСуботица – Димитровград: 2.575 динариНови Сад – Ниш: 1.490 динариНиш – Шид: 1.690 динариВозачите кои користат електронска наплата (TAG систем) и понатаму ќе можат да искористат одредени попусти, поради што се препорачува оваа опција – особено за оние кои често патуваат по автопатите.Сепак, надлежните предупредуваат на важен детаљ: доколку патникот ја изгуби картичката што ја добива при влез на автопатот, или истата е оштетена или постара од 24 часа, тогаш може да му биде наплатена патарина за најдолгата делница од трасата, како и дополнителни трошоци за итна административна постапка.

Македонија | пред 7 месеци

Toploten-bran

Екстремни горештини од утре го зафаќаат регионот – здравствените власти апелираат на внимателност кај најранливите!

Македонија се подготвува за нов, интензивен топлотен бран кој се очекува да го зафати целиот регион. Под влијание на многу топла воздушна маса од јужните краишта, од утре па сè до средината на наредната недела, земјава ја очекува период со исклучително високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку официјален допис.Времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, а температурите речиси насекаде ќе надминуваат 30°C. Во одредени делови од земјата термометрите ќе покажат и над 40°C. Според најавите, неделата попладне и вечерта може да донесе краткотрајна нестабилност со локални врнежи и грмежи.Во пресрет на жештините, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати сериозни препораки, особено насочени кон заштита на повозрасните граѓани, хронично болните и другите ризични групи.Според ИЈЗ, повозрасните лица треба да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено, особено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла, лесна и памучна облека, капи со широк обод, очила за сонце и задолжително користење заштитен крем со УВ фактор од најмалку 30 кога се излегува надвор.Исто така, важно е да се внесува повеќе течност од вообичаено – најдобро обична вода – и да не се чека до појава на жед. Се апелира на избегнување алкохол, пијалаци со кофеин и екстремно студени напивки, кои може да предизвикаат шок за телото. Доколку лицето има медицински препораки за ограничен внес на течности, неопходно е претходно да се консултира со лекар.Во делот на домашните активности, ИЈЗ советува да не се користат шпорети, рерни и други извори на топлина во најжешкиот дел од денот, бидејќи тоа дополнително ја зголемува температурата во затворените простории.– Хронично болните лица, особено оние со срцеви, белодробни и невролошки заболувања, мора строго да се придржуваат до овие насоки и редовно да ја земаат својата терапија – порачуваат од Институтот.Во случај на било какви промени во здравствената состојба, граѓаните треба веднаш да се јават кај својот избран матичен лекар – се наведува во соопштението.

пред 7 месеци

vmro

„Филипче и Заев се синоним за устен терор, неспособност и закани“, обвинува пратеникот Петрушевски

Обвинувања дека врвот на СДСМ стои зад повикот за линч на новинар упати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој смета дека молкот на Заев и Филипче е знак на одобрување и доказ за политиката на закани и страв која, според него, ја води СДСМ:Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар.Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар.Овие закани по живот врз новинар, докажуваат дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот.СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави.Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение.Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните!

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-12.56.35

Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, ќе има ли крај на ова?

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 19:30 часот на пешачката патека во близина на улицата „Ленинова“ во Скопје, кога моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Н. (68) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.По ударот, мотоциклистот го напуштил местото на несреќата. Од силината на ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде за жал подоцна им подлегнал на повредите.По објавувањето на трагичната вест, на социјалните мрежи се огласи и ќерката на загинатиот скопјанец, која сподели трогателна порака:„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед!!! Дали е тоа место за возење на мотори!? Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, напиша таа, додавајќи дека семејството ќе бара правда за својот татко.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Подметнат е пожарот на плацот во Кочани каде гореа возила, на камерите се гледа лицето кое го подметнало

Пожарот кој избувна на плац во близина на Кочани, бил подметнат. Ова го соопштува Обвинителството за „Скопје1“. Тие посочуваат дека биле прегледани снимки од надзорни камери, на кои е забележано лице кое го предизвикува пожарот во кои изгореа неколку автобуси. Пожарот беше во близина на бензиска пумпа, среде ноќ.„Извршен е увид на лице место, подигнати се материјални траги. Увидот го вршеа полициски екипи и стручни лица. Согласно увидот од видео материјалот, се гледа лице кое го подметнува пожарот. Дадени итни наредби до МВР за идентификација на сторител на евентуално кривично дело. Дополнително ќе има наредба за вештачење“, велат од МВР за „Скопје1“.Според МВР, изгореле три автобуси и комбе.

Македонија | пред 7 месеци

Min-za-zdravstvo

„Мој Термин“ со нова функција – системот ќе го поправаат преку вашите поплаки

Министерството за здравство најавува реорганизација на системот „Мој термин“ со цел да се обезбеди поефикасен пристап до специјалистички прегледи и да се воведе ред во упатувањето на пациентите низ различните нивоа на здравствена заштита.Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска истакна дека се подготвува нов систем базиран на јасни упатни протоколи, кој ќе биде поврзан со постојниот „Мој термин“. Преку овие промени, ќе се воспостави подобра координација меѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита.– Според проценките на медицински стручњаци, околу 70 проценти од пациентите кои сега се лекуваат на терцијарно ниво, всушност припаѓаат на секундарното. Тоа значи дека ќе мора јасно да се дефинираат критериумите за упатување – рече министерот Алиу на прес-конференција во Министерството.Тој најави дека ќе се воспостават индикатори преку кои ќе се утврдува дали лекарите во примарната и терцијарната здравствена заштита навистина ги даваат услугите кои им се доверени или само ги пренасочуваат пациентите кон повисоките нивоа.Дополнително, министерот посочи дека се прави анализа која ќе обезбеди податоци за реалната состојба со кадарот и инфраструктурата во здравството, нешто што досега недостасува. Во таа насока, наскоро ќе бидат достапни и транспарентни информации за бројот и распределбата на здравствените работници.Алиу потсети и дека секој петок, од 10 до 15 часот, во Министерството за здравство се одржуваат кратки средби од по 15 минути со граѓани кои однапред ќе закажат термин онлајн. Тој информираше дека сите термини за наредните три недели, почнувајќи од 4 јули, веќе се резервирани.Во насока на зголемена отчетност, воведена е нова можност граѓаните да пријавуваат неправилности во здравствениот систем преку веб-страницата на Министерството за здравство. Пријавувањето може да биде и анонимно, но доколку сакаат, граѓаните можат да остават телефон или емаил за да бидат контактирани доколку се потребни дополнителни информации.Покрај тоа, при пријавата може да се приложат фотографии или документи кои го поткрепуваат случајот – на пример, за подолго чекање или друга нерегуларност. На крајот од секој месец, ќе се објавуваат податоци за тоа колку пријави се поднесени и во кои јавни здравствени установи.На денешниот брифинг беше најавено и дека се работи на измени во одредени закони поврзани со здравствениот систем.

Македонија | пред 7 месеци

BE07C998-88DB-4206-839E-82F8C1380A0F

Избегал возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на Кеј - детали од МВР

Возачот на мотоциклот со кој го усмрти скопјанецот Југослав Николовски избегал, а полицијата уште го нема најдено. Николовски излегол од домот за да фрли отпад до контејнерите кај Министерство за земјоделие, а возачот со голема брзина го прегазил и усмртил буквално под прозорот на зградата во која живеел.„Во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР за „Скопје1“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.ПРЕТХОДНО:

Скопје | пред 7 месеци

SDSM

СДСМ со жестоки критики за ребалансот на Буџетот: Власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

СДСМ обвинува дека предложениот ребаланс на Буџетот е показател за, како што велат, целосен економски неуспех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, наместо подобрување на состојбите, овој ребаланс ги открива вистинските приоритети на власта – луксуз и расипништво на грбот на граѓаните.„Овој ребаланс ја разоткрива вистината – дека економијата тоне, граѓаните се оставени сами на себе, а власта продолжува да се луксузира додека ги задолжува идните генерации“, се наведува во соопштението на СДСМ.Според партијата, во ребалансот нема средства за зголемување на платите во здравството и образованието, ниту за социјална поддршка, а изостанува и финансиска помош за семејствата настрадани во Кочани.„Со овој ребаланс нема пари за соодветно и заслужено покачување на платите на работниците, за поголеми плати во образованието, здравството. Нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани. Нема пари за нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните, за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами на себе.“СДСМ обвинува дека власта ги намалува субвенциите и социјалните трансфери за 30 милиони евра, што директно ќе ги погоди земјоделците, работниците и ранливите категории. Истовремено, се зголемуваат трошоците за стоки и услуги на Владата – што партијата го оценува како расипничко трошење за „папаја, манго, приватни авиони и скапи авантури“.„Ова е срамно понижување. Владата избра да го штити својот луксуз, а не стандардот на народот.“Дополнително, СДСМ предупредува дека Владата ќе повлече 70 милиони евра од профитите на јавните претпријатија, што, според нив, ќе значи удар врз нивниот развој, врз економијата и услугите што ги нудат.„За Фондот за ПИОМ власта одвојува дополнителни 35 милиони евра. Ова значи дека придонесите не се наплаќаат доволно, дека дупката во Фондот за пензиско се зголемува. Ако вака се продолжи, идните пензии се доведуваат во прашање.“СДСМ посочува и дека до мај се реализирани само 22% од планираните капитални расходи – што е за 14% помалку во споредба со истиот период лани, година која, како што потсетуваат, актуелната власт самата ја нарекуваше „катастрофа“.„Со овој тренд не може да се исполни ни половина од тоа што се проектира. Празни ветувања, без реална имплементација.“Во делот за растот, СДСМ критикува дека Владата се фали со 3% економски раст, иако сами проектирале 3,7%. „Тоа е ползење, не развој“, велат од партијата, потсетувајќи дека во 2021 година, растот изнесувал 4,5%.Истовремено, предупредуваат и дека во 2024 година јавниот долг е зголемен за 1,1 милијарда евра, што ја доведува државата до рекордни 62,4% долг од БДП.„Во ребалансот ги нема 7 милијарди евра од Британија. Тоа значи дека нема договор за изворите на парите, не се знае каматата, не се знае ништо. Како тогаш се лицитира со проекти ако нема извори на финансирање и камати?“Поради сите овие причини, СДСМ поднесе вкупно 160 амандмани, со цел – како што наведуваат – да се поправат грешките во ребалансот. „Денеска објавуваме дел од нив“, се наведува во соопштението:„– 934 милиони денари за финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани– 60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани и 20 милиони за нова опрема во болницата во Кочани– Апарати за магнетни резонанци, 20 дефибрилатори, 10 вентилатори, 50 кислородни боци, инсулински боци, за здравството и брзата помош– Зголемување на студентски стипендии и поддршка за студенти од ранливи семејства– Бесплатен превоз за ученици во руралните средини– 10% зголемување на платите на наставници во основно и средно образование– Пари за колекторски систем во Дојран, Дом за стари лица во Штип, откупен центар за земјоделски производи во Охрид, Жичарница на Пелистер, поликлиника во Кисела Вода, градинка во Крњево– Повеќе пари за реконструкција на училишта, градинки, патишта, канализации, водоводи низ различни општини во државата, за Сојузот на борци од НОБ.“„Ова се реални и одговорни предлози за кои има простор во буџетот, но треба да се намали луксузирањето и расипништвото на власта“, нагласуваат од СДСМ.На крај, партијата упати апел до сите пратеници да ја поддржат иницијативата, независно од партиската припадност:„Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Време е за економија која им помага на граѓаните, на земјоделците, работниците, наставниците, лекарите, на повредените и семејствата од Кочани. Македонија заслужува повеќе! Не за луксузирање на власта, ДА за повеќе пари кај народот и конечно поддршка за Кочани“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec-35

Жена од Битола лажела дека работи во МВР и измамила сограѓанин за 22.500 евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола, осомничена за измама, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, во периодот од септември 2024 до април 2025 година, М.Л. со лажно претставување довела во заблуда 64-годишен битолчанец, тврдејќи дека е вработена во МВР и дека може да му помогне неговиот син да се вработи во Министерството, како и за други постапки.Во повеќе наврати, оштетениот ѝ исплаќал пари во различни суми, сè додека вкупниот износ не достигнал 22.500 евра.Против М.Л. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола за кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 7 месеци

Paricna-pomos-za-prvacinja-1

Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година,се наведува во соопштението.Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Македонија | пред 7 месеци

Iran

Забранет влез во Иран за шефот на МААЕ, Техеран ја прекина соработката со Агенцијата за атомска енергија

Иранскиот претседател Масуд Пешекијан ја суспендираше соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), што беше официјално потврдено по неодамнешната 12-дневна војна меѓу Иран и Израел. Оваа одлука беше објавена од иранската државна телевизија, а законот за суспендирање на соработката беше усвоен од иранскиот парламент на 25 јуни, денот по завршувањето на конфликтот, а потоа потврден од Уставниот совет.Според официјалното соопштение, соработката со МААЕ ќе биде суспендирана додека не се исполнат одредени услови, вклучително и гаранции за безбедноста на иранските нуклеарни објекти и научници.На шефот на МАЕЕ му беше забрането да влезе во ИранПокрај тоа, Иран повеќе не му дозволува на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, да влезе во земјата или да инсталира камери за надзор во неговите нуклеарни постројки. Оваа мерка претставува значајна ескалација на односите меѓу Техеран и МААЕ, при што иранските власти ја обвинуваат агенцијата за пристрасност и молчење за време на американските и израелските напади врз иранската нуклеарна инфраструктура.Тензиите дополнително се зголемија откако МААЕ усвои резолуција на 12 јуни со која го обвинува Иран дека не ги исполнува своите нуклеарни обврски, што иранските претставници го наведоа како една од причините за последователните израелски напади.Груба критика на ГросиИранските медиуми и политичари остро го критикуваа Гроси, а ултраконзервативниот весник „Каџан“ дури го обвини за шпионажа за Израел, закана што западните земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Обединетото Кралство, остро ја отфрлија и осудија.Одлуката за прекин на соработката со МААЕ дополнително го комплицира меѓународниот надзор врз нуклеарната програма на Иран, особено откако иранските објекти во Фордо, Натанц и Исфахан беа цел на израелски и американски напади кон крајот на јуни.Иран: Американски бомби сериозно го оштетија ФордоОва им го отежнува пристапот и следењето на збогатувањето ураниум во Иран од страна на инспекторите на МААЕ, што ја загрижува меѓународната заедница за можното продолжување на нуклеарната програма на Иран без надворешен надзор.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.39.29

(Видео) Пак избувна пожар во депонијата во Визбегово

Гори депонијата во Визбегово – повторно. Густ црн чад се издига над северниот дел на Скопје и се шири кон градот, предизвикувајќи загриженост кај жителите.Ова не е првпат оваа летна сезона. Истата депонија гореше и на 30 јуни, кога од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот се реактивира постојано поради природата на отпадот.Граѓаните повторно се жалат на неподнослива миризба. Интервенираат од Противпожарната служба на Град Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

zmija-1

Што да направите ако ве касне змија: Беќаровски со важни совети

Во летниот период, кога се зголемуваат активностите во природа, постои и зголемен ризик од средби со змии. Токсикологот проф. д-р Нико Беќаровски објави корисни упатства за тоа како правилно да се постапи во случај на каснување од змија, потенцирајќи што треба, а што никако не смее да се направи.Што треба да направите:Останете смирени – паниката може да го забрза ширењето на отровот.Забележете го времето кога сте биле каснати – ова е важно за понатамошен третман.Отстранете ги чевлите, накитот и други предмети околу местото на каснување, бидејќи може да се појави оток.Имобилизирајте го делот од телото каде што се случило каснувањето – држете го на или под нивото на срцето.Веднаш побарајте медицинска помош – одете во најблиската болница и, доколку е можно, обидете се да ја опишете змијата која ве каснала.Што не смеете да правите:Не паничете – тоа ја забрзува циркулацијата и може да го влоши состојбата.Не ја засекувајте раната – тоа не помага и може да ја влоши повредата.Не обидувајте се да исмукувате отров од местото на каснување.Не ставајте мраз на раната – тоа може да предизвика дополнителни оштетувања.Не подврзувајте ја раката или ногата над местото на каснување – тоа може да го влоши протокот на крв.Не пијте алкохол или кафе – тие го забрзуваат срцевиот ритам и циркулацијата, што може да го зголеми ширењето на отровот.Со овие препораки, д-р Беќаровски апелира на внимателност и информираност, бидејќи навремената и правилна реакција може да спаси живот.

Коментари | пред 7 месеци

1681115444_zelenski

Најавена одмазда: Во руски ракетен напад убиен командант на украинска бригада – 30 ранети

Во руски ракетен напад врз селото Хуљајпоље во Днепропетровската област, убиен е командантот на украинската 110-та посебна механизирана бригада, Серхиј Захаревич, а уште 30 лица се ранети. Веста ја потврди претседателот на Украина, Володимир Зеленски.Нападот се случил вчера рано наутро во реонот Камјански, каде се наоѓа и селото Хуљајпоље – предвоено населено со околу 1200 жители, лоцирано на западниот раб од областа, околу 70 километри од линијата на фронтот.„Секако дека ќе одговориме на Русите за овој напад“, изјави Зеленски, додавајќи дека е во тек истрага и дека очекува извештај од военото раководство.Серхиј Захаревич дипломирал на Институтот за копнени сили во Одеса. Во февруари годинава бил назначен за командант на 110-та бригада, а претходно бил заменик-командант на 33-та механизирана бригада. Учествувал во бројни борбени мисии и важеше за припадник на новата генерација украински офицери – формирани во воени услови, ценети по храброст и воено лидерство.„Армијата изгуби уште еден претставник на генерацијата што израсна во војна и стана симбол на храброст и посветеност“, соопшти Главниот штаб на украинската армија.

Свет | пред 7 месеци

stojance-angelov

Еден „ер трактор“ подготвен, друг на пат, трет во дефект, а и пилоти сѐ уште во дефицит

Од трите противпожарни авиони „ер трактор“ со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во моментов целосно исправен и подготвен за акција е само еден. Вториот се очекува да пристигне до крајот на следната недела, а третиот има посериозен технички проблем, кој ќе бара повеќе време за поправка отколку што првично било планирано.Но, проблемот не е само во флотата – туку и во кадарот. Во моментов, само еден активен пилот е ангажиран во рамките на ДЗС. Како и минатата година, се очекува поддршка и од двајца пензионирани пилоти, кои и годинава ќе се вклучат во справувањето со пожарите.В.д. директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој на оваа функција стапи пред еден месец, уверува дека се прават напори за проширување на пилотскиот состав. Според неговите најави, до крајот на септември бројот на пилоти треба да се зголеми на вкупно пет.Во таа насока, вчера беше потпишан договор за повторен ангажман на двајцата пензионирани пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев, кои ќе управуваат со противпожарните „ер трактори“ во претстојната летна сезона, кога се очекува зголемен ризик од шумски пожари.

Актуелно | пред 7 месеци

kozuf

„Вленизација“ на Кожув: Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошки масакар

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната средина“ на планината Кожув, каде компанија во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – наводно сече илјадници квадратни метри шума заради приватни бизнис-интереси.Од Алијансата предупредуваат дека оваа активност сериозно го загрозува биодиверзитетот и еко-системот во регионот и ја поткопува квалитетот на животот на локалното население.Посебно остри критики упатија кон министерот за животна средина, Изет Меџити, кого го обвинија за молк и „неприфатливо однесување“.„Овој молк укажува на политичка и финансиска заробеност и го прави Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, неспособен да преземе мерки за заштита на животната средина“, велат од партијата.Во реакцијата се вели дека ова прашање не е само еколошко, туку и социјално и национално, и се нагласува дека Кожув не е „приватна сопственост за бизнис-интереси, туку заедничко богатство што мора да се заштити од уништување“.Од Алијансата најавуваат дека во следните денови ќе објават нови податоци за поврзаноста на претставници на коалицијата ВЛЕН со индустријата на казина и ќе продолжат да ја следат темата со цел да се обезбеди институционална и политичка одговорност.

Македонија | пред 7 месеци

motor-soobrakajka

(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Неговите роднини за „Скопје1“ посочуваат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.Преку социјалните мрежи од него се простуваат и пријателите.„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените... Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели неговиот пријател Дончо Наумовски.„Скопје1“ побара детали од МВР. Оттаму очекуваме одговор.

Скопје | пред 7 месеци

ChatGPT-Image-Jul-2-2025-10_17_32-AM

Европа мора да слуша и кога боли, не сме рецепт туку народ – писмо до Марта Кос

По изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена на прес-конференција во Скопје, во која таа го спореди идентитетот со традиционални јадења и обичаи, реагираше универзитетскиот професор и поранешен пратеник, д-р Јове Кекеновски.Во отворено писмо упатено до Кос, Кекеновски наведува дека македонскиот идентитет не може да се сведува на „погачи, тавче-гравче, пинџур и полнети пиперки“, како што изјавила еврокомесарката.„Со сета почит – но да бидеме јасни: ние, Македонците, не го мериме нашиот идентитет според тоа колку лути пиперки ставаме во пинџурот, ниту колку убава е тавата со грав. Идентитетот не е фолклорна манифестација или гастрономско доживување“, пишува Кекеновски.Тој посочува дека македонскиот идентитет е историски, јазично, културно и политички оформен низ векови, и постојано изложен на негирања и условувања – токму во контекст на евроинтеграциите.„Не сакам да верувам дека вашата изјава била свесно насочена кон банализирање на македонскиот идентитет. Верувам дека намерата ви беше топла. Но токму таквиот пристап ја покажува ограниченоста на европската перспектива кога станува збор за нашето прашање“, наведува професорот.Во писмото, Кекеновски потсетува дека за разлика од Словенија, која никогаш не била цел на системско негирање од страна на соседна земја-членка на ЕУ, Македонија со години се соочува со барања кои директно ја засегаат нејзината етничка и културна самобитност.„Во момент кога во Европскиот парламент се поднесуваат амандмани што го негираат македонскиот јазик како посебен, ваквото сведување на идентитетот на кујнска традиција е конкретен удар врз борбата на еден мал народ да го зачува своето право на постоење во сопственото име, јазик и култура“, истакнува тој.Кекеновски ја повика Кос, но и европската администрација, да го разберат сензитивитетот на македонското прашање и да не го сведуваат на етнографија и рецепти.„Слушајте нè. Почитувајте нè. И разберете: идентитетот не е објаснување за ЕУ. Тој е темел на човечко достоинство“, завршува Кекеновски.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Маск го пофали Трамп

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, упати јавно признание до поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговите напори за решавање на глобалните конфликти.„Заслуги на оној кому му припаѓаат. Доналд Трамп успешно реши неколку сериозни конфликти ширум светот“, напиша Маск на платформата X, споделувајќи објава на Трамп од Truth Social.Во објавата, Трамп тврди дека неговите претставници одржале „долг и продуктивен состанок“ со израелските претставници за ситуацијата во Газа. Според него, Израел прифатил услови за 60-дневно примирје, додека се финализира договорот со посредство на Катар и Египет. Трамп апелираше до Хамас да го прифати договорот, со порака: „Инаку, нема да биде подобро – ќе биде само полошо.“Но, пофалбата од Маск доаѓа само еден ден по нивниот нов судир — овојпат околу т.н. „Голем, прекрасен закон“ на Трамп, кој се однесува на даноците и државната потрошувачка. Маск остро го нападна законот, нарекувајќи го штетен за американската економија и обвинувајќи го дека фаворизира „застарени индустрии“.Тој дури најави можност за формирање на нова политичка партија и вети дека ќе финансира противкандидати на сите конгресмени кои ќе гласаат за законот:„Ќе ја загубат трката – дури и ако тоа биде последната работа што ќе ја направам во животот.“Трамп не остана должен. Јавно му се закани дека ќе ги укине државните субвенции за неговите компании, алудирајќи дека без нив, Маск би морал „да ги затвори фирмите и да се врати во Јужна Африка“.И покрај тензиите, најновата објава на Маск покажува дека односот меѓу двајцата е комплексен — помеѓу отворена критика и стратешко признавање.

Свет | пред 7 месеци

antonio

Милошоски предупредува: Барањата на Бугарија се далеку од козметика

Во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, говореше за значењето на самитот ЕУ-Западен Балкан што неодамна се одржа во Скопје.Тој нагласи дека изборот на Македонија како домаќин на овој важен состанок не е случаен, туку доаѓа како резултат на добрите резултати што земјава ги постигнала во спроведувањето на реформите, согласно новиот план за економски раст на Европската комисија.„Сметам дека не е случајност што Македонија беше избрана да го организира овој самит, бидејќи фокусот беше ставен на планот за раст на ЕК, кој се рефлектира преку реформските агенди на сите држави од регионот. Нашата држава, во тој контекст, постигна најдобри резултати. Имаме солидна реформска агенда и добар степен на нејзина реализација, што е признавање за заложбите на македонската Влада и за посветеноста кон европските вредности“, истакна Милошоски.Тој додаде дека според неговите информации, Македонија ја надминува просечната стапка на имплементација на реформите, која изнесува 75 отсто, како што беше посочено од еврокомесарката Кос.„Кога има јасни, објективни и мерливи критериуми, кои не се условени од билатерални пречки или политички злоупотреби, резултатите се видливи, а оценките позитивни“, додаде пратеникот.Осврнувајќи се на позицијата на бугарските европратеници, Милошоски рече дека нивниот однос е добар показател за оние што имаат илузии дека Бугарија има само едно барање – промена на Уставот.„Поведението на бугарските пратеници во Европскиот парламент не треба да изненадува. Напротив, тоа е корисно отрезнување за сите оние што мислат дека Бугарија бара само козметичко прилагодување на Уставот. Во реалноста, тоа е само почеток на низата сериозни и тешки барања што ги имаат“, изјави Милошоски.На крајот, тој подвлече дека независно од конечниот исход во Комисијата за надворешни работи на ЕП, факт е дека Македонија успеала да покаже дека менувањето на преамбулата не е единствениот услов од страна на Бугарија.„Без разлика како ќе се развиваат настаните, она што се случи во европската Комисија е веќе успех. Стана јасно дека не станува збор само за реформи, туку за барања кои директно навлегуваат во историскиот и идентитетскиот наратив. Ако извештајот не помине поради бугарските пратеници, тогаш барем ќе знаеме за што всушност се работи – не за образование или здравство, туку за обид за прекројување на историјата“, заклучи Милошоски.фото: ФБ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања