Промени тема
Контакт

Јаневска: МОН е оставен во минус од 5 милијарди денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vesna-janevska

Јавноста има право да знае Министерството за образование и наука е во минус 5 милијарди денари, но не треба да има грижи, бидејќи ние и со ваков буџет, ќе обезбедиме да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.

— реклама —

Оваа информација ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ, каде говореше за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе следат за време на нејзиниот мандат.

— реклама —

„Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение“, рече Јаневска, потенцирајќи дека наставниците реагирале на лошата интеграција на предметите и несоодветно предавање на материјата.

Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, рече дека идејата за вклучување на сите деца со попреченост во редовните паралелки, била избрзана и натурена исто како и Концепцијата за основно образование.

— реклама —

„Има дечиња кои можат да следат настава во редовни паралелки и тие ќе продолжат таму. Но, многу родители се жалат дека нивите деца во овие паралелки се многу повеќе дискриминирани, отколку да бидат со свои другарчиња, слични на себе во посебни училишта. Затоа предлагаме измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучиме кое е најдоброто решение за инклузија“, рече Јаневска, потенцирајќи дека државата треба на овие деца да им овозможи стекнување вештини со кои ќе бидат корисни и за себе и за општеството.

Министерката говореше и дека постои голем притисок врз наставниците за поправање оценки на крајот од учебната година, но дека има план како да бидат ослободени од тој притисок, а од следната учебна година, како што рече ќе се отвори и телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на образовните установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Одбележан Светскиот ден на учителите: Доделени признанија на 13 најдобри наставници

Македонија | пред 5 дена

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Од 1 октомври почнува пријавувањето за продолжување на студентските стипендии

Македонија | пред 1 седмица

media-library86c4ck0ohv7l2eE4uJW

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања