Промени тема
Контакт

Трамп одбил помош од Путин за Иран: „Ми треба помош со тебе, не со Иран“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одбил понуда за соработка околу ескалацијата меѓу Израел и Иран – враќајќи го фокусот на, според него, поважниот конфликт: војната во Украина.

— реклама —

„Путин ми се јави и рече: ‘Можам ли да ти помогнам со Иран?’. Му одговорив: ‘Не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош со тебе’“, изјави Трамп пред поаѓање на самитот на НАТО во Холандија, пренесе Fox News, а потоа и Newsweek.

Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа со ветување за брзо постигнување мир во Украина, повторно ја истакна својата фрустрација од двете страни, поради, како што рече, бавните и неуспешни мировни преговори. Според него, „огромниот човечки и финансиски товар за американските даночни обврзници е неподнослив“.

— реклама —

„Шест илјади војници загинаа минатата недела. Тоа е трагедија“, додаде Трамп.

— реклама —

За Киев и европските сојузници, неговата изјава е сигнал на загриженост. Тие очекуваат Трамп да го засили притисокот врз Путин преку поголема воена поддршка и нови санкции. Но, Трамп смета дека очекувањата од Украина се „нереални“, а барањата – несоодветни на реалната состојба на боиштето, каде што Русија во моментов напредува.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така присуствува на самитот во Хаг, се надева на обезбедување нова воена помош и договор меѓу членките на НАТО за одвојување најмалку 5% од БДП за одбрана.

— реклама —

Според аналитичарите, дел од воената поддршка што ја одобри администрацијата на Џо Бајден наскоро ќе истече, а останува неизвесно дали Трамп ќе биде подготвен да ја продолжи или засили. Во меѓувреме, неговиот имиџ на „глобален мировник“, како што самиот се нарекува, останува на тест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања