Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ustaven-sud

Сè уште не е јасна судбината на независните кандидати на локалните избори. Независните од десет општини побараа Уставниот суд да реагира на новиот Предлог закон за измени на Изборниот законик, по што претседателот Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој е дециден дека можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог законите.

— реклама —

„Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување на уставноста на Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право, односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење.

— реклама —
— реклама —

Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган, односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, ве известувам дека Уставниот суд извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот може да усвои исклучиво за закон кој е дел од правниот поредок”, стои во ставот на Костадиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставниот суд со остри критики: Не нè користете за дневнополитички пресметки

Македонија | пред 3 седмици

sudija

Уставните судии си ги вратија повисоките плати, од октомври ќе земаат најмалку 200 евра повеќе

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања