Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Жена нападната од својот брат во Драчево, полицијата го расчистува случајот

Денеска во 04.30 часот 47-годишна жена пријавила дека околу 00.45 часот во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот брат З.Н., извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Возач на приватен автобус истепал скопјанец

Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Д.Ј. од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице, возач на приватен автобус, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Малолетник истепан од три момчиња на Бит Пазар

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, 51-годишниот А.О. од Скопје пријавил дека на 21.10.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петмина скопјани се истепале пред обложувалница во Радишани

Вчера вечер во 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница на подрачјето на Радишани, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишниот Д.Д., 32-годишниот А.Д. и 29-годишниот Р.Д., од една страна и 31-годишниот В.С. и 31-годишниот Б.С., од друга страна, сите од Скопје, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ги испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца, уапсен велешанец

Вчера попладне во 14.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 40-годишниот А.Р. од Велес, извести МВР. – Тој на 21.10.2023 околу 10.30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Прилепчанка истепана од сопругот

Вчера вечер во 23.45 часот 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М., извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Масовна тепачка на Бит Пазар, полицијата го расчистува случајот

Вчера вечер во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 25-годишниот А.А. и неговите браќа А.А. и А.А., од една страна и 27-годишниот К.О. и Ј.Н. и Н.И., од друга страна, сите од Скопје, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Претседателските и парламентарните избори ќе бидат редовни, за датумите може да се разговара, вели Каевски

Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателски, а потоа и парламентарни, одговори Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ, на новинарско прашање. [embed]„За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските, а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа“, додаде Каевски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Мицкоски: Во Македонија во овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој се збогатил на грбот на овој народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека одвратно и со мачнина е за гледање сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на ладата и збореа за правда кога беа опозиција.Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Претседавачот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје.Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Го нападнал обезбедувањето во локал во Куманово, откако го уапсиле нападнал и полицаец

На 22.10.2023 во 21.20 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот Д.Д. од Куманово, поради тоа што во угостителски објект физички нападнал вработен од обезбедување, извести МВР. – Потоа во полициска станица тој агресивно се однесувал, оштетил мебел и нападнал полициски службеник, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски до Ковачевски: Нека напише било кој датум помеѓу двата најголеми верски празници и да одржиме парламентарни и претседателски избори

„Разбирам дека Ковачевски велат никој не го слуша во владата, зошто ниту министрите, ниту вицепремиерите, а ниту кај него во партија му имаат почит. Затоа човекот е оддаден на шетање по светот, ручеци по компании и закуски, но мора да се договори датум за редовни избори. Нека земе бел лист хартија нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Ми

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

20-годишна жена од Куманово, нападната од својот невенчан сопруг

Вчера во 20.30 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 06.00 часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А., извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_359997

Елена Ристеска натепана во ноќен клуб во Скопје

Пејачката Елена Ристеска била натепана во ноќниот клуб “Интермецо”, дознава “Скопје1”. Засега типот на повредите не е познат, а сѐ се случувало два часа по полноќ.Ристеска била нападната од женско лице, потврдуваат од МВР за “Скопје1”.“Се работи за расчистување на случајот”, велат од МВР.Неофицијално, пејачката била удрена со тврд предмет.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Скопје: Пронајдена илегална лабораторија за марихуана, разни видови дрога и пиштол, приведени четворица дилери

Денеска полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје во заедничка координирана акција со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, по претходно спроведени истраги, преземени мерки и активности и по обезбедени наредби за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претреси на 4 локации на подрачјето на град Скопје, при што лишени се од слобода четири лица, а пронајдена е илегална лабораторија з

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Фото) Претреси на две локации во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР, по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес на две локации кај 29-годишниот М.Д., извести МВР– При претресот во викенд куќа во

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Превентивни активности на МВР насочени на децата, лицата мигранти и на самозаштита од имотни деликти

Во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје и Куманово, како и на Регионалниот центар за гранични работи Југ, поточно на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица беа реализирани превентивни активности, извести МВР.„Така, во заедничка соработка на СВР Скопје и Полициско одделение Сарај беа организирани активности на подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров, при што од страна на инспектори на паркинг просторот во близина на излетничко-туристичк

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.Како што информира Министерството за здравство со бесплатната вакцинација ќе би

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Ск

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

„Македонската борба, на револуционерите, илинденците, партизаните, учесниците во НОБ, беше борба за подобра иднина на македонската држава, на идните генерации. Никогаш македонската борба не била за изолација, уназадување и стагнација. Така е и денеска“, рече Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.[embed]„Македонската борба на денешните генерации е политичката борба за подобра, европска иднина на нашата татковина и сите наши граѓани.Лажниот, квази патриотизам на ДПМНЕ и Левица е моментално е

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Две скопјанки и еден малолетник искасани од кучиња скитници

Вчера вечер во 23.15 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на булеварот „Александар Македонски“ била касната од куче скитник, извести МВР. – На 22.10.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Периша Савелиќ“ била касната од куче скитник. На 22.10.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Т.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соо

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Џафери: Споменот на старите битки, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме заедно

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери упати честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Овој ден е споменик на револуционерната идеја која водела низ битки во кои многумина го положиле најскапоценото, животот. Затоа што знаеле дека револуцијата е раскрсница помеѓу иднината и минатото. Тие верувале во слободна, независна, единствена и напредна држава во која секој ќе може да ја гради својата иднина и иднината на своите млади поколе

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски: Да ги надминеме нашите поделби и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.„На овој ден, пред точно 130 години, шестмина млади луѓе ја основаа македонската револуционерна организација која успеа да ги обедини најхрабрите и најобразованите луѓе на своето време околу една заедничка цел – слободна македонска држава. Оваа млада и напредна генерација успеа да ја зацврсти вербата на македонскиот народ дека само со сопствени сили може да се избори за с

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски: Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат

„На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги споменуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи, по повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.„Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е

Македонија | пред 3 години

ljubco

ВМРО е избришано од Македонија, посоодветно би било ова да е ден на „кумановската битка“, пишува партијата на Георгиевски

„ВМРО-Народна партија на сите македонски граѓани, а особено на македонските патриоти им го честита денот на големата победа во „кумановската битка“ со која Србија ја започна дваесет и три годишната окупација на Македонија“, пишува во честитката чиј претседател е Љубчо Георгиевски.Оттаму додаваат:„Со оглед на фактот дека веќе одбележувањето на „Зебрњак“ стана традиција на прославување на општатата историја со српскиот народ и со оглед на фактот дека датумот 23 октомври се поклопува со „Денот на о

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања