Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Тешко повреден малолетен велосипедист, однесен во болница

На 29.09.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од с.Липково.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 2 години

IMG_6536

Апсења низ Скопје: Осум лица фатени со дрога

Денеска (30.09.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(42) од село Студеничани, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 29.09.2024 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од с

Скопје | пред 2 години

indija-testiranje-oruzje-s-400

Иран му се заканува на Израел: Ќе одговориме на вашите криминални дејствија

Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата нема да ги остави „криминалните“ дејствија на Израел без одговор.„Иран нема да остави неодговорено ниту еден од криминалните дела на Израел“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на денешната прес-конференција и прецизираше дека тоа се однесува на ликвидациите на лидерот на Хезболах Сајед Насрала и заменик командантот на иранскиот Револуционерната гарда, Абас Нилфорушан, во Либан, п

Свет | пред 2 години

IMG_6829

Ново обвинение за Нефи Усеини

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, прош

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Продолжени нападите врз Либан: Убиени тројца водачи на Народниот фронт за ослободување на Палестина и еден лидер на Хамас

Тројца водачи на Народниот фронт за ослободување на Палестина загинаа во израелски напад врз Беира.Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) денеска соопшти дека тројца водачи на таа палестинска група биле убиени синоќа во израелски воздушен напад врз населбата Кола во Бејрут.Целта на нападот бил горниот кат на станбена зграда, пренесува Ројтерс цитирајќи неименуван сведок.Во меѓувреме, палестинската група Хамас објави дека нејзиниот лидер во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин, заедно со н

Свет | пред 2 години

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Предупредување: Утре изутрина поради ниските температури, можна е појава на мраз и на слана

Поради влијанието на студената воздушна маса која се спушти од север кон Балканот и во Македонија, но и поради целосното разведрување, утре (вторник) во утринските часови ќе биде особено студено, па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.Поради ваквата состојба, на повеќе места во Македонија, особено во повисоките населени места, во Беровскиот регион,како и на планините е можна појава на слана и на мраз. Токму п

Македонија | пред 2 години

poplavi-nepal

Катастрофа во Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 193

Бројот на жртвите од поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во Непал изминатиот викенд достигна 193, соопштија денеска локалните власти.Полицијата навела дека 31 лице се уште се водат како исчезнати, а дека 96 лица се повредени, пренесува АП.Голем број луѓе загинаа во главниот град Катманду, каде беа забележани обилни врнежи, а голем дел од градот беше под вода.Најмалку три автобуси се затрупани во лизгање на земјиштето кое однесе околу триесетина човечки животи на дел од авто

Свет | пред 2 години

sar-planina

Утрово пронајдена 72-годишна планинарка на Шар Планина без знаци на живот

,,Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 0

Македонија | пред 2 години

Lake-Dojran

Спасувачка акција на Дојранско Езеро

,,На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро.Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран.Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност.Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на

Македонија | пред 2 години

avstrija-izbori

Партијата основана од нацистите победи на изборите во Австрија, но никој не сака да влезе во владата со нив

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО) е победник на парламентарните избори во Австрија. Ова е првпат по Втората светска војна партија вкоренета во нацистичката идеологија да освои најмногу гласови на национални избори.На чело со Херберт Кикло, кој доби поддршка поради лошата економија и загриженоста дека Австрија ги прима имигрантите побрзо отколку што може да ги интегрира, ФПО освои околу 29 отсто од гласовите - рекорден резултат што може да и даде на партијата платформа да в

Свет | пред 2 години

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече ,,будали''

,,Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече ,,будали''.СДС упорно продолжува да ги понижува граѓаните.Очигледно е дека СДС се нервозни од најновата анкета во која нивната партија има дополнително ослабнато споредено со изборите, но тоа не е и не може да биде оправдување за да ги вреѓаат граѓаните.СДС не смее да го навредува народот, тоа што се спречени да крадат и затоа се најмногу нервозни треба да го земат за лекција, да се реформираат и да се исчистат од криминалц

Македонија | пред 2 години

pozar-portugalija1

(Видео) Неконтролиран пожар се шири во Грција: Има жртви

Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини. Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.Борбата со пожарот ја отежнува сил

Свет | пред 2 години

uragan-florida

Бројот на жртвите од ураганот Хелена се зголеми на 116, илјадници луѓе останаа без домови

Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области.Официјалните лица набрзина доставуваат основни материјали за настраданото население, го обновуваат снабдувањето со електрична енергија и ги расчистуваат блокираните патишта, јавува CBS News.Ураганот Хелена предизвика големи разурнувања и прекин на електричната енергија кај неколку милиони луѓе.Невремето го зафати копното во четврто

Свет | пред 2 години

ukraina

Напад кој траеше повеќе од пет часа: Руски беспилотни летала лансирани кон Киев

Синоќешниот руски напад со беспилотни летала Шахед врз Киев траеше повеќе од пет часа, но како што пренесуваат украинските медиуми, нема уништени или човечки жртви.Шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко, изјави дека руските сили, како и при претходните напади, користеле јуришни беспилотни летала од типот Шахед, пренесува Укринформ.„Вечерашниот напад врз Киев беше изведен во бранови и од различни правци. Воздушната тревога во главниот град траеше повеќе од 5 часа“, изјави Попко.Тој додаде д

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

Израел утрово изврши напад врз центарот на Бејрут, убиен лидерот на Хамас во Либан

Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) во Либан објави дека тројца негови членови биле убиени во воздушен напад во Бејрут во раните утрински часови. Штрајкот во близина на мостот Кола е првпат локација во границите на либанската престолнина да биде погодена во актуелната војна. Тоа е и прв напад врз центарот на Бејрут по војната во 2006 година.Вооружената група соопшти дека се убиени Мохамед Абед Ал-Ал, член на нејзиното политичко биро и шеф на воено-безбедносниот оддел, Имад Одех,

Свет | пред 2 години

monstrum-4141

(Видео) Разговорите од Заев за убиствата кај Смилковско донесоа само страдање за семејствата! Туфегџиќ откри за муабетите меѓу функционерите

Судијата кој ја водеше истражната постапка за убиството кај Смилковското Eзеро, Владимир Туфегџиќ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Која е вистината за МОНСТРУМ?„За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање. Во тие разговори беа најавени вистинските извршители...

Студио | пред 2 години

IMG_4172

Израел не престанува да ја бомбардира Газа: 11 Палестинци загинаа во воздушни напади

Израелските војници убија најмалку 11 Палестинци во нападите низ Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти во областа, додека израелските авиони бомбардираа неколку северни, централни и јужни области.Училиштето за засолниште на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа е меѓу погодените згради, при што загинаа четири лица, а неколку други беа повредени, соопштија медицинските лица во Газа, според Ројтерс.Израелската војска соопшти дека ги нападнала милитантите на Хамас ко

Свет | пред 2 години

TARAVARI

100 дена Влада, Таравари: Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата Inbox

Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта е во рацете на народот. Ова го порача претседателот на Алијанса на Албанците и министер за здравство Арбен Таравари по повод првите 100 дена од новата Влада, чиј дел е и албанската коалиција „ВРЕДИ“.Таравари од САД, каде што учествува на 79-то Собрание на ОН, преку видео-врска истакна де

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Обид за убиство на малолетник во тетовско: 28-годишник го сечел на вратот и увото, тој избегал

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.Јавниот обвинител до

Македонија | пред 2 години

20240929080257

Компанијата тврди патниците направиле непотребна паника: „Имаше пареа, не чад“; Пријава во МВР нема

Компанијата чиј автобус вчера се враќаше од Грција, а патниците виделе чад па кршеле прозори, велат дека тоа било само пареа. Според „Ројал Травел“, се создала непотребна паника.„Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само патниците предизвикаа непотребна паника“, велат од „Роја

Македонија | пред 2 години

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Спасовски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ДУИ наскоро, а тие му вратија: Да не се грижи, ДУИ не им го земаме

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски. Тој потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.-Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата р

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-23-at-08.39.25

Русија тврди дека соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, изведувајќи серија напади врз Запорожје

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, додека локалниот гувернер изјави дека бил погоден станбен комплекс во западниот град Воронеж.Одделно, Вјачеслав Гладков, гувернер на западниот регион Белгород, рече дека еден маж е убиен во пограничниот град Шебекин, а осум цивили се повредени во поширокиот регион во напади со беспилотни летала и ракетни истрели во изминатите 24 часа.Како што Русија напредува во источ

Свет | пред 2 години

hasan-nasrallah

Извори тврдат дека телото на лидерот на Хезболах е пронајдено

Телото на лидерот на Хезболах Хасан Насрала е пронајдено, потврдија два извори за Ројтерс.Медицински и безбедносни извор изјави дека неговото тело било пронајдено недопрено на местото на израелскиот воздушен напад во јужното предградие на Бејрут.Надворешни повреди нема, а причина за смртта се чини дека се повредите од силината на експлозијата, изјавија извори, пренесува Ројтерс.Потсетуваме, израелската армија вчера соопшти дека во петокот во воздушен напад на периферијата на Бејрут загинал Хасан

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-09-29-at-12.14.03

Младо момче загина на патот Тетово-Скопје, излетал од патот со „голф“

На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот.Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово.По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.13

Детали од операцијата во која загина шефот на Хезболах: Израелците го нападнаа со 80 тони бомби

Бомби тешки повеќе од 80 тони се употребени во израелски воздушен напад во кој беше убиен водачот на проиранската милиција Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут, објавија израелските медиуми во неделата.Бомбите, вклучително и бомбите „бункер-бастер“ кои можат да навлезат во утврдени структури, беа фрлени од формација од најмалку 10 борбени авиони врз подземниот штаб на Хезболах во јужен Бејрут во петокот, се вели во соопштението.Нема официјална потврда за извештајот.По нападот расте загриженоста за

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања