Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Малолетник со мопед удрил во одрон и паднал, со тешки повреди однесен во болница

На 31.08.2024 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Свети Николе, кај клучка Коњари, малолетник од Свети Николе, управувајќи мопед „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, удрил во одрон и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

IMG_4322

Костадиновски за МИА: После 33 години Уставен од септември почнува реформа во работењето со новиот Акт

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски во интервју посочува дека Судот во јуни направи голема реформа кога го донесе новиот Акт, со којшто практично е унапредено работењето кое претходно цели 30тина години беше предмет на критики за манипулативност на судии, на претседател на Судот, за компромиси со политиката за сензитивни предмети, за бавноста во постапувањето и одлучувањето.Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови

Македонија | пред 2 години

IMG_6349

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон од 44.900 денари, а потоа не заминала на пат, парите пропаднале

,,Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон.Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина - Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале.Иако патувањето не се реализирало, Бисера А

Македонија | пред 2 години

IMG_6348

(Видео) Детали за пожарот во планинарскиот дом на Водно, Ангелов: Имало и вандализам, се започнало од пред домот

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочува дека пожарот во планинарскиот дом “Даре Џамбаз” на Водно започнал од пред објектот, по што биле зафатени дрвени делови, па внатрешноста. Според него, на врвот на Водно имало и вандализам.Ангелов посочува дека искршено било и стаклото на маркетот кој се наоѓа под крстот. Тој посочува дека полицијата трага по лицата кои го сториле тоа.Пожарот е изгаснат, а просторот се чисти. Полицијата врши увид.

Скопје | пред 2 години

IMG_6347

(Видео) Детали за сообраќајката во Кисела Вода: Тројца се повредени и во болница, настрадале и две паркирани возила

Вчера, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(36) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26 – годишната М.К. од Скопје, по што удриле во две паркирани патнички возила „хонда“ и „форд“ со скопски регистарски ознаки.“Во незгодата, со телесни повреди се здобиле

Скопје | пред 2 години

IMG_6343

Пожар изби во планинарскиот дом “Даре Џамбаз" на врвот на Водно

Пожар изби во планинарскиот дом “Даре Џамбаз" на врвот на Водно, соопшти ЦУК.Екипи на БППЗ Скопје се упатија кон врвот.“Со директорот на ЦУК Ангелов се движиме кон пожарот, повеќе информации за десетина минути”, додаваат оттаму.

Скопје | пред 2 години

IMG_6346

(Видео) Први снимки од пожарот во планинарскиот дом “Даре Џамбаз”

Први снимки од пожарот во планинарскиот дом ,,Даре Џамбаз” на Водно.Според првичните информации зафатена е внатрешноста на планинарскиот дом.Сѐ уште не е познта причината за пожарот и колкава штета е нанесена.На терен се екипи на полицијата како и противпожарните екипи.Повеќе информации наскоро од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Скопје | пред 2 години

bisera-1

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале

,,Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале.3000 евра народни пари се фрлени низ ветар од страна на Бисера Антоанета на 05.02.2022 година кога со службена картичка платила 3 карти за Дубаи, патување на кое не заминала.Се поставува прашањето како е можно Министерка за култура да не знае дали може да оди на некој настан или не? Па до последно да се спрема, да плаќа и на крај воопшто да не оди.Доколку патувањето во

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Приведен битолчанец за изнуда, поднесена е кривична пријава

На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари. Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајд

Македонија | пред 2 години

IMG_6345

Бразилецот Еванжелиста и французинката Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон. Тие остварија најдобар резултат на 25-километарската патека “Климе Савин”од Охрид до Свети Наум.Еванжелиста ја преплива патеката за време 5 часа 45 минути и 5 секунди, а Жуис за 5 часа, 46 минути и 51 секунда.На финишот кај градскиот кеј, втор во машка конкуренција беше Марсел Схауле од Холандија со време од 5 часа, 46 минути и 50 секунди, а трето место беше македонскиот пливач Евгениј Поп А

ОО | пред 2 години

f_35097591_1280

(Видео) Русите тврдат дека Украина лансирала дронови во Москва, пристигна снимка од експлозијата на термоцентралата

Украина започна напад со беспилотно летало чија цел беше Москва и неколку други руски региони, соопштија руските власти.Беспилотно летало кое летало кон Москва е уништено во регионот околу руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во објава на апликацијата за пораки Телеграм.Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брајанск во југозападна Русија, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз на Телеграм.Два беспилотни

Свет | пред 2 години

novak-djokovic-830x0-1

Новак сака да избега од тенисот: Уморен е од се, правеше нетипични потези и е во состојба која не е призната во Србија

Преморената сезона, особено психички поради сите удари кои ги доживеа, привршува. Но, се чини дека крајот на сезоната на Новак Ѓоковиќ е поблиску отколку што се мисли.На дебитантот му е потребен одмор од тенисот. Долг, мирен и целосно неоптоварен од притисок. Тоа е толку очигледно. Не тренираше со полн интензитет, а се чинеше дека подготовките за мечот не беа како што треба. Едноставно, во странската литература постоеше терминот „Burnout“, а тоа е кога луѓето премногу работеле и имаат потреба од

Спорт | пред 2 години

soobrakajka-k-voda

(Видео) Сообраќајка во Кисела Вода: распрскани делови, едно од возилата удрило и во бандера

Две возила се судрија на стотина метри после „Рампа“ во Кисела Вода, во текот на ноќта, после 12 часот.Според првичните информации, едно од возилата удрило и во бандера, додека двата учесници во несреќата имаат поголема материјална штета.. Засега не е позната состојбата на патниците.Увид правела и полицијата.

Скопје | пред 2 години

f_35096027_1280

По судирот во Јужното Кинеско Море, Америка објави: „Ова е опасно и може да ескалира“

Соединетите Држави ги осудија „опасните и ескалирачки“ акции на Кина против, како што рече Стејт департментот, легитимни филипински поморски операции во Јужното Кинеско Море.„Брод на кинеската крајбрежна стража намерно трипати се судри со брод на филипинската крајбрежна стража, кој ја практикуваше својата слобода на навигација во филипинската ексклузивна економска зона, предизвикувајќи штета на бродот и загрозувајќи ја безбедноста на екипажот на бродот“, портпаролот Метју Милер.https://twitter.c

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Казнети превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Денеска (31.08.2024) на автопатот Куманово - Скопје и на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на два автобуси со кочански и гостиварски регистарски ознаки, сопственост на превозни претпријатија, а управувани од И.А.(39) и С.А.(36).При контролата било утврдено дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги управувале ав

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-08-31-at-20.11.20

(Видео) Комитите го бркаа Миленко Неделковски, реагираше и полицијата на натпреварот Вардар-Воска спорт

Со „Оди си Миленко“ - Комити на градски бараат промена на Миленко Неделковски од раководните структури на Вардар. Тој пак, ги слушаше бидејќи беше на една од клипите на арената „Филип Втори“, каде клубот играше натпревар против Воска спорт.Во еден момент, реагираше и полицијата бидејќи Комитите тргнаа да се симнуваат од трибините, за да одат кон Неделковски. Во тој момент, службениците направија кордон.

Спорт | пред 2 години

lefkov

Што ќе ни е државен јавен обвинител кога си го имаме Лефкота кој секој ден забавља јавност во ова августовско глуво доба, вели Туфегџиќ за аферата „Бисера Антоанета“

Молкот на Обвинителството и протокот на документите за аферата „Бисера Антоанета“ на пратеникот Миле Лефков, донесе реакции од правници во јавноста. Една од нив е на адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој смета дека е популизам објавување на документи, а до кои, можно е да е пристапено и преку министерот за култура Зоран Љутков. Посочува и дека во ваков случај – одговорноста е неминовна.„Објавување на службена документација за политички популизам е веќе видено и знаеме како сето тоа заврши и со какви

Коментари | пред 2 години

ubistvo

Расправија на петочна молитва завршила со обид за убиство: ново крвопролевање во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник.На 30 август во селото Стримница, пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож оштетениот, нанесувајќи му тешк

Македонија | пред 2 години

IMG_6294

Бисера Антоанета купила билети за Дубаи во износ од 3 000 евра кои не ги искористила, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со серијата обвинувања

Продолжи серијалот обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ на смерка на екс министерката за култура.Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков обвини дека Бисера Костадиновска Стојчевска во 2022 купила три авионски карти за Дубаи и кога требало да замине на пат, не отишла.,,Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не. Очигледно Бис

Македонија | пред 2 години

IMG_2486

На стогодишнината од загунувањето споменик на Тодор Александров се врати во родното штипско Ново Село

По повод 100 години од смртта на Тодор Александров денеска беше одржана панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и откриен споменик во паркот, спроти Музејот на ВМРО во старата штипска населба Ново Село, каде што е роден.Се одржа свечена церемонија, имаше коњаници кои во комитска облека го поминаа патот од центарот на Штип до Ново Село и панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“.Александров, е војвода и еден од водачите на ВМРО.Претседателот на Патриотскиот институт на ВМР

Македонија | пред 2 години

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

И европски, но и латиноамерикански затвори во Македонија

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, ја оцени состојбата во македонските затвори. Според има има голема разлика од еден до друг затвор.,,Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи“, рече Пандов.Тој се осврна, како што рече и за браќава од 27 април и посочи дека некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка.,,Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори,

Македонија | пред 2 години

IMG_2482

Силвио Мировски стана светски јуниорски шампион во кик-бокс

Maкедонија стигна до нов успех на Светското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори. По вчерашниот златен медал на Марија Димовска, денеска успешен настап имаше Силвио Мировски.Мировски стигна до златниот медал во конкуренција на постари јуниори во категоријата до 71 килограм.Во полуфианлето Мировски беше подобар од Бугаринот, Атанас Димов, а во финалето го совлада Украинецот Иван Бородатки за јуниорска светска титула.

Спорт | пред 2 години

IMG_6327

Попов: СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат

,,Сведоци сме на една трагикомична ситуација, СДС кои 7 години беа на власт утре организираат протест пред Министерството за образование и наука. Група членови на СДС ќе протестираат барајќи повисоки плати за наставниците. Протестот го организира довчерашниот државен секретар во МОН, Билјана Казанџиска.Партијата чии министри додека имале можност да работат за народот, јаделе бизонско филе, телешко карпачо и школки плакајќи 400 евра за вечера од службена картичка нема кредибилитет да зборува за н

Македонија | пред 2 години

IMG_6326

Министерот Тошковски на Џорџ Маршал безбедносниот форум во Охрид: Безбедносните предизвици ги надминуваме во соработка со нашите партнери

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (31.08.2024) учествуваше на традиционалниот „Охридски безбедносен форум“ во организација на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии, а во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии и амбасадите на САД и СР Германија.Министерот Тошковски во обраќањето истакна дека заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на своите разлики и продолжување на својот п

Македонија | пред 2 години

IMG_4387

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието.“Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања