Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

СДСМ: Антиевропска опозиција-Мицкоски и ДПМНЕ сакаат блокада на членството во ЕУ

„Во земјава се профилира антиевропска опозиција. Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат блокада на членството во ЕУ и работат на попречување на европскиот пат на државата. Иако немаат никаков аргумент зошто се против членство во ЕУ“, велат од СДСМ.„Мицкоски со своите неразумни постапки сака да ја турка државата кон изолација, кон нови 11 години уназадување и стагнација.СДСМ со сите проевропски сили нема да дозволи тоа и ќе направи се за реализација на стратешката цел за членство во ЕУ.Членството во Е

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Детали за двојното убиство во Гевгелија: Браќата не разговарале повеќе од 40 години

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела -Убиство од член 123 од Кривичниот законик.Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови.Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Млада скопјанка нападната од поранешниот партнер

Вчера во 09:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека на 23.09.2023 околу 22:00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.Ј..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Нов протест пред Влада, се бара правда за пациентите од Онкологија

Започнаа нови протести на граѓаните на кои се бара  правда за пациентите од Онкологија.  Стотина граѓани побараа правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника.„Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Грковска по повод 30 годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија: Солидарноста секогаш била и ќе остане белег на нашето цврсто пријателство

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше обраќање на вечерашниот прием, организиран од амбасадата на Република Северна Македонија во Словенија, по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и отворањето на првото дипломатско претставништво по прогласувањето на независноста на нашата држава.„Велат пријатели требаат и во добро и во лошо. Овие три децении го потврдија нашето пријателство и покажаа дека

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Спасовски: Со партнерството со Словенија успеавме да бидеме пример како може соработката да се одржува, негува и продлабочува

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Љубљана, Република Словенија, се обрати на настан под покровителство на амбасадата на Република Северна Македонија, по повод одбележување 30. години од отворањето на првата амбасада во светот по независноста и осамостојувањето на државата, а на покана од домаќинот на настанот, амбасадорот Горан Милевски, во присуство на заменик Претседателката на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, министерот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Утре дел од Скопје без вода

Поради дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „1 Долно Лисиче“ бб. утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населено место Долно Лисиче.Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување се до завршување на интервенцијата.Поради изведување, пак, на водоводен приклучок од 80 милиметри на улицата „Владимир Назор“ бр.8 во населбата Водно утре од 11:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Без вода денеска дел од општините Центар и Аеродром

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар и Аеродром.Поради водоводен приклучок од ф80мм на ул Владимир Назор бр.8 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Владимир Назор и дел од улицата Кумровец во општина Центар од 11:00 часот до завршување на интервенцијата.Поради уличен дефект ф100 мм на улицата 1 Долно Лисиче бб општина Аеродро

Македонија | пред 3 години

IMG_3678.00_00_14_02.Still004

(Видео) Бит пазар како Бит пазар, хаос како хаос

Ниту акции, ниту пајаци и полиција не помагаат за на Бит пазар не се паркира на среде улица. Секој ден, таму сликата е иста. Во недостиг на паркинг места на тротоарите, купувачите застануваат на првата лента, па со нејзино блокирање – доаѓаат и гужвите.Едната слободна лента е недоволна за да сообраќајот тече нормално. Затоа, има свирежи од сирени, нервози, пцуења и тензии. Вака е од почетокот до крајот на Бит пазар, од двете страни.Во неколку наврати имаше реакции од надлежните за превоспитување

Скопје | пред 3 години

durmo

(Видео) Автобус на „Дурмо турс“ со отворен капак од мотор превезуваше патници

Автобус на компанијата „Дурмо турс“ возеше со отворен капак на моторот низ скопските булевари. Со него, се превезуваа и патници. Возачот застана на неколку постојки, меѓу кои и под стоковната куќа „Мост“ каде од автобуската качи неколку лица кои го чекаа автобусот. Меѓутоа, ниту еден од нив не го забележа отворениот капак. Екипа на „Скопје1“ го сними на раскрсницата кај Бит Пазар, а се движеше во правец на булеварот Илинденска.„Скопје1“ одговори побара од компанијата. Испративме фотографии и пра

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Морбидни детали за убиството во Кочани; „Направив голема грешка, ми се заканува и ден и ноќ“ – Која е жената која со 40 убоди беше убиена

Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено.Локалната телевизија ТВ Стар објави прилог со сведочње на нејзини блиски, но и тоа дека убената жена е мајка на три

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пронајдено починато женско лице во дом во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 20.45 во Полициската станица Бит Пазар, било пријавено дека во домот на подрачје на Бит Пазар била пронајдена почината А.Ф.(71) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пронајдено безживотно тело на лице од Шишево што паднало од мост

Во текот на вчерашниот ден во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.А.(41) од с.Шишево, скопско, лице со здравствени проблеми, паднал од мост во селото во реката Треска. По преземени мерки, полициски службеници од Полициското одделение Сарај, Полициската станица Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле телото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на се

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, мерките се почитуваат, утре одлука за намалување на цените на пијалоците

„Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандародт на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигенските производи“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на „Алма М“, компанија од дистрибутивниот бизнис, кои дистрибуираат производи по маркетите опфатени со мерката „г

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска за пописот во Албанија: Македонците имаат апсолутно право да се попишат онака како што се чувствуваат, како Македонци

На новинарско прашање во врска со притисоците врз македонското население на пописот во Република Албанија, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека Македонците кои живеат во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат, односно да се произнесат како Македонци.„Прашањето на самоопределување на секој еден граѓанин без разлика на која територија се наоѓа е една од темелните европски вредности. Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска до командантот на Националната гарда на Вермонт: Македонија е ваш сојузник на кој можете да се потпрете

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Министерството го пречека командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт со кого разговараше за три-децениското партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда и начините за нејзино уште поголемо интензивирање во иднина.На прес-конференцијата со генералот Најт, министерката истакна дека Северна Македонија е сојузник на кој Вермонт може да се потпре и дека преку партнерството и двете вооружени сили станаа еден тим способен

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Словенија

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска до 27 септември 2023 година ќе биде во работна посета на Република Словенија.Во рамки на оваа посета таа ќе оствари средби со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух, со министерката за правда на Република Словенија, Доминика Шварц Пипан, како и со потпретседателката на Судскиот совет д-р Уршка Кежмах.Исто така, вицепрем

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“ поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи.„Не верувам дека не се објавени ланците на супермаркети кои го прекршиле законот. Им дадовме одреден рок да се усогласат мерките. Во скопскиот регион се „Веро“ и „Вива Фреш“. Осум до десет ланци супермаркети имаат маркети во секој град. И вие медиумите треба да ги објавите маркетите кои го прек

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин.Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У. Р. (59) од Кочани.Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала таа, со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т. М. (46) од Кочани.Жената, како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.Смрт констатирал лекар од итн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во сообраќајна несреќа тешко повредена 40-годишна тетовка

На локалниот пат Тетово – Фалише, вчера, околу 15.40 часот, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „фиат пунто“, со тетовски ознаки, управувано од 40-годишната М. Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, исто така со тетовски ознаки, што го управувал 60-годишниот Џ. А од тетовски Порој, и трактор, со тетовски ознаки, управуван од 70-годишниот тетовец С. А., извести СВР Тетово.„Во несреќата М. Ј. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клини

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уапсен 19-годишен тетовец, ѝ се заканувал на малолетничка за да биде во љубовна врска со него

Вчера, околу 14.05 часот, на улицата 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец М. Р., кој претходно бил пријавен од малолетничка од тетовско село дека преку социјалните мрежи ѝ се заканувал за да биде во љубовна врска со него, извести СВР Тетово.Тој е задржан за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тешко повреден 22-годишник, со „форд“ излетал од улица во Гостивар

Ноќеска, десетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на улицата Седек Костовски во Гостивар, патничко моторно возило „форд фокус“, со гостиварски регистарски, ознаки управувано од 22-годишниот М. О. од гостиварски Дуф, излетало од коловозот, извести СВР Тетово.„Во несреќата М. О. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’“, соопшти СВР Тетово.На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маж почина кога со мотокултиваторот што го управувал излетал од патот

Вчера, во 12.40 часот, во ОВР Делчево било пријавено дека на патот Делчево – планина Голак, над манастирскиот комплекс „Балаклија“, С. С. (74), управувајќи мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот.Од добиените повреди С. С. починал, а лекар од Клиничката болница во Штип констатирал смрт.Полицијата соопшти дека бил извршен увид од екипа на ОВР Делчево.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Форд“ излетал од патот во Битолско, повредени две лица

Вчера, во 15.15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, кај место наречено Шуклов мост, патничко возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П. Н. (66) од Битола, излетало од коловозот.Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник добил телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.Увид извршила екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Денеска, во селото Долно Количани, Скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М. И. (35) од с. Долно Количани.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања