Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Куп насилства: Нападнати жени на автобуски постојки, 19-годишник натепан кај Градски парк, а жена во семејниот дом

Две жени на возраст од 54 и 57 години пријавиле дека биле физички нападнати на автобуски постојки во скопската населба Автокоманда, во временски период од само 20 минути. Случаите се евидентирани во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи, заедно со уште неколку пријави за физички напади во Скопје и Тетово.Првиот напад, според пријавата, се случил на 20 октомври околу 6:20 часот, кога 57-годишната А.К. од Скопје била физички нападната од едно лице додека се наоѓала на автобуска

Македонија | пред 4 дена

media-librarydsj8aehan5f1far33s4

Трагедија во Кондово: 38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа

Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани починал откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан бил пријавен вчера, 20 октомври, околу 14 часот, во СВР Скопје.„Во с. Кондово, скопско, М.Б. (38) од с. Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал“, информираат од МВР.На местото

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhhc3u0fpsg3v4cYdyp8

Автобус и „мерцедес“ се судрија пред клучката Приштина, има повредени

Седумдесет и седумгодишен возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил „мерцедес“, која вчера попладне се случила на скопската обиколница, пред клучката Приштина. Во несреќата е повреден и 31-годишен патник од автобусот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 октомври 2026 година, околу 17 часот, во СВР Скопје.Во судирот учествувале автобус со косовски регистарски ознаки, управуван од Б.М. (68) од Гостивар, и патничко во

Македонија | пред 4 дена

media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Возеле со 154 и 151 км/ч, полицаец ги „казнил“ со предупредување и 45 евра – заработи кривична пријава

Кривична пријава е поднесена против полициски службеник од Тетово, осомничен дека не ги санкционирал соодветно двајца возачи кои возеле со брзина од 154 и 151 километар на час на пат каде што дозволената брзина била 100 километри на час. Наместо предвидените казни од по 300 евра, едниот возач добил само писмено предупредување, а другиот казна од 45 евра.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел к

Македонија | пред 4 дена

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Обид за криумчарење лекови наменети за лекување пациенти со малигни заболувања бил спречен на граничниот премин Богородица. Мобилен тим од Одделението за оперативни работи открил 29 вијали од лекот „Xgeva“, со вредност од 336 илјади денари, како и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети, скриени во кутија за прва помош во автобус.Лековите биле пренесувани без почитување на пропишаните процедури за увоз и транспорт, а против осомничениот е поднесена кривична пријава.Од надлежното одделение информир

Македонија | пред 4 дена

media-libraryn2h6hl5vd246amFxnSN

Ја удрил со автомобил двапати: Австралиска пратеничка остана без двете нозе

Австралиската пратеничка Хелен Хејнс остана без двете нозе откако лекарите морале да ѝ ја ампутираат и десната нога по наводниот намерен напад со автомобил во градот Вангарата. За нападот е обвинет Брендан Њуџент, кој, според обвинението, повеќепати ја удрил со теренско возило „Тојота Ленд Крузер“.Случајот се случил во понеделникот, додека 65-годишната независна пратеничка ги вадела своите работи од багажникот на автомобилот. Според сведоци, возачот најпрво ја удрил со возилото, а потоа се движе

Свет | пред 4 дена

media-library60t70lv2gc7e350cUmx

(Видео) По неколку дена протести, немири и кражби, во Париз и Милано на улица се продаваат чанти од луксузни брендови

По деновите протести, нереди и грабежи во делови од Франција и Италија, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа улична продажба на скапи чанти од познати светски брендови во Париз и Милано.На снимките, објавени на 20 октомври, се гледа како на улиците се нудат луксузни чанти, во период кога овие градови се соочуваат со последици од немирите и пријавените кражби, меѓу кои и од продавници на скапи модни брендови.Во изминатите денови, во Франција и Италија беа регистрирани протести и

Свет | пред 4 дена

media-library4sf3eg1ubrni12x5OfQ

На силен ветер, студ и густа магла, планинари ја обновуваат зимската патека кон Титов Врв, која беше демолирана

Повеќе од 20 планинари и волонтери, во услови на ниски температури, силен ветер и густа магла, учествувале во акција за обновување на оштетената зимска сигнализација на патеката од Попова Шапка кон Титов Врв на Шар Планина. За два дена биле поставени повеќе од 22 столбови, со цел да се подобри ориентацијата и безбедноста на планинарите во пресрет на зимската сезона.Акцијата се одржала на 17 и 18 октомври, во организација на планинарскиот клуб „Бјешкатар Тетова“, кој претходно презел обврска пред

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhg64t5e1f9i92UXgySB

(Видео) 44 секунди човечност во Теарце: Возач застана за да спаси кученце и да го врати кај мајка му

Возач во Теарце покажа дека понекогаш се потребни само неколку секунди внимание за да се спаси живот. На видео објавено од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ се гледа како тој излегува од автомобилот за да му помогне на мало кученце кое се нашло на патот, додека неговата мајка со другите кученца ја преминувала улицата.Наместо да продолжи да вози, човекот застанал, го тргнал кученцето од коловозот и го однел до неговата мајка. Потоа се погрижил и за останатите кученца кои се наоѓал

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија за 2025 година, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Највозрасниот милионер има 97 години, а приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).Според анализата на УЈП, во 2025 година граѓаните поднеле над 860.000 даночни пријави, што е зголемување од 10,6 отсто во споредба со претходната година. Најголем број пријави се поднесени во Скопје, а потоа следуваат Шт

Македонија | пред 4 дена

media-library6dp28o0dakb45kvMp1I

Со над 84.000 книги и 5.000 читатели, тетовската библиотека „Кочо Рацин“ доби статус на универзитетска библиотека

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово доби статус на универзитетска библиотека, откако Владата ја усвои одлуката за проширување на нејзината дејност и трансформација на установата. Одлуката е донесена на предлог на Министерството за култура и туризам.Од Министерството оценуваат дека ова е значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и придонес кон унапредувањето на високото образование, науката и библиотечните услуги. Со новиот статус, библиотеката ќе овозможи поширок пристап до своите фондо

Македонија | пред 4 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Нетанјаху планирал нов удар врз Иран, Трамп не сакал војна пред изборите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планирал да нареди нови напади врз Иран на почетокот на октомври, но американскиот претседател Доналд Трамп се спротивставил на обновување на конфликтот пред американските меѓуизбори на 3 ноември, објави „Фајненшл тајмс“.Според три извори, израелската војска била подготвена за напади на 10 октомври врз ирански нуклеарни постројки, објекти поврзани со властите и цивилна инфраструктура, вклучително и енергетски капацитети. Нападите требало да бидат поинтензив

Свет | пред 4 дена

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Пронајдени 28 пиштоли без дозвола во Куманово, приведен 63-годишник

Полицијата пронашла 28 пиштоли за светлосно-звучна сигнализација без соодветна дозвола во деловен простор во Куманово. Во врска со случајот, лишен од слобода е 63-годишен кумановец.Од МВР информираат дека акцијата била спроведена на 20 октомври, во 14:20 часот, од полициски службеници на СВР Куманово, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР.При контролата, во деловниот простор на Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно-звучна сигнали

Македонија | пред 4 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Русија останува на ставот дека на Украина ѝ е потребен траен мир, а не привремено примирје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја можноста за договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.„Ништо не е променето. Потребен ни е мир, а не примирје“, рече Песков на прес-конференција во Санкт Петербург, додавајќи дека конечен договор за завршување на војната не е можен без учество на украински претставници.Според него, некој во Киев мора да донесе одговорна одлук

Свет | пред 4 дена

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Управувал четирицикл без дозвола, па се превртел и се здобил со тешки повреди

Четириесет и четиригодишен маж од тетовското село Копанце е тешко повреден откако изгубил контрола над четирициклот што го управувал и се превртел на регионалниот пат меѓу селата Лешок и Шемшово.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври во 10:40 часот во СВР Тетово. Повредениот С.М. бил пренесен во тетовската болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.При увидот било утврдено дека мажот го управувал четирициклот со тетовски регистарски ознаки без возач

Македонија | пред 4 дена

media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

Палел сува трева во нива, огнот се проширил и му го уништил автомобилот и се здобил со изгореници

74-годишен жител на тетовското село Палатица се здобил со изгореници откако се обидел да изгасне пожар во кој целосно изгорел неговиот автомобил „фолксваген голф“.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 20 октомври во 15:15 часот во СВР Тетово. Пожарот избувнал во нива покрај локалниот пат меѓу селата Палатица и Озормиште.При увидот било утврдено дека сопственикот на возилото, М.С., ја чистел нивата со палење сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил паркираниот автомобил. О

Македонија | пред 4 дена

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Ново врсничко насилство во Битола: Малолетник физички нападнат од група врсници

Родител пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници во Битола.Според информациите од МВР, на 20 октомври во 12 часот, во СВР Битола, 48-годишниот П.Ј. од Битола пријавил дека инцидентот се случил на улицата „Борис Буџевски“.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

media-librarydqlplv52iv8b0QICgFo

10-годишно дете тешко повредено откако во него удрил мопед во Прилеп

Десетгодишно дете од Битола е тешко повредено откако во него удрил мопед на крстосница во Прилеп.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври, во 10:30 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Прилепски бранители“.Мопедот, со прилепски регистарски ознаки, го управувал 35-годишниот М.И. од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница во Прилеп.Увид на местото на несреќата извршила екип

Македонија | пред 4 дена

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Уапсен 20-годишен скопјанец во Битола, возел автомобил без возачка дозвола

Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода во Битола откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без возачка дозвола.Според информациите од МВР, на 20 октомври, во 22:45 часот, на улицата „Васко Карангелевски“, полициски службеници од СВР Битола сопреле автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Љ. (20).При сообраќајната контрола било констатирано дека младиот возач немал возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.По целосното документирање на случајот, ќе следува с

Македонија | пред 4 дена

media-libraryonq0m7cgv0f51Uv2oha

ЕУ подготвува мерки против евтиниот увоз што ја загрозува европската индустрија

Европската комисија подготвува нови мерки за заштита на европската индустрија од нелојална конкуренција и увоз на стоки по дампинг-цени. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, најави дека ќе биде предложен механизам со кој земјите членки ќе можат брзо да го ограничат пристапот до единствениот пазар при нагло зголемување на евтиниот увоз што ја загрозува европската индустрија.„Конкурентноста зависи од тоа дали нашите компании можат да се натпреваруваат под фер услови на глобално нив

Свет | пред 4 дена

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

(Видео) Италија воведува драстични мерки по немирите: Построги казни и за малолетниците

Италија воведува построги мерки за зачувување на јавниот ред и справување со малолетничкиот криминал по неодамнешните протести и насилни судири во Милано. Владата на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет со кој се предвидуваат построги казни за организираното насилство, превентивно приведување, санкции за родителите и дополнителни 500 војници на улиците во градот.Според новите правила, за малолетниците постари од 14 години ќе се претпоставува дека можат да ги разберат своите постапки и да управу

Свет | пред 4 дена

hiv

Осум новозаразени со ХИВ/СИДА во септември, евидентирани и два смртни случаи

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија во текот на септември, сите кај лица од машки пол. Во истиот период се пријавени и двајца починати пациенти, кои претходно биле евидентирани како случаи на ХИВ во 2015 и 2018 година, информира Институтот за јавно здравје.Четворица од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, додека останатите се во возрасните групи од 15 до 19, 20 до 29, 40 до 49 и 50 до 59 години.Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 септември 2026 година, во

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Пронајдена марихуана во дом во Старо Балдовци, приведен 25-годишник

Марихуана и гранки од растението канабис биле пронајдени при полициски претрес во селото Старо Балдовци, струмичко. Во врска со случајот, слободата му била одземена на 25-годишен жител на селото.Како што информира МВР, на 20 октомври во 17:30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А. (25).При претресот на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени тегла исполнета со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис.За случајот бил известен јавен обвинител,

Македонија | пред 4 дена

media-libraryu7k748g500hd3fWODs9

„Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”“, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение обвинува дека граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци за живот, додека владините тврдења за економски напредок не ја отсликуваат реалноста на семејните буџети.Според партијата, синдикалната потрошувачка кошница за октомври достигнала 70.358 денари, додека за семејствата што живеат под кирија потребните средства за основните трошоци изнесуваат 85.733 денари.Од ЛДП посочуваат дека разликата од 10.200 денари меѓу владината и синдикалната

Македонија | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Пожар избувнал на нафтен танкер во Ормускиот Теснец откако пловилото наводно удрило во морска мина, соопшти Иранската револуционерна гарда (ИРГ).Според информациите што ги пренеле иранските државни медиуми, по експлозијата пожар избувнал во машинскиот простор на танкерот. Од ИРГ тврдат дека бродот се движел по „неовластена јужна рута“ и дека системите за позиционирање и навигација му биле исклучени.Командантот на морнарицата на ИРГ, адмиралот Али Озмаеи, претходно изјавил дека секое пловило што

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања