Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири манипулации за пензиите, официјалните податоци покажуваат раст на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-library9phfssvrqs862pkSKj0

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период. До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата на соопштението на СДСМ.

„ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари.

— реклама —

Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот.

СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%.

— реклама —

Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%.

А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот.

— реклама —

Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот.

Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден.

— реклама —

Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Филипче го следи Мицкоски, така ќе научи како се води држава и се работи во интерес на граѓаните

Македонија | пред 23 часа

market-pari

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Македонија | пред 1 ден

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања