Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев со генералниот комесар на литванската полиција, генерал Паулаускас и раководителот на групата за меѓународна соработка, Гајманаите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1

Денеска (01.07.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари конструктивна средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гајманаите, раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација која е во посета на нашата земја. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција.

— реклама —
— реклама —

„Соработката со литванската полиција се заснова на постоечкиот билатерален договор, кој опфаќа широк спектар на области, меѓу кои спречување и борба против тероризам, трговија со дрога, кибер-криминал, перење пари, корупција, фалсификати, економски криминал, заштита на културно наследство и трговија со опасни супстанции. Посебен акцент ставивме на размена на информации, координација на полициски мерки, заштита на сведоци, размена на експертски знаења и можноста за испраќање офицери за врска, сè со цел ефикасно справување со прекуграничниот криминал“, истакна на средбата директорот Јанев.

— реклама —
— реклама —

Во фокусот на средбата беше и размената на позитивни практики од процесот на дигитализација кој е од суштинско значење како алатка при извршување на секојдневните работни задачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0us05j4159dle3DUNq0

Приведени двајца осомничени пиромани во Македонски Брод и Долнени

Македонија | пред 23 минути

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Детали за сообраќајката во која загина 19-годишниот мотоциклист: Уапсен возачот кој избегал од местото, има и видео

Скопје | пред 1 час

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 19 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања