Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library0hqo1rajjtllcg2iKEr

(Во живо) Николоски за соработката со Милчо Манчевски: „Секоја минута ја користев да научам“

Актерот и стендап комичар Стефан Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, говореше за првото искуство во игран долгометражен филм. Актерот откри дека соработката со режисерот Милчо Манчевски му донела драгоцено искуство, од режисерскиот пристап и продукцијата до начинот на кој работи со актерите.Во разговорот тој истакна дека максимално го искористил времето поминато на снимањето за да научи што е можно повеќе од искусниот режисер.„Тоа се случи да биде кај Милчо Манчевски и мислам дека сè шт

Студио | пред 3 дена

media-libraryh6kvk5u39q5bfW18XST

(Видео) Раскол во Манчестер јунајтед: Фернандеш со директна порака до Карик по дебаклот од Комо

Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеаја тежок пораз од Комо со 4:1 во третото коло од Лигата на шампионите, а капитенот Бруно Фернандеш по натпреварот отворено укажа на одговорноста на стручниот штаб за лошото издание на тимот.Италијанскиот клуб целосно го надигра англискиот гигант пред своите навивачи и заслужено славеше со убедливи 4:1.Јунајтед имаше проблеми уште од самиот почеток, а Фернандеш призна дека неговиот тим повторно лошо го отворил натпреварот, примил ран гол и не успеал да го

Спорт | пред 3 дена

media-libraryel6fl2nqldrq7y7lyUu

(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу Дабиле и Петралинци, струмичките пожарникари на терен

Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана помеѓу струмичките села Дабиле и Петралинци. Екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица се на терен и интервенираат за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.За пожарот информираа пожарникарите од Струмица, кои предупредуваат дека горењето отпад на дивите депонии претставува сериозна опасност за животната средина и квалитетот на воздухот.При согорувањето на отпадот се ослободуваат чад и штетни материи

Македонија | пред 3 дена

media-librarygl8t90d0taufa0rQnIk

(Во живо) Стефан Николоски за откажаното гостување на Тони Михајловски: „Многу ми е криво, со цело срце го поканив“

Стендап-комичарот Стефан Николоски во поткастот „Претрес со Ландов“ проговори за промената во составот на специјалните гости на неговото стендап-шоу, потврдувајќи дека Тони Михајловски сепак нема да настапи. Николоски вели дека искрено жалел што нема да се реализира гостувањето, особено затоа што идејата да го покани актерот имала посебно значење за него.„Јас треба да ги најдам тие снимки кај што на пет години имитирам „Балкан Кан“. Првпат кога моите дома приметуваат дека сакам да бидам актер ил

Студио | пред 3 дена

media-librarykbkidl10mcth07YePmn

(Видео) Кој ќе се смее последен во „Претрес“: Стефан одговара за Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите, арените

Две арени во „Борис Трајковски“, промена во најавениот настап со Тони Михајловски, политички имитации, министер во фамилијата и прашањето колку пари може да заработи еден комичар во Македонија. Стефан Николовскиво моментов одговара на овие прашања во „Претрес со Ландов“, каде што хуморот ќе биде тема, но не и гаранција дека сите прашања ќе му бидат смешни.ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:Николовски се подготвува за два големи настапа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на 12 и 13 ноември. Првиот предизвика

Магазин | пред 3 дена

media-libraryanrnhoajmil6d3YOxlk

Непрописно преминување и непропуштање пешаци - 175 прекршоци во сообраќајна контрола низ Македонија

Министерството за внатрешни работи на 20 октомври спроведе акциска сообраќајна контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање прекршоци што ги прават пешаците, но и возачите во однос на пешаците. За четири часа, од 08:00 до 12:00 часот, биле констатирани вкупно 175 прекршоци.Според информациите од МВР, кај пешаците најчест прекршок било непрописното преминување на коловозот, односно преминување на улицата на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин.Кај возачите, пак

Македонија | пред 3 дена

media-librarypolqs0g2cfvs9idHH0K

Марко Џорлев е светски шампион во карате за кадети, Ристовски: Гордост за цела Македонија

Младиот македонски каратист Марко Џорлев испиша историја освојувајќи златен медал на Светското првенство за кадети во Полска, а денеска за неговиот успех лично му честиташе министерот за спорт Борко Ристовски.Ристовски го пречека младиот спортист во Министерството за спорт, каде што му го честиташе извонредниот резултат и историскиот успех за македонското карате.Со победата во финалето на Светското првенство, Џорлев стана првиот македонски светски шампион во карате во кадетска конкуренција. Маке

Спорт | пред 3 дена

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Група жителки се собраа за да посеат ниска детелина на парче земја во близина на паркчето кај улицата Манапо, во Карпош, каде што по силното невреме во текот на летото останала исушена површина без обновено зеленило.Иницијативата започнала со неколку учеснички, но набргу им се придружиле уште три соседки од околните станбени блокови. Заедничката желба за позелена околина и уреден простор за дружење ги обединила жителките, кои се надеваат дека со овој мал чекор ќе придонесат за поубав изглед на п

Скопје | пред 3 дена

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Тринаесетметарска новогодишна елка, огромен светлечки подарок, санки за фотографирање, Дедо Мраз, елени, декоративни балони, светлосни фонтани и стотици украси за улиците и булеварите. Ова е дел од новогодишната декорација што Град Скопје планира да ја постави за пречекот на 2027 година, според тендерската документација до која дојде „Скопје1“.Градот распиша јавна набавка за изработка и реализација на проектот за новогодишно украсување, со рок за доставување понуди до 5 ноември 2026 година, во 1

Скопје | пред 3 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

(Фото) Нов случај на несовесно одлагање мебел во Аеродром, Митески најави реакција

Оставање стар мебел покрај контејнерите и создавање диви депонии е проблем на кој мора да му се стави крај, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Преку објава на социјалните мрежи, Митески информира дека е регистриран случај на оставање стар мебел на само неколку метри од контејнерите, со што се создава нова дива депонија.Според него, инспекциските служби веќе постапуваат по случајот, а градоначалникот упати благодарност до совесните граѓани кои реагирале и го пријавиле несоо

Скопје | пред 3 дена

media-libraryjld1tm3o909mevLxWyj

При крај изградбата на Дневниот центар за лица со попреченост во Кавадарци, инвестицијата над 40 милиони денари

Изградбата на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци е во завршна фаза, информира градоначалникот на општината, Митко Јанчев.Паралелно со завршните градежни активности, се работи и на партерното уредување на просторот околу објектот, со цел да се обезбеди уредна, пристапна и функционална средина за идните корисници.Според информациите објавени од Јанчев, Дневниот центар ќе има капацитет за 40 корисници, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 40.856.9

Македонија | пред 3 дена

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Граѓанин од Гевгелија во 2025 година остварил вкупен доход од 257,5 милиони денари, односно околу 4,2 милиони евра, преку плата, дивиденда и други извори на приходи. Веднаш зад него е граѓанин од Охрид, со годишен доход од 254,4 милиони денари. Ова го покажуваат податоците што денеска ги објави Управата за јавни приходи (УЈП), откривајќи големи разлики во приходите на граѓаните.Според УЈП, највисоката поединечна годишна бруто-плата во државата изнесувала 139,1 милион денари, што е приближно 2,26

Македонија | пред 3 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Младите треба да имаат активна улога во носењето одлуки и креирањето политики што директно влијаат врз нивниот живот, порача градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност.На форумот учествуваа и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Кел

Скопје | пред 3 дена

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

МВР приведе 10 возачи, седуммина возеле без возачка дозвола

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.Според МВР, седуммина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.А. (41), Ш.Џ. (23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И. (45) и С.К. (56) од скопско, како и С.Х. (44) од Тетово.Други двајца возачи, Б.Д. (45) од Велес и С.Б. (25) од Гост

Македонија | пред 3 дена

media-libraryppavmjolpkcp3C2FpHp

Рама повика на дијалог, студентите ги искршија поставените столчиња

Столчињата што албанскиот премиер Еди Рама утрово ги постави како повик за дијалог со студентите кои протестираат повторно беа искршени, и покрај неговиот обид да ги повика демонстрантите на разговор.Рама повторно понуди средба откако претходниот ден дел од студентите ги оштетија столчињата и ја одбија поканата за разговор.Албанскиот премиер порача дека правото на протест е неприкосновено, но нагласи дека уништувањето имот е кривично дело за кое следуваат законски и финансиски санкции.Според Рам

Актуелно | пред 3 дена

media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интензивно трагаат по исчезнато лице за кое постојат индиции дека било видено во близина на реката Вардар, на подрачјето на Гостивар. Потрагата се спроведува по официјално барање на Полициската станица Гостивар.На терен е и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу, кој заедно со екипите учествува во активностите за пронаоѓање на лицето.Во акцијата се вклучени припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води при ДЗС, со логистичка поддршка

Македонија | пред 3 дена

media-librarybukeld1kdn4v29YUMD2

Се расчистува депонијата во Еднокуќево по пожарот

Општина Босилово спроведува активности за расчистување и потрупување на депонијата во Еднокуќево, каде што неодамна избувна пожар, предизвикувајќи чад и загадување на околината.Екипа на ТППЕ Струмица извршила контрола на теренот за да ја следи состојбата и да провери дали постои опасност од повторно разгорување на огнот.Со помош на механизација се вршат расчистување и потрупување на депонијата, со цел да се стабилизира состојбата и да се намали ризикот од нови пожари.Пожарите на депониите претст

Македонија | пред 3 дена

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Куп насилства: Нападнати жени на автобуски постојки, 19-годишник натепан кај Градски парк, а жена во семејниот дом

Две жени на возраст од 54 и 57 години пријавиле дека биле физички нападнати на автобуски постојки во скопската населба Автокоманда, во временски период од само 20 минути. Случаите се евидентирани во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи, заедно со уште неколку пријави за физички напади во Скопје и Тетово.Првиот напад, според пријавата, се случил на 20 октомври околу 6:20 часот, кога 57-годишната А.К. од Скопје била физички нападната од едно лице додека се наоѓала на автобуска

Македонија | пред 3 дена

media-librarydsj8aehan5f1far33s4

Трагедија во Кондово: 38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа

Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани починал откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан бил пријавен вчера, 20 октомври, околу 14 часот, во СВР Скопје.„Во с. Кондово, скопско, М.Б. (38) од с. Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал“, информираат од МВР.На местото

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhhc3u0fpsg3v4cYdyp8

Автобус и „мерцедес“ се судрија пред клучката Приштина, има повредени

Седумдесет и седумгодишен возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил „мерцедес“, која вчера попладне се случила на скопската обиколница, пред клучката Приштина. Во несреќата е повреден и 31-годишен патник од автобусот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 октомври 2026 година, околу 17 часот, во СВР Скопје.Во судирот учествувале автобус со косовски регистарски ознаки, управуван од Б.М. (68) од Гостивар, и патничко во

Македонија | пред 3 дена

media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

Возеле со 154 и 151 км/ч, полицаец ги „казнил“ со предупредување и 45 евра – заработи кривична пријава

Кривична пријава е поднесена против полициски службеник од Тетово, осомничен дека не ги санкционирал соодветно двајца возачи кои возеле со брзина од 154 и 151 километар на час на пат каде што дозволената брзина била 100 километри на час. Наместо предвидените казни од по 300 евра, едниот возач добил само писмено предупредување, а другиот казна од 45 евра.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел к

Македонија | пред 3 дена

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Обид за криумчарење лекови наменети за лекување пациенти со малигни заболувања бил спречен на граничниот премин Богородица. Мобилен тим од Одделението за оперативни работи открил 29 вијали од лекот „Xgeva“, со вредност од 336 илјади денари, како и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети, скриени во кутија за прва помош во автобус.Лековите биле пренесувани без почитување на пропишаните процедури за увоз и транспорт, а против осомничениот е поднесена кривична пријава.Од надлежното одделение информир

Македонија | пред 3 дена

media-libraryn2h6hl5vd246amFxnSN

Ја удрил со автомобил двапати: Австралиска пратеничка остана без двете нозе

Австралиската пратеничка Хелен Хејнс остана без двете нозе откако лекарите морале да ѝ ја ампутираат и десната нога по наводниот намерен напад со автомобил во градот Вангарата. За нападот е обвинет Брендан Њуџент, кој, според обвинението, повеќепати ја удрил со теренско возило „Тојота Ленд Крузер“.Случајот се случил во понеделникот, додека 65-годишната независна пратеничка ги вадела своите работи од багажникот на автомобилот. Според сведоци, возачот најпрво ја удрил со возилото, а потоа се движе

Свет | пред 3 дена

media-library60t70lv2gc7e350cUmx

(Видео) По неколку дена протести, немири и кражби, во Париз и Милано на улица се продаваат чанти од луксузни брендови

По деновите протести, нереди и грабежи во делови од Франција и Италија, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа улична продажба на скапи чанти од познати светски брендови во Париз и Милано.На снимките, објавени на 20 октомври, се гледа како на улиците се нудат луксузни чанти, во период кога овие градови се соочуваат со последици од немирите и пријавените кражби, меѓу кои и од продавници на скапи модни брендови.Во изминатите денови, во Франција и Италија беа регистрирани протести и

Свет | пред 3 дена

media-library4sf3eg1ubrni12x5OfQ

На силен ветер, студ и густа магла, планинари ја обновуваат зимската патека кон Титов Врв, која беше демолирана

Повеќе од 20 планинари и волонтери, во услови на ниски температури, силен ветер и густа магла, учествувале во акција за обновување на оштетената зимска сигнализација на патеката од Попова Шапка кон Титов Врв на Шар Планина. За два дена биле поставени повеќе од 22 столбови, со цел да се подобри ориентацијата и безбедноста на планинарите во пресрет на зимската сезона.Акцијата се одржала на 17 и 18 октомври, во организација на планинарскиот клуб „Бјешкатар Тетова“, кој претходно презел обврска пред

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања