Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

IMG_4082

СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

,,Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје.Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.ВМ

Македонија | пред 2 години

IMG_4331

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

,,Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба.Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци:1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или2. Таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бајден вчера добил лоши вести: Ќе има неколку дена да размисли за се на мир

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид-19. Дијагнозата тешко дека би можела да дојде во полош момент за Бајден, пишува Politico. Не само што го скрати неговиот престој во Невада, туку се заканува да ја продлабочи внатрепартиската анксиозност и отпорот кон неговата реизборна кампања.Веста најпрвин беше соопштена на толпата шпанско активисти кои го чекаа говорот на Бајден во Лас Вегас, а не долго откако беше официјално потврдена од Белата куќа. Дијагнозат

Свет | пред 2 години

pozar1

(Видео) Запалена зграда во Франција, седум мртви

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција, соопштија пожарникарите.„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

Свет | пред 2 години

IMG_4968

Утрово активни 13 пожари: Од рани зори противпожарно дејствуваат сите летала

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од коишто активни утрово се 13, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија ПП летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.Активните 13 пожари, од вкупно 24-те пожари на отворено во последното деноноќие, бе

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Откриен идентитетот на убиениот полицаец во Лозница: Напаѓачот излегол од „мерцедесот“ и го застрелал Никола во градите

Полицаецот Никола Крсмановиќ (1990) е убиен во престрелката што се случила синоќа во Лозница кога сообраќајната полиција запрела такси за рутинска проверка, додека неговиот колега Вјекослав Илиќ (1974) бил ранет во рамото, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. утрото.Како што изјави Дачиќ, Крсмановиќ бил застрелан во градите кога напаѓачот излегувал од „мерцедесот“. Потоа бил префрлен во Општата болница во Лозница, каде им подлегнал на повредите.Како што пренесува Новости.рс, почин

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

107 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста

Скопје | пред 2 години

policija-policaec-35

Пукање во Чаир, еден повреден: тргнале да се смируваат, па почнало пукање

Син на сопственик на позната чајџилница има престрелна рана по вчерашното пукање, кое вчеравечер се случи во Чаир.Првичните неофицијални информации се дека оваа пресметка се врзува со обид за помирување на две семејства од кои едното е од Сингелиќ.Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.Последните информации за повредениот се дека тој е опериран и е во стабилна состојба.Деталите за лоцир

Скопје | пред 2 години

mersiha

(Видео) Претрес на Мерсиха Смаиловиќ: зошто верски обред во секуларно Собрание, меѓуетничка омраза и хаотично општество?

Во среда нема да се молиме, туку ќе претресеме зошто во секуларна држава, среде Собрание имаше верски обред. Наша гостинка ќе биде активистката за човекови права, Мерсиха Смаиловиќ, која едни ја фалат, други ја навредуваат.🎥Ќе зборуваме и за нејзината кандидатура за претседател, опасноста од ширењето на меѓунационалната омраза, за невладиниот сектор, актуелната политичка ситуација.❗️Смаиловиќ ќе одговара и на вашите прашања, кои ќе можете да ги поставите во живо на јутуб-каналот prvatvmk. Следет

Македонија | пред 2 години

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Голем дел од Скопје утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (четврток) без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од село Радуша, село Свиларе, село Дворце, село Орашје (општина Сарај)- во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од Село Рашче, село Бојане, село Копаница (општина Сарај)- во периодот од 10:15 до 11:15 часот, корисниците од Ул.11 ,Ул.1 и Ул.9 во село Кадино (општина Илинден)- во периодот од 06:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Благоја Муче

Скопје | пред 2 години

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Општина Македонски Брод е општина која што е најголема по територија во Република Македонија и опфаќа 51 населено место.Но, има многу скромен буџет. Благодарение на работата, посветеноста на градоначалникот на општина Македонски Брод, на пратеничката, на службите во Општина Македонски Брод, советниците успева да се реализираат голем број проекти во оваа општина. Иако многу мал буџет, иако скромни средства, во овие неколку месеци се реализирани многу суштински и значајни проекти. Реализирани се п

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фами

Македонија | пред 2 години

17072024_PERISNKI-2

Министерот Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и...

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински.Министерот Перински истакна дека општинит

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Затвореник од Идризово прескокнувал ограда, му се слошило и паднал - заврши во болница

На 16.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оград

Македонија | пред 2 години

DSC_0292

Момче се самозадоволувало на кејот на Вардар, скопјанка го пријавила

На 16.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје 47-годишна скопјанка пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје, на територија на Карпош, забележала машко лице на возраст од околу 20 години како се самозадоволува, по што го напуштил местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Нотарка од Куманово заработи кривична

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу В.Т. од Велес како продавач и А.С. и А.М. од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќ

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-5250PM

Драма во скопско Ѓорче Петров

На 16.07.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, К.А.(39) од Скопје пријавила дека во ходник во зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, нејзиниот син К.А.(20) бил физички нападнат од С.О.(30) од Скопје.Исто така, С.О.(50) од Скопје пријавил дека К.А. физички го нападнала неговиот син С.О..По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Момчето кое уби војник во Македонски брод заврши во притвор

На 16.07.2024, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршија спровод до Основното јавно обвинителство Кичево на Д.Д.(21) од с.Суводол, општина Македонски Брод, кој претходно беше лишен од слобода, поради основано сомнение за извршено кривично дело „убиство” по член 123 став 1 од Кривичиот законик.На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и ќе ја издржува во Казнено - поправната установа Затвор Битола.

Македонија | пред 2 години

DSC_0289

Уапсени питачи во Гостивар

На 16.07.2024 во периодот од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во соработка со Центарот за социјални работи Гостивар постапиле по претходно изготвен план и презеле мерки и активности за спречување на питачење на подрачјето што го покрива ОВР Гостивар.Притоа, на улица „Борче Јованоски“ била затекната З.У.(35) од гостиварски Балиндол како питачи, на улица „Илинденска“ била затекната Б.Т.(46) од Гостивар и на улица „Седек Костоски“ била затекната Д.Т.(48) од Гостивар како п

Македонија | пред 2 години

vesna-janevska

Јаневска: МОН е оставен во минус од 5 милијарди денари

Јавноста има право да знае Министерството за образование и наука е во минус 5 милијарди денари, но не треба да има грижи, бидејќи ние и со ваков буџет, ќе обезбедиме да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.Оваа информација ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ, каде говореше за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе сле

Македонија | пред 2 години

IMG_5070

Димитриеска Кочоска: Затекнавме Буџет по желба, наместо развој, со ребалансот обезбедивме 4,1 милијарда денари за плати и 5 милијарди денари за исплата на пензиите

,,Прв пат ја имам можноста да се обратам кон вас како Министер за финансии и тоа за најважниот документ кој што го изработува ова министерство Буџетот, односно во оваа ситуација Ребалансот на буџетот.Најнапред сакам да информирам дека лошата состојба во буџетот ги надмина и нашите очекувања. Во овој краток период додека се подготвуваше ребалансот отворив многу прашања, но исто така добивав и многу непријатни изненадувања секојдневно.Ветив дека секогаш ќе бидам искрена пред граѓаните.Пред да ги п

Македонија | пред 2 години

IMG_5080

Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човеко

Македонија | пред 2 години

sdsm

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

,,ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат.Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.Каква врска има физичко

Македонија | пред 2 години

IMG_5071

Пожар кај граничниот премин „Богородица“, границата е затворена

Пожар над граничниот премин „Богородица/Евзони“. Пожарот избувнал на грчката страна, преминот е целосно затворен и не работи.На местото на пожарот први пристигнале пожарникарите од Гевгелија, а во моментов грчките пожарникари го гаснат со хеликоптер.Вработените на границата се евакуирани.Од грчката страна, сообраќајот е запрен до Поликастро. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.На преминот неколку возила останале заглавени, влегле пред да избувне пожарот денеска напладне. Во мо

Македонија | пред 2 години

IMG_5079

Пожарот кај „Богородица” изгаснат, граничниот премин е отворен

Пожарот кај „Богородица/Евзони“ е ставен под контрола. Граничниот премин е отворен.При гаснење на пожарот имало асистенција и од македонска страна.Протокот на возила е повторно овозможен.Поради пожарот, кој избувна на грчката страна од границата, сообраќајот беше запрен, па се создаде гужва и од македонска страна.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања