Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Денеска, во селото Долно Количани, Скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М. И. (35) од с. Долно Количани.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски: Со мерката „гарантирана цена“ овозможуваме поевтини производи од 10 до 40 отсто за заштита на стандардот на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, денеска ја посети компанијата „Алма М“. Ковачевски, Бектеши и Трајковски со менаџментот на компанијата разговараа за новите владини одлуки за намалување на цените на над 50 призводи.„Како Влада овозможуваме услови за подобра бизнис-клима, за поголема ликвидност на компаниите и конкурентен пазар, како и за подобри услови за работа во државата. Со

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција обвини дека здравството во земјата, наместо да биде извор на лек и спасување животи, стана извор на сомнителни тендер. Милионските бизниси и фаворизирањето семејни фирми, како што рече, не е новитет за оваа Влада, а во секторот здравство, според Митева, тоа е и најизразено.[embed]Таа зборуваше за, како што ја нарече, т.н. годишна пракса на Клиниката за хематологија, каде што директорка е Ирена Пановска-Ставридис, да се да

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уцени и закани за животот: Осуденици од „Идризово“ тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Управата за извршување санкции, на 19.9.2023 година, изврши вонреден надзор во КПД „Идризово“ со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани за животот, рекет и уцени.  Во врска со наводите на Јанко Јаневски, кој издржува 9-годишна затворска казна, дека имал уцени и закани за животот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција, кои тврделе дека биле измамен

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска – Арилд Греам: Норвешка на Македонија ќе ѝ донира повеќе од 70 возила

Сојузничкото единство во зацврстувањето на безбедноста на НАТО, безбедноста во Европа по руската агресија врз Украина, како и развојот на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Кралството Норвешка беа темите на кои денеска во Министерството разговараа министерката Славјанка Петровска и норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, кој престојува во официјална посета на нашата држава.Петровска порача дека нашата држава недвосмислено и одлучно ги ратификува пристапните протоколи и

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска за Косово: Време е политичките лидери да носат мудри одлуки, ја следиме состојбата, граѓаните се безбедни

Министерката Славјанка Петровска денеска на прес-конференцијата со норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, на новинарско прашање зборуваше и за состојбата на Косово, при што изрази силна осуда за нападот на косовската полиција и порача дека тоа е показател дека и Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот додека не биде предоцна.„Одблиску ја следиме состојбата во Косово не само како наш сосед, меѓутоа и како земја членка на алијансата, која со свои трупи учествува во ра

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тренчевска: Ќе се залагаме за еднаков пристап на лицата со попреченост во сите населени места во државата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и официјално го означи почетокот на работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола. Сензорната соба, која е дел од дневниот центар, има цел да ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис и воедно влијае на развојот на фината моторика. Опремувањето на собата е поддржано од страна на невладината организација „Деца од Австрија“ и компанијата „Интервокс“, кои

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски: Нечија агенда стои зад вчерашните случувања на северот на Косово

Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди немирите на северот на Косово коментирајќи дека ваквите акти на насилство никому не му се потребни и не носат ништо добро во регионот.Премиерот смета зад вчерашните случувања стои нечија агенда на луѓе, кои, како што рече Ковачевски, сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир и кавга меѓу соседите.Ковачевски вчера на социјалните мрежи напиша дека безбедносната состојба во Македонија не е загрозена поради случувањата.

Македонија | пред 3 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Жена брутално убиена во Кочани - детали

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години.Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода.Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вицепремиерот Битиќи во Чикаго ги претстави можностите за инвестирање во Северна Македонија

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамките на официјалната посета на САД, во Чикаго, оствари работна средба со група бизнисмени, составена од припадници на македонската дијаспора и американски стопанственици.На средбата вицепремиерот Битиќи истакна дека инвестициите од САД може да имаат трансформативно влијание врз македонската економија затоа што со себе носат не само

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левицата: Криминалот на Онкологија прекршува многубројни меѓународни регулативи, поддршка за протестот

„Една онколошка клиника треба да исполнува разни меѓународни стандарди и насоки за да обезбеди квалитетна и безбедна здравствена нега на пациентите. Повеќе од најважните меѓународни стандарди и насоки, кои се однесуваат на онколошките клиники, се прекршени во последните 5 години од кога постојат докази за отстранување на автоматизираниот систем за подготовка на цитостатската терапија и докази за крадење цитостатици, кои се продаваат на црниот пазар во Косово“, велат од Левица.„ISO 9001:2015 QMS:

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Не сообраќаат возови на релација Скопје-Битола, во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата

Поради штета од пожарите во битолско-прилепскиот регион не сообраќаат возови на пругата Скопје-Битола-Скопје.Од Железници соопштија дека уништени се околу 1.000 прагови и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се осособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.

Македонија | пред 3 години

pazarna

Пазарна влезе во 300 маркети и ќе инкасира 4.500.000 денари преку казни - повторно потсетија на правилата кои мора да се почитуваат

Пазарниот инспекторат изврши над 300 надзори по Одлуката на Владата на територија на цела Македонија. Констатирани се неправилности за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 4.500.000 денари.„Трговците на мало имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА! Трговците кои вршат трговија

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Потребно е гаснење на малигниот пожар, кој има цел проширување и во регионот, порачува Ахмети за случувањата во Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку напис на социјалните мрежи нападот во Косово го квалификува како сериозна провокација и, според него, тој може да има и регионални последици.„Убиствениот напад врз Косово и полицијата во земјата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион“, пишува Ахмети.„Најостро ги осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето други лица утринава на северот од Косово“, додава лидерот на ДУИ.Таквата, како што ја на

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

362 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 362 возачи, извести МВР. – Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 209 возила ја пречекориле брзината во населено ме

Македонија | пред 3 години

policija-grcka-ambasada

Двојно убиство во Гевгелија: банална расправија меѓу двајца браќа заврши со крвопролевање

Двојно убиство се случило вчера во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место. Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинителството.Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гев

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е докажано дека клевети и шири лаги

„СДС е докажано дека клевети и шири лаги. Нивниот суд потврди дека СДС лажела и клеветела во случајот со пречистителната станица и дека имало мед и провизии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Нивниот суд го усвои тужбеното барање, при што СДС сега треба да се извини поради изречените лаги и невистини.СДС е потврдено дека е извор на лажни вести. Претходно три пати беше потврдено дека СДС исто така лажела и клеветела за и за други случаи. СДС е главниот извор на лажни вести“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 години

Protest-pred-Vlada-za-Onkologija

Кои се барањата: ќе се протестира пред Влада, има ултиматум

„Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, пишува во најавата за протест испратена до медиумите.Потоа се додава:Прот

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вицепремиерот Битиќи во посета на Вашингтон, ќе оствари средби со директори на ММФ, Светска банка

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, престојува во Вашингтон каде денес и утре ќе оствари низа средби.Вицепремиерот Битиќи денес ќе оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Пол Гилберс, а потоа во текот на денот ќе се сретне и со извршниот директор на Светска Банка, Кун Дејвидсе, известуваат од Владата.Во Департментот за финансии на САД, вицепремиерот Битиќи ќе оствари средба

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолација која ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ

„Младите се за ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ДПМНЕ е неприфатлива. Таа води во нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и бесперспективност“, велат од СДСМ.„Македонски млади немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги потрошат.Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.Младите нема да до

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мерката „гарантирана цена“ дава резултат, паѓаат цените, се грижиме за стандардот, велат од СДСМ

Владејачката СДСМ соопшти дека мерката „гарантирана цена“, што ја вовеле како партија, а е за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.Оттаму додаваат дека цените паѓаат на стотици основни прехранбени производи.„Граѓаните по пониски цени купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли. Овие производи во маркетите се обележани со „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 ав

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Викендов вкупно 71 пожар, сите се изгаснати

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари и сите се изгаснати, известува Центарот за управување со кризи. Како што соопштува ЦУК, вкупно викендов имало 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини.Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на ДЗ

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Спасовски во работна посета на Љубљана, ќе се сретне со министерот за внатрешни работи на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар. Спасовски ќе присуствува на Церемонијата по повод 50-годишнината од систематското регрутирање на полицајци, некогаш наречени милиции. Притоа, двајцата министри ќе остварат тет-а-тет средба, по што следи билатерална средба помеѓу македонската и словенечката делегација.Во оваа прилика, д

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите, вели Мицкоски

Денес стана нормално во државата секој еден поединец кој си има работа со системот да даде пари или мито. Од највисоката до најмалата позиција. Се краде од министер до портир низ државните институции, а оној кој не го прави тоа, на него се гледа како исклучок. И оваа култура на корупција и крадење е само пресликување на однесувањето на челните луѓе на државата. И таквата култура на корупција ја гледаме и во случајот со Онкологија каде се крадело од болните со рак. Човек со мачнина гледа како има

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Синот на Ахмети со „Порше“ вредно меѓу 100 и 200 илјади евра

Фатмир Лимани внук на Али Ахмети, објави фотографии за кои тврди дека на нив е Шкумбин Ахмети, син на лидерот на ДУИ. Според Лимани, Шкумбин поседува автомобил „Порше“ вреден помеѓу 100 и 200 илјади евра.Објавата на Фатмир Лимани веќе три дена е на социјалните мрежи, а нема реакција и демант од Ахмети.„ХИБРИДЕН ЦЕНТАР САРАЈ АЛИ БЕГ!● Членовите на семејството Ахмети со дозвола на диктаторот создадоа хибридни центри за оцрнување на ликот на Али бег распнат во лабораториите во Сарајот со дворови шт

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања