Скопје1.мк

unnamed-1

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата.„Јас не би давал квалификација колку сум задоволен или не сум задоволен во овој момент, од проста причина дека била каква моја квалификација може да биде сфатена како некакво влијание. Сепак кога претседател на Влада ќе даде некаква квалификација за одреден случај тоа може да се смета како влијание. Но, не ми пречи да го сфатат она мое укорување во мојот вчерашен говор кога кажав дека не сум задоволен од брзината на испорака на правдата во обвинителството и судството. Затоа што тоа е генерална перцепција и генерално чувство кај граѓаните. И тоа е се уште слабата страна на ова наше општество, а тоа е спората правда и чувство дека нема правда за сите подеднакво. И тука треба сите заедно да работиме“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека грешка е што процесот на промена на јавниот обвинител Љупчи Коцевски не бил поагресивен. Тој смета дека чудни се пораките кога прво од опозицијата им кажале дека вршат притисок врз правосудството со обидот за разрешување на републичкиот обвинител, а потоа ги обвинуваа дека се во спрега со него и обвинителите, односно дека нарачуваат кој да се гони за пожарот во Кочани, а кој не.„Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни, мислевме дека ќе проработи менталитетот, чувството, дека ќе заборават на партиските и бизнис стопани и дека единствен стопан ќе биде интересот на народот. Можеби тоа беше нашата грешка и таа перцепција претежнува кај народот“, вели Мицкоски.Ова одново остава впечаток дека наскоро, процесот за разрешување на Коцевски ќе продолжи. Тој беше паузиран откако се случи трагедијата во Кочани. Владата доби мислење од Советот на јавни обвинители, и истото треба да го прати до Собранието со предлог за разрешување на обвинителот. По гласање на пратениците - Коцевски може да замине дома, или пак, да остане на функцијата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп одбил помош од Путин за Иран: „Ми треба помош со тебе, не со Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одбил понуда за соработка околу ескалацијата меѓу Израел и Иран – враќајќи го фокусот на, според него, поважниот конфликт: војната во Украина.„Путин ми се јави и рече: ‘Можам ли да ти помогнам со Иран?’. Му одговорив: ‘Не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош со тебе’“, изјави Трамп пред поаѓање на самитот на НАТО во Холандија, пренесе Fox News, а потоа и Newsweek.Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа со ветување за брзо постигнување мир во Украина, повторно ја истакна својата фрустрација од двете страни, поради, како што рече, бавните и неуспешни мировни преговори. Според него, „огромниот човечки и финансиски товар за американските даночни обврзници е неподнослив“.„Шест илјади војници загинаа минатата недела. Тоа е трагедија“, додаде Трамп.За Киев и европските сојузници, неговата изјава е сигнал на загриженост. Тие очекуваат Трамп да го засили притисокот врз Путин преку поголема воена поддршка и нови санкции. Но, Трамп смета дека очекувањата од Украина се „нереални“, а барањата – несоодветни на реалната состојба на боиштето, каде што Русија во моментов напредува.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така присуствува на самитот во Хаг, се надева на обезбедување нова воена помош и договор меѓу членките на НАТО за одвојување најмалку 5% од БДП за одбрана.Според аналитичарите, дел од воената поддршка што ја одобри администрацијата на Џо Бајден наскоро ќе истече, а останува неизвесно дали Трамп ќе биде подготвен да ја продолжи или засили. Во меѓувреме, неговиот имиџ на „глобален мировник“, како што самиот се нарекува, останува на тест.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-20.53.24

Таткото на загинатата Фросина со жестоки критики до судот: „Судијка на мафијата, ништо не се движи, само копаме гробови“

Тодор Кулаков, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, реагираше остро поради денешното одложување на рочиштето каде се гони таткото на возачот кој ја усмрти неговата ќерка. Обвинет во случајот е Зоран Јованов. Причина за одложувањето беше отсуството на обвинетиот и неговиот адвокат, Сашо Дуковски.Во својата јавна објава, Кулаков ја нападна судијката која го води случајот, нарекувајќи ја „судијка на мафијата“ и обвинувајќи ја за прикривање на криминал преку манипулации со АКМИС системот за автоматска распределба на предмети. Според него, истата судијка го води и предметот против Васил Јованов и предметот против неговиот татко, што, како што вели, е „класична манипулација“.„Ова веќе не е судски систем со 2% доверба. Ова е систем со минус доверба – директно поврзан со мафијата. И тоа веќе не се ни крие“, вели Кулаков.Тој најави и иницијатива за кривична одговорност за сите инволвирани, повикувајќи се на судска пракса која, според него, покажала дека „манипулации со АКМИС системот завршуваат со затвор“.Водел од објавата, Кулаков пишува:„Додека ние копаме и градиме гроб за Фросинче, мафијашкото семејство на Васо ги потплатува судиите, обвинителите, адвокатите, полицијата…“Тој порачува дека нема да престане да се бори за правда за неговата ќерка и обвинува дека институциите се активни соучесници во неправдата.

Коментари | пред 7 месеци

sonce-so-termometar

Активирана Фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи и заклучоците на Комисијата за спроведување на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури, кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи.Граѓаните потребно е најтоплиот дел од денот да го поминуваат во затворени, разладени простории, да консумираат доволно течности и да избегнуваат алкохол. Посебно да бидат внимателни хронично болните, лица постари од 60 години, бремените жени и помалите деца.Министерството апелира до сите институции, работодавачи и граѓани да постапуваат одговорно и согласно следните мерки:-Активирање на планови за вонредни услови - сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина и да се разгледа можноста за:-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 7 месеци

1000048773

Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Имаме огромни инвестиции во патната и железничката мрежа, отвораме можности за соработка со француски компании и нови инвестиции во Македонија

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на коридор 10. Притоа вицепремиерот Николоски потенцира дека унапредување на брзината на овој коридор е особено значајно за певтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.Исто така беа презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.Вицепремиерот Николоски на средбата истакана дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополни вицепремиерот Николоски се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења.Претходно, вицепремиеорт се сретна и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 7 месеци

1

Муцунски од Хаг: Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку европска интеграција на целиот регион

Од Хаг, во изјава за „Канал 5“, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го коментираше однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата и нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.„Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување – она што го гледаме во Брисел – влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот. Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку извесна европска интеграција на целиот регион“, истакна Муцунски.Тој потенцираше дека постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот.„Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако – преку дијалог“, додаде Муцунски и изрази жалење што, според последните информации, средба на маргините на НАТО-самитот во Хаг веројатно нема да се одржи.„Јавно порачувам: Владата е подготвена за средби на секое ниво – претседател со претседател, премиер со премиер, министер со министер. Така и ќе продолжиме да се однесуваме“, нагласи министерот.Муцунски говореше и за очекувањата од самитот во Хаг, каде што фокусот ќе биде на случувањата помеѓу Русија и Украина, безбедносната состојба на Блискиот Исток и другите глобални безбедносни предизвици.„За да имате сериозни инвестиции во одвраќањето, вие морате да инвестирате прво во модернизација на армијата, во модернизација на различни капацитети – и инфраструктурни и во делот на сајберот – но исто така и во соодветна инвестиција во индустријализацијата. Тоа значи инвестирање во нови, домашни, наши македонски капацитети за производство. И во таа насока токму овие одлуки ќе ги поддржиме на овој самит и очекуваме консензус да се постигне веќе утре тука во Хаг“, заклучи Муцунски во изјавата.

Македонија | пред 7 месеци

slika-za-najava-igralishte

Фудбалот оживува во Охрид! Mozzart ја започнува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – токму од бисерот на Македонија!

Со голема гордост ви најавуваме дека Охрид е првиот град во кој започнува оваа голема акција, преку која ќе се изградат бројни фудбалски терени низ целата држава – места каде ќе се раѓаат нови спортски соништа.Новоизградениот терен ќе го носи името на легендарниот охриѓанец и македонски фудбалер Гоце Толески, како симбол на посветеност, успех и локална гордост.📅 Четврток 🕗 20:00 часот 📍 ОхридСо оваа иницијатива, Mozzart го претвора спортот во сила на заедништво, мотивација и надеж. Вложувањето во спортот е повеќе од цел – тоа е визија што оживува преку оваа акција.Ајде заедно да покажеме дека фудбалот не е само игра. Тој е љубов, страст, желба и инспирација. Затоа – бидете дел од оваа нова ера. Фудбалот е повеќе од игра!(ПР текст)

Охрид | пред 7 месеци

droga

Кривична пријава против правно лице и управителот, работеле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од Свети Николе - одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела по член 95-5 став 1. и член 95-6 с од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.При контрола во правното лице во февруари 2025 година во содејство на полициски службеници од ОВР Свети Николе, Одделението за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи - Скопје и Министерство за Здравство, било утврдено дека во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги бил констатиран вишок на произведен неевидентиран сув цвет од канабис во количина од 56 килограми.Исто така, во ќеса покрај сеф-собата за чување на готов производ билапронајдена марихуана, додека во една од халите бил пронајден делумно изгорен сув цвет со нето маса од 254 грама, кои не биле пријавени. Одговорното лице во правното лице било должно да ги евидентира и пријави сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-51

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

„Собранието во јули 2022 година има донесено заклучоци со кои што тогашната, но и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните, културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара, ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и, впрочем, е потпишан договорот со ФРОНТЕКС. Значи, чист македонски јазик без никакви забелешки, без никакви фусноти“, рече Филипче, додавајќи дека ова е една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик, меѓутоа таа борба е завршена.Притоа, Филипче посочи дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги загрозува нашите преговарачки позиции. Тој потсети на заклучоците донесени во 2022 година од страна на Собранието, за кои што, впрочем, ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тогашниот состав не гласале против.„Тука јасно пишува дека се задолжува Владата на Република Северна Македонија и целокупниот тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Понатаму во текстот, дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка, а таму јасно стои чист македонски јазик. За жал, сметам дека ова што го прави и премиерот и Владата предводена од него, во која учествуваат и ВЛЕН и ЗНАМ, сериозно ги нарушува нашите преговарачки позиции. Оваа борба Владата на СДСМ ја доби – го потврдивме македонскиот јазик, чист македонски јазик“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

toskovski

Средба на министерот Тошковски со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје на која се разговараше за на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија.„Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции со кои МВР има потпишано договор за соработка. Тоа ќе овозможи најдобрите млади кадри, веднаш по дипломирањето да станат дел од безбедносниот систем на државата.Истовремено, разговаравме и за вклучување на стручниот кадар од факултетот во процесите на континуирана едукација и дообука на полициските службеници, како дел од долгорочна стратегија за унапредување на професионалните вештини и стандардите во МВР.“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.Дополнително, во рамки на подготовките за реактивирање на Средното полициско училиште, се разгледа можноста токму наставниот кадар од Факултетот за безбедност да го даде својот придонес и во едукацијата на идните полициски генерации.Двете страни се сложија ова се конкретни, одржливи чекори што ја поврзуваат науката и практиката во интерес на посилна, обучена и модерна полиција во служба на граѓаните.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – закон со кој се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор

„Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Оваа определба добива уште поголема тежина ако се има предвид хаосот, поделбите, клиентелизмот и масовните злоупотреби што зад себе ги остави минатата влада.Наша важна должност и обврска е да се издигнеме над оваа наследена состојба и да градиме институции што не делат, туку обединуваат; што ги отвораат вратите за најдобрите, најобразованите и најуспешните!Денес, Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, закон со кој отвораме ново поглавје на професионализам во јавниот сектор на државно и на локално ниво.Овој закон има една јасна цел: администрацијата да биде вистински сервис на сите граѓани, но изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард: знаење, интегритет и заслуги.Имаме обврска, после толку години на злоупотреби, да раскрстиме со минатото, градејќи институции кои не ги поддржуваат послушните, туку ги вреднуваат способните.Јавен сектор каде што млад човек со квалитет може да напредува.Овој Предлог-закон го доставуваме на разгледување до Венецијанската комисија – затоа што сакаме највисоки стандарди и целосна усогласеност со европските вредности.Законот ќе биде поднесен до Собранието откако ќе го добиеме мислењето од Венецијанската комисија.Ова не е чекор како што одредени политички партии сакаат да го злоупотребат против овој или оној.Ова е одговорност кон сите!Градиме држава што е праведна кон сите, што ги почитува сите и која напредува само ако напредува и секој еден граѓанин во неа.Со овој закон, воспоставуваме баланс и го поставуваме и темелот на професионална, транспарентна, модерна и мултиетнички силна администрација.Силна и стручна администрација не е прашање на етничка припадност, таа е еднакво важна за секој граѓанин, без разлика од која заедница доаѓа.Кога институциите се праведни и ефикасни, сите граѓани добиваат подобра услуга.Тоа е темелот на трајна меѓуетничка доверба и вистинска сплотеност.Законот е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но истовремено во таков еден процес тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници.Овој закон е одличен баланс и поттик за квалитетите и ги штити правата на сите. Им честитам на коалицијата ВЛЕН и на другите претставници на етничките заедници, ова е многу важен закон за македонците, за Албанците, за Турците, за Ромите, за Бошњаците, за Србите, за Власите и за сите, затоа што е закон кој ќе стимулира и ќе дава шанса, истовремено запазувајќи го квалитетот.

Македонија | пред 7 месеци

siljanovska-davkova-novagodina

Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на којашто претседателката искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.Според претседателката, решенијата за денешните предизвици мора да се бараат во рамките на мултилатералниот систем, при што се заложи за зајакнување на улогата на Генералното собрание и преиспитување на механизмите за одлучување на Советот за безбедност.Во време на зголемени глобални тензии, оцени таа, институциите како Постојаниот арбитражен суд се неопходни за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Таа укажа дека за сите држави, а особено за малите и средните, почитувањето на меѓународното право претставува не само правна обврска, туку и морален императив.Претседателката ја истакна нашата подготвеност за зајакнување на соработката со ПАС преку потпишување меморандуми за разбирање, развивање партнерство со универзитетите и можности за пракса на младите професионалци во областа на меѓународното право, со што се согласи Генералниот Секретар на судот, Марцин Цепелак.Тој ја запозна претседателката со историјата на Палатата на мирот во којашто е сместен Постојаниот арбитражен суд, со работата на судот и процедурите на одлучување.

Македонија | пред 7 месеци

BKuzeska3

Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

„СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ и додаваат:Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее.Точно е дека се живее тешко, но граѓаните знаат кој ги донесе до питачки стап и денот да го поминуваат со 150 денари. Заради СДС, задолжени сме како никогаш досега, па кредитите и каматите кои тие ги оставија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги враќа сега и во следниот период.Навистина е апсурдно СДС да говори за економија и плати, кога во нивно време инфлацијата беше над 20%, платите и пензиите стагнираа, јавниот долг растеше, сметките се покачуваа, а тие не понудија никакво решение.Им порачуваме на СДС, да го слушнат говорот на претседателот Мицкоски, на вчерашната свеченост по повод една година Влада, и ќе дознаат и научат многу од него. За тоа како се води чесно, државнички и достоинствено држава!Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените.

Македонија | пред 7 месеци

perinski

Перински: Поставуваме темели на вистински промени – пофункционални општини и подобри услови за живот на сите граѓани

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата.Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка – без јасна улога и без вистинска поддршка, истакна Перински, но Владата одлучила да ја врати неговата суштинска мисија, тоа да биде мост помеѓу централната власт и општините и клучен двигател на рамномерниот регионален развој.Во своето обраќање, министерот Перински посочи дека Министерството за локална самоуправа во изминатава една година посветено и со јасна визија пристапило кон анализа на затекнатите состојби на локално ниво, а притоа биле идентификувани сите пропусти, но и што е најважно, работеле на препознавање на потребите на граѓаните и општините. Како резултат на тоа, посочи Перински, Министерството реализираше и поддржи конкретни решенија кои директно веќе ги подобруваат условите за живот во локалните заедници од областа на транспортот, животната средина и енергетската ефикасност, до културата, спортот, образованието, туризмот и социјалната политика.„Овие резултати се реализирани преку програмите за рамномерен регионален развој, за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност, како и преку потпрограмата за инфраструктурни проекти во општините. Реалност станува и дигитализацијата на општинските услуги, со поставени јасни патокази за полесен пристап до услуги и зголемена отчетност на локалните власти. Посебно значајно е тоа што, по повеќе од две децении, Министерството иницираше суштински измени на Законот за локална самоуправ со цел унапредување на директната демократија и транспарентноста. Поставуваме темели на промени што ќе обезбедат подобро функционирање на системот на локалната самоуправа. Целта е јасна – пофункционални општини и позадоволни граѓани“, заклучи министерот Перински.

Македонија | пред 7 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат

Градоначалникот Горан Герасимовски во „Студио 10“ на телевизија 24 информираше дека заедно со тимот подготвува одлична програма, а последните анкети коишто се направени покажуваат солидни резултати кои даваат ветер во грб за втор мандат.„Во моментов сме сконцентрирани да ги реализираме сите оние проекти коишто ги имаме ветено пред граѓаните. Некои се во завршна фаза, некои се на средина на реализација, сконцентрирани сме на нашиот дел на работење и функционирање. Јас и мојот тим подготвуваме одлична програма. Од последните анкети коишто се направени имаме солидни резултати коишто ни даваат ветер во грб да се бориме на овие локални избори. Во овие четири години покажавме дека можеме малку поразлично да функционираме од сите останати општини и дадовме пример како треба да функционира локалната самоуправа. Имаме совет којшто е мешан од повеќе советнички групи од различни политички партии, невладини организации, движења и слично“, рече Герасимовски.Во емисијата, тој истакна дека општината покажала како одговорно се работи во интерес на граѓаните и верува дека сето тоа дава една позитивна слика којашто дава можност повторно да се побара довербата од центарци.

Скопје | пред 7 месеци

MarinaImage-2025-06-24

Кусакатска: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

„Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило“, вели Марина Кусакатска, СДСМ Аеродром, и додава:Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години.Наместо тоа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со Општина Аеродром.Паркот „Радост“ на 5.000 метри квадратни во Реонски центар кои требаше да биде готов во првата година од мандатот, уште не е готов.Градежни маркици наводно се бришеа, а Мицкоски се појави уште во 2022 година на почетокот на активностите за уредување на овој парк.Нов парк на 5.000 метри квадратни ветија дека ќе подигнат и кај касарната „Гоце Делчев“. За ова немаат ниту проект.Уште еден нов содржински парк на 5.000 метри квадратни требаше да биде подигнат во срцето на Ново Лисиче, со нови реквизити и содржини за сите возрасти на деца.Нема ништо од тоа. Само неискосена и пожолтена трева го дели Реонски центар од Ново Лисиче.Ветија паметен систем за наводнување на тревниците меѓу зградите, а не можат да ги поправат ни постоечките системи за наводнување.Паркот Авионче требаше да прерасне во мал луна парк, а паркираните возила на патеките и во тревниците требаше да биде минато.Нови паркови за миленици ветија во секој нов и во секој постоечки парк. Ниту еден не е направен во последните 4 години.Дејан Митески и Тимчо Муцунски беа неспособни да ги одржуваат ни парковите подигнати од нивните претходници, а не да подигнат нови.Аеродром важеше најзелената општина во Скопје до пред само 4 години.Денес Аеродром е општина со најзапуштени паркови полни со отпадоци и паднати суви гранки на секој чекор.Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат во Аеродром?Имаат ли господата од ДПМНЕ трошка срам?Времето на Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истече!

Македонија | пред 7 месеци

putin-52135

Анализа: Американската операција „Полноќен чекан“ ја разоткри слабоста на руската ПВО – Москва во паника?

Додека сè уште се слегнува правот по спектакуларната американска операција „Полноќен чекан“, со која беа погодени клучни ирански нуклеарни објекти, нејзините последици веќе се чувствуваат и далеку од Блискиот Исток – дури до Москва. Тоа го оценува поранешниот британски офицер и експерт за хемиско оружје Хамиш де Бретон-Гордон во анализа за Телеграф, објавена под наслов: „Путина ќе го ужаси колку лесно падна руската противвоздушна одбрана на Иран“.Операцијата, во која учествувале седум американски бомбардери B-2 и 75 крстосувачки ракети, со висока прецизност ги погодила подземните постројки во Фордо, Натанз и Исфахан, покажала не само технолошка супериорност на САД, туку и алармантна ранливост на иранскиот воздушен простор, кој беше заштитен со руски системи С-300.За Русија, ова е аларм – и стратегиски пораз. Ако нивните системи не успеале да го заштитат Иран, што би се случило ако истото сценарио се преслика во Украина, или уште полошо – во самата Русија?Во Украина, иако се води различен вид на воздушна војна, обете страни избегнуваат користење авиони над фронтот, и се потпираат на ракети и дронови, токму поради опасноста од ПВО. Но, американско-израелската демонстрација на сила покажува дека добро опремени армии можат да ги победат руските системи – и тоа лесно.Иако Русија поседува понови системи како С-400 и С-500, многу воени аналитичари ги гледаат како надградени варијанти со преценета ефикасност.За Кремљ, пораката е јасна: нивната одбрана е пробојлива, нивните воени цели следливи, а нивната безбедност и технолошка предност – мит. Украина веќе покажа способност да делува длабоко на руска територија, а напади како оние во операцијата „Пајакова мрежа“, при што беа уништени руски стратегиски бомбардери, само ја засилуваат грижата.Соочени со фактот дека нивната противвоздушна одбрана не е толку непобедлива, руските генерали и политички лидери веќе сигурно ги преиспитуваат сите претпоставки – не само за Украина, туку и за идни воени конфликти со Западот.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Петар Богојески заминува од директорското место во Националната агенција, по речиси три месеци директорување

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За ова тој објави самиот, споделувајќи фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, во која посочува дека тоа е договорена работа меѓу коалициони партнери.„Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, напиша меѓудрогот Богојески.По неговото назначување, Европската комисија рече дека ќе бара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, бидејќи во јавноста имаше реакции за неговите ставови искажани низ социјалните мрежи.[caption id="attachment_341033" align="alignnone" width="676"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-12.27.08

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“, мајката на загинатата Моника во „Пулс“, скршена од тага

„Те убија, мајкино…“ – со овие зборови започнува потресната објава на Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Нејзиниот статус, објавен 100 дена по трагедијата, е крик од дното на една уништена мајчинска душа, но и обвинение со адреса – кон системот, алчноста и бесчувствителноста.„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, напиша Трифуновска, додавајќи дека верува оти нејзината ќерка сега е најсветлиот ангел на небото.Во статусот нема место за простување:„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место.“Својата болка ја претвора во завет:„Додека сум жива – ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена.“Објавата на Верица е сведоштво за личната траума, но и за колективната одговорност – за животот што згасна, за системот што затаи, и за болката што нема крај.„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“ – завршува нејзината објава.

Коментари | пред 7 месеци

GuMqXnnWAAAFE-h

Израел објави фотографија од иранска ракета испалена за време на примирјето – Иран остро негира, примирјето под притисок

Израелската армија денеска објави фотографија за која тврди дека прикажува иранска ракета испалена за време на договореното примирје, обвинувајќи го Техеран дека го прекршува прекинот на огнот и дека повторно ја загрозува регионалната безбедност.„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице – лице на терористичка држава и регионална закана,“ соопшти израелската војска, додавајќи дека ракетата била испалена неколку часа по формалното стапување во сила на примирјето договорено со посредство на САД.Од другата страна, иранската државна телевизија објави официјален демант на властите во Техеран, кои решително ги отфрлаат обвинувањата дека Иран го прекршил договорениот прекин на огнот. Според нив, станува збор за дезинформации и политички маневри на Израел со цел да се поткопа кревкиот дипломатски процес.„Овие конфликтни изјави дополнително го нарушуваат и онака кревкото примирје постигнато со американско посредување,“ јавуваат иранските медиуми.Тензиите повторно се зголемуваат, иако примирјето беше поздравено како можност за деескалација и стабилизација по деновите на опасна воена размена меѓу двете држави.

Свет | пред 7 месеци

katar-pozar

Иран: Нападот врз американската база е чин на самоодбрана, не е насочен кон Катар

Иран денеска соопшти дека нападот врз американската воена база Ал Удеид во близина на Доха, Катар, нема никаква поврзаност со самата земја, туку претставува „чин на самоодбрана“ во контекст на ескалирачкиот конфликт со САД и Израел.„Иран останува целосно посветен на политиката на добрососедски односи со Катар и останатите земји во регионот,“ изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.Тој нагласи дека Иран нема да дозволи, како што рече, „злосторничките агресии и злонамерни политики на САД и Израел“ да создадат поделби помеѓу Иран и неговите „братски земји од регионот“.Нападот на базата, која ја користат и британските сили, доаѓа во период на висока напнатост меѓу Иран, Израел и нивните сојузници, непосредно по американските удари врз ирански нуклеарни постројки.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-19.45.03

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи... не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми...“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.ВИДЕОТО ТУКА.

Македонија | пред 7 месеци

873x400-1-16

Пад на цените на гасот за 13% поради примирјето меѓу Иран и Израел

Цените на природниот гас во Европа остро паднаа во вторникот, откако објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за примирје меѓу Израел и Иран ги смири стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.На ниделандската дигитална берза TTF, референтната цена за еден мегават-час гас со испорака во јули падна за речиси 13%, спуштајќи се од 40,52 евра (колку што изнесуваше во понеделникот) на 35,30 евра. Подоцна утрината цената се стабилизираше на 36,62 евра.Овој пад ги врати цените на нивото од пред почетокот на воената ескалација меѓу Иран и Израел на 13 јуни. Само ден пред објавата на примирјето, пазарите беа вознемирени од американските напади врз иранските нуклеарни постројки, што ги подигна цените на највисоко ниво од почетокот на април – 42,44 евра по мегават-час.Стравот од иранска одмазда, вклучително и потенцијална блокада на Хормускиот Теснец – клучна транспортна точка за глобалната нафта и гас – придонесе за нестабилност. Аналитичарите предупредуваа дека евентуален прекин на испораките кон Азија може да предизвика глобален шок, вклучувајќи и Европа која се натпреварува со азиските пазари за снабдување со втечнет гас.Сепак, откако Иран одговори со ракетен напад врз американска база во Катар, при што немаше жртви, Трамп преку ноќ објави примирје, што ги охрабри инвеститорите и доведе до релаксација на енергетските пазари.Стручњаците сега предвидуваат дека трговците ќе се вратат на полнeње на европските складишта, потпирајќи се на засилени испораки од САД, додека геополитичките ризици се привремено стивнати.

Свет | пред 7 месеци

Gerasimovski-2

ДЗР констатирал: Општина Центар има 4,5 милиони евра ненаплатени побарувања

Општина Центар, заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, или 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата, утврдил Државниот завод за ревизија.Побарувањата по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно.По основ на комунална такса за користење на просторот за паркирање на моторни возила, Општина Центар побарува од ЈП “Паркинзи на Општина Центар” – Скопје 16.940 илјади денари кои се однесуваат на побарувања од минати години, а за 2022 и 2023 година воопшто не искажува побарувања по овој основ.Во услови на непостоење на прецизни и јасни критериуми, во 2023 година доделени се финансиски средства на спортски здруженија, спортисти-поединци и стипендии за млади таленти во вкупен износ од 2.256 илјади денари, што претставува само 13% од вкупните средства на Програмата за спорт и рекреација, а останатите 15.000 илјади денари или 87%, Општина Центар ги доделила на КК “Работнички“ АД Скопје, при што во изминатите 9 години нема извршено контрола на наменското и законското користење на доделените средства.Општина Центар исплатила 984 илјади денари за адвокатски услуги во месечни паушали, а не врз основа на извештај/ спецификација за преземени активности според Тарифата за наградата и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања