Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

LMS-1-scaled-1

Избрани членовите на локалниот младински совет на Охрид

Локалниот младински совет вчера во просториите на Општина Охрид одржа Седница на Собрание на млади со девет делегати и две точки на дневен ред: избор на членови на Локален младински совет на Општина Охрид и разно.За членови во Локалниот совет на млади беа избрани: Калина Стојаноска, Стефанија Битолкоска, Кети Маркоска, Александар Стојановски, Игор Јосифоски, Петар Сарафилоски, Александар Бојчевски. За претседател на Локалниот младиснки совет беше избран Игор Јосифоски, а за секретар Стефанија Би

Охрид | пред 3 години

macro-shot-pouring-water-into-glass-1

Без вода дел до Центар и Аеродром

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека делови од општините Центар и Аеродром денеска од 9 часот нема да имаат вода.Во Центар, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на огрлица ф-80 мм на улицата „Диме Аницин“ 6 при што, до неговото санирање, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Диме Аницин“, „Костурски Херои“, „Васил Стефановски“, „9-ти Мај“, „Петар Попарсов“, „Христо Смирненски“ и „Роза Луксембург“.Во Аеродром, пак, причина за прекин во водоснабдувањето е изведување водоводен

Скопје | пред 3 години

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Без струја дел од Орман

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник), во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Орман, кај бензинската пумпа Дизел (општина Ѓорче Петров).

Скопје | пред 3 години

soncevo

Сончево и топло со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а са

Македонија | пред 3 години

od_denes_upisi_vo_sredno

Утре завршува онлајн-аплицирањето за упис во средно образование

Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.Ранг-лист

Македонија | пред 3 години

voz-soobrakajka

Товарен воз удри во автомобил, три лица завршија во болница

На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп. Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повре

Македонија | пред 3 години

restoran-kovid-920x600-1

Женска тепачка во ресторан во Чаир

На 18.06.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Чаир, по претходна расправија и нарушени меѓусебни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу женско лице и малолетничка од с.Кондово, скопско, од една страна и други две женски лица, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

pistol_001

Го нападнал со метален предмет поради расправија, па пукал со пиштол

На 18.06.2023, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид.Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум. Повредени лица нема, а по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Се запали куќа во Кисела Вода

На 18.06.2023 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Рилски конгрес“, сопственост на Е.П.(51) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Жена најдена онесвестена на автобуска во Ѓорче

На 18.06.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. По извршениот разговор со неа било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

19062023_PVRSM_MZSV_Uvid_6

Ковачевски во увид на цевководот „Макарија“: Вода за наводнување ќе има, инвестициите во водостопанската инфраструктура продолжуваат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов беше на увид на санација на системот за наводнување „Макарија“ во Росоман.Владата на Република Северна Македонија, на една од последните седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со ш

Македонија | пред 3 години

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 12.6.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464%, кај дизелот има зголемување за 1,323%, кај екстра леснотомасло исто така се регистрира зголемување за 0,415% и кај мазут

Македонија | пред 3 години

20230619125335

Богоев се пофали со запленети 71 килограми марихуана на Деве Баир, германец во специјални бункери се обидел да ја прошверцува

Стефан Богоев, новиот директор на Царинската управа, на фејсбук се пофали за поголема заплена на марихуана.„Вчера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршен

Македонија | пред 3 години

mickoski-1

Мицкоски: Потребно е да се испита потеклото на имот на политичарите, влегуваат во политика голтари излегуваат милијардери

Јас сум го кажал мојот став поврзан со тоа. Во политиката имаме многу политичари кои што влегуваат голтари, излегуваа милијардери и ценам дека имотот на голем дел од тие политичари и нивните потесен круг семејства, би рекол во прв ред, изнесува веќе во милијарди и тоа би рекол неколку милијарди. Така што, пред да влеземе во тој ветинг на судството, кој што е памфлет од барање, јас предлагам да се искористат постојните законски надлежности кои што ги има и Управата за јавни приходи и останатите

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски: Аеродром се развива и покрај опструкциите на власта, ја блокираа општинската обврзница, само за да ја ископираат како граѓанска, за нивни тендери во 4 очи, наместо за развој

Добар ден и од мене, денеска сме овде во Аеродром како што кажа и градоначалникот да посетиме неколку проекти кои што се веќе завршени и кои што како што можете да видите најмладите ги користат. И тоа е добро, што повеќе вакви објекти да се реализираат како инвестиција и да се реновираат игралишта како детски, така и спортски за да може најмладите да спортуваат. И тогаш кога ќе видите многу деца како го користат сето ова, тогаш сте горди на себе и навистина сте задоволни затоа што сиот труд и се

Македонија | пред 3 години

kompjuter

Собирал лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички, па вршел трансакции во туѓо име

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагањ

Македонија | пред 3 години

Timco-Mucunski-19.06.2023

Муцунски: Во општина Аеродром се реконструираат две нови спортски игралишта, инвестиции ќе продолжат и во следниот период

Денес заедно со претседателот Мицкоски и претседателот на совет, Митевски направивме увид на повеќе завршени проекти од областа на спортот и рекреативната култура. Почнавме кај ОУ „Љубен Лапе“ каде што целосно се реконструирани две нови спортски игралишта, продолживме кај ОУ„Ѓорѓија Пулевски“ каде што има целосна реконструкција на спортската и рекреативната инфраструктура во дворот на основното училиште и завршуваме на оваа локација, позната кај аеродромци како Жути Арена. Ова е локација која ш

Скопје | пред 3 години

marihuana

Четири лица фатени со дрога, еден од нив е малолетник

На 18.06.2023 во 21.45 часот на подрачје на Центар, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Д.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.06.2023 во 15.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници лишиле од слобода 17 - годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На

Македонија | пред 3 години

brza-pomos

Автомобил излета од пат во Радовиш, едно лице тешко повредено

На 18.06.2023 околу 05.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат с.Ораовица - с.Подареш, радовишко, патничко моторно возило „пежо 307“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Радовиш, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.По несреќата, од лекар од Итна медицинска помош на возачот А.М. му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска стан

Македонија | пред 3 години

MM-in-Vietnam

Најновиот филм на Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера

Најновиот филм на нашиот најтрофеен режисер, Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген.Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и панев

Магазин | пред 3 години

04

За еден ден казнети 700 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи. Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369

Македонија | пред 3 години

Zolja

Зоља, рачни бомби, пиштоли и муниција пронајдени кај Косовец во Кондово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 18 јуни, при претрес во објектот во кој престојувал, полицијата открила поголемо количество огнено оружје и муниција, вклучувај

Македонија | пред 3 години

nikolovski-zaev-filipce

Куновска удри по Заев, Филипче и Николовски: Секое утро се будат со мисла што уште е останато да се разори и да се покраде

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче го посетија министерот за земјоделство Љупчо Николовски.„Зоран Заев и Венко Филипче благодарам за се што направивте за мојата и наша Крива Паланка. Чест ни беше што бевте наши гости“, напиша Николовски на фејсбук.Поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа фотографија.„Ви фали малку внимание, а? Вие би да се сликате, а?Јадници. Незаситници.Еве да ви пишам

Коментари | пред 3 години

crvenkovski

Црвенковски: Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, се сомнева дека ќе има напредок во пристапот на Западен Балкан во Европската Унија. Тој рече дека Македонија нема започнато преговори со Унијата. Тој посочи дека ниту соседните држави кои чекаат полноправно членство немаат значајни исчекори.„Подготвувајќи се за денешниов настан го прочитав и моето обраќање пред вас од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо важно нема да пропуштам. Таму каде што

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи во неколкудневна работна посета на Обединето Кралство, ќе седне на маса и со кралот Чарлс Трети

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од денес ќе престојува во неколкудневна работна посета на Обединето Кралство на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли.Во првиот дел од престојот во Лондон, Османи ќе има средба со својот домаќин Клеверли и министерот за Европа, Лео Докерти, како и одвоени средби со специјалниот пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, Лорд Пич, со трговскиот пратеник за Западен Балкан и претседавач со Групата

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања