Промени тема
Контакт

Средба на министерот Тошковски со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје на која се разговараше за на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија.

— реклама —

„Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции со кои МВР има потпишано договор за соработка. Тоа ќе овозможи најдобрите млади кадри, веднаш по дипломирањето да станат дел од безбедносниот систем на државата.

— реклама —

Истовремено, разговаравме и за вклучување на стручниот кадар од факултетот во процесите на континуирана едукација и дообука на полициските службеници, како дел од долгорочна стратегија за унапредување на професионалните вештини и стандардите во МВР.“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.

— реклама —

Дополнително, во рамки на подготовките за реактивирање на Средното полициско училиште, се разгледа можноста токму наставниот кадар од Факултетот за безбедност да го даде својот придонес и во едукацијата на идните полициски генерации.

— реклама —

Двете страни се сложија ова се конкретни, одржливи чекори што ја поврзуваат науката и практиката во интерес на посилна, обучена и модерна полиција во служба на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања