Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Речиси 13.000 починати поради екстремните горештини во Германија и Велика Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V
Photo by Krists Luhaers on Unsplash

Екстремните топлотни бранови годинава однеле илјадници животи во Германија и Велика Британија, покажуваат најновите податоци на здравствените институции во двете земји.

Според германскиот Институт „Роберт Кох“, до 19 јули во Германија биле регистрирани околу 9.800 смртни случаи поврзани со високите температури, што е највисок број за истиот период од 2016 година наваму.

Повеќе од 5.000 од овие случаи се поврзуваат со силниот топлотен бран во втората половина на јуни, кога температурите во многу делови од Германија достигнаа околу 40 Целзиусови степени.

— реклама —

Од Институтот посочуваат дека жештините ретко се директна причина за смрт, но во комбинација со хронични заболувања, како кардиоваскуларни, белодробни и бубрежни болести, значително го зголемуваат ризикот од фатален исход. Најпогодени се постарите лица.

Во меѓувреме, британската Агенција за здравствена безбедност (UKHSA) проценува дека за време на двата топлотни бранови во мај и јуни во Велика Британија биле регистрирани 2.877 смртни случаи поврзани со екстремните горештини.

— реклама —

Од нив, околу 753 случаи се поврзуваат со топлотниот бран кон крајот на мај, а уште 2.124 со екстремните температури во периодот од 21 до 28 јуни.

— реклама —

Британските здравствени власти предупредуваат дека, доколку летово продолжат нови топлотни бранови, земјата би можела да го забележи најголемиот број смртни случаи поврзани со жештините во својата историја.

Во двете земји се интензивираат повиците за поголеми инвестиции во системите за заштита од екстремни температури, особено во болниците, домовите за стари лица и другите установи каде престојуваат најранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафаќа Шпанија, температурите ќе достигнат и до 45 степени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Нов топлотен бран ја зафати Европа, Франција и Холандија воведуваат вонредни мерки

Свет | пред 2 седмици

sonce-so-termometar

Балканот под удар на екстремен топлотен бран: Температурите се искачуваат до 42 степени

Балкан | пред 1 месец

toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови го нарушуваат и менталното здравје: Растат агресијата, анксиозноста и насилството

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања