Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Активирана Фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
sonce-so-termometar

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи и заклучоците на Комисијата за спроведување на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури, кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи.

— реклама —

Граѓаните потребно е најтоплиот дел од денот да го поминуваат во затворени, разладени простории, да консумираат доволно течности и да избегнуваат алкохол. Посебно да бидат внимателни хронично болните, лица постари од 60 години, бремените жени и помалите деца.

Министерството апелира до сите институции, работодавачи и граѓани да постапуваат одговорно и согласно следните мерки:

— реклама —

-Активирање на планови за вонредни услови - сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина и да се разгледа можноста за:

-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;

-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;

-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;

-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.

Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Нов пеколно топол бран во Македонија

Македонија | пред 4 месеци

akropol

Топлотен бран ги погоди Грција и Турција, затворени најголемите туристички атракции

Балкан | пред 4 месеци

fontana

Пеколно лето во Македонија: Во петок до 45 степени, од понеделник драстично заладување со дождови, ќе биде под 30 степени

Македонија | пред 4 месеци

sonce

Екстремно топол бран неделава! Температурите над 40 степени

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања