Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници, но и разговараме за Чебрен и Галиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
unnamed-2

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.

— реклама —

„Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми бројот на композиции кои ќе транзитираат, а со проширениот капацитет на пристаништето во Грција и брзата пруга ќе се зголеми и бројот на композиции кои дневно ќе транзитираат. Сето тоа во одредена мера ќе доведе до десеткратно зголемување на приходите. Ова не е калкулација која ја правевме затоа што така ни текнало, седнавме со експерти со кои го сработивме во делот на транспорт и превоз. Ова е таа економска оправданост зошто така размислувавме и ова е стратегија“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Обединетото Кралство доаѓа на Балканот преку нас, а ние сме земја која не излегува на море, но имаме геостратешко значење бидејќи сме раскрсница на три европски коридори, два директно и еден посредно тоа е Коридор 11 или Струма коридор од Егејско море до балтичките земји и тоа ни дава на тежина и ние го користиме сето тоа и затоа се одлучивме на овој проект и сме убедени дека е проект за идните генерации.

— реклама —

Што се однесува со резервоарите за вода, премиерот Мицкоски посочи дека се преговара да дел од средствата се употребат за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

— реклама —

„Пресметуваме внатрешна стапка на поврат на колкав временски период ни е потребно да ги искористиме овие средства за на крајот од денот имаме профит. Ова се стратешки проекти за идните генерации, два резервоари за вода, но не само за пиење, туку и за наводнување за Тиквешкиот регион кој произведува прекрасно грозје и вино, што е одлична прилика за добар туризам промоција на македонска кујна и вино. Морате да размислувате стратешки ако сакате да правите големи крупни чекори. Размислувавме стратешки и имаме 21,1% раст на туризмот во овие 4 месеци споредено со лани тие 4 месеци“, изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на темата задолжување со договорот, премиерот Мицкоски појасни дека ништо не е задолжена Македонија и ако ги гледате податоците долгот е намален, а ниту ќе се задолжи.

— реклама —

„Теоретски утре да почнеме да градиме првата фактура ќе стигне 2027 година, колку брзо ќе градиме и ефикасно така ќе расте нашиот бруто домашен производ, во градежништвото барем три пати се вртат парите, расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот БДП така ќе се повлекуваат средствата, нема да ги повлечеме да стојат на сметка и да кренеме долгот без да го креваме БДП. Ве уверувам дека ќе имаме намалување на долгот. Се е на транспарентен начин, а Обединетото Кралство ни гарантираат со нивниот кредитен рејтинг“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 23 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања