Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryiolu771ug3dr7TrpWTo

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг во Брвеница, Радичевски во втор круг оди со ДУИ

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, прогласи победа во првиот круг од предвремените локални избори, со освоени околу 2.950 гласови, според неговите информации.Радичевски изјави дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на ДУИ и изрази очекување дека ќе ја добие поддршката од граѓаните и во продолжението на изборната трка.„Заврши првиот круг од предвремените избори во Брвеница. Победивме убедливо со освоени околу 2.950 гласови. Одиме во вториот круг со

Македонија | пред 1 седмица

media-library45u3bt8uur3f0QRFtzg

Сè повеќе европски градови ја намалуваат брзината, ќе следува ли истото и во Македонија?

Сè повеќе европски градови ја намалуваат дозволената брзина на 30 километри на час на одредени улици, со цел да ги заштитат пешаците и велосипедистите и да го намалат бројот на сообраќајни несреќи. Ирска планира проширување на ваквите зони до март 2027 година, додека Грција веќе применува нови правила. Во Македонија, општото ограничување во населено место останува 50 километри на час.Ирска предвидува локалните власти да ги завршат постапките за преиспитување на ограничувањата до крајот на октомв

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп откри зошто се шминка: „Не сакам да изгледам како да сум мртов“

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека користи шминка и дека самиот ја нанесува, без помош од професионални шминкери. За својата навика зборуваше за време на политички собир во сојузната држава Џорџија, каде што го критикуваше демократскиот сенатор Џон Ософ.Трамп тврдеше дека Ософ троши многу пари за шминкање, а потоа објасни зошто и самиот користи козметички производи, особено поради честите појавувања пред камерите.„Ософ потрошил повеќе пари за шминка, а јас, инаку, користам многу м

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryvksehtau2s29ctJMBl6

Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“ и борец за правата на пациентите

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од шест години живееше со механичка пумпа за поддршка на срцето, чекајќи трансплантација.Јолески се соочуваше со тешка срцева слабост, дијагностицирана во 2011 година, а во 2020 година му беше поставена механичка циркулаторна потпора, од која зависеше неговото секојдневно функционирање.Како претседател на „Храбро срце“, тој се залагаше за подобри услови за лекување на пациентите со механичка поддршка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryi4jf8kcvnl8v9LaVOca

Арсенал со многу мака го победи Нотингем Форест и остана зад Манчестер Сити

Арсенал стигна до минимална победа од 1:0 против Нотингем Форест, благодарение на голот на Нони Мадуеке во 80. минута. Лондонскиот тим долго се мачеше да создаде сериозна шанса, а натпреварот понуди малку возбудувања и квалитетна игра.Решавачкиот момент се случи во завршницата. Мадуеке ја прими топката во близина на средината на теренот, се ослободи од својот чувар Муњоз и упати силен удар. Голманот Селс требаше да интервенира, но топката го погоди Куња, ја смени насоката и заврши во мрежата.Со

Спорт | пред 1 седмица

media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Макрон се обрати до нацијата по насилните протести: „Ништо не го оправдува насилството“

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека ништо не го оправдува насилството, по протестите низ земјата во кои беа повредени стотици луѓе и беа оштетени бројни објекти. Тој вети целосна транспарентност во истрагите за постапувањето на полицијата.Обраќањето до нацијата следуваше по итен состанок со високи државни функционери, одржан еден ден откако маскирани групи во повеќе градови предизвикувале пожари и напаѓале јавни установи, меѓу кои и градски општини.Протестите продолжија и во недел

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh3tvqqs2cgri2wOEHob

Украина со масовен напад со дронови врз Русија и покрај предупредувањата на Трамп

Украина извршила еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Русија годинава, при што бил погоден нафтен терминал во Санкт Петербург. Нападот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Киев и Вашингтон, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара прекин на нападите врз руската енергетска инфраструктура.Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 1.015 украински дронови над различни делови на земјата. Според руските власти, меѓу целите бил и нафтени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Реал Мадрид подготвува промена? Дешан како можна замена за Мурињо

Името на Дидие Дешан се појавува во шпекулациите за можен иден тренер на Реал Мадрид, доколку резултатите на тимот под водство на Жозе Мурињо не се подобрат, пренесуваат шпанските медиуми.Португалецот летово се врати на клупата на „кралскиот клуб“, но засега нема потврда дека Реал започнал преговори со францускиот стручњак или дека претседателот Флорентино Перес планира тренерска смена.Дешан е слободен по завршувањето на 14-годишниот мандат како селектор на Франција. Со репрезентацијата ја освои

Спорт | пред 1 седмица

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика граѓаните да излезат на претстојните избори и да не го сметаат победничкиот исход за однапред обезбеден. Обраќајќи им се на жителите на Крушевац, тој ја спореди изборната трка со финалето на Светското првенство во фудбал.„Ова е како финале на Светското првенство – најважниот натпревар. Не смееме да бидеме недисциплинирани“, порача Вучиќ, предупредувајќи дека граѓаните не треба да се откажат од гласањето со образложение дека победата е сигурна.Збору

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryks4f51jrur81b9yHJRR

(Видео) Нови тензии во Париз: Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите

Напнато било на плоштадот Република во Париз, каде што полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите собрани по повици на социјалните мрежи. Протестот не бил одобрен од властите, а интервенцијата се случила во време на пошироки немири и грабежи низ Франција.Пристапите до плоштадот биле блокирани со засилено полициско присуство. Демонстрантите се собирале, се повлекувале, а потоа повторно се враќале. Во еден момент зад блиска зграда се издигнал густ црн чад, што укажува

Свет | пред 1 седмица

media-library20f2ns1vssvodm2K1PB

(Видео) Трагедија во црква во Еквадор: Свештеник почина откако врз него падна крст

Трагичен инцидент ја потресе црквата „Мајката на вечна помош“ во еквадорскиот град Гвајакил, каде што свештеникот Патрицио Алфредо Санчез Молинари го загубил животот откако врз него паднал голем дрвен крст. Несреќата се случила за време на миса, која била пренесувана во живо на социјалните мрежи.На снимката се гледа дека крстот, поставен на ѕидот зад свештеникот, ненадејно паѓа врз него околу 27 минути по почетокот на преносот. Во позадина се слушаат врисоци од присутните верници.Архиепископијат

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp7b0muoihhivajVMlkJ

Трамп отворено застана зад Нетанјаху пред изборите во Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја изрази својата поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред претстојните парламентарни избори во Израел, оценувајќи го како силен и храбар лидер.„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен кога се соочи со огромен отпор, вклучително и оној што доаѓаше од самиот Израел“, напиша Трамп на платформата Трут соушл.Тој додаде дека токму таков партнер САД очекуваат од Израел и нагласи дека неговата поддршка за Нетанјаху е целосна и безрезер

Свет | пред 1 седмица

media-library2gbh7ueirp736YPcta1

„Албанија што гори е Албанија на сите нас“ – Ахмети загрижен по насилствата и протестите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока загриженост за случувањата во Албанија и упати апел до тамошните политички партии, институциите и демонстрантите да покажат воздржаност, да го прекинат насилството и преку дијалог да најдат излез од кризата.„Со длабока загриженост ги следам последните случувања во Албанија. Во овој деликатен момент, кога ситуацијата достигна точка што бара исклучително внимание и одговорност, албанската политика мора да покаже зрелост, мудрост и висока свест за заедничк

Балкан | пред 1 седмица

drzavna-izborna-komisija-izbori

Затворени се избирачките места во Брвеница, се очекуваат првичните резултати

Заврши гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница, а граѓаните ги очекуваат првичните резултати од изборната трка. Според податоците објавени до 18:30 часот, на гласање излегле 7.241 граѓани, односно 44,57 отсто од вкупно запишаните избирачи.Во Избирачкиот список се евидентирани 16.256 граѓани. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, а девет избирачи се наоѓаат во затвор или притвор. Гласањето се одвиваше на избирачките места во десетте населени мест

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv6qeg9eu4i7reNXGh7F

Маѓар: Протестите во Франција покажуваат зошто е потребна строга миграциска политика

Унгарскиот премиер Петер Маѓар смета дека студентските протести низ Франција ја потврдуваат оправданоста на строгата миграциска политика што ја застапува неговата земја.Во објава на платформата Икс, Маѓар истакна дека случувањата во Франција покажуваат зошто Унгарија се залага за „најстрог можен пристап кон миграцијата“.Тој додаде дека последниот самит на Европската Унија покажал оти мнозинството европски земји сакаат да стават крај на, како што ја опиша, попустливата политика од минатото.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Техеран испрати остра порака до Израел: „Подготвени сме за борба“

Новиот ирански министер за одбрана, Мехрдад Ахлаки, порача дека земјата е подготвена да одговори на евентуални израелски напади. Во своето прво обраќање пред медиумите, тој истакна дека Иран е подготвен за воен судир.„Прстот ни е на чкрапалото; подготвени сме за борба против ционистите“, изјави Ахлаки.Тој нагласи дека Иран самостојно произведува оружје преку соработка меѓу Министерството за одбрана и научните установи. Според него, новите производствени капацитети се градат на безбедни и скриени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv6b3bgojhv59e5mNWEQ

(Видео) Каков хаос имаше вчера во Франција: драматични сцени од протестите

Протестите во Франција, кои траат подолг период, и вчера беа проследени со насилни судири, пожари и грабежи на повеќе места во земјата. Демонстрантите протестираат поради високите животни трошоци и незадоволството од јавните услуги, а во дел од градовите ситуацијата излезе од контрола.Во Париз и во други француски градови беа запалени автомобили, ограбени продавници и оштетени јавни објекти. Во Лимож беше запалено историското градско собрание, додека во Марсеј и Лион беа забележани напади врз ја

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhfiq8v7b4r488tMXYPa

Дрон се урна во Литванија, Украина се извини

Дрон се урнал во северниот дел на Литванија, откако најверојатно влегол во воздушниот простор на земјата од соседна Полска. Во инцидентот нема повредени, но остатоците од леталото оштетиле патнички автомобил, соопштија литванските власти.Засега не е познато дали дронот носел експлозив, а истрагата е во тек. Претходно, жителите на централните и северните делови на Литванија биле повикани да побараат засолниште поради неидентификуван летачки објект.Во областа биле испратени борбени авиони од возду

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Зеленски: Трамп зборува поубаво за Путин отколку за мене, а јас велам дека е убиец

САД ја обновиле размената на разузнавачки податоци со Украина по тридневен прекин, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изрази благодарност за продолжувањето на соработката, нагласувајќи дека прекинот ја отежнал подготовката за руските напади.„Беше блокирано извесно време, а потоа американската страна го деблокираше. Многу сме благодарни за тоа. Системот повторно функционира“, изјави Зеленски во интервју за американската телевизија Ен-би-си.Украинскиот претседател објасни дека

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Франција гори! Затворете ги границите пред да биде предоцна

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше насилните протести во Франција, повикувајќи ги француските власти да ги затворат границите и да ја преземат контролата врз ситуацијата.„Франција гори!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, поврзувајќи ги немирите со имиграцијата и предупредувајќи дека властите треба да реагираат пред да биде предоцна.Протестите, кои започнаа поради високите животни трошоци и лошата состојба на јавните услуги, прераснаа во насилни судири во повеќе

Свет | пред 1 седмица

media-librarys3d14k81t6k927ZbZAc

Пелетите во Македонија достигнаа 399 денари за вреќа, Црна Гора ги ограничува цените

Во Македонија вреќа пелети од 15 килограми достигнува 399 денари, додека Црна Гора воведе максимални малопродажни цени од околу 249 денари за вреќа пелети од класа А1 и 231 денар за класа А2. Разликата кај пелетите од А1 класа достигнува околу 150 денари за вреќа.Ограничувањето во Црна Гора важи од 2 октомври 2026 година до 30 јуни 2027 година, а во цените е вклучен и ДДВ. Целта е да се заштитат потрошувачите од високите цени и да се обезбеди постабилно снабдување во текот на грејната сезона.Во

Македонија | пред 1 седмица

skopska-charshija-640x427

Меџити: Продолжува поддршката за Старата скопска чаршија

Градоначалниците на Чаир и Скопје, Изет Меџити и Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа на фестивалот „Ритамот на чаршијата“, посветен на културното наследство, традиционалните занаети и локалните дејности во Старата скопска чаршија.На настанот, заедно со претставници на Еснафот на Чаршијата, се разговарало за зачувување на историскиот идентитет, поддршка на занаетчиите и локалните бизниси, како и за можностите за натамошен развој.Меџити најави продолжување на соработката меѓу Општина Чаир, Град Скопје и

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Макрон свика итен состанок по насилните протести во Франција

Франција се соочува со ескалација на масовните протести, кои од незадоволство поради состојбите во образованието прераснаа во поширок социјален бунт против високите животни трошоци и намалената куповна моќ. По запалените автомобили, ограбените продавници и судирите со полицијата, претседателот Емануел Макрон свика итен состанок со највисоките владини функционери и најави обраќање до нацијата.Според податоците на француските власти, најмалку 1.800 лица биле приведени, а повеќе од 500 полицајци, ж

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Турција планира да набавува дизел во рамките на контроверзниот договор меѓу САД и Русија, соопшти турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар, пренесува „Ханделсблат“.Во изјава за телевизијата „Канал 7“, Бајрактар оцени дека договорот е важен за енергетската безбедност на Турција. Тој рече дека со американскиот претседател Доналд Трамп е постигнат договор за дизел и дека, врз основа на разговорите, дел од горивото ќе биде доставено во Турција, но не откри дополнителни детали.Договорот на

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Во Брвеница до 15 часот гласале 31,17 отсто од избирачите

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани, односно 31,17 отсто од запишаните избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).Гласањето на сите 24 избирачки места се одвива непречено, без забележани потешкотии. Споредбено со првиот круг од локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0,62 процентни поени. Тогаш до 15 часот гласале 4.932 избирачи, односно 30,55 отсто.До прес-конференцијата на ДИК биле поднесени седум приговори з

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања