Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

„Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот“, вели Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ и додава:

Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче.

Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена.

Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос.

Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат.

Со Тошковски на чело на МВР досега има над 20 случаи на употреба на огнено оружје или остар предмет, околу 10 убиства и обиди за убиства.

— реклама —

Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство во во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица....И нема разврска на овие инциденти ниту на убиствата. Едвај еден случај е расчистен.

Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.

Само последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци. Такви беа случаите со запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

— реклама —

Од затворите кој сака бега и кога сака излегува. Избегаа 10 затвореници од затворот Шутка. Одговорност нема.

Лани, 2023 година Македонија беше прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, а сега, само 100 дена во ВМРО-ДПМНЕ состојбата е алармантно влошена.

После сите скандали, после сите овие убиства, пукања, криминални пресметки без разрешница, Мицкоски веќе требаше да реагира и да го смени Тошковски, но очигледно го штити.

— реклама —

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.

Ако Тошковски ја сака Македонија ќе си поднесе оставка.

Бараме оставка од Тошковски веднаш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

media-libraryog87t9jodr220cKhxQe

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Македонија | пред 4 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин“, велат од СДСМ

Македонија | пред 5 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања