Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryonq0m7cgv0f51Uv2oha

ЕУ подготвува мерки против евтиниот увоз што ја загрозува европската индустрија

Европската комисија подготвува нови мерки за заштита на европската индустрија од нелојална конкуренција и увоз на стоки по дампинг-цени. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, најави дека ќе биде предложен механизам со кој земјите членки ќе можат брзо да го ограничат пристапот до единствениот пазар при нагло зголемување на евтиниот увоз што ја загрозува европската индустрија.„Конкурентноста зависи од тоа дали нашите компании можат да се натпреваруваат под фер услови на глобално нив

Свет | пред 4 дена

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

(Видео) Италија воведува драстични мерки по немирите: Построги казни и за малолетниците

Италија воведува построги мерки за зачувување на јавниот ред и справување со малолетничкиот криминал по неодамнешните протести и насилни судири во Милано. Владата на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет со кој се предвидуваат построги казни за организираното насилство, превентивно приведување, санкции за родителите и дополнителни 500 војници на улиците во градот.Според новите правила, за малолетниците постари од 14 години ќе се претпоставува дека можат да ги разберат своите постапки и да управу

Свет | пред 4 дена

hiv

Осум новозаразени со ХИВ/СИДА во септември, евидентирани и два смртни случаи

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија во текот на септември, сите кај лица од машки пол. Во истиот период се пријавени и двајца починати пациенти, кои претходно биле евидентирани како случаи на ХИВ во 2015 и 2018 година, информира Институтот за јавно здравје.Четворица од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, додека останатите се во возрасните групи од 15 до 19, 20 до 29, 40 до 49 и 50 до 59 години.Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 септември 2026 година, во

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Пронајдена марихуана во дом во Старо Балдовци, приведен 25-годишник

Марихуана и гранки од растението канабис биле пронајдени при полициски претрес во селото Старо Балдовци, струмичко. Во врска со случајот, слободата му била одземена на 25-годишен жител на селото.Како што информира МВР, на 20 октомври во 17:30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А. (25).При претресот на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени тегла исполнета со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис.За случајот бил известен јавен обвинител,

Македонија | пред 4 дена

media-libraryu7k748g500hd3fWODs9

„Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”“, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение обвинува дека граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци за живот, додека владините тврдења за економски напредок не ја отсликуваат реалноста на семејните буџети.Според партијата, синдикалната потрошувачка кошница за октомври достигнала 70.358 денари, додека за семејствата што живеат под кирија потребните средства за основните трошоци изнесуваат 85.733 денари.Од ЛДП посочуваат дека разликата од 10.200 денари меѓу владината и синдикалната

Македонија | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Пожар избувнал на нафтен танкер во Ормускиот Теснец откако пловилото наводно удрило во морска мина, соопшти Иранската револуционерна гарда (ИРГ).Според информациите што ги пренеле иранските државни медиуми, по експлозијата пожар избувнал во машинскиот простор на танкерот. Од ИРГ тврдат дека бродот се движел по „неовластена јужна рута“ и дека системите за позиционирање и навигација му биле исклучени.Командантот на морнарицата на ИРГ, адмиралот Али Озмаеи, претходно изјавил дека секое пловило што

Свет | пред 4 дена

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Апсења во Нови Сад: Осомничени дека планирале да предизвикаат немири во Белград за време на изборите

Полициска акција за апсење група осомничена за планирање немири во пресрет на изборниот ден е во тек на територијата на Нови Сад, дознава РТС.Според сомнежите, групата планирала околу 80 лица на 25 октомври да дојдат во Белград и да предизвикаат немири. Во тек се и претреси на објекти и простории што ги користеле осомничените.Во одделна акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М. А. од Врњачка Бања. Тој е осомничен дека повикувал на насилна промена на уставното уреду

Балкан | пред 4 дена

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Здружението на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани изрази јавна поддршка за Јавното обвинителство и неговото постапување на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица. Родителите особено го поздравуваат начинот на кој обвинителството го испрашувало вештакот Петре Русевски на претходното судско рочиште, оценувајќи дека преку вкрстените прашања биле откриени сериозни противречности во неговиот исказ.„63 згаснати животи. 63 ангели. 63 причини ви

Македонија | пред 4 дена

media-library8b2i0t7pgo7qbjwFSMF

Колумални редари во две смени низ Бутел: ќе ловат кој загадува, уништува и паркира на зелени површини

Општина Бутел воведува комунални редари кои ќе вршат засилени контроли на терен во две смени, 24 часа дневно, со службени возила и надзор низ целата општина.Од општината најавуваат санкции за несовесно фрлање отпад, создавање диви депонии, уништување на општинскиот имот и други прекршувања на комуналниот ред.Целта, како што посочуваат, не е само казнување, туку воспоставување ред, поголема одговорност и почитување на јавниот простор, кој е заедничка сопственост на сите граѓани.Со оваа мерка општ

Скопје | пред 4 дена

media-libraryou4m8cvrq2bbdbACbuC

Овој викенд започнува зимското сметање на времето: Научниците откриваат зошто е подобро за здравјето

Постојаното зимско сметање на времето би било поповолно за здравјето отколку постојаното летно сметање на времето, покажува нова научна анализа објавена во списанието „Canadian Medical Association Journal“.Истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија во Канада ги анализирале досегашните научни истражувања за влијанието на сметањето на времето врз човечкиот организам. Според нив, главната предност на зимското сметање на времето е утринската дневна светлина, која му помага на биолошкиот ч

Македонија | пред 4 дена

mepso

МЕПСО бара зголемување на цената на услугата за над 97 проценти

МЕПСО побара зголемување на цената на својата услуга за повеќе од 97 проценти, како дел од барањата што пристигнале до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на новата цена на електричната енергија.МЕМО не бара промена на цената на својата услуга, додека Електродистрибуција сè уште нема доставено конкретно барање, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата.Сепак, најголемо влијание врз цената што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 ја

Македонија | пред 4 дена

media-librarydb6gb22fp2281r7QahE

(Видео) „Дали си ти болен?“: Трамп жестоко го нападна новинарот и му нареди да замолчи

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на прашање од новинарот Ендру Фајнберг од „Индипендент“ во Овалната соба, барајќи од него да молчи.Фајнберг го започнал прашањето со забелешка дека Трамп поседува повеќе голф-терени, но претседателот го прекинал со зборовите: „Чекај, чекај…“. Кога новинарот продолжил, Трамп двапати му рекол: „Тивко, тивко…“, а потоа го прашал дали е болен човек.„Не, колку што знам, господине“, одговорил Фајнберг.Подоцна истиот ден, новинарот во својот извешт

Свет | пред 4 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп: Руската војска можела да го освои Киев за четири часа, но тенковите заглавиле во калта

Американскиот претседател Доналд Трамп изнесе необично објаснување за неуспехот на руската војска да го освои Киев на почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Според него, за пропаѓањето на руската офанзива биле виновни некомпетентен руски генерал и калта предизвикана од наводни рекордни врнежи.Трамп тврди дека во ноќта пред нападот паднале најобилните дождови во последните десет години, поради што руските тенкови заглавиле наместо да стигнат до центарот на украинската престолнина.„Да им

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

„Сè ќе заврши многу лошо“ – Трамп со предупредување до Зеленски ако не сака да ја заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина да постигне договор со Русија за завршување на војната, предупредувајќи дека последиците би можеле да бидат сериозни доколку Володимир Зеленски не се согласи на нејзино завршување.„Зеленски мора да сака да ја заврши оваа војна, а доколку тоа не е случај, сè ќе заврши многу лошо“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.Во меѓувреме, специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, вчера престојувал во Осло, каде што разговарал со укра

Свет | пред 4 дена

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Минималната плата не е доволна ниту за покривање на основните трошоци за храна на едно четиричлено семејство, обвинува СДСМ преку соопштение, посочувајќи дека работниците во Македонија се соочуваат со ниски примања и растечки трошоци за живот.Според партијата, во октомври за храна и пијалаци биле потребни 26.170 денари, што е речиси 2.000 денари повеќе отколку во јануари. Потрошувачката кошничка надминува 70.000 денари, а со трошоците за стан достигнува и над 90.000 денари.Од СДСМ наведуваат дек

Македонија | пред 4 дена

media-librarytbujm6tcoqjgcGYPZp8

(Видео) Македонското знаме повторно меѓу најдобрите во светот: Анастасија Палчевска освои бронза на Светското првенство во хип-хоп и попинг

Македонското знаме повторно се најде меѓу најдобрите во светот благодарение на успехот на Анастасија Палчевска, која освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг во Киелце, Полска.Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, постигнувајќи значаен успех на светската сцена.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Нов бран поскапувања на храната се заканува во Европа, последиците може да се почувствуваат и во Македонија

Иако инфлацијата на храната во еврозоната забави во текот на 2026 година, Европската централна банка (ЕЦБ) предупредува дека смирувањето на цените можеби нема да трае долго. Повисоките цени на енергенсите, сушите и екстремните временски услови би можеле повторно да го забрзаат поскапувањето на храната во 2027 година.Според анализата на ЕЦБ објавена на 20 октомври 2026 година, годишната инфлација на храната во еврозоната се намалила од 2,6% во јануари на 1,1% во август, пред да се зголеми на 1,3%

Свет | пред 4 дена

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Пожар на депонијата во Еднокуќево предизвикува ширење чад и непријатна миризба во околината на Струмица. Огнот гори од вчера попладне, а пожарникарите продолжуваат со интервенциите и утринава.Екипите на ТППЕ Струмица вчера интервенирале двапати, во попладневните и ноќните часови. Денеска, уште од раните утрински часови, пожарникарите повторно се на терен со цел да го локализираат и изгаснат пожарот.Според градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во текот на денот се очекува да започне

Македонија | пред 4 дена

Screenshot-2023-12-01-at-13.07.22

Мухамед Зекири осуден на една година и седум месеци затвор за злоупотреба на службената положба

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, е осуден на една година и седум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од Апелацискиот суд Скопје.Од Судот информираат дека по разгледувањето на предметот, жалбите, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје и доказите изведени на јавната расправа на 30 септември 2026 година, утврдиле дека Зекири склучувал договори за консултантски услуги поврзани со анализа на состојбите и можностите за приватиза

Македонија | пред 4 дена

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, реагираше на обвинувањата дека поддржува геноцид, порачувајќи дека не оправдува воени злосторства, тероризам или убивање цивили, без разлика на нивната националност, вера или политичка припадност.Таа праша дали фотографирањето на Црвениот плоштад во Москва значи поддршка за воените злосторства на Кремљ, како и зошто не се осудуваат злосторствата на Хамас, руската агресија врз Украина, масакрот во Буча, прогоните во Русија и Иран и експлоатацијата на работн

Македонија | пред 4 дена

media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила

Тројца лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата Беласица во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври, околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се з

Скопје | пред 4 дена

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

САД нема да го нападнат Иран пред ноемвриските меѓуизбори во земјата, изјавила заменичката портпаролка на Белата куќа, Ана Кели, во интервју за „Ал Џезира“.Кели ги повторила тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран се наоѓа во тешка воена и економска состојба, нагласувајќи дека блокадата ќе продолжи во целосен обем.Таа додала дека „нафтата продолжува да тече низ Ормускиот Теснец во рекордни количества“.Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на разгово

Свет | пред 4 дена

media-libraryr8fbkgchkm1s0eMwdTu

Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

Воен авион се урнал во вторникот доцна навечер во североисточниот дел на Франција, во департманот Мерт и Мозел. Остатоците од леталото биле забележани со помош на дрон, соопшти градоначалникот на Пон-а-Мусон, Анри Лемуан.Несреќата се случила околу 23:35 часот во областа меѓу населените места Рожевил, Домевр-ан-Е и Тремблекур, меѓу Нанси и Мец.На терен се испратени поголем број припадници на жандармеријата и пожарникари, кои работат на прецизно утврдување на местото на падот.„Остатоците беа забел

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Високи претставници на НАТО го предупредиле украинскиот претседател Володимир Зеленски дека испораките на американско оружје за Украина би можеле да бидат загрозени доколку не се намалат тензиите меѓу Киев и Вашингтон. За ова синоќа објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори во Алијансата.Според еден од изворите, во НАТО постои загриженост дека односите меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп можеби повеќе не можат да се подобрат, што би можело да ја загрози способноста на Украин

Свет | пред 4 дена

Sobranie-zgrada

Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

Собранието и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе ја формализираат меѓусебната соработка со потпишување колективен договор во Законодавниот дом.Документот ќе го потпише претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што ќе се уреди рамката на меѓусебните права и обврски на двете институции.Потпишувањето е најавено за денеска во Собранието, а со договорот официјално ќе бидат потврдени условите за нивната соработка.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања