Промени тема
Контакт

Попов: СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6327

,,Сведоци сме на една трагикомична ситуација, СДС кои 7 години беа на власт утре организираат протест пред Министерството за образование и наука. Група членови на СДС ќе протестираат барајќи повисоки плати за наставниците. Протестот го организира довчерашниот државен секретар во МОН, Билјана Казанџиска.

Партијата чии министри додека имале можност да работат за народот, јаделе бизонско филе, телешко карпачо и школки плакајќи 400 евра за вечера од службена картичка нема кредибилитет да зборува за ништо.

— реклама —

Трет човек по хиерархија во институцијата, која имала можност да придонесе за подобри плати и услови за работа на наставниците, таа заедно со нејзиниот министер со кого беа во коалиција, не предвидоа средства во буџетот за оваа намена за 2024 година.

Ситуацијата, едноставно опишана е следна – Казанџиска свесно турнала некого на земја и сега му подава рака за да стане, претставувајќи му се како заштитник.

СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат.

— реклама —

Казанџиска е дел од раководството на претходната Влада на СДС и ДУИ која ги угнетуваше наставниците, која не ги консултираше за ниту една промена што предизвикаа тешки штети по македонското образование. Влада која доцнеше со исплатата на платите и манипулираше дека ги зголемува, без да ја споменува високата инфлација која ги изеде платите на сите граѓани, па и на наставниците.

7 години СДС можеше да реализира покачување колку што сакаа, тоа не го направија, затоа што намерата никогаш не им била таква. Ниту во овој буџет предвидоа пари за поголеми плати, затоа што го правеа буџетот за пред избори и да трошат пари пред кампања што и го направија.

— реклама —

На што се потрошија парите од СДС оваа година? На милионски тендери во РЕК Битола пред смена на власта, на милионски набавки во ЕСМ, на патувањата на Бисера Антоанета и другите министри кои трошеле народни пари како да им се наследство од дедо.

Наставниците никогаш не биле во приоритет на СДС. ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап, и ќе го вратиме достоинството на наставниците.

Апелираме до наставниците да не наседнуваат на партиски хушкања. Да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата која 7 години беше власт и не се погрижи да им обезбеди достоинство и пристоен живот.

— реклама —

Актуелната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ има конкретен план како да го врати дигнитетот на наставниците. Со враќање на девастираните институции во нормала и со креирање на нов буџет за 2025 година кој домаќински и транспарентно ќе се користи, ќе се обезбедат пари за повисоки плати, за подобри услови за работа и за повеќе можности за кариерен и професионален развој.

СДС ја остави државата ограбена. СДС ја зароби државата и ја користеше за личен бенефит. Тој комодитет веќе го немаат, а ќе треба и да одговараат, затоа и се нервозни.”, вели Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 2 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања