Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Претрес во Куманово, пронајдени дрога и пиштол

На 13.03.2024 во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол. Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

canmathshelp

Не е донесен Законот за игри на среќа - фалеа 10 гласови

Законот за игри на среќа со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, не го помина собранискиот филтер. За овој закон да биде усвоен, требаше поддршка од 61 пратеник, а фалеа дури 10 гласови. Асоцијација на приредувачи на игри на среќа кажа дека донесувањето на овој закон ќе остави илјадници граѓани без работа оти ќе бидат затворени скоро сите казина низ Скопје.„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен З

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Лефков: Пендаровски призна дека тој и владата и дале на Бугарија можност да не блокира на патот кон ЕУ

,, И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата.Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.Да го погледнеме видеото.Го п

Македонија | пред 2 години

Igor-Nikolov

Николов: Владата на СДС и ДУИ ги изигра вработените со договор на дело во здравство и ги остави на улица

,,Владата на СДС и ДУИ на заминување, на улица остава околу илјада вработени во јавните здравствени установи.Станува збор за лица специјализирани од сите области, односно за здравствени работници кои професионално и пожртвувано биле посветени и имаат дадено огромен придонес во јавното здравство и во третманот на пациентите.Токму континуираната негрижа за кадарот и несоодветните услови за работа во комбинација со лажните и манипулативни ветувања придонесе во одредени здравствени институции да се

Македонија | пред 2 години

3

Ќе постои можност да се провери каде може да се подигне готова лична карта - полициска станица или МРТВ

На сајтот на МВР ќе биде достапна опција да се провери каде граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични карти во Скопје - дали во МРТВ или во полициска станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека се работи на оваа нова можност за да се имплементира.„Тоа ќе биде еден од наредните чекори, за граѓаните да бидат информирани дека личните карти им се готови и дека им се дадени во соодветна полициска станица. Правиме се што е возможно за процесот да биде достоинств

Македонија | пред 2 години

ukraina-vojna

Украинците имаат сериозен проблем со војската. Размислуваат за регрутирање затвореници

УКРАИНСКАТА армија нема проблем само со муниција, туку и со работна сила. Проблемот со недостигот на муниција произлегува пред се од републиканската блокада на новиот пакет помош за Украина во американскиот Конгрес, но проблемот со недостигот на работна сила произлегува од незанемарливите загуби што Украина ги имаше во војната, која влезе неговата трета година пред две недели.Еве зошто министерот за правда и 14 украински парламентарци вчера предложија закон со кој затворениците ќе можат да служа

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Дрска, скандалозна, со незаконско постапување - Тошковски ја опиша Владата на Џафери

Дрски, кои донесоа незаконска и скандалозна одлука. Ова се зборовите со кои техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски ја опиша техничката Влада предводена од Талат Џафери. Според него, незаконски е чекорот со кој, Владата му ги укинува издадените наредби во рамки на МВР.„Целовкупното поведение на техничката Влада во најмала мера е чудно за сите, а јас можам да кажам крајно незаконито и скандалозно. Ги знаете одлуките за актите кои беа потпишувани, за одлуката за СВР Тетово, а сега

Македонија | пред 2 години

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Издадени се 300.000 термини за лични документи, се прочистуваат и листите за да се забрза процесот

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи. Посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие кои пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани.„Врз принцип на правичност гледаме да го избуткаме овој процес. Бројката на термини, луѓе кои треба да пристапат во нареден период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се с

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен криминалец од Скопје

На 13.03.2024 во 09.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.Р.(38) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Велес

На 13.03.2024 во 13.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Т.А.(27) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени хероин и две дигитални ваги. Т.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Првите снимки од земјотресот утринава

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Ритерова скала утрово во 04:06 часот ја погоди Црна Гора.Епицентарот на земјотресот бил на пет километри југозападно од Чароѓе, триесет километри северно од Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина, на длабочина од 14 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Србија како и во Херцеговина.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Денеска ќе биде лансирана најмоќната ракета на светот

Денес, SPACEX планира уште еднаш да се обиде да го лансира Starship, најмоќната ракета во светот, која е клучна за плановите на НАСА насочени кон транспортирање и слетување на астронаутите на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и исполнување на надежите на Илон Маск за евентуално колонизирање на Марс.Два претходни обиди завршија со спектакуларни експлозии, иако тоа не беше нужно лошо, бидејќи компанијата усвои брз пристап со обиди и грешки за да го забрза развојот, стра

Свет | пред 2 години

Zemjotres-1

Се тресеше во Скопје и осум градови: земјотресот од Црна Гора дрмаше и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизви

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Папата: Немам намера да се пензионирам

Папата Франциско нема намера да се пензионира бидејќи верува дека неговото здравје е доволно добро за да продолжи да ја извршува функцијата, вели тој во новата книга, чии делови во четвртокот објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“.„Пензионирањето е пресилен хипотеза, немам доволно сериозни причини да размислувам за абдикација“, ја цитира весникот книгата на папата „Животот: Мојата приказна низ историјата“, која треба да излезе на италијански и англиски јазик на 19 март.87-годишниот папа

Свет | пред 2 години

1679753075589

Дрин се повлече од фирмата преку која ја купи „Соравија“, влегува компанија со стриптиз барови во Тексас

Додека Обвинителството да го истражи Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за тоа како ја купи „Соравија“, кој се повлече од фирмата. „Тхор индустрис“ испрати и сооштение со кое навести дека ќе биде преземена од Texas American International Holdings Inc. и соопшти дека аквизицијата (преземањето) е „значаен потег кој сигнализира почеток на ново поглавје за Thor Industries LLC“.„Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја комп

Македонија | пред 2 години

vojna-ukraina

Украинци сакале да отрујат руски војници и дел од населението

Во Санкт Петербург е откриен огранок на тајна организација, чии членови по наредба на украинската воена разузнавачка служба планирале да стават отров во прехранбените производи наменети за персоналот на рускиот северен воен округ и населението.Според Руската разузнавачка и безбедносна служба (ФСБ), огранокот на таа организација, наречен „Руски волонтерски корпус“, се состоел од четворица луѓе со „радикално десничарска идеологија“ кои ги извршувале своите активности во Санкт Петербург.Сите четвор

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто царина молчи за скандал од стотици илјади евра?

Дали Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто царина молчи за скандал од стотици илјади евра?Наместо Царинската управа да ја извести јавност дека полицијата во акција спречила шверц на телефони, кои поминале на нивна контрола, тоа се дознава од медиумите.Имено комбе полно со скапи телефони, т.е. со пакети тешки 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец - Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.Да не била акцијата на

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

,,СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада.Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна европска иднина, подобра иднина за сите, од која нема откажување.Глас за Пендаровски е глас за европска Македонија, за Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, вла

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

154 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сооб

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Нови украински напади со беспилотни летала врз Русија

Едно лице загина, а три се повредени утринава во украинските напади врз руската област Белгород, која граничи со Украина, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.Руското Министерство за одбрана претходно објави дека руските сили уништиле 14 украински беспилотни летала во текот на ноќта над регионот Белгород и Курск, кој исто така граничи со Украина. Нападите со беспилотни летала на руска територија се во пораст во последните денови, во пресрет на претседателските избори во Русија од 15

Свет | пред 2 години

Zemjotres34

Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 земјотреси

Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал посилен земјотрес од 5,4 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.Како што потврди, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земјата. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место. Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од 6 степени“, вели Цековиќ.Тој посочи дек

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски велеше дека не смее да се користи државен ресурс во кампањата, а користи службени коли за партиски цели

,,Стево Пендаровски е докажан во тоа, едно да зборува, а друго да прави.Тој говореше дека не смее да се меша државата со партијата и најдобар доказ за тоа било да не се користи ни најмалиот државен ресурс во кампањата за претседател.Но како што бива најчесто, Стево го демантира Пендаровски.Пред само неколку дена Стево Пендаровски беше на промоција на проектот брана Конско, проект почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а завршен сега. Со други зборови овој проект нема никаква врска со Пендаровски и негов

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Изборот е помеѓу борба за иднината со СДСМ или заглавување со ДПМНЕ

,,Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување.СДСМ е подготвена за нова победа на изборите.Тоа ќе биде победа на надежта, победа на визијата, на желбата за подобро утре, победа на европска Македонија.Народот не сака да биде повторно заглавен, со наведната глава и да чека нови 11 години во изолација.Граѓаните сакаат напредок, поголеми плати и пензии и европски животен стандард.Со СДСМ е остварлива единствената реална

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ прво ги бркаа медицинските лица од државава, а сега од работа дома

,,И последните денови на владеењето на СДС и ДУИ поминуваат во лаги, манипулации, како и брутална негрижа за здравството и здравствените работници.Пред Нова година им ветуваа вработување на сите лица во здравството кои беа со договор на дело, па ги оставија во неизвесност на почеток на годинава, за сега во март да им кажат „седете дома, нема согласност за вашите вработувања“.ВМРО-ДПМНЕ за ова предупредуваше уште минатата година, Владата на СДС и ДУИ си поигруваше со здравствените работници, за

Македонија | пред 2 години

IMG_4147

Мицкоски: Никој не е толку наивен да верува во логиката на власта да мавтаат со една рака со знамињата на ЕУ и со другата ја крадат државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клан Директ“ која што се емитува на Клан Македонија, зборувајќи за темата која се обидуваат да ја наметнат луѓето кои се се уште во власта за руско влијание истакна дека партиите од власта со тоа мислат дека ќе добијат некој поен плус, но никој не е толку наивен да верува во логиката на власта да мавтаат со една рака со знамињата на ЕУ и со другата ја крадат државата.„На тој начин тие се обидуваат да направат поларизација

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања