Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

jsp

ЈСП итно бара возачи, оти им избегаа во Малта и Германија за поголеми плати

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие објавен е огласот за вработување, но во него не стои колку лица ќе се вработат.Од ЈСП „Скопје“ не одговорија на прашањата од СДК колку возачи ќе се вработуваат и со каков договор ќе бидат вработени.Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално

Скопје | пред 3 години

ahmeti-hajredini

Нов „шамар“ од Хајредини за Ахмети: И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже

Политичкиот аналитичар и ексминистер за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека експремиерот Зоран Заев ја зборува вистината кога тврди дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети - лаже. Хајредини пишува: „И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже. На Ковачевски ќе му треба подолго време“.„Лаже Али Амети кога на телевизија се фали дека он, во својство на "лидер" на партија со само 10% пратеници во Собранието на Македонија, со највисоки функционери на Бугарија и Грција преговарал за решавање на споровите

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против жена од кавадаречко, ја искористила личната карта на мајка си и подигнала брз кредит

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 36-годишната Ш.А. од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против И.Н.(43) и Г.П.(30), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, извести МВР. – На 02.10.2021, првопријавената ја употребила личната карта на нејзината мајка во подружница на мобилен оператор во Гостивар и склучила договор за месечна п

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тренчевска: Кризите зад нас, потребите и ранливоста на граѓаните ни покажаа колку е важен системот на социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата насловена „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за социјална работа и социјална, Филозофски факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика како поддржувач и коорганизатор.Конференцијата која е од меѓународен карактер ги обедини научната фела и практичарите од областа на социјална

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маричиќ по средбата со Лајчак: ЕУ помага да се забрза пристапниот процес, преземените обврски да се исполнат навремено

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ после средбата со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, на својот Фејсбук профил напиша дека Европската Унија работи на планот за забрзување на евроинтеграцијата на регионот и дека преземените обврски мора да се исполнат, бидејќи е важно пристапните преговори со ЕУ да завршат побрзо.– Позитивна е атмосферата во Брисел за проширувањето и државите членки на ЕУ ја поддржуваат н

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Со помош од два ер трактори на ДЗС и полициски хеликоптер целосно изгаснат пожарот над Катланово

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, извести дека целосно е изгаснат пожарот над Катланово.[embed]– Со подршка на два ер трактори на ДЗС и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, изјави Ангелов. [embed]Тој додаде дека моментално се врши проверка на теренот и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина.Пожарот изби денеска попладне, околу 15 ч

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР исфрли 20 тони вода и го локализираше пожарот над Катланово

Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици денеска учествуваше во гаснење на пожарот за кој околу 14.30 часот беше пријавено дека настана во атарот на Катланово, во кој беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева, извести МВР.[embed]– Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово, во координација со Центарот за управување со кризи, МВР го испрати полицискиот хеликоптер Бел 412, велат од Министерството.Во

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

За Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава, велат од СДСМ

„За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен“, соопшти СДСМ.„Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.Неговата политика против Европа ќе се покаже како катастрофална за неговата партија и за него.СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или ко

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ќе има ли сонце цел ден - временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. До сабота ќе се задржи сонче

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 18.09 до 23.09.2023год, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот, извести АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема под

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Малолетник истепан во Карпош од повеќе лица, употребен и тврд предмет

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.М. од Скопје пријавил дека на 17.09.2023 околу 22.30 часот на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, при што едно од нив употребило тврд предмет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Од Јавна установа за згрижување на деца исчезнал 16-годишник, полицијата презема мерки

Вчера попладне во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник 16-годишниот Р.М., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад, извести МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против скопјанец, во неговиот дом пронајдени куршуми

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 76-годишниот Д.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР. – На 05.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и други помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле повеќе куршуми калибар 7,62 милиметри.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Малолетник од Куманово со остар предмет повредил друг, па го признал делото

Денеска, полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со малолетник од Куманово, извести МВР. – Тој се сомничи дека на 18.09.2023 на улицата „Борко Танев“ Куманово, со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, исто така од Куманово, соопшти МВР. Притоа, малолетникот го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Кавга и најава за оставка на владината седница?

Владата вечерва соопшти дека Предлог-законот за амнестија поднесен од Министерството за правда е вратен на дополнително усогласување со надлежните институции, а претходно во јавноста излегоа информации дека оваа одлука не му се допаднала на министерот за правда, Кренар Лога кој ја напуштил седницата и најавил оставка.Од Кабинетот на министерот за „Фокус“ велат дека „нема вистина во тоа дека министерот поднел оставка на седницата на Влада“.Законот за амнестија е предлог нацрт закон кој е изготвен

Македонија | пред 3 години

kunovska-gruevski

Ох, што слатко... Дали во расправата Мицковски-Груевски се добива впечаток дека СДСМ се става на страна на Груевски?, прашува Куновска

Актерката и политичарка Софија Куновска, смета дека СДСМ ја брани страната на експремиерот Никола Груевски кој јавно се препукува со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Ох, што слатко... Дали во расправата Мицковски- Груевски се добива благ впечаток дека СДСМ се става на страна на Груевски или така ми се чини? Дали? Хо, хо, хо... И тоа ли ќе треба да го голтаме...“, напиша Куновска.Таа потоа објави и извадок од објава на СДСМ:„Изјавата на Мицкоски го потврдува она што го го

Коментари | пред 3 години

grubi-dui-sobranie

Потребен ни е јавен обвинител кој ќе добие единствена задача да се справи со мафијата ДУИ, коментира Најчевска

„ДУИ мафијата сега си формира државни коцкарници под директно раководство на Артан Груби под европско знаменце“, коментира професорката по право Мирјана Најчевска.Таа гледа два излези од оваа состојба.„Или ќе се справиме со мафијата ДУИ или ќе пропаднеме како држава. Потребен ни е јавен обвинител кој ќе добие единствена задача да се справи со мафијата ДУИ.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Стевчо се вмеша во кавгата Груевски-Мицкоски

Градоначалникот на Карпош и лидер на Гром, Стевчо Јакимовски, ја искоментира јавната преписка помеѓу експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и актуелниот Христијан Мицковски. Јакимовски порача: „Колку што знам лек за страв нема! Во состојба на страв се прават погрешни чекори“.Потоа, Јакимовски додава:„Лидерот на опозицијата Мицкоски соочен со фактот дека Никола Груевски не само што има висок рејтинг туку и неговата популарност расте. Иако сатанизиран, прогонуван, осудуван и приморан да б

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Одлука за намалување на цените на прехранбени производи за најмалку 10% и замрзнување на намалените цени

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.Со одлуката се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица и кои се регистрирани за в

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Дополнета e одлуката за забрана на акциска и промотивна продажба

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за дополнување на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока.Со Одлуката, им се забранува на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставањето во промет на земјоделски и прехранбени производи. Забраната ќе важи до 30 ноември 2023 година.Воедно, одлучено е, цените во трговијата на мало, коишто се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и пр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Богоев од царинска испостава Аеродром: Поефикасно менаџирање на пратките со мала вредност со цел сузбивање на сивата економија

Поефикасно менаџирање и поголема контрола на пратките со мала вредност на царинската испостава на аеродромот во Скопје кои ги пренесуваат брзите пошти, со цел намалување на сивата економија е еден од приоритетите за коишто се разговараше при денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на царинска испостава Аеродром – Скопје.Директорот Стефан Богоев на средбата ги истакна заложбите Царинската управа да прерасне во ефикасна институција, преку посветеност на царин

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ангелов: Поради распространетоста на пожарот над Катланово ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов извести дека при гаснење на пожарот кој попладнево избувна над Катланово ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер.– Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово на гаснењето ќе се приклучи и еден полициски хеликоптер, кажа Ангелов.Пожарот избувна попладнево околу 15 часот и 30 минути.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Османи – Цахна: Естонија поддржува забрзана евроинтеграција на Северна Македонија

Во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахна.Министерот Османи ги поздрави одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, заблагодарувајќи се за недвосмислената и гласна естонска поддршка за пристапните преговори на нашата држава со Европската унија. Воедно, ја повтори нашата подготвеност за имплементација

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски – Лајчак: Со следниот чекор, Северна Македонија да го задржи европскиот курс

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Њујорк се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.На состанокот е разговарано за актуелни политички прашања во Северна Македонија и регионот и нивните импликации во поширок безбедносен контекст.Заеднички е констатирано дека е неопходно да се задржи европскиот курс, со следниот чекор во претстојниот период, со цел државата

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Потребно е дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, велат од Владата

Владата, на денешната седница го разгледа и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда. По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања