Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски велеше дека не смее да се користи државен ресурс во кампањата, а користи службени коли за партиски цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Стево Пендаровски е докажан во тоа, едно да зборува, а друго да прави.

Тој говореше дека не смее да се меша државата со партијата и најдобар доказ за тоа било да не се користи ни најмалиот државен ресурс во кампањата за претседател.

Но како што бива најчесто, Стево го демантира Пендаровски.

— реклама —

Пред само неколку дена Стево Пендаровски беше на промоција на проектот брана Конско, проект почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а завршен сега. Со други зборови овој проект нема никаква врска со Пендаровски и неговата функција претседател. Но злоупотребата не е само во тоа. По завршувањето на настанот, како што регистрирале медиумите, тој со службеното возило се упатил во Струмица на партиски настан на СДС.

Знае ли Стево што е мешање на партија и држава?

— реклама —

Дали за Стево Пендаровски сега е нормално тоа што вицепремиерот Маричиќ дојде со службен автомобил да се потпише за поддршка на неговата кандидатура за претседател? Ако Пендаровски заборавил ние ќе го потсетиме што зборувал порано, а што прави сега.

— реклама —

Наместо параноично тој и СДС да бараат виновници и да се пресметуваат со критичари, најдобро би било да почнат да даваат одговори на јавноста. Не треба да бегаат од вистината. Граѓаните гледаат и можат да проценат сами.

Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања