Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-25-at-09.14.53

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси.

„Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе дојдело. По четири години локална власт и една централна, ВМРО-ДПМНЕ порачува: не гледајте што правевме досега, туку гледајте кон иднината“, рече Филипче пред присутните.

— реклама —

Тој реагираше на, како што истакна, обидите на власта да го релативизира сопствениот неуспех.

— реклама —

„Но јас имам една порака до Мицкоски – денот по утрото се познава. А утрото кое требаше да донесе надеж, гордост и перспектива, донесе само понижувања, негрижа, ароганција и своеволие. Додека Мицкоски држи прес-конференции за „успеси“ што никој не ги видел, земјоделците се оставени без денар поддршка, економијата е заглавена во место, со негативен раст. Нема поврат на ДДВ за фирмите, нема раст на платите. Нема реформи во судството. Нема мерки за цените. Има само долгови – 7 милијарди евра нов долг за една година. Има и галопирачка инфлација, во време кога властите нè убедуваат дека сме економски „тигар““, додаде Филипче, потенцирајќи ја апсурдноста на владините наративи во споредба со реалноста.

— реклама —

Во завршницата на своето обраќање, тој ја истакна директната реакција на граѓаните од теренот.

„Манипулациите не поминуваат кај граѓаните – денес тоа јасно го почувствував во Кавадарци. Сите се свесни дека не може ништо добро да се очекува од оваа власт. Напротив, како што тргнале состојбите, најлошото допрва доаѓа“, рече Филипче.

Завршувајќи го обраќањето, тој ја пренесе пораката на СДСМ:

„СДСМ останува таму каде што власта одамна не е – меѓу народот. Битката што следи не е само изборна – таа е борба за нормалност“, заклучи Филипче во Кавадарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

Раст на инфлацијата од 5,7%, дилетантнот Мицкоски го доведе народот до раб на сиромаштија, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Мицкоски започна кампања за „Платформата на ВМРО“ во СДСМ – паника во криминалната група , вели СДСМ

Македонија | пред 15 часа

media-librarydutntsnhm00r8634eYU

Детските игралишта во Аеродром се небезбедни, градоначалникот итно да ги реконструира, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Горивата поскапуваат, Мицкоски ја демантира сопствената изјава, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања