Скопје1.мк

vasil-tatko

Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни. Судот се обратил и до Министерството за внатрешни работи за потврда на адресата, но одговор не добиле. Зоран Јованов доби обвинение дека му дал автомобил на неговиот син, аико Васил немал положено возачки испит.„Ги искористивме сите законски механизми предвидени во вакви случаи,“ рече судијката. Дури и поканата до неговиот адвокат Сашко Дуковски се вратила без потврда дека е примена од обвинетиот.Обвинителот Александар Марковски објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.„Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано,“ објасни Марковски.Тодор Кулаков, таткото на трагично починатата Фросина, остро реагираше по рочиштето:„Ова е правен инженеринг. Судијката е судија на мафијата“, изјави тој пред медиумите.Следното рочиште е закажано за 10 септември. Судот најави дека ќе продолжи со обиди да го обезбеди присуството на обвинетиот.

Македонија | пред 7 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европскиот парламент со силна поддршка за извештајот за Македонија – Вајц: „Македонија припаѓа во ЕУ“

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија, кој го поднесе европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц.„Горд сум на напорната работа и на компромисите што овозможија да донесеме избалансиран документ кој доби широка поддршка. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во овој предизвикувачки геополитички момент. Македонија припаѓа во ЕУ“, изјави Вајц по гласањето, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на добриот моментум во процесот на проширување.Извештајот требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради противењето на бугарските европратеници, кои се спротивставија на јасното именување на македонскиот јазик и идентитет во текстот. Вајц тогаш изјави дека бил сведок на интензивни политички дебати, но останал цврсто на ставот дека документот го одразува консензусот на сите пратенички групи.Во извештајот се нагласува потребата од задржување на кредибилитетот на процесот на проширување, се поздравува усогласеноста на Македонија со европските политики, а се повикува и на брзо продолжување на преговорите за членство и на спроведување на уставните измени. Во документот се содржани неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет, што претставува дипломатски сигнал со силна тежина.Следниот чекор е извештајот да биде ставен на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур. Во меѓувреме, бугарски европратеник најави дека ќе предложи додаток во форма на „мислење на малцинството“, што укажува дека политичките тензии околу македонското прашање сè уште не стивнуваат.

Македонија | пред 7 месеци

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник.Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за односи со јавност во Градот Скопје, со цел да добие став за сообраќајниот метеж во главниот град, предизвикан од нефункционална сигнализација.„Постои висок јавен интерес – граѓаните имаат право да знаат зошто улиците им се закочени“, стои во образложението. Новинарот, се нагласува, имал обврска да постави прашања и да ги повика на одговорност јавните функционери, а телефонското снимање, иако без согласност, било оправдано од јавниот интерес и не содржело невистинити или штетни информации.Обвинителството се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права, особено на случајот Radio Twist против Словачка, каде што било потврдено дека тајното снимање во новинарството е дозволено доколку е пропорционално и насочено кон заштита на јавниот интерес.Одлуката на ОЈО Скопје е правосилна и веќе потврдена од Вишото јавно обвинителство. Како добар правен пример, решението ќе биде доставено до новинарски здруженија и организации за слобода на изразување, со цел поддршка на домашната пракса и поголема правна сигурност за медиумските работници.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп: Не верувам дека некогаш повторно ќе пукаат едни во други

Кога го прашаа колку долго ќе трае прекинот на огнот, американскиот претседател му рече на новинар на NBC: „Мислам дека е неопределено примирје. Ќе трае засекогаш“.Тој го поздрави прекинот на огнот како „одличен ден за Америка“ и „одличен ден за Блискиот Исток“. „Многу сум среќен што ја завршив работата“, додаде тој.„Многу луѓе умираа, а тоа само ќе се влоши. Ќе го сруши целиот Блиски Исток“, рече тој.Кога го прашаа дали војната е целосно завршена, тој одговори: „Да. Не верувам дека некогаш повторно ќе пукаат едни во други“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.38.35

(Фото) Стотина пораки за 100 дена од трагедијата во Кочани, осамнаа низ Скопје

По 100 дена од трагедијата во Кочани, граѓанското движење „Кој е следен“ сoакција му одговори на системот – со 100 пораки, поставени на различни локации низ центарот на Скопје.„Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Но, ветивме дека нема да заборавиме“, велат од движењето, критикувајќи дека системот се обидувал да ги „дефокусира и дискредитира“.Акцијата се родила од пораки што викендов граѓаните ги испратиле како одговор на едно прашање: Што би му порачале на системот на 100-тиот ден по трагедијата? Одговорите, како што велат организаторите, варирале од тага и болка, преку гнев и бес, до јасни повици за борба, слобода и правда.„Овие 100 крика не се реторика, туку вистински критики за системот што нè убива. Наведената глава не не спасува – сабјата и понатаму сече. Време е да ги кренеме главите и да изградиме нов систем што го брани животот, а не профитот“, порачуваат.Со симболичен поклон и извинување до Кочани, од движењето порачуваат: „Веќе не молчиме. Не простуваме. Не забораваме. Правда мора да има.“

Македонија | пред 7 месеци

bektesi-kocevski

Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата, што го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени беа пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека во извештајната година се регистрира значително зголемување на бројот на новопријавени сторители на кривични дела во однос на претходната година (за околу 10%), како во однос на полнолетните сторители, така и во однос на децата.Ако се има предвид континуираното намалување и на бројот на јавни обвинители и на бројот на јавнообвинителските службеници во изминатите години, кое продолжи и во текот на извештајната 2024 година, како и недоволниот обем на средства кои се доделуваат за истражните дејствија и за работата на обвинителствата кои се далеку под законски утврдениот минимум, јасно е дека ваквиот зголемен прилив на предмети во јавните обвинителства претставува дополнителен предизвик за капацитетите, се констатира во Извештајот.Според официјалните податоци, минатата година биле регистрирани само 35 случаи на примена на посебни истражни мерки, што претставува пад од 60% во однос на 2023 година, кога биле евидентирани 87 случаи. И покрај тоа, опфатот на истрагите останува значителен – 363 лица со утврден идентитет, 8 со неутврден идентитет, и 163 предмети на кривично дело, што претставува пораст од 75% споредено со претходната година.„Се применува покомплексен и понасочен пристап – наместо повеќе мали случаи, истрагите се фокусираат на обемни и сериозни структури“, се наведува во извештајот, потпишан од јавниот обвинител Љупчо Коцевски.Најчесто користени се мерките за тајно следење и снимање надвор од домот (чл.252 ст.1 т.3) и следење на телефонски и електронски комуникации (чл.252 ст.1 т.1). Преку овие методи, обезбедени се докази за низа тешки кривични дела, вклучително:неовластено производство и трговија со дрога,перење пари,злоупотреба на службена положба,криумчарење мигранти,трговија со луѓе,терористичко организирање,и поткуп.Од прибраните докази, произлегле истраги, обвиненија, и судски пресуди – во дел од случаите сторителите ја признале вината.Забележително е што во две истраги, обвинителството самоиницијативно применило посебни мерки, што се оценува како позитивен тренд на институционална активност, без потреба од иницијатива од МВР.Мерките не се применуваат лесно – тие се дозволени само кога не постои друг начин за обезбедување докази. Сепак, се укажува дека не се користени некои клучни мерки, како таен увид во компјутерски системи и симулирано отворање на банкарски сметки – што упатува на потреба од технолошко унапредување и проширување на ресурсите.Во заклучокот, Обвинителството предупредува: „Во борбата против модерниот организиран криминал, потребна е континуирана адаптација – како на методите, така и на техничката опременост. Без тоа, резултатите ќе стагнираат.“

Македонија | пред 7 месеци

gvasdga

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и Филипче стојат зад насилството на советникот Акиов?

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека зад инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советникот од СДС, Аки Акиов, нападнал административна службеничка, стои партиска стратегија на СДС за предизвикување тензии и прикривање скандали.„Дали Акиов сам одлучил да нападне, или добил зелено светло од Филипче и Заев? Молкот на лидерот на СДС говори многу. Филипче не се оградува од насилството, што отвора сомнеж за координиран план и прикривање на поврзани лица“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали ова е начин на СДС да го дефокусира вниманието на јавноста и да провоцира хаос во предизборен период. „Кога врвот на партијата молчи, насилството станува стратегија, не инцидент“, порачуваат.Партијата заклучува дека „СДС останува систем кој ги штити насилниците, наместо да се огради и санкционира своите кадри“.

Македонија | пред 7 месеци

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од само 5 километри – што го прави потресот повлијателен и на површината.Во Македонија, земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, особено во југозападниот регион – Охрид, Струга, Ресен и околината.Инаку, слични сеизмички активности беа забележани и минатата недела. На 16 јуни беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, кој во Охридската котлина се почувствува со интензитет од V степени.Според податоците на ЕМСЦ, утрово се регистрирани и неколку послаби потреси во Албанија, што укажува на засилена сеизмичка активност во регионот. Македонските институции ги следат состојбите и апелираат на смиреност.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.19.17

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДС е сенка на Заев, граѓаните нема да дозволат уназадување на Гази Баба

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на кандидатурата на Влатко Митовски од СДС за градоначалник на општина Гази Баба, нарекувајќи го „верна сенка на Зоран Заев“ и симбол на „стари, корумпирани и истрошени кадри“.„Наместо свежи и професионални луѓе, СДС повторно нуди имиња од минатото, познати по скандали, криминал и неработење“, стои во соопштението. Митовски, според ВМРО-ДПМНЕ, не е ново лице туку „дел од сите погрешни политики“ што, како што тврдат, ја уназадиле општината во времето на СДС.Партијата нагласува дека денес Гази Баба е „вистинско градилиште“ и посочува дека се реализираат проекти во секое населено место, со акцент на улици, училишта, градинки и спортски терени. „Граѓаните ја препознаваат разликата и нема да дозволат развојот да запре“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Со порака дека СДС има потреба од „вистински реформи“, ВМРО-ДПМНЕ завршува: „Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, развој и напредок, а не враќање во минатото.“

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Иранската државна телевизија: Трамп „молел“ за прекин на огнот

Иранските државни медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал прекин на огнот по, како што го нарекоа, „успешниот воен одговор“ на Техеран на американската агресија. Според иранската државна телевизија, прекинот на огнот бил „наметнат“ на Израел поради жестоката реакција на Иран.Информацијата доаѓа еден ден по нападот на Иран врз американска воена база во Катар, кој беше одговор на претходните американски напади врз ирански нуклеарни објекти. Иранската телевизија тврди дека барањето на Трамп за примирје „личело на молење“, пренесува Sky News.Од друга страна, Трамп понуди сосема различна верзија на настаните. На својата платформа Truth Social, тој напиша дека речиси истовремено му се обратиле и од Израел и од Иран со пораката: „мир“. „Во тој момент знаев дека е време за прекин“, додаде Трамп.Официјалната потврда за деталите на договорот сè уште се очекува.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Израел го прифати предлогот за примирје на Трамп, но најавува жесток одговор на секое прекршување

Израелската влада соопшти дека го прифатила предлогот за примирје на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека воената операција против Иран ги исполнила клучните цели.Во официјалното соопштение се наведува дека е отстранета „непосредната егзистенцијална закана“ што, според Израел, произлегувала од иранската нуклеарна програма и балистичките ракети.Во последните 24 часа, израелските сили, според сопствени наводи, „тешко погодиле владини цели во срцето на Техеран“, вклучително и елиминација на уште еден висок ирански нуклеарен научник. Дополнително, се тврди дека израелската војска воспоставила „потполна контрола врз воздушниот простор над Техеран“ и уништила десетици клучни воени и државни објекти.Израел најави дека ќе одговори решително и без двоумење на секое евентуално прекршување на договореното примирје. Во соопштението се изразува и благодарност до претседателот Трамп за, како што се вели, „поддршката во одбраната и активното учество во остварување на поставените цели“.Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ѝ се обрати на јавноста подоцна во текот на денот.

Свет | пред 7 месеци

873x400-1-16

Цените на нафтата нагло паднаа по нападите на Иран

Цените на нафтата забележаа остар пад откако Иран изврши ракетен напад врз американски бази во Ирак и Катар. Брент нафтата, која претходно се тргуваше по речиси 77 долари за барел, сега падна за 4,7 отсто – на 72 долари.Иако нападот би можел да се протолкува како ескалација на конфликтот, аналитичари наведуваат поинакво објаснување. Како што пренесува Sky News, нападот се гледа како симболична одмазда на Техеран – начин Иран да „спаси образ“ по американските удари врз неговите нуклеарни објекти. Но, отсуството на удари врз критичната нафтена инфраструктура, особено на испораките преку Хормускиот Теснец, донело олеснување кај нафтените трговци – што довело до пад на цените.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот, со надеж дека тој ќе стане траен.„Целосен и вкупен ПРЕКИН НА ОГНОТ е целосно договорен меѓу Израел и Иран (во рок од приближно 6 часа, кога ќе ги завршат и последните мисии што се во тек!), и ќе трае 12 часа, по што ВОЈНАТА ќе се смета за ЗАВРШЕНА,“ напиша Трамп на социјалните мрежи.Овој потег доаѓа по денови интензивни напади и сериозни тензии на Блискиот Исток, со ризик од проширување на конфликтот. Трамп не даде дополнителни детали за тоа како е постигнат договорот или дали е посредуван од САД.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

МНР апелира: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.,, Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби”, велат од МНР.За итни случаи, граѓаните можат да ги користат следните контакти:Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 – telaviv@mfa.gov.mkАмбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532 – abudabi@mfa.gov.mkАмбасада во Доха: +974 50 173 111 – doha@mfa.gov.mkМНР дежурни броеви: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 – globalsos@mfa.gov.mk

Свет | пред 7 месеци

izrael-napadnat

Израел го избра моментот за напад, но не и времетраењето на конфликтот – ризик од долготрајна и скапа војна

Израел сам го одбра моментот за започнување на ненадејниот напад врз Иран, но не може да го контролира крајот на конфликтот и ризикува да биде вовлечен во скап и долготраен воен судир, доколку Техеран одлучи да ја продолжи борбата. Тоа го предупредуваат израелски функционери и аналитичари.„Сè уште не сме дојдени до таму, но изгледа дека станува збор за денови, а не за недели“, изјави Еран Лерман, поранешен заменик на израелскиот советник за национална безбедност. Неговото мислење се поклопува со ставовите на тројца израелски функционери, кои велат дека Израел се приближува до крајната цел на кампањата.„Крајот на оваа игра, од израелска перспектива, не е далеку“, додадоа тие.Во меѓувреме, израелските власти се обидуваат да најдат стратегија за излез од операцијата, со цел да избегнат натамошни и потенцијално дестабилизирачки удари од двете страни.

Свет | пред 7 месеци

kineski-voeni-avioni-10

Катар предупреди: Имаме право на одговор

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад од Иран насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид.Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати.Катар, како што објавија светските агенции, изјави дека го задржува правото директно да одговори на начин соодветен на природата и обемот на нападот и во согласност со меѓународното право.„Благодарение на Бога, будноста на вооружените сили и превентивните мерки, инцидентот не доведе до губење на животи или повреди“, се вели во соопштението.Иран го уверува Катар дека американската воена база Ал-Удеид, најголемата на Блискиот Исток, врз која беа испукани ирански ракети, е далеку од станбени области и дека нападот не претставува никаква опасност за, како што велат братската и пријателска земја Катар и нејзините жители.

Свет | пред 7 месеци

sonce-so-termometar

ИЈЗ со препораки за претстојниот пеколно топол бран

Оваа недела не очекува пеколно топло време, сончево и топло време со температури до 39 степени.Со препораки за заштита излезе Институтот за јавно здравје за почитување на мерките за заштита на здравјето на популацијата , а посебно на ранливите групи на население во услови на високи температури.ИЈЗ предлага разгледување на можноста за потенцијално работење онлајн, флексибилно работно време, двократно работење или надополнување на изгубеното работно време. ИЈЗ препорачува избегнување на работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, почести паузи и постојано конзумирање на течности и електролити.За вработените, ИЈЗ препорачува урамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, и внесување електролити при засилено потење.За целата популација ИЈЗ препорачува редовен одмор, доволно спиење, туширање, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено. Клучно е и препознавањето на симптомите на топлотен удар како што се вртоглавица, замор, вознемиреност, повраќање.При симптоми на топлотен удар веднаш да се повика 194 или 112. Лицето треба да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода како и да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош. Ако лицето е во бессознание, да се постави во странична положба.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6878

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар

Иран го возврати ударот и ги нападна американските воени бази во Катар.Веста ја објави иранската државна телевизија. Го најавија почетокот на операцијата „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база во Катар.Трамп го свика тимот за национална безбедност за да разговара за заканите. Тој предупреди дека на секој напад ќе биде одговорено со сила многу поголема од онаа што беше видена за време на американскиот напад врз ирански нуклеарни објекти.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-19.26.36

(Видео) Трамп коцкарот можеби ја започна војната, но ние ќе ја завршиме - Иран со закани до Трамп

Иран со силни закани до САД, по воздушните напади врз Иран.Портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфаќари во видео порака рече дека Вашингтон ќе плати цена за нападите.Во видеото, објавено на платформата Х, на англиски јазик му порача на американскиот претседател:„Трамп коцкарот можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“, се закани Золфаќари.

Свет | пред 7 месеци

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

По обвинувањата од Москва, Вучиќ вели: Србија веќе не извезува оружје

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија целосно го запрела извозот на оружје и дека сета произведена муниција моментално се испраќа исклучиво за потребите на домашната армија.„Едно е што извезувавме по 7 октомври, а ситуацијата денес е сосема различна. Сега буквално сè запревме и го испраќаме само на нашата армија“, рече Вучиќ, по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот.Во својата изјава, тој нагласи дека запирањето на извозот било неопходно поради променетите безбедносни и економски услови, но и за да се заштитат работните места во одбранбената индустрија. Вучиќ рече дека платите во клучните воено-индустриски капацитети – како „Крушик“, „Слобода“, „Застава“, „Прва искра“ и други – зависат од продажбата на муниција.„Ако не исплаќавме плати во Крушик, Слобода, Лучани, Крагуевац, Земун и Бариќ, ќе пуштевте 50 камери да снимате како народ гладува. А платите се исплаќаат токму преку продажба на муниција“, изјави тој.Според Вучиќ, Србија не продава оружје и воена опрема, туку само муниција, од која, како што наведе, живеат директно околу 24.000 вработени, а со семејствата – дури 150.000 луѓе.„Нема да оставам 150.000 луѓе без леб“, рече српскиот претседател, нагласувајќи дека секоја одлука за понатамошна продажба ќе се носи врз основа на строго дефинирани критериуми и интересите на државата.Оваа изјава доаѓа по објавите од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), која ја обвини Србија дека индиректно снабдува Украина со муниција преку западни компании – што Белград досега официјално го нема потврдено.

Свет | пред 7 месеци

putin-odlikuvanje-vucic

Српско оружје преку Чешка и Бугарија до Украина? Москва со сериозни обвинувања

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) преку своето прес-биро објави наводи дека српската воена индустрија преку трети земји придонесува за вооружувањето на украинската армија. Според нив, извозот на муниција и оружје произведено во Србија, особено за артилериски системи, се зголемил и покрај дипломатскиот притисок од Москва кон Белград.Се тврди дека опремата се извезува во земји членки на НАТО, каде потоа се склопува или доработува, со што формално не се води како директен извоз во Украина. Како главни дестинации се посочени Чешка и Бугарија.Во извештајот се споменуваат и конкретни компании – како „Крушик“ од Ваљево и „Елинг“ од Лозница – чии производи, според СВР, завршуваат кај западни компании кои, пак, се поврзуваат со испораки на оружје за Киев.СВР, како што се наведува во нивното соопштение, го осудува овој тренд и ја обвинува Србија за „политичка двосмисленост“, тврдејќи дека ваквите постапки се спротивни на „традиционалните врски меѓу српскиот и рускиот народ“.Наводите не се потврдени од независни извори, ниту од надлежни институции во Србија.

Свет | пред 7 месеци

policija-policaec

Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци

Полицијата во Кавадарци поднесе кривични пријави против осум лица, осомничени за организирана кражба и прикривање на електрични кабли од парцела кај селото Марена, наменети за поврзување фотоволтаици за производство на струја.Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Кавадарци против А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена, кои се товарат за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.Исто така, пријава е поднесена и против С.В. (37) со привремен престој во Струмица и А.Ш. (43) од Струмица, осомничени за кривично дело „прикривање“ по член 261.Според истрагата, на 22 и 23 ноември 2024 година, шестмината осомничени со употреба на специјализиран алат украле електричен кабел од локација викана Маренски рид. Кабелот бил предвиден за поврзување на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија. Двајцата осомничени од Струмица, пак, го откупиле украдениот бакар и кабли.Со кражбата, на правно лице од Скопје му е нанесена материјална штета од околу 915.000 денари, наведуваат од МВР.Истрагата продолжува.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_4865

Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против две лица – татко и син – осомничени за тешко насилство, како и против еден малолетник, поради брутален физички напад во скопското село Батинци.Според обвинителството, 41-годишен маж заедно со синовите, од кои едниот има 18, а другиот само 15 години, настанале пред семејната куќа на оштетениот поради претходна расправија со малолетникот. Тројцата започнале со закани, кои потоа прераснале во физичко насилство – жртвата била удирана со тупаници и клоци по главата и телото, по што паднала на земја.Најтешките удари ги нанел 15-годишникот, кој додека оштетениот лежел на земја, го удирал и со камен по главата, предизвикувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури.Во обид да го заштити, сопругата на оштетениот легнала врз него, а на местото на настанот реагирале и децата и соседите. Според Обвинителството, со ова насилство било предизвикано чувство на страв и несигурност не само кај семејството, туку и кај жителите на околината.Поради сериозноста на делото и ризикот од повторување, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двете полнолетни лица, додека постапката против малолетникот се води според Законот за правда за децата.Истрагата е во тек.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-14.23.57

Беџети од ДУИ: Европскиот фронт ќе се проширува – оваа влада секојдневно ги деградира правата на Албанците

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети, денеска најави проширување на коалицијата не само со политички партии, туку и со поединци, интелектуалци и организации од граѓанскиот сектор. Тој ја обвини актуелната влада за, како што рече, систематско деградирање на правата на Албанците и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик.„Албанскиот јазик брутално се деградира, закони се испраќаат само на македонски, се укинуваат патокази, а 78 институции го игнорираат законот. Вработените во Инспекторатот за јазикот немаат земено плата со месеци“, рече Беџети, истакнувајќи дека целта е Албанците да бидат замолчени.Тој повторно ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, оценувајќи дека владата носи „антиалбански одлуки“ и дека албанската заедница е системски исклучена од клучните процеси.Беџети ја критикуваше и укинувањето на балансерот и партиски мотивираните вработувања, посочувајќи дека албанските претставници не се покануваат на државни посети, а во меѓувладини делегации се заменуваат со Македонци.„Ова не е застапување, туку понижување. Албанците за најважните државни одлуки дознаваат од медиумите. Тоа е партнерството што Влен им го нуди на Албанците“, изјави Беџети.Тој најави дека Европскиот фронт на локалните избори ќе настапи со „широка фронтална коалиција“ – како референдум на незадоволството на Албанците и другите заедници во државата.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања