Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Анализа: Американската операција „Полноќен чекан“ ја разоткри слабоста на руската ПВО – Москва во паника?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-52135

Додека сè уште се слегнува правот по спектакуларната американска операција „Полноќен чекан“, со која беа погодени клучни ирански нуклеарни објекти, нејзините последици веќе се чувствуваат и далеку од Блискиот Исток – дури до Москва. Тоа го оценува поранешниот британски офицер и експерт за хемиско оружје Хамиш де Бретон-Гордон во анализа за Телеграф, објавена под наслов: „Путина ќе го ужаси колку лесно падна руската противвоздушна одбрана на Иран“.

— реклама —

Операцијата, во која учествувале седум американски бомбардери B-2 и 75 крстосувачки ракети, со висока прецизност ги погодила подземните постројки во Фордо, Натанз и Исфахан, покажала не само технолошка супериорност на САД, туку и алармантна ранливост на иранскиот воздушен простор, кој беше заштитен со руски системи С-300.

За Русија, ова е аларм – и стратегиски пораз. Ако нивните системи не успеале да го заштитат Иран, што би се случило ако истото сценарио се преслика во Украина, или уште полошо – во самата Русија?

— реклама —

Во Украина, иако се води различен вид на воздушна војна, обете страни избегнуваат користење авиони над фронтот, и се потпираат на ракети и дронови, токму поради опасноста од ПВО. Но, американско-израелската демонстрација на сила покажува дека добро опремени армии можат да ги победат руските системи – и тоа лесно.

— реклама —

Иако Русија поседува понови системи како С-400 и С-500, многу воени аналитичари ги гледаат како надградени варијанти со преценета ефикасност.

За Кремљ, пораката е јасна: нивната одбрана е пробојлива, нивните воени цели следливи, а нивната безбедност и технолошка предност – мит. Украина веќе покажа способност да делува длабоко на руска територија, а напади како оние во операцијата „Пајакова мрежа“, при што беа уништени руски стратегиски бомбардери, само ја засилуваат грижата.

— реклама —

Соочени со фактот дека нивната противвоздушна одбрана не е толку непобедлива, руските генерали и политички лидери веќе сигурно ги преиспитуваат сите претпоставки – не само за Украина, туку и за идни воени конфликти со Западот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 9 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 21 час

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања