Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Македонија го одбележува Светскиот ден на науката со рекордни 773 милиони денари за наука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 минути -

Македонија
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, годинава се одбележува со зголемени инвестиции и напредок во научно-истражувачката дејност во Македонија.

— реклама —

Според оценката на Европската комисија во Извештајот за напредокот за 2026 година, постигнат е добар напредок во спроведувањето на Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација. Како значајни чекори се посочуваат основањето и почетокот на работата на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, како и продолжувањето на учеството во европските програми за наука и иновации.

— реклама —

Буџетот за наука годинава достигна рекордни 773 милиони денари, во споредба со 680 милиони денари минатата и 380 милиони денари пред две години. Минатата година биле поддржани околу 50 двегодишни научни проекти, кои сега се во завршна фаза.

— реклама —

За да се поттикне научната продукција, обезбеден е бесплатен пристап до меѓународните научни бази „Web of Science“ и „Scopus“. Министерството за образование и наука ги покрива и трошоците за објавување трудови во списанија со импакт-фактор, организација на домашни научни конференции, учество на меѓународни собири и објавување зборници.

— реклама —

Целта е да се зајакнат научно-истражувачките капацитети, да се зголеми влијанието на науката врз општеството и економијата и да се подобри позиционирањето на македонските универзитети на светските ранг-листи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryria5t511mpil7l7HRNL

МОН отвори конкурс за студентски стипендии, пријавувањето трае до 20 ноември

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryr2ubmeo57qe490vh2Zz

Програмата за сеопфатно сексуално образование повторно е воведена, но под името – „Здравје и заштита на здравјето“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 2 седмици

media-library2lu3euolp37rd6bAm11

Над 10.800 средношколци учат според модернизирани наставни програми, во кои се вклучени СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања