Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

292127166_1096556854611496_2050995272505431155_n

Приведен ирски државјанин, илегално поминал граница

На 21.05.2024 околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за с.Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Ф.Ф.Ј.(36) од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

2

Пожар во женското одделение во затворот „Идризово“

Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопшти МВР.Пожарот бил изгаснат, а повредени нема.

Македонија | пред 2 години

FotoJet-41

Излезноста до 9 часот на седумте избирачки места е 7,22 проценти

Денес, во 7 часот наутро, започна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и Долнени.До 9 ч., од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326 односно 7.22%.Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач односно 10.17%.Во ИМ1194 во Крушево, гласале 57 гласачи односно 12.15%.Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 22 гласачи односно 7.38%.Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 54 гласачи односно 7.59%.Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 22 гласачи о

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови

,,Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови!Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови.Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува

Македонија | пред 2 години

IMG_6635

Мицкоски: Граѓаните треба да се чувствуваат комотно, доаѓа надеж и подобра иднина

-Граѓаните треба да се чувствуваат слободни, комотни, да уживаат во животот, да работат, да се опуштат, доаѓа надеж, доаѓаат поодбри времиња за сите нас, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Ора 24.Мицкоски во текот на своето интервју се осврсна и соседите каде истакна дека со нив ќе се води една принципиелна политика, политика која ќе се темели на аргументи и факти.-Што се однесува до соседите ќе водиме една принципиелна политика, политика која што ќе се

Македонија | пред 2 години

IMG_4060

Мицкоски: Не постојат подруми се е транспарентно, природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека господинот Ахмети е опкружен со луѓе кои во целиот овој период го доведоа во една ваква ситуација да верува во фантазија, а не во реални работи и тоа е неговата клучна грешка“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ОРА 24.Претседателот Мицкоски истакна дека не постојат црвени подруми, ниту некогаш постоеле.„Мојата порака е дека не постојат подруми, се е транспарентно, се е јасно. Јас зборував уште од многу одамна де

Македонија | пред 2 години

nevreme

(Видео) Вонредна состојба во Нови Пазар по вчерашното невреме

По вчерашното невреме, ситуацијата во Нови Пазар полека се смирува. Водостојот на реките опаѓа.Штабот за вонредни ситуации на Нови Пазар синоќа прогласи вонредна состојба на територијата на овој град, поради штетите предизвикани од големо количество врнежи пропратени со силен град, со големина на орев.

Свет | пред 2 години

palestina

Шпанија и Ирска ја признаваат Палестина како држава

Лидерите на Ирска и Шпанија денеска соопштија дека е донесена одлука за признавање на Палестина како држава.Ирскиот премиер Сајмон Харис на прес-конференција најави дека земјата ќе ја признае палестинската држава.Неколку моменти подоцна, шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на 28 мај.Тоа претходно го направи Норвешка. Сите три земји формално ќе ја признаат Палестина на 28 мај.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано

,,СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано.Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната влада на СДС и ДУИ.Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод.Наке Георгиев и Иџет Мемети се ситни криминалци во споредба со крупните криминалци од владата на СДС и ДУИ за кои институциите треба конечно да се охрабрат и да истражат дали од позиција на функција и моќ влијаеле врз судски одлуки и се стекнале со материјална корист.САД, Европската коми

Македонија | пред 2 години

ukraina-kukji-

Руски беспилотни летала погодиле украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без електрична енергија

Руски беспилотни летала погодиле електрани рано утринава, исфрлајќи ја струјата во некои делови од областа Суми во северна Украина, соопштија властите.Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија. Воздухопловните сили на Украина собориле седум беспилотни летала користени во нападот, соопштија регионалните власти.Украинската војска соопшти де

Свет | пред 2 години

IMG_4059

Обраќање на претседателката Сиљановска Давкова на свеченоста по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свечената академија по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот.Чест ми е што ова е едно од моите први обраќања по преземањето на претседателската функција. Се разбира моето место беше и остана меѓу вас. Овој универзитет е изворот на моето знаење, инспирација и мотивација. 75 години потоа мислам дека е време кога можеме да кажеме дека мудроста е с

Македонија | пред 2 години

ukraina-vojska

(Видео) Вака изгледа едно село во Украина: Војната е во брутална фаза

Војната во Украина е во брутална фаза. Иако украинската војна е надвор од фокусот на Запад во последниве месеци, таа во моментов е можеби побрутална од кога било. На стотици километри од линијата на фронтот се водат жестоки борби, а (не)очекуваниот упад на Русите преку границата и навлегувањето во вториот по големина украински град Харков само ја засили жестокоста на борбите.На социјалните мрежи се појави видео од гранатирањето на селото Билогоривке во Луганск. Русите употребија голем број проек

Свет | пред 2 години

IMG_4058

Силно невреме во Србија, загина една жена

Една жена загина во силното невреме кое го зафати Сомбор на северот на Србија и околината.„За време на силно невреме што го зафати Сомбор и неговата околина околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го возела. Од повредите почина на лице место“, изјави вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.Обилни врнежи од дожд, на места и град и силен ветар вчера ја зафатија Србија. Републискиот хидрометеоролошки завод го подигна метео-алармот за некои дело

Свет | пред 2 години

bajden-tramp

Поддршката за Бајден е најниска во последните две години, Трамп има предност во клучните држави

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден падна на најниско ниво во речиси две години овој месец, што одговара на најнискиот процент од неговиот мандат, покажа денеска објавената анкета на Ројтерс-Ипсос.Истражувањето покажа дека само 36 отсто од Американците го одобруваат настапот на Бајден, што е намалување од 38 отсто во април.Ова е враќање на најниското ниво на поддршка за демократски претседател во јули 2022 година, половина година пред Бајден да се соочи со републиканскиот кандидат

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него.Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира.Ејде за норвешка ТВ 2 изјави дека, врз основа на меѓународното право, Норвешка е должна да го уапси Нетанјаху и лидерите на Хамас и дека тоа важи за сите земји во Европа, освен

Свет | пред 2 години

izbori-germanija

Кој ќе добие или загуби пратеник, прегласување на седум избирачки места

Почна прегласувањето на седум избирачки места.Се гласа на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга.Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи.Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа.Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд мин

Македонија | пред 2 години

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Денес попладне и навечер нова опасност од посилно невреме

Денес особено попладне и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во делови од Скопската котлина.Во случај на

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

139 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 20 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сооб

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-18.33.07

Кој е Иџет Мемети, член на СЈО, осомничен за мито, омбудсман кој наместо да ги штити молчеше за бруталност врз новинари и пратеници

Второосомничен за мито во случајот со Боро Малборо, екс градоначалник на Ново Село, кој се сомничи за шверц со марихуана е Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Тоа д органот кој одлучува за изборот и разрешување на јавни обвинители.Мемети има богата политичка и правна кариера а важи за човек близок до ДУИ.Мемети бил државен советник во Влада, член на Комисија за избирачки списоци, 2001 година е избран за министер за правда како експерт, а потоа кратко и уставен судија

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-18.07.07

Одземен пасошот на Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

На Иџет Мемети, второосомничениот за можно примање мито привремено ќе му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно има мерка за забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница.Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно ч

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-08.47.36

Се бараат мерки за Иџет Мемети од Советот на обвинители, за случајот со митото од 10.000 евра

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, е осомничен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев беше затекнат со 10.000 евра, пари кои ги земал за противзаконито влијание. Сега, обвинителството бара ад му се одземе пасошот на Мемети, бидејќи постојат сомневања дека тој може да се даде во бегство.„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничен

пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-15.53.46

„Палчо може да го повтори делото“ - тој останува во притвор уште 30 дена

„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, Кривичен суд информира дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во прис

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-17.12.20

(Видео) Палевски прашан каде бил за време на убиствата: Не сум бил во бегство

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не одговори каде бил за време на убиствата и искоментира: „Не смеам да говорам за истрагата“. На прашањето зошто се дал во бегство, Палевски посочи: „Не сум бил во бегство“.При спроводот во Кривичен суд, Палевски дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“. Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Судијата Наке се брани со молчење и кажува дека е наместен

Врховниот судија Наке Георгиев се брани со молчење, соопшти неговиот адвокат Александар Тумановски, откако му одредија 30-дневен притвор.„Прифатени се мерките, определен е притвор од 30-дена. Нема аргументи се брани со молчење -само дека е наместен во целиот случај, толку. Други детали нема“, рече адвокатот Тумановски.Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.Кривичното дело за кое се сомничи Георгие

Македонија | пред 2 години

koapfsd

Судијата Наке Геориев оди во Шутка: одреден му е 30-дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев, дознава „Скопје1“. Тој е осомничен за тргување со влијание, за што полицијата соопшти дека го фатиле со 10.000 евра на лице место, по што го уапсиле.Според судот, оправдани се сомневањата на обвинителката дека тој може да се даде во бегство, да прикрива докази или да го повтори делото.Тој ќе биде спорведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања