Скопје1.мк

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пешак загина во сообраќајка во Охрид – двајца млади пријавени, возачот бил без дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. Едно од лицата им подлегнало на повредите, додека второто е хоспитализирано.По преземените мерки, на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-3

Мицкоски: Очекуваме до милион и пол туристи во Македонија, туризмот го движи економскиот раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави:„Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат услуга на овие туристи. Тоа значи дека, ако просекот е некаде околу 800 евра, дека секој од нив оставил, надвор од аранжманот. Тоа се навистина стотици милиони евра коишто ќе останат тука, кај нас, во угостителството, во услужната дејност итн., итн.Очекуваме засилување, уште поголемо. Обидот, да директно преговараме со туроператори е успешен, 40.000 туристи од Западна Европа, веќе престојуваат тука, во вкупен број зборувам. Тоа се некаде околу 160.000 ноќевања, надвор од сезона, кога зборуваме за Охрид, иако и во другиот дел на државата, цела година е сезоната.За следната година очекуваме, надвор од сезона, половина милион ноќевања. Веќе разговараме со други туроператори и очекуваме повторно двоцифрен раст на туризмот. Влијае на бруто-домашниот производ, влијае на економскиот раст на државата.Минатата година имавме 1.200.000 туристи. Оваа година очекуваме до милион и пол да дојдеме. Минатата година имавме 3,5 милиони ноќевања, а оваа година очекуваме до 4 милиони ноќевања минимум да дојдеме“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-11.18.46

„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази.„Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите знаеле дека детето ќе оди само во училиште. Двајца кажаа дека дознале од таткото, преку Палевски. Да не знаеле дека детето ќе оди по исклучок само, немало да има грабнување. Обвинителството не можеше да оди преку овој факт. Обвинителството не можеше да донесе поинаква јавно обвинителска одлука. Извесно е дека ќе вложиме жалба, нека одлучи повисокиот суд. Во однос дека обвинетите ја сменија изјавата за Ѓорчевски, тие не понудија ниту еден разумен факт и околност зошто го сторија тоа. Тоа дека имало некаква тортура над нив, не е реално, ниту се докажа. Ние ги анализиравме сите искази нивни, никој од нив не кажа дека е употребена сила. По сите параметри, исказите се покажаа како вистински“, рече Ана Стојковиќ Димитриевска.Таа додаде: „Ова што јас го кажувам сега, е доказ. Искази на двајца обвинети се доказ. Можеби не докази какви би сакале да имаме, но со анализа на сите докази поединечно и заедно, ние немавме друга опција освен за таква одлука“.

Македонија | пред 7 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Велибор Манев се осудени на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа.„На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски.Изречена им е и ослободителна пресуда за грабнувањето на Панче Жежовски.„Обвинетите Манев, Видевски, Кешишев, Палевски се особлодоуваат од обвинение дека на 22.11.2023 година околу 9 часот во Велес, обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски за да го присилат да даде нешто, односно автомобил. Јавниот обвинител не докажа дека тие го сториле делото, а тоа да е надвор од разумно сомневање“, рече Стефановски.Случајот започна во ноември 2023 година, кога Панче прво беше пријавен за исчезнат, а неколку дена подоцна и малолетната Вања. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и кај местото наречено „Дупки“ во Бразда.Обвинети беа пет лица – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Првите четворица се товарат за грабнување и двојно убиство, а Ѓорчевски за помагање при грабнување на неговата ќерка преку давање информации.Обвинителството побара доживотна казна затвор за четворица од обвинетите, додека за Ѓорчевски соодветна затворска казна. Како клучни докази беа наведени снимки од безбедносни камери, признанија на дел од обвинетите, сведочења и материјални докази.Првообвинетиот Палевски во своите завршни зборови го негираше учеството во убиствата, префрлувајќи ја вината врз Манев и Видевски. Во завршните зборови, Палевски и Видевски побараа да бидат ослободени од вина со тврдење дека не сториле ништо, додека Кешишев и Манев бараа да не бидат судени за убиствата, туку само за грабнувањата.Постапката доби и ново продолжение пред само неколку недели, кога беше уапсен вработен во Народна банка, за кого сведочеше Велибор Манев дека го уништил ранецот во кој бил криен пиштолот што, според обвинението, бил користен при убиствата.

Македонија | пред 7 месеци

gjorcevski-aleksandar

(Видео) Таткото на Вања ослободен од вина

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него.„Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски.Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика од другите четворица обвинети, кои се товарат за тешко убиство и барање доживотен затвор, за Ѓорчевски се бара соодветна казна затвор за помагање во извршување на кривично дело.На едно од рочиштата, Ѓорчевски се изјасни за невин, тврдејќи дека од првиот ден бил неправедно третиран од истражните органи. Изјави дека полицијата го сомничела без основа и бараше да му биде дозволено тестирање на полиграф, со цел да ја докаже својата невиност.Во текот на судската постапка, неговото име не се спомнуваше во контекст на директно учество, освен од обвинителките. Обвинителството, сепак, тврди дека тој имал предзнаење за планот, но не презел ништо да го спречи.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Џеј Ди Ванс ја промовира „Трамп доктрината“ преку ударот врз Иран: Јасни цели, дипломатија, сила

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ја искористи говорничката бина на Републиканската вечера во Охајо за да ја претстави таканаречената „Трампова доктрина“ – нов надворешнополитички пристап кој, според него, комбинира јасно дефинирани интереси, агресивна дипломатија и прецизна употреба на воена моќ.Во обраќањето, Ванс го посочи неодамнешниот воздушен напад врз Иран како „исклучително успешен пример“ за новата стратегија: „Не само што го уништивме иранскиот нуклеарен програм, туку тоа го направивме без ниту една американска жртва. Тоа е суштината на оваа доктрина“, изјави тој, и покрај информациите дека штетата била помала отколку што тврди Белата куќа.Трите столба на „Трамп доктрината“, според Ванс:Прво – јасно дефинирање на американскиот интерес (во овој случај: Иран без нуклеарно оружје);Второ – агресивна дипломатија за решавање на проблемот;Трето – доколку тоа не успее, употреба на преовладувачка сила и брзо повлекување, за да се избегне долготраен конфликт.Со ова, Ванс се оддалечи од претходните изолационистички ставови на крајната десница и покажа дека е подготвен да ја води надворешната политика со „реалполитичка“ решителност. Ударот врз Иран – именуван како „Операција Полноќен Чекан“ – доби поддршка во длабоко републиканските делови на Охајо.И додека високите функционери како Ванс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио уверуваат дека целта била исклучиво неутрализација на нуклеарниот капацитет на Техеран – а не промена на режимот – Трамп подоцна на својата социјална мрежа напиша:„Ако овој ирански режим не може да ја направи ИРАН ПОВТОРНО голема (држава), тогаш зошто да не дојде до промена?“Коментарот предизвика дополнителни дебати, но не и откажување на поддршката од базата. И покрај мали протести во Лима, каде што се одржа вечерата, Џеј Ди Ванс не се поколеба:„Зошто, за Бога, би го откажале патувањето во Охајо?“ – одговори тој.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-09.18.25

СДС располагаат само со корумпирани кадри, Костадин Ацевски е продолжена рака на Заев и Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Корумпираните кадри кои СДС ги има се очигледни, изборот на Костадин Ацевски за кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е апсолутно политичко разочарување, кандидат кој е поврзан со контроверзии и сомнителни активности“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС покажа дека располага само со несоодветни кандидати кои се олицетворение на урбанистичката мафија која поддржува агресивна бетонизација, на семејното насилство и на преоптоварување на државниот буџет.Јавноста е запознаена дека Ацевски беше дел од составот кој гласаше за промена на уставното име на Република Македонија и човек кој додека беше директор на Македонија пат потпиша договори за транспорт на битумен по цена многу повисока од реалната.Кандидатот од СДС, Ацевски е човек кој е синоним за скандали и семејни инциденти кои воедно го нарушуваат неговиот личен, институционален и политички интегритет, тој е само продолжена рака на Зоран Заев и Венко Филипче.Евидентно е дека кадрите на СДС се криминални и корумпирани, обременети со скандали и претставуваат приказ на хаосот во СДС.Сите факти укажуваат дека ваков профил на човек за кандидат за градоначалник е несоодветен и не може да ги добие гласовите од граѓаните.Жителите на Ѓорче Петров заслужуваат градоначалник кој ќе го гледа градот како свој дом, кој ќе работи чесно, одговорно и транспарентно, а не градоначалник кој врши злоупотреба на позицијата за свои цели.СДС е нереформирана партија, партија која е заглавена во минатото, а граѓаните избираат промени и напредок на општината со развој и конкретни проекти!

Скопје | пред 7 месеци

mucunski4-2

Муцунски од Хаг: Единството на НАТО е најсилната алатка – поддршка за Украина останува приоритет

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата.Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.Во своето обраќање, шефот на македонската дипломатија истакна дека кохерентноста и единството се клучни во справувањето со заедничките безбедносни закани, нагласувајќи ја потребата за засилени инвестиции во одбранбените капацитети.„Континуираната координација меѓу сојузниците е единствениот начин да постигнеме заеднички успех“, истакнал Муцунски.Тој се осврнал и на ситуацијата во Украина, изразувајќи поддршка за праведно и долгорочно решение преку директни преговори меѓу Киев и Москва, поддржани од САД и европските партнери.Македонија, рече Муцунски, останува посветена на поддршката за Украина, во согласност со своите капацитети.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-25-at-09.14.53

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси.„Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе дојдело. По четири години локална власт и една централна, ВМРО-ДПМНЕ порачува: не гледајте што правевме досега, туку гледајте кон иднината“, рече Филипче пред присутните.Тој реагираше на, како што истакна, обидите на власта да го релативизира сопствениот неуспех.„Но јас имам една порака до Мицкоски – денот по утрото се познава. А утрото кое требаше да донесе надеж, гордост и перспектива, донесе само понижувања, негрижа, ароганција и своеволие. Додека Мицкоски држи прес-конференции за „успеси“ што никој не ги видел, земјоделците се оставени без денар поддршка, економијата е заглавена во место, со негативен раст. Нема поврат на ДДВ за фирмите, нема раст на платите. Нема реформи во судството. Нема мерки за цените. Има само долгови – 7 милијарди евра нов долг за една година. Има и галопирачка инфлација, во време кога властите нè убедуваат дека сме економски „тигар““, додаде Филипче, потенцирајќи ја апсурдноста на владините наративи во споредба со реалноста.Во завршницата на своето обраќање, тој ја истакна директната реакција на граѓаните од теренот.„Манипулациите не поминуваат кај граѓаните – денес тоа јасно го почувствував во Кавадарци. Сите се свесни дека не може ништо добро да се очекува од оваа власт. Напротив, како што тргнале состојбите, најлошото допрва доаѓа“, рече Филипче.Завршувајќи го обраќањето, тој ја пренесе пораката на СДСМ:„СДСМ останува таму каде што власта одамна не е – меѓу народот. Битката што следи не е само изборна – таа е борба за нормалност“, заклучи Филипче во Кавадарци.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6878

Иран тврди: Уапсени 700 „израелски платеници“, тројца погубени за шпионажа

Иранските власти соопштија дека уапсиле над 700 лица поради наводна поврзаност со израелската разузнавачка служба Мосад, објавија државните медиуми. Агенцијата Nour News пренесе дека апсењата се случиле во изминатите 12 дена, откако започнаа израелските напади врз иранска територија.Според медиумот Fars News, близок до иранските безбедносни структури, приведените се нарекуваат „израелски платеници“, а при акцијата биле запленети и 10.000 дронови.Истовремено, државната агенција Mizan јавува дека тројца мажи се погубени поради шпионажа и соработка со Мосад. Тие биле осудени за шверц на опрема за изведување атентати. Други детали не се соопштени.Иран и претходно објавуваше пресуди и егзекуции на лица обвинети за соработка со израелските тајни служби, во рамки на постојаните тензии меѓу двете земји.

Свет | пред 7 месеци

ohrid-info

ПРОМЕНА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПИТУ ГУЛИ“

Денес и во наредните неколку денови, ќе се врши промена на уличното осветлување на дел од улицата “Питу Гули“, од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Марко Нестороски“.Се молат возачите на повнимателно управување со моторните возила заради поголема безбедност на граѓаните.

ОО | пред 7 месеци

ohrid-markica

СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ педесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.06.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 57-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетот на Општина Охрид согласно Договорот за финансирање SERAPIS бр. 2018-0837.Предлог-одлука за определување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности.Предлог-одлука за продолжување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности.Предлог-одлука за изменување на одлуката за отстапување дел од недвижен имот и опрема на времено користење на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 34, ГП 4.38, ГП 4.43 и ГП 4.46 формирани во ДУП за дел од МЗ – 15 Корпус, блок 4 во КО Велгошти, Општина Охрид.Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на соседни градежни парцели ГП 2.3.41, со основна класа на намена А2-домување во згради и ГП 2.3.42, со основна класа на намена А1-домување во куќи, на повеќе катастарски парцели во КО Охрид 3, во ДУП за УЗ 2, Блок 2.3, опфат 2, Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 4-опфат 1, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид, 2023-2028.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.514 и КП.бр.510 КО Пештани, објект 2 и КП.бр.512 и КП.бр.510 КО Пештани, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.156 КО Косел, објект 1 и објект 2 (помошен објект).Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.165 КО Охрид 4, објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.753/11 КО Косел, објект 1 и објект 2 (помошен објект).Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 9, објект 10 и објект 20.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.178 КО Косел, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1696/2 КО Горно Лакочереј, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр1810/1 и КП.бр.1810/2 КО Г.Лакочереј, објект 1, КП.бр.1810/2 КО Г.Лакочереј, објект 2 и КП.бр.1811/2 КО Г.Лакочереј, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.2204 КО Лескоец, објект 1, КП.бр.2203 КО Лескоец, објект 1 и КП.бр.2203 КО Лескоец, објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2636 КО Д.Лакочереј, објект 1 и објект 2 (помошен објект).Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.145 КО Лескоец.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-9358/123.06.2025 год.О х р и д

ОО | пред 7 месеци

DSC0472

Пецаков денеска оствари средба со амбасадорката на Литванија во државава

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со  амбасадорката на  Литванија во државава, Н. Е.  Вилма Дамбраускиене.Високата гостинка од Литванија беше информирана за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека   на  охридскиот аеродром  „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници. Стана збор и за развој на други индустриски гранки  со отворање на две компании, едната словенечка, а другата австриско – канадска инвестиција во кои се вработени многу охриѓани.Двете страни ги потврдија добрите дипломатски  односи меѓу двете земји, Македонија и Литванија, а годинава се навршуваат 30 години од воспоставувањето. На средбата се разговараше и за најзначајната музичко сценска манифестација кај нас „Охридско Лето“ и за овогодинешното организирање на Литванската вечер.Стана збор и за останати политички теми кои ја засегаат нашава држава.

Охрид | пред 7 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Опасни горештини: Институтот за јавно здравје со итни препораки за работниците

Поради најавени високи температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје ги повика работодавачите и работниците на строго почитување на препораките за заштита при работа во услови на екстремна горештина.Работодавачите се должни:Да обезбедат вентилација и климатизација на работните простории.Да овозможат климатизирана просторија за разладување („засолниште“).Да ги организираат работните часови така што ќе се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот.Да овозможат чести паузи, внес на течности и електролити.Да ја намалат работната норма, да избегнуваат прекувремена работа и по потреба да го прекинат работниот процес.Да внимаваат на ранливите категории вработени – постари, хронично болни, бремени и лица со зголемена телесна тежина.Работниците треба:Да внесуваат најмалку 2 литра вода дневно и електролити, да избегнуваат алкохол и кофеин.Да носат лесна, светла облека, заштитни очила и крема со УВ заштита.Да бидат внимателни на симптоми на топлотен удар: вртоглавица, повраќање, замор, и да не го напуштаат работното место без помош.Прва помош при топлотен удар:Итно повикување на Брза помош (194 или 112).Ладење на лицето, легнување со подигнати нозе, примена на ладни облози.Не се дава терапија додека не пристигне медицински тим.Дополнително, за вработените од ризични категории се препорачуваат вонредни лекарски прегледи за утврдување на способноста за работа во вакви услови.Институциите апелираат за внимателност и прилагодување кон високите температури за заштита на здравјето и превенција од несакани последици.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп со остри критики кон Израел – Израелците со мирен одговор и благодарност

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот остро го критикуваше Израел поради, како што рече, кршење на договорениот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека е незадоволен и од Техеран и од Тел Авив, но особено од израелската страна.„Израел веднаш по договорот фрли бомби. Тоа не е во ред“, изјави Трамп пред заминувањето на самитот на НАТО, предупредувајќи ја израелската влада да не ги продолжува нападите.Од Израел пристигна смирен и дипломатски одговор – благодарност за неговата улога во посредувањето. „Искрено, не ми е многу важно што кажа Трамп. На крајот, тој помогна да се стави крај на војната, и тоа е најважното“, рече Даниел Копилков (27), готвач од Хаифа – еден од градовите погодени од ирански проектили.Професорот по историја Марк Воловици изјави дека оваа епизода го покажала степенот на израелската зависност од поддршката на САД: „Ова беше мал, но значаен потсетник за тоа колку Израел зависи од американскиот легитимитет“.Сличен став имаа и други граѓани, кои не ги доживеаа изјавите како длабока криза, туку како политичка реторика. „Тоа е како родител кој го укорува своето дете“, изјави 70-годишната Естер.Адвокатот Ефраим Глазберг (75) оцени дека Трамповата реакција била „реакција во моментот“ и не смета дека таа ќе има долгорочни последици врз односите меѓу двете земји.

Свет | пред 7 месеци

bombarder

Пеколен лет до Иран: Амфетамини, вреќички за урина и 37 часа без пауза – сведоштва од американските пилоти

Нападот на САД врз три ирански нуклеарни постројки изминатиот викенд беше едно од најкомплексните воени воздушни дејства во поновата историја. Седум „невидливи“ бомбардери B-2, со по двајца членови на екипаж, полетаа од базата Вајтман во Мисури, прелетаа половина свет и се вратија назад – во операција долга 37 часа без слетување, објави CNN.Учесниците во мисијата преживеале буквално физичка и ментална граница на издржливост. За време на летот, пилотите користеле „go pills“ – амфетамини за одржување будност, овластени од воената медицина. Седењето во кабината било наизменично – додека еден управувал со леталото, другиот се обидувал да одмори на склоплива, едвај комфорна лежалка.Уринирањето било во т.н. "piddle packs", специјални вреќички со абсорбирачки материјал.„До крајот знаевме точно колку тежат“, се шегува еден од пилотите.За време на операцијата, седумте бомбардери извршиле седум различни напади во рок од 30 минути, поддржани од ловци, танкери и извидувачки авиони. Некои B-2 летале во спротивен правец како мамци. Вкупно биле ангажирани над 125 летала.Мисијата потсетува на рекордната 44-часовна операција над Авганистан по 11 септември 2001, во која учествувал и поранешниот полковник Мелвин Дејл.„Тоа што овие момци го направија денес – тоа е подвиг“, вели тој.И покрај најсовремената технологија, условите во B-2 остануваат сурови: без вистински тоалет, со ограничена храна и минимален сон. Но за пилотите, тоа е дел од мисијата – „лет без крај, со една цел“.

Свет | пред 7 месеци

gaza44

Седум израелски војници загинаа во борби во Појасот Газа

Израелската армија соопшти дека седум нејзини припадници – еден офицер и шест војници – загинале вчера во борбите на југот на Појасот Газа, во реонот на Кан Јунис.Во одвоен инцидент, исто така на југот, еден израелски војник бил тешко ранет. Според израелски медиуми, загинатите војници се наоѓале во оклопно возило кога експлозивна направа поставена под него детонирала и предизвикала пожар.Во истиот реон минатиот месец израелската армија нареди итна евакуација на цивилите, најавувајќи „невиден напад“. Населението беше насочено кон западниот дел на Појасот Газа, кон областа ал-Маваси, каде што сега се одвива нова офанзива.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

И покрај примирјето, Иранците масовно го напуштаат Иран: „Ова е само пауза во пеколот“

Иако Израелските напади се прекинати, стотици Иранци продолжуваат да бегаат од земјата, сведочи дописничката на BBC, Лајс Дусет, од главниот граничен премин со Турција. Натоварени со куфери и со замор на лицата, бегалците не кријат дека немаат намера наскоро да се вратат.„Ова е само привремено примирје“, вели еден маж, додека другите околу него молчешкум се согласуваат. Недовербата кон стабилноста е очигледна.Иако нападите привремено престанаа, нормалниот живот е далеку од враќање: интернетот сè уште не функционира, аеродромите остануваат затворени, горивото е со ограничена достапност, студентите не можат да полагаат испити, а јавната администрација работи од дома.„На Иранците им се смени животот – и сè изгледа неизвесно“, заклучува Дусет.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Москва ја притиска Србија – Путин и Вучиќ разговарале за српското оружје во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за наводните испораки на српско оружје во Украина, за време на нивната средба во Москва по повод Денот на победата на 9 мај, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Темата беше допрена за време на разговорите“, изјави Песков за РИА Новости, реагирајќи на прашањата за можно ново затегнување на односите поради обвинувањата од руските разузнавачки служби.Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) неодамна повторно ја обвини Србија дека преку фирми во Чешка и Бугарија индиректно извезува оружје за украинската армија. Станува збор за ракети за повеќецевни ракетни системи и минофрлачки гранати, кои, според СВР, „убиваат руски војници и жители на руските територии“.Српските власти негираат официјална вмешаност, но Вучиќ – по средбата со воениот врв – објави дека земјата ја запира продажбата на оружје, без директно да ја поврзе одлуката со руските обвинувања.Темата останува крајно чувствителна, особено поради традиционалната блискост меѓу Белград и Москва, како и растечкиот притисок од Западот кон Србија да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.

Свет | пред 7 месеци

market-ovosje

„Купувај домашно“ – Владината кампања со цел зголемување на земјоделското производство и потрошувачка

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи.„Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да стане земјоделски независна држава“, порачуваат од Владата.Секој производ во маркетите ќе биде јасно обележан – дали е од домашно производство или е увезен, а целта е граѓаните свесно да избираат домашни производи и со тоа да дадат поддршка на локалните производители.„Една година Влада значи целосна посветеност на реални проекти. Земјоделците се во фокусот на нашите политики, и ќе продолжиме со мерки што директно влијаат врз развојот на економијата и растот на БДП“, велат од Владата.

Македонија | пред 7 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Топлотен бран со температури до 39 степени

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.ИЈЗ апелира да се почитуваат нивните препораки да не се работи надвор од 11 до 17 часот, да се пијат течности, да се носи лесна светла облека и да се зема редовната терапија.

Македонија | пред 7 месеци

palevski-palco

Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според најавите, треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За убиствата се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.Во обвинението стои дека обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето Панче Жежовски од Велес, пак, според обвинението, било да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на Вања.Обвинетите на почетокот од процесот, кој траеше нецела година, изјавија дека не се чувствуваат виновни, а нивните адвокати тврдеа дека обвинителите не успеале да ја докажат вината и побараа ослободителни пресуди. Обвинителството побара максимална казна, а тоа е доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.Нецела година траеше првостепената судска постапка, а денеска судијата Ивица Стефановски, ќе ја изрече пресудата за тешките убиства.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-2

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.„Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми бројот на композиции кои ќе транзитираат, а со проширениот капацитет на пристаништето во Грција и брзата пруга ќе се зголеми и бројот на композиции кои дневно ќе транзитираат. Сето тоа во одредена мера ќе доведе до десеткратно зголемување на приходите. Ова не е калкулација која ја правевме затоа што така ни текнало, седнавме со експерти со кои го сработивме во делот на транспорт и превоз. Ова е таа економска оправданост зошто така размислувавме и ова е стратегија“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека Обединетото Кралство доаѓа на Балканот преку нас, а ние сме земја која не излегува на море, но имаме геостратешко значење бидејќи сме раскрсница на три европски коридори, два директно и еден посредно тоа е Коридор 11 или Струма коридор од Егејско море до балтичките земји и тоа ни дава на тежина и ние го користиме сето тоа и затоа се одлучивме на овој проект и сме убедени дека е проект за идните генерации.Што се однесува со резервоарите за вода, премиерот Мицкоски посочи дека се преговара да дел од средствата се употребат за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.„Пресметуваме внатрешна стапка на поврат на колкав временски период ни е потребно да ги искористиме овие средства за на крајот од денот имаме профит. Ова се стратешки проекти за идните генерации, два резервоари за вода, но не само за пиење, туку и за наводнување за Тиквешкиот регион кој произведува прекрасно грозје и вино, што е одлична прилика за добар туризам промоција на македонска кујна и вино. Морате да размислувате стратешки ако сакате да правите големи крупни чекори. Размислувавме стратешки и имаме 21,1% раст на туризмот во овие 4 месеци споредено со лани тие 4 месеци“, изјави премиерот Мицкоски.Во однос на темата задолжување со договорот, премиерот Мицкоски појасни дека ништо не е задолжена Македонија и ако ги гледате податоците долгот е намален, а ниту ќе се задолжи.„Теоретски утре да почнеме да градиме првата фактура ќе стигне 2027 година, колку брзо ќе градиме и ефикасно така ќе расте нашиот бруто домашен производ, во градежништвото барем три пати се вртат парите, расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот БДП така ќе се повлекуваат средствата, нема да ги повлечеме да стојат на сметка и да кренеме долгот без да го креваме БДП. Ве уверувам дека ќе имаме намалување на долгот. Се е на транспарентен начин, а Обединетото Кралство ни гарантираат со нивниот кредитен рејтинг“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.27.16

(Видео) Бели балони за 62 изгубени животи: „Ова е опрост што не можевме да ве спасиме“

Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата.„Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на една болка и љубов која никогаш нема да згасне. Вашите имиња се врежани во нашите срца, вашите насмевки се нашето светло“, се вели во видеото што ја потресе јавноста.Во својата објава, Златев напиша:„Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души.“Тој нагласува дека не се жртви, туку сведоци – на траума, но и на љубов што не згаснува.„Ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш.“Со болка, но и со завет, Златев додава:„Ќе живееме за вас. Ќе зборуваме за вас. Ќе се бориме за вистината и за правда – во ваше име.“„Секогаш ќе бидете со нас – во секоја солза, во секој здив, во секој чекор.“

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. Во делот лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку се скратија и постоечките добри мерки донесени од Владата на СДСМ, како авансната исплата, стопирана е и програмата за мали винарии и дестилати, укината е субвенцијата за високо квалитетно грозје и намалена е поддршката за саемски манифестации за промоција.„ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една година покажаа дека не го вреднуваат ниту трудот на земјоделецот, ниту ги интересира развојот на земјоделството особено на стратешките гранки како што е лозарството и винарството. Ги стопираа програмите за финансирање на мали семејни винарии. Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје, додека претходните години беше по 2 или 3 денари за килограм во зависност од приносите на грозје во тековната година. Во програмата за субвенционирање на лозарството укината е и мерката за субвенционирање на хектар лозов насад во висина од 60.000 денари по хектар за производство на грозје за високо квалитетни вина, што како мерка беше во програмата за субвенционирање во 2024 година“, рече Филипче.Говорејќи за потребата од поддршка на лозарството и винарството како наши извозни се стратешки гранки, Филипче потсети дека Владата на СДСМ во својот мандат, заедно со лозарите, со винариите, донесе низа мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.„Со Законот за вино се загарантираа најниските откупни цени на грозјето, и како резултат на овие измени во 2024 година се постигна највисока просечна откупна цена кај сите вински сорти. Се олеснија условите за формирање на мали семејни винарии кои дотогаш не беа во можност да се формираат и регистрираат како такви. Воведовме нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Лозарите беа опфатени и со мерката за субвенции за зелена нафта и со моделот за авансна исплата на субвенциите“, рече Филипче.На средбата, Филипче посочи дека благодарение на успешноста на мерките на СДСМ се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. При тоа, Филипче порача дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на сите земјоделци и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Тоа како што кажа, подразбира и силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања