Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – закон со кој се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
unnamed

„Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

Оваа определба добива уште поголема тежина ако се има предвид хаосот, поделбите, клиентелизмот и масовните злоупотреби што зад себе ги остави минатата влада.

Наша важна должност и обврска е да се издигнеме над оваа наследена состојба и да градиме институции што не делат, туку обединуваат; што ги отвораат вратите за најдобрите, најобразованите и најуспешните!

Денес, Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, закон со кој отвораме ново поглавје на професионализам во јавниот сектор на државно и на локално ниво.

— реклама —

Овој закон има една јасна цел: администрацијата да биде вистински сервис на сите граѓани, но изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.

За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард: знаење, интегритет и заслуги.

Имаме обврска, после толку години на злоупотреби, да раскрстиме со минатото, градејќи институции кои не ги поддржуваат послушните, туку ги вреднуваат способните.

Јавен сектор каде што млад човек со квалитет може да напредува.

— реклама —

Овој Предлог-закон го доставуваме на разгледување до Венецијанската комисија – затоа што сакаме највисоки стандарди и целосна усогласеност со европските вредности.

Законот ќе биде поднесен до Собранието откако ќе го добиеме мислењето од Венецијанската комисија.

Ова не е чекор како што одредени политички партии сакаат да го злоупотребат против овој или оној.

— реклама —

Ова е одговорност кон сите!

Градиме држава што е праведна кон сите, што ги почитува сите и која напредува само ако напредува и секој еден граѓанин во неа.

Со овој закон, воспоставуваме баланс и го поставуваме и темелот на професионална, транспарентна, модерна и мултиетнички силна администрација.

Силна и стручна администрација не е прашање на етничка припадност, таа е еднакво важна за секој граѓанин, без разлика од која заедница доаѓа.

— реклама —

Кога институциите се праведни и ефикасни, сите граѓани добиваат подобра услуга.

Тоа е темелот на трајна меѓуетничка доверба и вистинска сплотеност.

Законот е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но истовремено во таков еден процес тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници.

Овој закон е одличен баланс и поттик за квалитетите и ги штити правата на сите. Им честитам на коалицијата ВЛЕН и на другите претставници на етничките заедници, ова е многу важен закон за македонците, за Албанците, за Турците, за Ромите, за Бошњаците, за Србите, за Власите и за сите, затоа што е закон кој ќе стимулира и ќе дава шанса, истовремено запазувајќи го квалитетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 23 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања