Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нов топлотен бран ја зафати Европа, Франција и Холандија воведуваат вонредни мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V
Photo by Krists Luhaers on Unsplash

Нов топлотен бран ја зафати Западна Европа, при што Франција и Холандија воведоа вонредни мерки и предупредувања поради екстремно високите температури, кои викендов локално ќе достигнат и до 40 Целзиусови степени.

— реклама —

Во Холандија е активиран националниот план за справување со горештините, а издадено е жолто предупредување за повеќе делови од земјата. Највисоки температури се очекуваат во јужните провинции, каде што живата во термометарот може да достигне до 34 степени.

— реклама —

Во Франција, метеоролошката служба прогласи црвен аларм во 24 департмани, вклучувајќи го и регионот Ил де Франс, додека во уште 56 департмани е на сила портокалово предупредување. Во Бордо и Рен се очекуваат температури до 39 степени, а во Париз до 36 степени.

Француските власти предупредуваат дека високите температури претставуваат ризик дури и за здрави лица, особено за спортисти и работници на отворено. Владата за првпат го активираше планот за вонредни состојби „Орсек – екстремни горештини“ во девет департмани на западот на земјата.

— реклама —

Од почетокот на топлотниот бран на 19 јуни, во Франција се регистрирани 131 давење, а здравствените власти претходно соопштија дека за време на јунскиот топлотен бран биле забележани над 2.000 дополнителни смртни случаи, најмногу кај лицата постари од 45 години.

Метеоролозите прогнозираат дека горештините ќе продолжат и во текот на следната седмица, со можност за локални невремиња и грмежи по продорот на посвеж воздух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sonce-so-termometar

Топлотен бран кон крајот на септември: во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Речиси 13.000 починати поради екстремните горештини во Германија и Велика Британија

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафаќа Шпанија, температурите ќе достигнат и до 45 степени

Свет | пред 3 месеци

sonce-so-termometar

Балканот под удар на екстремен топлотен бран: Температурите се искачуваат до 42 степени

Балкан | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања