Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Османи – Цахна: Естонија поддржува забрзана евроинтеграција на Северна Македонија

Во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахна.Министерот Османи ги поздрави одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, заблагодарувајќи се за недвосмислената и гласна естонска поддршка за пристапните преговори на нашата држава со Европската унија. Воедно, ја повтори нашата подготвеност за имплементација

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски – Лајчак: Со следниот чекор, Северна Македонија да го задржи европскиот курс

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Њујорк се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.На состанокот е разговарано за актуелни политички прашања во Северна Македонија и регионот и нивните импликации во поширок безбедносен контекст.Заеднички е констатирано дека е неопходно да се задржи европскиот курс, со следниот чекор во претстојниот период, со цел државата

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Потребно е дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, велат од Владата

Владата, на денешната седница го разгледа и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда. По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори

На седницата Владата го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година.Со ова, Владата им овозможува на единиците на локална самоуправа преку општинските даночни инспектори, непречено да ги извршуваат своите работни задачи согласно законите и со тоа се подобрува инс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Пендаровски-Христодулидис: Македонскиот претседател се заблагодари на поддршката од Кипар

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари билатерална средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис.[embed]На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји при што двајцата претседатели констатираа дека по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019-та година се отвораат можности за развивање на соработката во области од заемен интерес.Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Одлука за изработка Национална Стратегија за безбедност на РС Македонија

Владата, на денешната седница ja разгледа и усвои Информација за потребата за изработка на Национална Стратегија за безбедност на Република Северна Македонија и донесе Одлука за формирање Управен комитет за координација и изработка на Национална стратегија за безбедност на Република Северна Македонија, во којшто ќе учествуваат претставници на Владата и сите министерства како и од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.Националната безбедност е основа за проспер

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Претседателот Пендаровски и кралот Абдула Втори разменија мислења и информации за актуелностите на Балканот и на Блискиот Исток

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.[embed]На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се дефинирани со меѓусебно почитување и разбирање, како и добра соработка во меѓународните организации и институции со посебен акцент на ОН.Претседателот Пендаровски се заблагодари за акредитацијата на пет наши универзитети во Јордан кои им овозможија на маке

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против скопјанец, снимил експлицитно видео од малолетничка и го покажувал на семејството и соучениците

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот А.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, извести МВР. – Во јануари 2023 година, пријавениот со закана направил видео запис со експлицитна содржина од малолетничка, по што преку мобилни апликации го споделил записот на нејзиното семејство и соученици, соопшти МВР.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против прилепчанец, измамил жена од Скопје за 23.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“, извести МВР. – Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга, за што во неколку наврати извршила уплата на парични средства во износ од 23.000 евра, но ниту ги добила апартманите, ниту и биле вратен

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Уапсен скопјанец, ги претепал своите родители

Вчера во 18.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Т.(26) од Скопје, затоа што во домот физички ги нападнал неговите родители, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Малолетник нападнат од неколку лица во Кисела Вода

На 18.09.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Груевски му врати на Мицкоски и го предизвика: Одговори на следниве две прашања

Експремиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја искоментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со него.„Го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта

Македонија | пред 3 години

gurevski-mickoski

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.Под наслов „Постојано нови барања за Северна Македонија“, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг" донесува подолга статија на добриот познавач на регионот, новинарот Михаел Мартенс, кој водел разговор со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со пристапот на земјата кон ЕУ.„Проши

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пожар над Катланово, го гасне скопската противпожарна бригада со поддршка на два ер трактори

Центарот за управување со кризи извести дека денеска попладне, околу 15.30 часот избувна пожар над Катланово кој зафати нискостеблести растенија но и дрвја.Пожарот, како што соопшти ЦУК го гасне скопската бригада за противпожарна заштита со поддршка на два ер трактори на ДЗС.На лице место е и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Сојузот на стопанските комори: Данокот на екстра профит создава несигурност

Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данокот за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност, реагираат од Сојузот на стопанските комори на Македонија.„Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот, пред сè, се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на див

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левицата: Бислимовски ја штити компанијата на Капушевски, која купувала канцерогено масло

Деновиве беше потврдено дека компанијата САНС-АГ од Штип незаконски увезува и произведува тешко масло за ложење, лажно декларирано како „мазут М1“, кое има канцероген ефект врз здравјето на луѓето. Регулаторната комисија за енергетика, иако целосно е запознаена со случајот, не презема ништо.САНС-АГ ваквото канцерогено гориво со лажни фактури ѝ го продава на контроверзната компанија РКМ на Ратко Капушевски, кој под закрила на власта го продава на јавни институции и претпријатија, меѓу кои е и заг

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска на состанокот на контакт-групата за Украина во Германија: заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска учествуваше на состанокот на контакт-групата за Украина, кој под водство на секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, се одржа во Рамштајн, Германија.На состанокот, на кој учествуваа над 35 министри за одбрана и високи претставници на земјите членки на НАТО и партнерските земји, министерката Петровска порача дека Северна Македонија е одлучна во својата поддршка за Украина и украинските граѓани, кои се борат за својата сувереност и за независн

Македонија | пред 3 години

bektesi-pres-vlada-bg

Листа на продукти кои поевтинуваат од утре

Од утре, најдоцна задутре цените во маркетите на лебот, млекото, месото, тестенините, односно на 25 категории производи треба значително да поевтинат, некои и над 30 отсто од сегашните цени, односно 10 отсто во однос на нивото што беше на 1 август, што се зема како референтна вредност.Мерката ќе трае до крајот на ноември, но доколку е потребно ќе се продолжи.Министерот за економија Крешник Бектеши денес на прес конференција соопштувајќи ги производите кои ќе поевтинети, рече дека за оние кои нем

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Лазаревска: Го сочувавме престижниот статус на Охридскиот Регион, останува на листата на УНЕСКО

Пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска, на прес-конференција зборуваше за зачуваниот статус на Охридскиот Регион, кој останува во УНЕСКО, но и за препораките, кои не се лесни, а се неопходни за да не се дозволи впишување на Охридскиот Регион на листата на Светско наследство во опасност.Рече дека одлуката на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, на 45-тата сесија во Ријад, е важна затоа што ги уважува сите владини напори за зачувување на овој престижен статус.„СДСМ преку институциите што г

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на измените на Кривичниот законик

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска, до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата.Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат еднакво за сите, како и на п

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Продаваме вода, а немаме за леб“ – протест на работниците од „Водостопанството“ пред Владата

Агросиндикатот и работниците од „Водостопанството“ во државна сопственост денес излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите, од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.„Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие сложени услови за живеење предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со досто

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: 110 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

110 решенија на барателите за остварување на правото за користење парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари Општина Центар ја доделува редовно во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите што се жители на општина Центар и имаат принова во семејството.На семејствата, Герасимовски, покрај решенијата, им подели пригодни подароци од компаниите „Хип“, „Геопром“, „Евро

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Шукова: Македонија домаќин на регионалните работилници на UNECE на тема отпад, климатски промени и управување со ризици од катастрофи

Министерката Шукова ја отвори првата работилница посветена на отпадот „Политики и практики базирани на прегледот на состојбите во животната средина на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE)“, што денес и утре се одржува во Скопје. По првата, ќе следуваат уште две во октомври на теми климатски промени и управување со ризици од катастрофи.Поради поактивната улога на Република Северна Македонија во Комитетот за политики во животната средина и разни активности на UNECE во оваа о

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Џафери на средба со делегација на данскиот парламент: нагласена важноста од пристапување кон уставните измени

На денешната средба со претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот парламент, Нилс Флеминг Хансен, како и со членовите на делегацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги нагласи досегашните добри и пријателски односи меѓу двете земји и ја истакна потребата од интензивирање на заемната политичка комуникација на секое ниво. Тој се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од страна на Кралството Данска на нашиот пат на евроинтеграц

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Царинската управа со финални подготовки за воспоставување оне-стоп-шоп со Косово

Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа се зајакнува конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар и се овозможува поддршка на легалната трговија, од една страна, и се подобруваат условите за ефикасно спречување нелегални активности на границата, од друга. Ова е една од суштински

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања