Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

pozar

Возрасна жена е во болница: куќа се запали во Карпош

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела.Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Заврши со лисици: млад скопјанец се расправал со полицајци

Денеска (06.10.2024) во 02.00 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Т.(23) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.46

Тетковец натепан во затворот „Идризово“: му се нафрлиле осуденици, на чело со скопјанец и кумановец

Денеска (06.10.2024) во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека на 05.10.2024 околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 години

IMG_4256

Скопски такси-возач сам си наплатил од Австралиец кој го возел од Железничка до ГТЦ: му зел 1700 денари, оти 200 му биле малку

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото.Се преземаат мерки за расчи

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-10-04-185205

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица

Свет | пред 2 години

490FF7A4-F900-4F8B-9A1A-E108DC83350E

(Видео) Камион гори на патот Охрид-Ресен

Камион се запали на патот Охрид-Ресен. Според првичните информации нема повредени лица, бидејќи возачот на време успеал да излезе од возилото. И други лица кои поминувале застанале да му укажат помош, но пожарот брзо се раширил.Неофицијално, пожарот избувнал додека возачот го управувал возилото. Засега не е познато што транспортирал и која е причината.Детали се очекуваат од МВР.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-06-at-13.22.13

(Видео) Затворен патот Охрид-Ресен: целосно изгоре цистерната која се запали во возење

Патот Охрид-Ресен е затворен, откако камионот за кој претходно објавивме, целосно изгоре по пожарот кој избувнал.„Денеска(06.10) на магистралниот пат Ресен Охрид поради запален камион цистерна со албански регистарски ознаки, сообраќајот на магистралниот пат А3 Ресен - Охрид од 12,30 часот е во целосен прекин. Товарното возило се запалило во движење и истото е целосно изгорено. Во пожарот нема повредени лица“, велат од МВР.Претходно:

Македонија | пред 2 години

3S3A6210

Поделена 25 тони „Пелистерка“: Рекордни 13.400 учесници на скопските улици на „Скопски маратон“

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји денеска ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон.Трките започнаа точно во 8 часот пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон се упатија накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што се вратија назад во центарот на градот, каде продолжија п

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Избегал по сообраќајка каде загина маж: детали за несреќата во Струмица

На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица.Тој на 05.10.2024 во 06.40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат" учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт" со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.Во сообраќајната несреќа на

Македонија | пред 2 години

IMG_6308

Тројца повредени: судир меѓу „шкода“ и „мерцедес“ донесе и тешки последици

На 05.10.2024 околу 12.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-09-29-at-12.14.03

Турци излетале со „хјундаи“ кај Беловиште во гостиварско

Денеска (06.10.2024) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново на мостот кај с.Беловиште, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(45) од Р.Турција, излетало надвор од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н.(22) и О.Т.(23), двајцата од Р.Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски, вели Кузеска

„Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот“, вели Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ и додава:Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче.Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена.Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има р

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Двајца малолетници завршија на Ургентен: „ауди“ се судри со веспа во Кисела Вода

На 05.10.2024 во 19.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Февруарски поход“ и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(36) од Скопје, мопед „априлија“, управуван од малолетник од Скопје и уште еден мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, исто така управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата

Скопје | пред 2 години

IMG_6296

Седум уапсени во Скопје, двајца имаат по 18 години: „Бела ноќ“ ја поминале во станица со прашокот кој го носеле со себе

Денеска (06.10.2024) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (06.10.2024) во 06.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајден

Скопје | пред 2 години

maraton-pobednici-2024

(Видео) Кенијците Чемвено и Кипротих на првите две места, Дарио Ивановски освои трето место

Хилари Чемвено од Кенија победи на овогдинешниот Скопски маратон со време 02:13:28. Тој го понесе првото место во машката конкуренција, а веднаш зад него беше неговиот сонародник Даниел Кипротих со време 02:13:53. Третото место го има македонскиот олимпиец, Дарио Ивановски со време од 02:16:26.Чемвено по завршувањето на маратонот кажа дека ја очекувал победата и дека дошол бидејќи тоа му била целта која ја исполнил. По него, Дарио Ивановски кажа дека без подготовки успеал да го освои третото мес

Скопје | пред 2 години

6701128e-1ea0-45eb-ad87-47b858c67f20-buturovic-polje-poplave-preview

Јабланица: Спасувачките екипи трагаат по 10-15 лица и работат на отстранување на штетите

Шефот на секторот за односи со јавноста при Владата на ХНК, Дарко Јука, за „Фена“ потврди дека се уште се трага по 10-15 лица во Босна и Херцеговина односно Јабланица. Тој посочи дека е воспоставена патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.- Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин - рече Јука, додавајќи дека заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, од кои повеќето се во Јабланица.Апелираше и да не се оди самоиницијативно в

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-05-at-21.26.58

Познати деталите за вчерашното пукање во Чаир: 19-години има повредениот, неколку куршуми летале на улицата додека тој пешачел

Скопјанец на возраст од 19-години е лицето во кое беше пукано вчера во Чаир. Тој пред полицијата го посочил и лицето кое излегло од „пасат“ и пукало кон него, додека се движел пеш. На улицата „Цветан Димов“, не бил испукан еден, туку неколку куршуми.Повредениот бил опериран, но и натаму е на болничко лекување во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Осомниченото лице е со иницијали Б.Б., познат на полциијата, по кој се трага.Како што објавивме, неофицијално, причината за пукањето се должничко-довери

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Трамп се врати на местото на атентатот

Речиси три месеци откако за малку ќе го загуби животот кога куршум го промаши за милиметар на бината на митинг во Батлер, Пенсилванија, Доналд Трамп се врати на „местото на злосторството“ за да им вети победа на своите поддржувачи на претседателските избори.Но, она што секако ја шокираше и изненади публиката е фактот што во еден момент со него на сцена излезе милијардерот Илон Маск и одржа краток говор по тој повод.Технолошкиот претприемач кој ги лансираше Tesla и Space X и ја купи социјалната п

Свет | пред 2 години

rusija-pozar1

Драматична ноќ во Украина, алармот во Киев и Одеса траеше повеќе од пет часа: „Нападите дојдоа во бранови!“

Руските воздушни напади ја ставија источна Украина во воздушна готовност повеќе од пет часа, соопшти во неделата украинската војска, а Москва изврши неколку бранови напади врз Киев и други градови.Во текот на ноќта, непријателот повторно ги употреби своите беспилотни летала против Киев!„Руски беспилотни летала влегоа во главниот град на Украина во неколку бранови и од различни правци. Уништено е целото воздушно оружје, а според првичните информации нема извештаи за штети или повредени“, рече Поп

Македонија | пред 2 години

evn-rabotnici

Делови од Гази Баба, Карпош и Илинден денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 07.30 до 14.30 часот, корисниците од селата Дељадровци, Миладиновци и Текија, како и корисниците приклучени на приватните трафостаници Макпетрол – Миладиновци – Плинара, ЖТП Миладиновци – Рампа и Патарина Миладиновци. (општина Илинден)- во периодот од 08.20 до 11.20 часот, корисниците од улиците Карл Либнехт и Модест Мусогорски, објектот на детската градинка Детелинка, како и дел од корисниците од улиц

Скопје | пред 2 години

IMG_4715

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Особено во северните делови од земјата ќе има повремен пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.Во Скопје променливо облачно. Во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи.Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-10-06-090200

(Видео) Маск зборуваше на митингот на Трамп: Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републиканскиот кандидат на овогодинешните претседателски избори вчера го изведоа технолошкиот милијардер Илон Маск на сцената за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, местото каде што беше извршен обидот за атентат во средината на јули во кој беше полесно повреден.Во своето обраќање до илјадниците собрани следбеници на Трамп, Маск повтори многу од тезите што ги користеше поранешниот американски претседател и неговиот кандидат з

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-06-085510

Израел нападна џамија во Газа, има мртви и повредени

Најмалку 24 лица загинаа во израелски воздушен напад врз џамија во Газа во текот на ноќта, соопштија лекарите.Канцеларијата за медиуми на владата во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека 93 лица биле ранети во нападите врз џамија и училиште во близина на болницата Ал Акса во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.Од болницата Ал Акса изјавија за Асошиетед прес дека во нападот е погодена џамија во која се сместени раселените луѓе.Тоа го изјавија очевидци за Ројтерс. Сепак, израелските

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-06-085247

(Видео) Пронајдени уште две тела, бројот на загинати расте: Состојбата е катастрофална во БиХ

Според официјалните податоци на босанското МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон, бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите се зголеми на 15.Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица, соопшти владата.Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцегови

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања