Скопје1.мк

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Стојанче Ангелов потсетува: „Ниту збор за битката кај Арачиново – еден од најтешките денови во 2001-та“

Дваесет и три години по битката за Арачиново, еден од најжестоките и најконтроверзни настани од конфликтот во 2001 година, нејзиниот спомен тоне во заборав. На тоа јавно реагираше Стојанче Ангелов, поранешен командант на специјалните сили и учесник во самата битка, кој во борбата беше тешко ранет.„Никој не ја спомна. Ниту еден ред, ниту еден збор на ниту еден портал. Ни на телевизија, ни во медиумите. Ништо. А станува збор за битка во која загинаа четворица македонски синови, а десетици беа ранети“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.Битката започна на 22 јуни 2001 година, а заврши неколку дена подоцна со извлекување на припадниците на УЧК од Арачиново – со автобуси, во акција која остана длабоко контроверзна во јавноста.Стојанче Ангелов беше тешко ранет на 23 јуни – куршумот му ги пробил градите, му го оштетил десниот бел дроб и му искршил две ребра.„Со смртоносни рани, без третина од десниот бел дроб, со ребра заврзани со жица – осакатен, но жив“, сведочи тој.Но, не сите имале таа среќа. На истиот ден, во борбата животот го загубиле:Никола Пехчевски (25)Атанас Јанев (25)Александар Стојчев (30)Неколку дена подоцна им подлегнал на повредите и Оливер Китановски (21).„Вечна ви слава, херои македонски“, напиша Ангелов – повикувајќи јавноста да не заборави.

Македонија | пред 7 месеци

monika-spasova-brlog

„Ја изгоревте мојата внука – и очекувате да молчам?“: порака од Благојчо Ѓоргиев по трагедијата во Кочани

„Вашиот распаднат и корумпиран систем ми ја изгоре внуката, а ми велите да не барам правда? Грешка сте. Не само што ќе се борам, туку ќе им направам пат. Ако треба – нека ми биде последното нешто во животот.“Ова е дел од потресната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев – Брлог од здружението „Хендикеп“, чија внука Моника Спасова, млада мајка, беше една од жртвите во трагедијата во дискотеката во Кочани.„Ми ја одзедовте внуката што со срце и душа се запиша на факултет за безбедност. Сонуваше за правда и чесна работа. Јас ја предупредив – во тој систем нема место за чесни. Сè е корумпирано, МВР е приватна фирма. Но, не сакаше да верува“, пишува Ѓоргиев.Моника завршила студии по криминалистика, но по завршената пракса, му се јавила разочарана:„Вујче, во сè беше во право. Јас никогаш нема да работам во вакво МВР. Сè што видов ме згрозува.“„Ме избра мене, вистината, затоа што никогаш не сум ја излажал. Ми рече: Секогаш ќе бидам на твоја страна“, завршува со болка Ѓоргиев.

Коментари | пред 7 месеци

protivpozarno-vozilo

Пожарникарските служби пред колапс: мал број кадар, дотраена опрема, несоодветни донации

Во Македонија има помалку од 400 активни пожарникари, иако според потребите треба да бидат над 800. Нема центар за нивна обука, а возилата се стари со децении и се заменуваат само доколку стигне донација од странство.Возилата што пристигнуваат како донации често се со несоодветни системи – со различни мерни единици, англиски навои, и волан на десна страна – што бара дополнителни адаптации за да се користат во македонски услови, посочи извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.Опремувањето на пожарникарите е оставено на општините, кои сами се снаоѓаат за чизми, одела и друга заштитна опрема. Перишиќ нагласи дека е срамно што странски амбасади и донатори организираат средби за помош, кога државата има капацитет сама да го обезбеди тоа.На последната таква средба, на 18 јуни, ЗЕЛС испратил прашалници до сите 34 општини со противпожарни единици за да се направи листа на потреби пред нова координација со донаторите во септември.„За мене тоа е срамно – државата мора самата да се организира“, рече Перишиќ.Проблемите не се ограничени само на општинско ниво. Недостасува и координација помеѓу Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Перишиќ посочи и дека Агенцијата за шумарство нема сопствени пожарникари, и покрај тоа што шумските пожари се најчести во лето.„Овие луѓе го ризикуваат животот за сите нас. Време е системот сериозно да се организира“, заврши Перишиќ.

Македонија | пред 7 месеци

SeKXr-

Танкери го заобиколуваат Хормушкиот Теснец – расте страв од иранска одмазда по американските напади

Три танкери за нафта и хемикалии го сменија правецот и се повлекоа од пловниот пат кон Хормушкиот Теснец, откако пораснаа тензии на Блискиот Исток по американските воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, јавува Iran International.Според податоците на MarineTraffic, бродовите „Marie C“ и „Red Ruby“ – кои се движеле во баласт кон теснецот – фрлиле сидро во близина на Фуџаира, на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод, „Kohzan Maru“, се наоѓа во Оманскиот Залив, во близина на територијалните води на Оман.Јапонските компании Nippon Yusen и Mitsui O.S.K. Lines денеска соопштија дека им наложиле на своите танкери да го сведат на минимум времето поминато во Персискиот Залив, но дека засега продолжуваат со преминување низ теснецот.Хормушкиот Теснец е еден од најважните енергетски коридори на светот – преку него поминува речиси 20% од вкупната глобална потрошувачка на нафта. Теснецот е широк само 33 километри на најтесниот дел, а самата пловна патека за бродови е широка едвај 3 километри.Според податоците на аналитичката компанија Vortexa, од почетокот на 2022 година до минатиот месец, преку теснецот дневно поминувале од 17,8 до 20,8 милиони барели нафта, кондензат и гориво.Главните извозници на нафта преку овој канал се членки на ОПЕК – Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак – со најголеми дестинации на азиските пазари.Безбедноста на пловниот сообраќај во областа ја надгледува Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин. Растечките тензии во регионот дополнително го засилија стравот од можна иранска блокада или напад врз бродови, што би имало сериозни последици врз глобалното снабдување со енергија.

Свет | пред 7 месеци

IMG_6878

Иранска новинска агенција: Нападната американска воена база во Сирија

Американска воена база во западната сиријска провинција Хасака била цел на напад, јави денеска иранската новинска агенција Mehr, повикувајќи се на разузнавачки извори. Според нивните наводи, станува збор за базата во селото Касрек, каде по нападот биле преземени строги безбедносни мерки, особено на главниот влез.Засега нема потврдени детали за природата или последиците од нападот, ниту од западните медиуми, кои сѐ уште не објавиле информации за инцидентот.Базата Касрек, според податоци од почетокот на јуни, била една од трите американски бази кои сè уште функционираат во Сирија – заедно со базите Ал Шадади и Омар Оил Филд. Претходно, САД имаа осум бази во земјата, но според агенцијата Anadolu, бројот бил намален како дел од поширок процес на повлекување.Во јуни, Reuters објави дека американските сили целосно се повлекле од базите Ал-Вазир и Тел Бајдар, додека други бази, меѓу кои Џафра, Химо и Коноко Гас Филд, исто така биле затворени. Во нив биле присутни само мали сили од Сириските демократски сили (СДФ).Според изворите, во базата во Касрек биле распоредени и британски и француски војници, а таму се градела и голема полска болница.Американската база Ал Шадади веќе беше цел на напад во јуни, кога три ирански ракети беа испукани кон базата, но беа пресретнати од американски противвоздушни системи.Американски официјални претставници сѐ уште не се изјаснија околу најновите тврдења за напад во Касрек.

Свет | пред 7 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик за наводниот атентат: „Не се чувствувам загрозено, но мора јавно да се соопштат имињата и мотивите“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека не се чувствува загрозено по информациите за наводна подготовка на атентат врз него, но побара итно, јавно и јасно да се обелоденат имињата и мотивите на оние кои, според него, стојат зад целата организација.„Не се чувствувам загрозено, туку многу безбедно кога ме чуваат полициите на Република Српска и Србија. Немам страв, но е индикативно што има луѓе подготвени да одвојат пари за вакви работи“, изјави Додик на прес-конференција во Бања Лука, по средбата со поранешниот гувернер на американската сојузна држава Илиноис, Род Благојевиќ.Тој тврди дека се знае кој човек во Коњиц ги собрал останатите и обезбедил еден милион евра, а потоа ангажирал лица од Нови Пазар и, како што рече, „муслимани од БиХ кои се криминогени личности“.„Имаа задача да извршат атентат врз мене на некое место на територијата на Србија. Во меѓувреме, едниот од Нови Пазар е во притвор, другиот во затвор во Риека. Сакам да знам кој е мотивот за атентат. Не можам да поверувам дека стигнавме до ова ниво, но не сакам да драматизирам“, додаде Додик, најавувајќи дека за сето тоа ќе бидат информирани безбедносните служби.

Свет | пред 7 месеци

Zernovski-SDSM

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан

Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.Жерновски посочи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во своите раце со апсолутно мнозинство во Собранието, претседателска функција, влада и доминација на локално ниво, резултатите се – катастрофални.„Имаме целосен пад во економијата, социјалната политика, функционирањето на институциите, слободата на медиумите и надворешната политика. Тоа се реални критики, а не изолирани слабости“, нагласи Жерновски.Осврнувајќи се на состојбата со дипломатијата, Жерновски рече дека државата е во фаза на сериозна изолација.Имаме министер кој е најизолиран во историјата на плуралистичка Македонија – со 2-3 средби тука, на министри за надворешни работи. Верувале или не, за 365 дена имаме нула посети од министри од соседството – ниту еден сосед не дошол во посета. Нема никакви дипломатски иницијативи, визии, постулати. Немаме амбасадор во Данска – земја која за неколку дена го презема претседателството со Европската Унија. Немаме амбасадор ниту во НАТО. Ова не е интеграција, ова е изолација!“, рече Жерновски.Жерновски потсети дека во времето на СДСМ, земјата беше препознаена како позитивен пример и носител на стабилност во регионот.„Имавме активна дипломатија, добрососедски односи и јасна евроатлантска перспектива. Денеска, сме сведоци дека дури и еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече Македонија ’тажна приказна’ на ЕУ. Тоа е сигнал до сите нас“, додаде тој.Жерновски истакна дека Македонија денес не е во друштвото на земјите кои напредуваат, туку дека сме дел од блок кој е отворено критикуван.„Меѓутоа, да бидам до крај отворен, ние сега сме во друштво на Орбан – во Унгарија. Антонио Милошевски, кој несомнено има искуство – какво и да е – во меѓународната политика, во домашните и меѓународни гледања на ситуацијата, отворено изјави дека нашите позиции кон ЕУ и НАТО се идентични како на Орбан. Од успешна приказна, Македонија под раководство на оваа влада стана земја без кредибилитет и визија. Од европска агенда, до коридори кои водат единствено до Будимпешта и Белград – тоа е реалната надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Жерновски.

Македонија | пред 7 месеци

23.06.2025

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал.Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал.Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација.Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат.Ги повикуваме сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Обидите им се јалови.

Македонија | пред 7 месеци

dui-

ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, стои во партиското соопштение.Ова, посочуваат, е време кое бара решителност, координација и зрелост.„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 7 месеци

putin

Путин ги осуди американските напади врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, на средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, излезе со осуда на американските воздушни напади врз Иран.„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување“, рече Путин.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-11.27.57

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода, вака живеат станарите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), е незадоволно од условите во студентските домови.Се жалат на безбедноста, удобноста и бараат достоинствениот студентски живот.„Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови – како за олеснување на секојдневното движење, така и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност“, велат од УСС – УКИМ.Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид, како што велат, честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони.Дополнително, се посочува на проблемот со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.УСС-УКИМ инсистира за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаат со подобрени услови за живот и студирање.

Македонија | пред 7 месеци

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија излегува од досегашната коалиција со СДСМ. Во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова "Зелена коалиција" во партнерство со граѓански организации.Промените ги донесе Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, фер и инклузивни политики. "Кога процесите се затворени, потребно е самостојно и доследно политичко дејствување", велат од партијата.Партијата на локалните избори нема да коалицира со политички партии, туку со граѓанскиот сектор.„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, стои во соопштението

Македонија | пред 7 месеци

stefkovski-2

Стефковски најави вонредни мерки против загадувањето во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска објави сет итни мерки поради зголеменото загадување на амбиенталниот воздух, кое во изминатите денови предизвика загриженост кај граѓаните.„Од првиот момент кога ја регистриравме оваа состојба, го задолжив Секторот за инспекциски работи со вонредни контроли. Изречени се глоби и составени записници за повеќе физички лица кои го прекршиле Законот“, изјави Стефковски.„Конкретни чекори:Мобилен пункт на Вардариште – Инспектори ќе бидат стационирани секојдневно од 08:00 до 22:00 часот за постојан надзор над дивата депонија.Соработка со Град Скопје и МВР – Општината испрати официјално барање за мешани патроли за откривање и санкционирање на загадувачите.Кривична пријава до ОЈО – Поднесена е пријава по член 218 од Кривичниот законик против непознат сторител.Дополнително, активирани се две телефонски линии:075 346 932 за пријавување еколошки прекршоци,075 346 938 за директен контакт со кабинетот на градоначалникот“, додаде тој.„Ги повикувам граѓаните да соработуваат. Тоа е воздухот што го дишеме сите – и јас, и моите две деца“, рече Стефковски. Тој порача дека нема да има компромиси со прекршителите: „Загадувањето е кривично дело – тоа е напад врз нашето здравје.“Градоначалникот најави дека институциите ќе постапуваат решително, и упати апел за општествена солидарност во борбата против загадувањето.

Скопје | пред 7 месеци

Нема фотографија

ЕКИПИТЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ИНТЕРВЕНИРАА НА ТЕРЕН ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ

Поради обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација. Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите.Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да се движат со зголемено внимание, а до пешаците да бидат претпазливи заради нивна лична безбедност.Екипите на јавните претпријатија остануваат на терен до нормализирање на состојбата на јавните површини во Општина Охрид.

ОО | пред 7 месеци

Нема фотографија

Поради реконструкција на водоводната линија од утре 17. 06 2025г. на улицата „Келноец“ ќе се одвива времен режим на сообраќај

Поради реконструкција на водоводната линија од утре 17. 06 2025г. на улицата „Келноец“ ќе се одвива времен режим на сообраќај.Градежните активности ќе се спроведуваат во близина на ЛТХ Леарница. Се замолуваат жителите од овој дел на градот да ги почитуваат времените мерки на сообраќај, внимателно да се движат и сообраќаат во насока на поголема лична безбедност и непречено одвивање на активностите.

ОО | пред 7 месеци

Нема фотографија

ПРЕКИНАТ ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ОЕМУЦ “СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ”

Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно.

ОО | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-10.45.02

(Видео) Ова се очекувањата на СДСМ на локалните избори

Пратеникот Благој Бочварски од СДСМ во поткастот „Претрес“ зборуваше за локалните избори и настапот на неговата партија. Тој не кажа бројка на општини кои очекуваат да ги добијат, а за нив победа ќе биде дури и да освојат повеќе гласови од парламентарните избори, без разлика на добиените општини.?t=4461„Не верувам дека Струмица ќе ја изгубиме, во Центар мислам дека ќе победиме, во Карпош ако имаме добар кандидат можноста да е победиме е сериозна. Мислам дека можеме да ги добиеме тие општини. Јас мислам дека СДСМ ќе има можност да победи во Скопје, по вакво владеење...“, вели Бочварски.ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе формира зелена коалиција со граѓанскиот сектор со која ќе оди и на локалните избори.Овие три одлуки, информира партијата, ги донел нејзиниот Централниот одбор кои ја поставуваат нејзината идна политичка насока.

Македонија | пред 7 месеци

37040377

Американскиот удар врз Фордо можеби целосно го уништил објектот – но Иран предупредува: „Играта не е завршена“

Комерцијалните сателитски снимки укажуваат на тоа дека американскиот воздушен напад врз иранскиот нуклеарен комплекс Фордо можел да предизвика тешка, можеби и целосна штета врз постројките за обогатување ураниум, но експертите предупредуваат дека нема конечна потврда за степенот на подземното уништување.„Со MOP-бомбите (Massive Ordnance Penetrator) едноставно пробија сè. Мислам дека постројката е веројатно целосно уништена“, изјави Дејвид Олбрајт, поранешен нуклеарен инспектор на ОН и претседател на Институтот за наука и меѓународна безбедност. Но други аналитичари, како Декер Евелет од CNA Corporation, посочуваат дека длабочината на центрифугалната сала ја отежнува проценката од сателитски снимки.Снимките од компанијата Maxar Technologies покажуваат необична активност во објектот пред нападот – долги редици возила и логистичко движење на влезот. Според висок ирански извор, дел од ураниумот обогатен до 60% бил евакуиран на тајна локација пред нападот – количина доволна за изработка на нуклеарно оружје.Американскиот сенатор Марк Кели изјави за NBC News дека постои ризик наместо да го стопира, нападот само го забрзал иранскиот нуклеарен проект. „Можеби мислевме дека го запираме програмот, но го поттурнавме напред“, рече тој.Во нападот, САД користеле и крстосувачки ракети Tomahawk и MOP-бомби насочени кон подземни објекти, вклучително и оние во Исфахан и Натанз. Според сателитски анализи, е изведен т.н. „двоен удар“ – шест бомби врз два пати иста цел, што укажува на прецизна и интензивна операција.И покрај штетата, иранските власти тврдат дека клучните материјали и технологија остануваат недопрени. Влијателниот функционер Али Шамхани порача:„Дури и ако постројките бидат уништени – обогаќениот материјал, домашното знаење и политичката волја остануваат. Играта не е завршена.“Дополнително, Иран најави можен излез од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) и прекин на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), што би значело крај на меѓународниот надзор врз иранската програма.Според најновите податоци од IAEA, неколку влезови во тунелите на Фордо се погодени, а Иран претходно најавил дека во новата постројка во Исфахан планирал да инсталира до 3.000 нови центрифуги.„Прашањето сега е – каде се тие центрифуги?“, предупреди Олбрајт.Додека светот дебатира дали нападите ја ослабнале или зајакнале иранската нуклеарна амбиција, еден факт останува јасен – напнатоста ескалира, а прашањето на нуклеарната безбедност станува поважно од кога било.

Свет | пред 7 месеци

1c47837a-e93a-4a7c-8297-0790e63aad78

(Видео) Иран се заканува со жесток одговор: „Америка ќе плати цена – нема повеќе место за неа на Блискиот Исток“

Иранската армија упати остро предупредување до САД по последните американски воздушни напади врз ирански цели, оценувајќи дека Вашингтон сега станува директна мета во потенцијален проширен конфликт.„Америка ќе се соочи со сериозни последици и решителни воени операции“, порача портпаролот на Генералштабот на иранската армија, Ебрахим Золфакари, во видеопорака објавена денеска.На крајот, тој директно му се обрати на Доналд Трамп на англиски:„Трамп, коцкару – можеби ти го започна овој војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме.“Иранскиот генерал Амир Хатами во текот на ноќта порача дека САД ќе добијат „одлучен и силен одговор“, исто како и секогаш кога, според него, „починувале злосторства“.„Ги влечат САД во директен судир со Исламската Република – и ние сме подготвени да ја браниме независноста на нашата земја со сета сила“, рече Хатами.Во видео-снимка од состанокот, покрај него седат и највисоките команданти на иранската армија – од противвоздушната одбрана, морнарицата, воздухопловството, па сè до копнените сили.Во меѓувреме, високите ирански функционери испраќаат серија стратешки пораки:Али Шамхани на платформата X порача дека „дури и ако постројките се уништат, играта не е завршена“, бидејќи Иран ја има „материјата, знаењето и политичката волја“.„Изненадувањата ќе продолжат!“, предупреди тој.Али Акбар Велајати, советник на врховниот лидер Али Хамнеи, отиде уште подалеку:„Секоја земја што ќе им дозволи на САД да користат нејзина територија за напади врз Иран ќе биде легитимна цел. За Америка повеќе нема место на Блискиот Исток“, рече тој.Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира, а Техеран јасно става до знаење дека оваа фаза од конфликтот вклучува директна конфронтација – не само со Израел, туку и со Соединетите Држави. $bp("TargetVideo_50663832", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"2155283","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп отворено за Иран: „Зошто да не дојде до промена на режимот?“

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го доведе во прашање опстанокот на актуелниот ирански режим, откако САД извршија воздушни напади врз стратешки ирански воени цели за време на викендот.„Не е политички коректно да се користи изразот промена на режимот, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба ПОВТОРНО ДА ГО НАПРАВИ ИРАН голем – зошто да не дојде до промена на режимот??? МИГА!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, алудирајќи на својот познат слоган „Make America Great Again“.Изјавата доаѓа во ек на ескалацијата меѓу Иран, Израел и САД, и го засилува реторичкото притискање на Техеран, кое традиционално претставуваше ризик за нови геополитички тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 7 месеци

netanjahu

Нетанјаху: Израел е на чекор до постигнување на своите цели во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е „многу блиску“ до остварување на својата мисија за елиминација на двете главни закани од Иран – балистичките проектили и нуклеарната програма.„Ова е режим што отворено сака да не' уништи. Затоа ја започнавме оваа операција – за да ги отстраниме двете директни закани за нашето постоење“, изјави Нетанјаху за израелските новинари во неделата.Тој нагласи дека Израел нема да дозволи да биде вовлечен во долготрајна „војна на исцрпување“, но дека нема ниту предвреме да ја заврши операцијата.„Ќе дејствуваме онолку колку што е неопходно – ни помалку, ни повеќе. Кога ќе ги постигнеме целите, операцијата ќе заврши, а борбите ќе престанат“, рече премиерот.Според него, иранскиот подземен нуклеарен објект во Фордо бил „сериозно оштетен“ во американските воздушни напади со специјални бомби за пробивање бункери, но обемот на уништувањето сè уште се утврдува.Во однос на иранскиот ураниум обогатен до 60% – што е речиси до нивото од 90% потребно за нуклеарно оружје – Нетанјаху рече дека Израел внимателно го следи тој процес.„Тоа е клучна компонента на нивната програма. Не единствена, не доволна самата по себе, но многу важна. Имаме интересни информации за тоа, но нема да ги споделам во овој момент“, додаде тој.Иран, пред израелските напади од 13 јуни, имаше рафинерирано ураниум до 60% чистота – ниво кое е значително над дозволените 3,67% според нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 под администрацијата на Доналд Трамп. Техеран најави дека ќе се брани „по секоја цена“.

Свет | пред 7 месеци

nafta-pristaniste

(Видео) Кризата ја турка цената на нафтата кон нови рекорди – страв од затворање на Хормуз

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа за повеќе од 2,5 проценти изминатата недела, а трендот на раст продолжи и во понеделникот, откако САД изведоа воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, што ги засили стравувањата од прекин на испораките од Блискиот Исток.Во понеделникот наутро, цената на нафтата достигна највисоко ниво во последните пет месеци. На лондонската берза, барел се тргуваше по 77,01 долар – скок од 3,6%, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,7%, на 73,84 долара. Од почетокот на ескалацијата, цената на нафтата во Лондон е зголемена за повеќе од 13%, а во САД за над 10%.Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, во кој сега се директно вклучени и САД, ја зголеми неизвесноста на енергетските пазари. Американските воздушни сили во саботата нападнаа три нуклеарни постројки во Иран, со цел, според Вашингтон, да се спречи можноста Техеран да произведе нуклеарно оружје.Во одговор, Иран изврши масовно ракетирање врз цели во Израел, што предизвикува сериозни грижи за понатамошна регионална ескалација – особено околу клучната точка: Хормушкиот теснец.Хормуз е најважниот светски нафтоводен коридор, преку кој дневно поминуваат околу 18 милиони барели сурова нафта и деривати – што претставува околу 20% од глобалната понуда. Вашингтон побара од Кина да изврши притисок врз Иран да не го блокира теснецот.„Ако Иран почне селективно да го попречува транспортот преку Хормуз, цената на барелот би можела лесно да скокне над 100 долари“, предупредува аналитичарот Вивек Дар од Commonwealth Bank of Australia.Пазарите се на раб на нов нафтен шок – војната на Блискиот Исток сè повеќе го диктира глобалниот економски курс.

Свет | пред 7 месеци

ukraina-kiev-2

Петмина загинати, десетици повредени во ноќниот руски напад врз Киев: Погодени станбени згради и метро-станица

Најмалку петмина загинаа, а повеќе од десет лица се повредени во најновиот руски напад со ракети и дронови врз Киев и околината, што се случи во текот на ноќта, соопштија денеска украинските власти. Нападот предизвикал големи пожари, урнати згради и оштетувања на инфраструктурата, вклучувајќи и влез во метро-станица што се користи како засолниште.„Рускиот стил е ист – удирање таму каде што може да има луѓе“, изјави началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко.Во најтешко погодената населба Шевченкивски, уништен е влезот на цел станбен блок, каде според министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, загинале четири лица, а има и затрупани под урнатините.Во поширокиот регион на Киев, загинала 68-годишна жена, а најмалку осум лица се повредени, потврди гувернерот на областа, Микола Калашник.Според украинската државна служба за итни случаи, нападот оштетил шест од десетте градски окрузи, а фотографиите од теренот прикажуваат спасувачи кои евакуираат луѓе од запалени објекти. Меѓу спасените има и бремена жена.Во киевската населба Свјатошински е оштетен влезот во метро-станица, како и блиската автобуска постојка. Метро-станиците во Киев со месеци се користат како бомбо-засолништа.Ова е нов во серијата масовни напади врз главниот град – само минатата недела во најсмртоносниот напад досега, загинаа 28 лица, а над 150 беа повредени. Украинските власти велат дека тогаш биле погодени речиси 30 цели во повеќе бранови.Москва засега не ги коментирала нападите. И Русија и Украина негираат дека целат врз цивили, но во двегодишниот конфликт илјадници цивили – главно Украинци – ги загубија животите.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп повторно проговори за нападот врз Иран

По американскиот воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти, политичката и безбедносна тензија на Блискиот Исток нагло ескалира. Операцијата наречена „Полноќен чекан“, во која САД користеа бункер-бомби GBU-57 и стратешки бомбардери B-2, беше оценета како „историски воен успех“ од американскиот претседател Доналд Трамп, но и како „чин со трајни последици“ од страна на Техеран.Во објава на својата мрежа Truth Social, Трамп остро го нападна републиканскиот конгресмен Томас Меси, кој го критикуваше нападот како „неуставен“.„И покрај спектакуларниот успех, овој конгресмен се противи на нешто што беше изведено со совршена прецизност. MAGA не се занимава со мрзеливи политичари, а Меси е токму тоа“, напиша Трамп.Покрај Меси, и конгресменот Ворен Дејвидсон од Охајо изрази сомнеж во уставната оправданост на нападот, велејќи дека не гледа „разумна основа“ за ваков потег.Според министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, нападите биле насочени кон нуклеарните локации во Фордоу, Натанз и Исфахан, со цел да се „уништат или значително забават“ иранските нуклеарни капацитети. Во операцијата биле употребени:14 GBU-57 „бункер-бомби“, специјално развиени за пробивање на бетон и карпи длабоко под земја.B-2 бомбардери, во своја прва борбена употреба по 2001 година.Круизни проектили од подморници, насочени кон објектот во Исфахан.Според Пентагон, нападот бил високоризична и технички сложена мисија, но целосно успешно изведена.Иранското раководство потврди дека се нападнати трите локации и дека се врши проценка на штетата. Според новинската агенција IRNA, е оштетено подрачјето околу Фордоу, но засега нема официјална бројка за внатрешните последици. Црвениот полумесечина потврди дека најмалку 11 лица се повредени.Меѓутоа, министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека дипломатијата е суспендирана, и оти „одговорот ќе следува согласно легитимното право на самоодбрана“.„САД разбираат само јазик на закана и сила. Овој напад ќе има трајни последици“, предупреди Арагчи.Американските власти, пак, инсистираат дека целта на акцијата не е промена на режимот, туку неутрализација на иранскиот нуклеарен потенцијал.„Ние не сме во војна со иранскиот народ, туку со програмата која претставува закана за нашите национални интереси и за нашиот сојузник Израел“, изјави министерот Хегсет.Потпретседателот Џеј Ди Венс истакна: „Ова беше прецизен, целен удар. Не сакаме војна, сакаме безбедност.“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги поздрави нападите како „смела одлука што ќе ја запомни историјата“, велејќи дека претседателот Трамп „успеа да го спречи најопасниот режим во светот да стигне до најопасното оружје“.Израел на 13 јуни започна сопствена кампања на воздушни напади врз Иран, обвинувајќи го за развој на нуклеарно оружје. Техеран постојано негира и тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели.Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази „длабока вознемиреност“ и повика на итна деескалација.„Светот не смее да се најде во нов глобален конфликт поради ескалација на еден регионален спор“, предупреди тој.Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) соопшти дека првичните мерења не покажале излевање радијација, но истражувањата продолжуваат.

Свет | пред 7 месеци

loru5bcabbkptivbtymx

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 28-годишен маж од Скопје, осомничен за семејно насилство врз неговата малолетна ќерка, родена во 2021 година. Настанот се случил во нивниот семеен дом во населбата Драчево.Според обвинителството, додека мајката приготвувала јадење, девојчето си играло со своите две сестри. Во моментот кога се качило на креветот за да земе играчки, таткото започнал да ја навредува, па ѝ удрил неколку шлаканици по лицето. Од ударите, девојчето добило набиеница на главата и огреботини на лицето. Осомничениот продолжил со вербални закани, вклучително и со зборовите дека ќе ја убие.Јавниот обвинител укажува дека мажот и претходно манифестирал агресивно однесување во семејството, поради што постои сериозен ризик од повторување на насилството. Тоа, според Обвинителството, претставува закана за нормалниот психофизички развој и воспитување на децата.Имајќи го предвид и ризикот од бегство и обид за избегнување на одговорност, до судијата на претходна постапка поднесен е предлог за определување мерка притвор.Осомничениот се гони за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања