Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови!

Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови.

— реклама —

Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето.

— реклама —

Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ, апелираме сите оние кои особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови, да бидат совесни и свесни за периодот кој следи.

Укажуваме дека периодот кој ќе следи ќе биде историски значаен период за здравствениот систем во Македонија.

— реклама —

1.Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа.

— реклама —

2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти.

ВМРО -ДПМНЕ со Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на непотизмот, корупцијата и криминалот во здравството, а ќе воведеме мерит систем, нови лекови на позитивна листа, соодветни услови за работа на медицинскиот кадар.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 минути

— реклама —
media-librarysce36kclaacf6hoh0B8

Конески од конференцијата на УМС најави три проекти за младите: студентски домови, грантови и практиканство

Македонија | пред 15 часа

media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири манипулации за пензиите, официјалните податоци покажуваат раст на платите

Македонија | пред 20 часа

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања